Види, работата тука е што нема што да се сфати. Не е дека ние што не студираме на приватен, па поим немаме како е, не знаеме никој што студира таму, па сега тука прв пат да слушнеме за поимот приватен факултет. Затоа не може да се убедиме. Јас знам кога сум учела по цели ноќи, а другари, другарки утрото имале колоквиум па си пиеле цела вечер. Зошто? Зашто почитуваниот професор им дал да се користат со книгите за помош. Еден професор од мојот факултет и на ФОН држи предавања. Ни има кажано да се стегнеме, кој е сериозен така да си ја сфати работата, бидејќи се правеле чистки со цел да се намалат студентите. За разлика од ФОН каде плаќаат дебели пари и требало да ги тинтраат и да бидат задоволни Е затоа не можеме да се убедиме.
Види Ејнџел, ти си се запишала на дисперзирани студии, а тоа е веќе друга рана на македонското образование Тие немаат допирна точка со матичните факултети, бидејќи се се уште во некоја почетна фаза. Иако ви е чудно, од постовите многу се приметува кој со какво ниво на образование е, верувајте
Темава ми заличи на онаа „Молење за лајк на ФБ„ во смисол дај убедете се како ни е тешко нам на приватен . Кој се брани, има веќе некаква вина т.е. прашањето ми е повеќе кого убедува - нас или себеси со своите „издржани„ аргументи. Се извинувам за офф-топик.
Јас никого не молам да го прифати моето мислење па незнам како ти заличи темава на гореспоменатата... Секој факултет,има своја тежина и никој не е за потценување. Само сакав да кажам дека не треба толку да се смета приватниот факултет дека е лесен,затоа што воопшто не е. А нормално дека ќе се бранам, сакам да докажам ... (исто како што си го браниме името Македонија пред сите ) ... А иначе на секој факултет постојат морони кои навечер излегувале и се пијанеле а утредента имале колоквиуми...
Јас зборував апсолутно за сите кои сте на приватен, бидејќи некако ако ја разгледаш темава од почеток вие сте тие што убедувате и докажувате тука како ви било, а како ти тоа го браниш и пред кого името Македонија кога веќе спомна?
Па се обидуваме ВАС(пошто гледам дека упорно викаш ние вие ...) да ви докажеме дека не е се розово кај нас и дека не треба имате такво мислење какво што имате... ако стоеле работите така како што вие викате пред 5/10 години,сега се сменати ... ние само сакаме да ви докажеме а не да убедиме. Сакав да кажам ние(како држава) си го браниме името Македонија пред светот, а не сме криви за ништо... (одам по теоријата твоја... дека ако си се бранел,за нешто си бил крив )
Моја другарка дипломира на ЕВРОПСКИ и вели која мајка има вишок деца нека ги запише на европски чисто онака за по дома да не ги гледа. Дипломира во рекордно време, а незнае што е макро, а што микро економија основни работи Само и самата си е свесна дека нема знаење и се запиша на постдипломски на државен и мораше да ги чита книгите повторно
Ејнџел, нема потреба од убедување нити да ми правиш компарација на приватниве во некоја ретроспектива и современи тенденции. И зборував во множина бидејќи го искажав своето мислење во однос на сите студенти на приватен, а ти упорно се јавуваш како осомничен кој нешто треба да докаже, не секогаш упорноста или ароганцијата се доволни за пополнување празнини. Сите се среќаваме и познаваме студенти на приватен, таквите доаѓаат на работа и ти велат после в лице „Јас и дома да седам ќе земам плата„ не, не ми е криво ако мислиш дека е така, јас никогаш не би си дозволила да изговорам таква реченица, само треба да размислуваш малку повеќе надвор од кутијата, а она што упорно дали свесно го одбегнуваш да го согледаш или не е фактот дека низ цела тема само студентите од приватен ја докажуваат тежината на сопствените факултети тоа ти е иш, муво од капава синдром. Зошто никој не се сомнева за тежината на државните е точката околу која треба да подразмислиш! И пак не даде аргументиран одговор околу тоа како го браниме името Македонија и пред кого туку само дека го правиме тоа, ова ми заличи на испрано партиско-полтронска реплика. И убаво ти рече Сеси, се гледа многу за тоа кој со колкаво ниво на образование е, дури и од неколку реченици!
Долго време ја следам темава и баш се мислев дали вреди да пишувам , но сепак еве ќе го кажам моето искуство. Несакам ова да оди во одбрана на приватните универзитети , туку во контекс на тоа кој како си го има сватено високото образование и колку за него лично е битно. Моите родителии имаа можност и ме запишаа на приватен универзитет, но тоа за мене не значеше лежење и пиење и журкање нон стоп. Туки напорна работа, пишување трудови , полагање испити со високи оценки...имав можност во секое време да посетам професор и да прашам за мислење на секоја тема што ме интересираше. После трета година, заедно со еден друг круг на студенти претежно од државните универзитети конкурирав за стипендија и поздипломски студии во Австрија. Е тука се истакна кој колку вреди. Со најмногу поени бевме јас и уште едно девојче кое студираше на државен универзитет. За среќа таму не те прашуваат дали си на државен или приватен и ако во странство многу поценети се приватните одколку државните универзитети, за разлика од кај нас Е ова е само мал пример дека твоето знаење зависи од тебе а не каде студираш...прочитав студира на приватен и не знае ова ова ова тоа значи дека некој не сакал да научи. Поздрав до сите вас и од мое лично искуство вложувајте во себеси само тоа се исплати
Фс-фс-фс, јас во моето претходно мислење имам јасно истакнато дека не ги ставам сите студенти од приватен факултет во ист кош. Има некои си 5-10% кои навистина се трудат и се запишале на приватен факултет бидејќи сметале дека тој смер е вистинскиот за нив. Но, ете да бидеме реални, повеќето кои се на приватен завршуваат без мака Секоја чест за тебе што си свесна дека треба да се надоградуваш
Е да си жива и здрава за муабетов... Тоа е разликата меѓу државен и приватен... На приватен некој не сакал да научи, ама тој некој положил и дипломирал... На државен, некој не сакал да научи, ама паѓа се додека не научи, сакал он или не (факултетите се нешто повеќе од желботека, обврска, дека треба да научи, а на приватен учи само некој ако сака, ама сите дипломираат, на државен учат скоро сите, и не дипломираат сите), ако не научи, се префрла на приватен и таму ќе дипломира... Секоја чест на тие 0.5% што имаат желба да научат (како тебе на пример), ама не е факултет тоа кај што дипломира и тој што несака да на научи.....а остатокот се такви....
Очигледно дека на тврдоглавци неможеш ништо да им објасниш.. Пак ке ти кажам,ако порано било така сега не е! Се трудам да докажам дека не е се перфектно кај нас како што се мисли.. И ние паѓаме колоквиуми и испити како и сите останати..Незнам ти какви неодговорни луѓе познаваш ама јас досега кај мене немам сретнато. На секој факултет има студенти што учат,а студенти што не учат. фс-фс-фс, ти честитам за таа голема можност .. Душо џабе се трудиме да им објасниме како е,не вреди... ЕДИТ: Од друга страна плус секој оди на факс за да се стекне со знаење за својата струка што сака да ја работи за во иднина. А и тоа е важно во животот, да најдеш работа за да опстаниш. Не е битно кој каде учел, битно е кој каква среќа имал во животот. Ти можеби ќе си докторирал на државен, или на приватен, ама џабе би било се ако седиш дома по цели денови.
Rain Bow не дека јас ги мразам државните факултети, но не ме држи да не реплицирам. Значи пола од моите професори се од државен факултет, а пола вработени во фон и само таму предаваат. Да дојдеш само на по еден час од сите професори одма ќе кажеш кој е од приватен кој е од државен! ЗОШТО? бидејки толку голема НЕодговорност не сум видела жими се! праќат тестови по професори по шпански и италијански јазик да ни го одржи испитот по англиски! аман бе? мене кој ке ми ги објасни вежбите кога проф по шпански поима нема од тоа што го полагам! друго. Доцнење на час, па им текнува не доаѓаат. А и плус тестовите ни се сосема исти со студентите на св. Кирил и Методиј знаеш зошто? бидејќи имам другарка што студира таму и си ги кажуваме прашањата, зависи кој прв полагал. Професор што е строг секаде ке е строг, секаде ке е строг., Професор што е како бубичка исто секаде ке ист.
Со навреди нема да успееш да постигнеш ништо, гледам правописов ти е под ниво, ама ароганција имаш за извоз. Неможеш и незнам се пишуваат одвоено! И не ме убедувај како не знаеш неодговорни луѓе кога учиш на приватен бидејќи мора да ги има погледни околу себе сигурно ќе здогледаш такви , а оној од мојот пример ми е колега на работа кој всушност е твој колега од приватен и за кого не сум ни најмалку воодушевена што го познавам! И џабе ми реплицираш бидејќи ништо продуктивно не кажа во корист на тежината на твојот факултет, само бледо инаетење, така да изгубив ама баш секаков интерес да ти реплицирам.
Никој не те навреди, извини ако е пронајде во реченицата Цело време ми одговараш на цитати кои не се баш поврзани со факултетот туку само кажуваш како некои "колеги мои" биле неодговорни. Ова е за да се каже кој факултет е подобар а не да ми кажуваш да генерации што завршиле пред сто години кога тогаш било лесно за завршување.На секој факултет има студенти кои не сакаат да учат и паѓаат на колоквиуми и испити.А тие што сакаат ќе имаат добри шанси за подобра иднина без разлика на кој факултет се запишани. Ако планираш т.е. си од таквите луѓе и сакаш да си купиш дилпомче со пари, на државнион го прават тоа а не на приватните. Никој тоа не го прави. Па погледни околу тебе,постојат такви луѓе и од твојот факултет. Паметно би било да не ми реплицираш. Позз
Enca.69 ја имаше најдобрата поента досега. Не рипајте ко лавици, читнете нешто и смирете страсти. Ако вие си учите тоа е супер, ама пак ќе речам, прочитајте го цитираново погоре, крај на дискусија!
Ејнџел, она тапоглавец нешто како полноглавец ама со тапа глава,м? Гледам од правопис ни п немаш, ама и нови зборови измислуваш . Голема „креативност„ која е резултат на тоа што на приватен имате вишок време. Па добро, барем полноглавец низ метаморфози еволуира во повисок степен, што за тебе баш и не може да се рече . И пред 100 год. немаше ни приватни ни државни факултети во државава, . И ти благодарам на загриженоста околу моето купување на диплома, јас сум веќе со години дипломирана така да грижи се за себе, бидејќи тврдиш дека се паѓало кај вас. Или па ќе си купиш диплома, . И биди така добра кажи им на луѓево каде да купат диплома на државен, секако ако не е ова уште една твоја небулоза, ама така некако смрди на километри ! И паметно би ти било тебе да не ми сугерираш мене што било паметно за мене или па се залепи на темава па ја доживуваш како своја т.е. да ја манифестираш твојата квази-образована супериорност која ти ја дава илузијата дека си некој фактор, па не ти дојдов дома побогу, ај слетај од облачиња малку.
За другиве смерови можеби не знам да кажам, ама за мојот си знам. На стоматологија праксата е најбитна, и искрено си признавам дека на приватниот повеќе работат на тој дел од образованието (еве и нова клиника си отвориле). Девојка што со мене заврши средно забен техничар пред 2 недели почнала да работи на пациенти (ставање пломби, чистење кариес), а мене пред некој ден конечно ми донесоа еден модел да почнам да се вежбам, а за пациенти и да си донесеш свој човек има веројатност да не ти дозволат инструментите да ги користиш во државна (и тоа зборам за полирање заби, нешто повеќе од тоа дури догодина МОЖЕБИ ќе ни дозволат). Реалноста е дека на приватниов побрзо од мене ќе ја совладаат практичната работа (иако сами си ги купувале инструментите, по 500 евра давале плус), ама што со таа пракса кога девојкава не го знае единствениот зглоб во главата како се вика, а стоматолог ќе биде за помалку од 2 години!!! Искрено и завидувам што ја има шансата да работи со пациенти и што учат многу работи што ќе и послужат во реален живот после факултет, ама од 30 и нешто студенти што се со неа во генерација и самата она признава дека двајца само учат. А просек на генерација им е 9... Џабе таа пракса ако основни работи не ги тераат да учат, а треба доктор да биде...
Слетана сум јас од облачиња, всушност не бев ни качена. Види колку се возбуди ти од еден обичен мој одговор п.с. незнам кај прочита тапоглавец ама нема везе. Измислувај работи