Ако не си слушнала, не значи дека ги нема Познавам една личност таква. До средно не знаеше кратка и долга заменска форма што е, а сега студира факултет ист како мојот и од мене има поубав просек.... ама на ПРИВАТЕН
Многу е обесхрабрувачки да речеш ех има многу дали ќе најдеш работа...Јас многу ја сакам економијата, ја разбирам и интересна ми е ( до сега)... Сите постојано тоа го зборат економисти и правници со лопата да ги ринеш, и вистина е... Но, јас секогаш велам, кај нас од секоја струка има многу невработени, но за оние што ќе се докажат како врвни за својата област секогаш има место. Татко ми кога се запишував со цел да не ме обесхрабрат муабетите "многу има" ми рече едно... Секогаш труди се да бидеш најдобра, надпросечна, бидејќи на дното е гужвата, а на врвот секогаш има место за плус уште луѓе... И затоа, не дека велам дека го студирам најтешкиот факултет, не се жалам, тоа сакав и задоволна сум... Меѓутоа безвезно е да се споредуваат факултетите, секоја планина своја тежина рекле, за секој факултет си си има свое место... Ниту можеме без економисти, ниту без правници, ниту без филолози, и тоа е факт.. А за приватен - државен... Со почит кон тие што завршиле на приватен, ама никогаш неможат да го имаат квалитетот на државен факултет што се добива... Во странство е друго, плаќаш за квалитетно образование, затоа се приватните универзитети, а кај нас друго, плаќаш за диплома...
Зашто да би немало? Не се пронашол во средното училиште, не сакал пример таму да се запише приморан од родители, не му се допаѓа ни средината ни професорите ни ништо, а спротивно се пронаоѓа на факултетот. Ретко, преретко, ама ги има. На стрина ми другарка од средно одвај завршила, се двојчиња и ставале одвај, лошо друштво, не и се учело бла бла. А на факултет откако се запишала најдобар просек во генерација имала, добила пофалница за најдобар студент во генерација. Другарка моја од основно на крај почна да забушава, баш она лошо друштво, во средно одвај онака тераше во една од гимназииве наши, поточно најслабата гимназија. Си фати дечко се стабилизира. Се запиша на педагошки и го заврши на време со одличен просек и сеа си се омажи, а мислев никад нема да се мажи Секој може да се смени ако сака, секој може да учи ако сака и ако се пронајде во тоа што го учи.
Прво здраво, затоа што сум нова на форумов Ај од тука да си почнам со коментирање... Татко ми е професор на државен и од мала се влечкав по ПМФ. Кога се појавија првите приватни факултети, ги слушав сите муабети и ставови, уште бев пинѕурче мало, и си ставив во глава дека никогаш нема да се запишам на приватен затоа што не се учи. А ја кутрата манијак за учење )) Еве во 4 ипол сабајле правам пауза од учење Нејсе, дојде моментот кога требаше да се размислува за факс и си барав стипендии по нет (чисто од инает зашто братучетките така се запишаа, па и јас да си се докажам у фамилија нели), пронајдов стипендии во весник за односи со јавност, нешто што сакав да запишам. Се распрашав по луѓе, по нет, ваму таму и си ја запишав иднината..на приватен! Е сега, ова е холандска школа, после првите две тука, имаш можност третата година да ја учиш во Холандија етц етц. И најискрено, стварно ми е супер. Ама да не избегам многу од темата во рекламирање, поентата ми беше... Ако сакаш да учиш, ќе учиш секаде, и дома и од телевизор, и во библиотека и на факс, приватен или државен. Разликата е во опциите што ти се нудат и начинот на кој ти е предадено знаењето од професорите (и колку плаќаш, не?! ). А тоа како си ја добил дипломата ќе се докаже во пракса - сите ќе си имаме свои 5 мин во докажување на своето знаење Поздрав Нели?
абре каков приватен. Државен си е државен. Да ти предај профсорот да учиш, да се тепаш, да се бориш, до колку ги прајш овие работи тогаш си се изградил во интелектуалец, на сета мака круната ти вреди знајш дека со учење си завршил. А што со приватните плат си 1200 евра, нудат брда и долине излегвас од таму со диплома и не дај боже да се вработиш во банка или нешто слично.
Ми се лоши од вакви луѓе! Како смееш да зборуваш вака кога ти не си осетил на своја кожа? Слушај ваму,повторно ќе напоменам... Бев запишана на државен економски во Струга и не ми се допаѓаше( професорите не идаа, прашањата ни ги даваат цело време) и се префрлив во Европски за да ми е потешко. Ваму не добивам прашања(како што сите мислат дека е така,а не е), ни пак професорите ми ги поклонуваат отценките,а што е најстрасно ние изработуваме секој семестар по 5 проектни задачи што на државен не ни прават. Одењето на предавање е задолжително и влијае на отценката. Ние морални сме да одиме на пракса за да сме обучени за кога ќе завршиме факс да знаеме што да правиме на работното место. Згора на се, од Скопје економскиот факултет,разбрале дека во Струга давале прашања(а и на двете места даваат исти прашања) и пред секој колоквиум им звонат на своите колеги во Струга и си прашуваат што и како. Можеби државниот пред неколку години имал голема тежина,ама не важи тоа за сега. Има 10 пати подобри професори. А и пола од нив предаваат веќе на приватен
Па и ние неморалните одиме на пракса, секаде е тоа задолжително. Ако не сме светици, не значи дека треба да не дискриминираат.
Епа незнаев за тоа,мислев дека законот уште не е донесен. Кај нас секоја година се оди а за државните незнаев дека почнале и таму
Ах Ејнџел драга, има и друго значење ама во дијалект, инаку си има едно и единствено значење. Само кое е? (не тоа што го мислиш)
Епа јас така го користам а иначе знам што значи. А на крај краева друго беше поентата на муабетов ама изгледа поважно е да се критикува други за грешките нивни
Не е критика заради грешка, туку добронамерна. Никој не те нападна за правописот или литературниот јазик. Не мора да се лутиш. Во другата тема, смешното беше во миксот на девојката што ти одговорила, па го искористила правилното значење на зборот кој ти си го употребила во погрешна конотација. Тоа е тоа. Немам намера јас да те исмевам па да добивам такви ЛП-и.
Морам да те поправам, да не се срамотиш во иднина како горд студент на Европски, ОЦЕНКА е, а не оТценка
Мислам дека како модератор,и самата знаеш дека оф-топици не се пишуваат на теми(твојот коментар). Јас го кажав моето мислење а не го напишав за да ме судат за правилно пишување Не гледам никој да ми се противставува на моето мислење(како што треба),само за тоа што сум напишала сите се качија. Сепак е ова дискусија а не писмена работа ... А и како што кажа плавуша, џабе објаснувам на луѓе кои не ја почувствувале втората страна... па сега коментираат од памет, како што ќе им текне. Плус драга модераторке, ако не примети не ни возвраќам многу многу на цитати,за да не настане многу оф-топици ама гледам каков пример ни даваш.
Браво, ме нападна од модераторската страна, м? Многу ме нервираат толку основни правописни грешки, а поготово во категоријата образование, а уште повеќе од страна на некој што си го брани толку гордо факултетот. И не беше оф топик, само сакав да ти укажам да не скокаш многу, да си се погледнеш сама прво, па да кажуваш од какви луѓе ти се лоши. И потенцираниот пример беше да укаже колку се учи на приватните Сите знаеме како е на приватен, сите имаме многу примери што студираат на приватен и сами кажуваат како си поминуваат. Си се фалат Нема потреба сами да искусуваме како е, доста е од гледање.
Не мислев дека дотолку сериозно ќе го сфатиш тоа. Извини, доколку те навредив. Знам дека те нервираат,ама се случува.. Очигледно незнаете како е па зборувате од памет(затоа и ја кажав мојата приказна затоа што учев и на двата типови на фак).. можеби порано било така... со пари да се купува диплома,ама не е повеќе. Јас не се фалам во никој случај дека студирам на приватен, ни пак сум крената. Само се трудам да докажам ... т.е. да ви појаснам дека не треба да се живее во една "кутија" и дека треба да се разгледаат другите мислења и животи на луѓето а не да се зборува од памет. И не планирам повеќе да се објаснувам кога никој не сака да сфати