Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Всуштност, ако немаш појма, нема ни да можеш на Харвард да студираш. :)

    Јас сум 4 - та година на државен факултет, и можам да кажам дека сум разочарана од начинот на функционирањето на наставата. Нема ни стручен кадар што може да го предаде материјалот, па така најважните предмети ги слушав од студенти постари од мене една година. Немавме ни простории за предавањата, па на неколку наврати кога беше топло си држевме настава во природа, како дечиња од градинка.

    Очајно!

    Колку и да бев убедена дека ќе го сакам факултетот што го избрав, сега едвај чекам да дипломирам за да не се мачам веќе. Не знам за што им се тие 200 евра партиципација, кога ова личи на се`, само не на факултет. И џабе што е државен, пак нема квалитет. Наспроти тоа, има приватни факултети што сериозно си ја фаќаат работата, иако е поскапо, вреди за тие пари. Вистина дека таму можат да студираат луѓе што немале појма од животот во средно, ама затоа оние што имале и просек и желба за учење наишле на многу подобри услови, отколку на пример - јас.
     
  2. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Marilyn-Monroe- оние по англиски ги вработуваат бидејќи има голем недостаток од ваков кадар додека правници, економисти и учители/ки ги има колку сакаш затоа е тешко за наогање работа, инаку многуу си грешка никогаш не може да има толку архитекти и електраши бидејќи тие се едни од најтешките факултети. Направи споредба колку луѓе знаеш што имат завршено архитектура, електронски, природно математички...наспроти тоа колку имат завршено правен, економски, педагошки :wasntme:
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ова е надвор од темава, ама ајде да ти кажам накратко.
    Никогаш не потценувај ниеден факултет, зашто не знаеш кој со какви маки го завршил (или не го завршил, може од мака да се влече или се откажал). Ако некој смета дека ако се запише таму ке помине полесно, има и такви што со желба отишле баш тоа да го студираат.
    Доколку им дадам предност во дискусијава на тие кои се водат при запишувањето на факултет од потребите на пазарот на трудот во моментот, ке се запишат догодина сите на електро или кај и да е, и ако студентите од целата таа генерација завршат во просек од 6 години, што направивме? Сите ке се вработат така?
    Можеби во мојата година на запишување имаше дефицит од правници, економисти и учителки, сите сме се запишале на тоа водејќи се од потребите на пазарот на трудот и еве, сега сме дома. И? Вреди да споредуваш?

    Се извинувам Фемина.мк за офф.
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Devojko, bas tie po angliski odnosno od filozofski i filoloski rabota ne mozat da najdat zoso na denesen den site znaeme angliski haha!A dodeka ekonomija,pravo i ostanatite profesii za koi sekogas kje ima rabota porano ili podocna,ne gi moze sekoj kako sto ne gi moze ni elektro,masinski,prirodnomatematicki.Sepak,ne potcenuvam no filoloski i filozofski mozam da gi upisam cisto onaka da se odmoram posle ekonomski hahaha!:D
    [mod-kirilica:1jc5wnin][/mod-kirilica:1jc5wnin]
     
  5. vesnajh

    vesnajh Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас само ќе кажам, тој што ја сфатил поентата на животот, дека на фах оди за да научи како понатаму да работи, да напредува и да биде ценет од колегите, ќе учи кај и да е. Во секој случај, на приватните, посебно на ФОН, бидејќи таму има познати имиња на професори, сепак е најдобро. Таму знаат да ги почитуваат студентите кои учат, а не да ги малтретираат, затоа што така му текнало на некој од професорите.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ти девојко не си свесна колку луѓе постојат кои мислат дека знаат англиски, а всушност абер немаат. хаха!
    Луѓево денес македонски не знаат како што треба да зборуваат, а камо ли некој странски јазик.
     
    На blonde.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vesnajh

    vesnajh Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0

    Во заблуда си!
     
  8. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    хаха не ма ти па што ти е на тебе ? знае таа да каже I LOVE YOU, WATER, TV, COMPUTER :rofl: поима немаат од животот, да се упишала на филолошки да се одмори или обратно ние да се упишаме на економиски чисто онака да се релаксирам бидејќи никој не знае што се учи на филолошки посебно на наставна насока, разни цивилизации (историјата на америка,италија,шпанија...), фонетика и фонологија, лексикологија, семантика ова што го набројав ретко може некој да го положи....треба само да се почуствува што предмети се џабе зборувам...ајт поззз
     
    На blonde.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    На филозофски не се учат јазици, изгледа туристичките агенции на економски слабо те информирале.

    Секој факултет е тежок, не за џабе се вика високо образование. Кога ќе слушнам некој да ги потценува јазиците (и да, обично тие што го прават тоа не се вбројуваат во најописменетото население) коса ми се крева. Јас учам предмети како политички науки, медицина, право, економија...на англиски јазик.

    Биди благодарна што на мајчин јазик си учиш, а за на одмор не му ја мисли многу многу. За вработување уште помалку, гледам истребена раса станаа економистиве и правнициве. ;)
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli12

    eli12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Секој факултет си има своја тежина се согласувам со тоа,ама не може во никој случај да се споредуваат еден со друг факултет,секој си знае колку време му треба за спремање испит или колоквиум.Јас завршив на државен факултет(природно - математички т.е.биохемија) и да ви кажам искрено секаде во светов е дефицитарна оваа струка, а кај нас нема шанси да најдеш работа-а не размислував така кога студирав,мислев штом ке завршам ке најдам веднаш работа,ама не било така.Завршете го факсот без разлика дали сте на државен или приватен факс а за работа ке му ја мислите по дипломирањето,со срека на сите академски грагани
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ЛОЛ, НЕ!
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Секако

    дека не. |(

    Како тоа не можат да најдат работа зашто сите знаеме англиски? Попрво мене ке ме вработат да предавам англиски, што сум магистер по казнено право или би вработеле дипломиран филолог на катедра англиски???
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Девојката сигурно сеуште студира и затоа така размислува АМА одкако ќе дипломира ќе ја согледа реалноста колку само е тешко за работа економисти ги има на секој чекор меѓу кои на некој начин сум и јас ( со средно и со посдипломски )
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хахаха поголема глупост не сум слушнала :D
    Ти што мислиш,ако знаеш да кажеш 5 збора на англиски или на кој било друг јазик дека тоа е тоа???Оооо боже...Знаеш ли ти колку е лошо да испуштиш барем едно предавање на јазици,знаеш ли колку значи тоа.Не е само да знаеш да кажеш една реченица,треба и граматички да е точна!Тука е и книжевноста и книжевност се учи.Англиска,француска,српска,зависи на кој јазик си.
    После...од каде тоа дека на филозофски е лесно?Знаеш ли ти какви се смерови има таму?
    Не велам дека економски е лесен факултет,баш напротив,сестра ми има завршено на економски и сум ја гледала колку многу учи.Тешко е,но вие економистите премногу се замислувате(со извинување),како само вие да учите факултет.И не потценувај ги другите факултети,секој факултет си има своја тежина.Ова е исто како сега да земе некој од медицина да те потценува тебе.Ц ц ц ц прости луѓе.. :puke:
     
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    што мислите за оние кои нема да го завршат на право факултететот ??
    сите имаат поинакво мислење за нив иако нема работа убаво е навреме да го завршиш факултетот да си ја имаш дипломата дома поинакво е чуството, а посебно се нервирам што некој што учел нема на право да заврши а оние кои препишуваат че завршаат побрзо од оние што заслужиле. Ама кој како си ја наредил секој со среќата ;(
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Кој како си ја наредил работата. Она правилоно, кој нема во главата ке има во нозете, овде малку поинаку моделирано, но секогаш функционира. Снаодливоста е особина која ја немаат сите, а претежно е застапена кај оние што се трупци за учење.
    Па нека си ја тупаат другите главата колку сакаат.
    А заглавиле на факултет и многумина кои ептен учеле. Зашто не е секогаш заглавувањето поврзано со учењето. Може ке се скараш со професор па не ке те пушта. Може со администрацијата во факултетот да си имаш маки. Може финансиите да не ти стигнуваат па да одолговлечиш. Ехееее... има многу многу многу начини. Но секогаш може да се најде начин да се продолжи.
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.409
    Допаѓања:
    13.420
    Пол:
    Женски
    Јас сум на Стоматолошки, сега 3та година, а завршив и медицинско. Кога кажував каде се запишувам на факултет, повеќето реакции беа: Иииииииииииииии!!! :o Јас на тоа само се смеев и им викав дека имаат многу лоша претстава за образованието. :)
    И прва и втора година бев во шкрипац, во последен момент фаќав услов, ама терав некако. Освен август месец, не сум учела нешто којзнае колку. Оваа година од 12 предмети паднав само 1. А никогаш не сум учела нешто многу, дури ни средно. Поминував одлична (никогаш не бев со сите 5ки) ама еве си запишав факултет, добро ми оди, а не дека нешто многу се вложувам. Просек имам 7 и нешто. Не велам дека факултетот ми е лесен, ама не треба многу за да го завршиш. Секако дека има заебани предмети, и има некои работи кои сум морала да ги научам, ама повеќето лесно сум сфаќала и памтела. Другарките што се со мене на факултет не се согласуваат. Според нив имам малце повеќе среќа, а факултетот е претежок. Може и тоа е вистина :) во секој случај јас не се жалам...
    Е сега, имам другарка на приватен стоматолошки факултет на Европски. Девојка која во прва година на факултет паралелно со нас учеше анатомија (тогаш ни беа повеќето исти предмети) и коските од потколеницата ги раскажуваше во делови на рака. Девојка која патологија полага кај истата професорка како и јас (таа предава на двата факултета, Весна Јаневска, некои од вас може ја знаете, ја има по телевизии), и истата професорка која мене ме испрашува на материјал до 650 страни, нејзе и дава 2 теми и еден месец време да ги научи. Таа има просек над 8ипол.
    Пак ќе кажам, не се жалам од мојот факултет. Ама нема жива сила на светов што ќе ме убеди дека на приватен е потешко, или во најмала рака исто тешко како државен... |(
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    јас до средно бев одлична кога се запишав на факултет некако многу заглавив нема врска воопшто дали дали си учел до средно со факултет имам просек 7 а учам за повеќе и така многу се нервирам оти знам дека нема да го завршам на право а други што препишувале ќе го завршат ;( нема правда ;(
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.409
    Допаѓања:
    13.420
    Пол:
    Женски
    Постојат факултети каде трудот што го вложуваш нема да се исплати, има милион такви случаеви. Ама до сега не сум слушнала за слаб ученик да стане јак студент :D поготово не на приватен :D
     
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Што зборуваш има милиони такви случаеви што се запишале на приватен и оп со 9 или 10 просек се имаат тие на приватен освен знаењето.
    Па има студенти што до средно учеле а на факултет малце подзаглавиле т.е скроз, а има и такви кои до средно поминувале добри па сега на државен се со 8 ипол просек, то зависи од снаодливоста на студентот т.е колку знај да се снајди да препиши и.т.н. оние кои воопшто не препишувале тешко ќе дипломираат навреме чест на исклучоците но поглем број се такви слуачаеви . :)