Ејнџел, не си придавај толкаво значење немам лезбо-тенденции за да би ме возбудувала, а и доколку имав ќе одберев некоја интелектуално постимулативна од тебе. И дај им одговор на луѓето каде на државен да си купат дипломи сигурно ќе има заинтересирани.
Диплома баш не ама оценка по оценка и ете ти дипломче 100-че во евра на еден професор, па на друг, па на трет и оп дипломирав !
Ми кажуваш да не навредувам а ти што правиш? Хипокрит Ти објасна феминката пред мене.. За разлика од државните, во приватните мито не примаат! И баш така.. испит по испит,си дипломирал!
А во што е мојата лицемерност девојче кога не успеваш да дадеш еден единствен одговор на место?! Е, па медиокритет како тебе дефинитивно не сум, ! Туку на „одговорот„ кој го даде Антонела таа тоа од искуство или беден обид да се направи интерсена,м? Ех,деца ! На времето кога студирав ни испитите ни дипломата никој не ми понудил на државен да ги платам нити па се прашував дали постојат такви патишта. Вас гледам тоа само ве интересира полесен начин на доаѓање до целта! Е па во име на анонимноста на форумот ајде споделете информации, можеби ќе помогнете некому како и каде да купи испит или цела диплома на државен? И лесно ви е да се расфрлате со сумички од толку или онолку евричи бидејќи немате поим колку тешко им е на повеќето од вашите родители да ви овозможат да студирате и колку тешко се заработуваат пари.
Еве една статија на која случајно налетав, баш за темава.. И незнам зошто се оптеретувате со овие непотребни расправии, вас никој неможе да ви го одсеме знаењето кое го имате независно дали сте го стекнале на државен или приватен факултет Спојлер Приватни vs Државни Образовни Установи Овој двобој претставува вечна дебата на форумите па решив да направам една анализа која можеби ќе им помогне на оние кои се двоумат во какви услови да го продолжат своето образование (приватни или државни). Оваа статија не се однесува само на универзитетите, туку и на средните училишта со оглед на тоа што секоја година се зголемува бројот и на приватните гимназии. До пред неколку години, не постоеше приватно образование (барем колку што јас се сеќавам), сите учеа на подеднакви рамноправни универзитети и училишта. Изборот на смерови бил од секогаш добар, но дали биле задоволни оние кои учеле таму е под знак прашалник затоа што денес сите знаеме кој е синонимот за поимот “државно”. Но тие времиња се сменија уште со отворањето на приватната гимназија НОВА која се смета за најстара приватна образовна институција која е основана во 1992 година но тогаш како училиште за странски јазици па потоа преобразено во гимназија. Покрај неа тука е и Јахја Кемал, 5та Приватна гимназија итн… каде родителите треба да издвојат помеѓу 2500 и 4500 евра годишно што е сума која за најголем дел од населението е недостижна, дури и како десетгодишна заштеда. Што е всушност финтата со овие приватни средни училишта? - Посетителите на приватните училишта не се вознемируваат од познатата поговорка „Тепајте ги децата штом ќе видите дека ќе личат на вас“ - нивното потомство дефинитивно нема да личи на нив уште од нивната тинејџерска доба, „проголтано“ од воспитувањето и образованието кое порано можело да се види само во кино, за време на гледањето некој странски филм. Па да, на некој начин ова е точно, бидејќи во приватното училиште си третиран онака како што би требало да бидеш третиран според сите стандарди. Велат дека приватното образование дава можност учениците да добијат подобро знаење, поквалитетно да учат, во подобри услови, каде што редовно ќе има греење, а не како оние ученици во државните училишта што одат на училиште по еден месец без парно. Во врска со условите, точно е. Дека нема никакви услови во државните средни училишта е точно, но во врска со квалитетот на образованието, не се согласувам. Програмата не е така лоша, потребно е само да се учи и нема воопшто да заостанеш зад некој што завршил во приватно училиште. Од друга страна некои велат дека не ни се потребни приватни училишта во нашава држава, поради тоа што во моментов владее сиромаштија, а голем процент од луѓето не можат да постигнат да купат неопходни материјали за своите деца, поради тешката финансиска состојба. Ако гледаме од таа гледна точка, во нашата држава од секогаш владеело сиромаштија, но секогаш има семејства кои можат да си дозволат 3000 евра годишно за партиципација на своето дете. Во поглед на универзитетите, дилемата е далеку поголема и поразлична. Денес владее мислењето дека ако одиш на приватен универзитет ти автоматски си се одлучил да си ја купиш дипломата без грам вложен труд. Од друга страна ако се одлучиш на државен универзитет, ти си се осудил да не се оттргнеш од книгата во текот на студиите, се ставаш под знак прашалник дали некогаш ќе ја добиеш преценетата диплома, но сигурен си дека имаш стекнато доволно знаење за да му го земеш работното место на оној што завршил на приватниот универзитет. Ај сега да бидеме малку реални. Ако студентот е спремен да учи, тој ќе го добие знаењето без разлика дали се запишал на ФОН или на некој од факултетите на УКИМ. Дека ти е загарантирано работното место после добивање диплома од државен универзитет, НЕ Е. Доказ се безбројните невработени дипломци што си ги чуваат дипломите во рамка од 50 денари закачени на ѕидот во своето мало собиче. Во врска со условите за учење речиси е подеднакво со она што го наведов за средните училишта. На државен факултет имаш групи од 50 до 100 студенти, каде на приватен тие бројки се поделени со два. Речиси истите професори што предаваат на државните предаваат и на приватните универзитети но разликата е во тоа што на државен професорот нема време да се замара со тоа што ти си имал проблем со дел од материјалот, додека на приватен има време цел ден да остане и да ти објасни тоа што те интересира. Велат дека има големи разлики во обемот (пази обемот а не квалитетот) на материјалот што се изучува. Ајде пак да бидеме реални, дали книгата од 400 страници на Економски факултет во Скопје содржи 100% материјал што ќе ти биде потребен во иднина? На тоа се базира понудата на материјал на приватниот факултет. Отстрането е тоа што сметале дека нема да ти притреба никогаш во животот и истата книга е намалена на 250 страници кои студентите од државните факултети на шала ја нарекуваат “скрипта”. Тоа е во врска со предностите на приватните факултети. Но што е тоа што отвора безбројни дебати помеѓу студентите ако се е толку розово на приватните а се толку црно на државните универзитети? – Одговорот лежи во барањата од студентите за да положат еден испит. За да положиш Компјутерски архитектури на Електро факултет во Скопје со оцена 6, ти треба толку добро да си го научиш материјалот што ќе паметиш уште 10 години после дипломирање од што си се изушурил од учење. Од друга страна на приватните, добивање оцена 6 е на некој начин ПРЕМНОГУ олеснато. Доволно е да научиш дел од материјалот за со краток одговор да го решиш прашањето, ИАКО за да положиш и таму и таму ти треба повеќе од 60% од испитот (иако на државните мислам дека беше 50% не вреди да се споредува вклучениот материјал во тие проценти). Тоа е она што ги привлекува студентите кај приватните факултети, на полесен начин може да се земе дипломата иако не е можно без капка вложен труд. “Купување” на дилпома ако се земе во буквална смисла на зборот е повеќе карактеристично на државните факултети кои се познати по нивната корупција така да голем проблем за тие студенти е тоа што ако професорот реши да не положиш, не те спасува ни дедо Боже (во краен случај 200-300 евра во индекс). Тоа е она што ја прави вистинската разлика помеѓу овие две категории иако како што наведов на почетокот, доколку сакаш и имаш желба да научиш, можеш да го постигнеш тоа било каде. Дипломата што ќе ја добиеш не ти вреди без знаењето. Кога ќе одиш на интервју за работа нема да те прашаат “на кој универзитет дипломираше?”, туку “што знаеш?”. Се разбира главна разлика е и цената на школувањето каде државната е за буквално 10 пати помала од приватната партиципација, иако постојат стипендии кои можат да ти ја намалат таа разлика значително. Постојат и уште еден тип на факултети, кои се сметаат за државни и спаѓаат под универзитетите во Скопје, Битола, Охрид или не знам каде но се наоѓаат во помалите градови како оние во градот Велес. Овие факултети ги сметаат за установи каде дипломираш речиси бесплатно и излегуваш со истиот памет како што си влегол. Јас искрено немам некоја претстава за овие факултети, но од зборувања на мои блиски знам дека се карактеризираат со никаков степен на ригорозност при што секој може да препишува во секое време на испит а професорот не бара речиси ништо од студентот. Мој роднина коментираше дека доволно е помалку од еден час спремање + опрема за препишување за лесно да добиеш оцена 9. Всушност неговиот просек е речиси 9 со не-учење, нешто што не постои на горенаведените примери во останатите категории. Но се надевам дека и овде важи истото, дека ако студентот има желба да научи, тоа нема да му биде одземено.
Не планирам да се карам со личност што завршила пред 10 години. Сепак си возрасна, нема потреба да се караш со мене.Не ти личи на годините. Јас сум студентот, и имам колега на скоро сите државни и приватни факултети...Па знам како е сега, во денешнинава.Ти можеш да кажиш од пред долго време. Давам одговори,само ти пишуваш за некои леви трети муабети. Ево прочитај ја статијата што ја остави феминката.(што е исто со тоа што објаснував во претходните постови, но ти за други работи ми пишуваш) Толку од мене со тебе! ПОЗДРАВ! p.s. Ако имаш нешто подетално за разговарање, тука ти е ЛП копчето!
Ејнџел промена на никот - веднаш . Девојче, не се карам со тебе нити па ти пишувам леви, десни или средни муабети. Секоја чест на исклучоците ама повеќето (читај не сите) дипломци од приватен се walking & talking disaster и гледај да не скокаш веднаш бидејќи ти сеуште не си дипломец. Зборувам какви се во работни услови оние кои за жал ги познавам не по моја желба нели бидејќи колегите не ги бираш.Ти па биди во исклучоците ако можеш. И само се забавував реплицирајќи ти често и несериозно, така да relax! Една од вештините кои се учат во животот е и проценката за правилно реагирање бидејќи over reacting не е правилен пристап скоро никогаш, ова е сериозен совет. Тенок фитил носи повеќе проблеми од успех, а мене ми треба многу за да се изнервирам, а и немам причина да влегувам вистински во конфликти со тебе не сум ни засегната ни било како повредена или па треба да бранам или докажувам нешто. Поздрав и до тебе.
Стварно???Е ај тогаш да прашам нешто. Има студенти(и познавам такви) што неможат да положат некој предмет на државен,па после неколку неуспешни обиди се преместуваат на приватен и без проблем го завршуваат факултетот.Ако толку лесно се купува диплома на државен,предмет по предмет,тогаш зошто не си ја купат туку се преместуваат на приватен?М?
Ма нееемој оооо бе срцка,не велам дека никој на државен не зема пари(мада мене до сега ми се нема случено),ама не земаат ни сите професори.Башка ако е некој толку паметен и сака да научи,нема да дава пари туку фино лепо ќе бара да полага пред комисија.Си слушнала за комисија??? Ама не,зошто да оди пред комисија да се брука, кога може на приватен да помине додека кажеш кекссс!
ма не каков кекс доволно е и само К Туку да си кажам и јас мое мислење . Имав високо мислење за државните и сметав дека таму се запишуваат појаките ученици, но тоа беше некаде кога имав 15 години, повеќе не е така колку само мои соученици кои едвај научуваа за 2ка, 3ка во средно запишани се на правен факултет, филолошки и не знам кај уште не. Кога они се запишаа и поминуваат Затоа никој нема да ме убеди дека е поквалитетно образованието таму. Од што поквалитетно? Од тоа што професорите не се ни појавуваат на предавања, или во амфитеатар со над 200 души кој фати место ќе си седи, кој не ќе стои 2 саата -.- ? Најдобрите професори се на приватните , па фала богу секој си сака нормални услови за работа. Погоре има постирано една статија прочитај ја добро ќе ти дојде И да , да не заборавам јас сум стипендистка на приватен факултет , и сигурна сум дека знам многу повеќе од некои "државничиња" кои се митарат за една 6ка со години.
Прочитав,прочитав,не се секирај...Ама неможе никој да ме убеди ни мене,затоа што како прво дечко ми и најдобрата другарка ми се на приватен(значи луѓе со кои постојано сум заедно),а како второ,ајде да ги оставиме нив на страна.Ама ЈАС бев да полагам место другарка ми на приватен(имам раскажано во еден пост), значи знам од лично искуство.И сега се нашол мене некој да ми кажува како функционираат работите.А тоа за слаби ученици нема врска каде ке се запишат.И јас во основно на пример бев секогаш одлична со сите 5-ки,па во средно слабо ми одеше,сега на факултет си се оправив.Многу едноставно...На државен сум,задоволна од предавањата,професорите и студентските прашања и фала богу сеуште никој не ми побарал мито(што не значи дека никаде нема). И еве иако веќе имам претходно напишано,пак ке повторам за да не се навреди некој или да не мислите дека намерно зборувам.Кој сака да учи-ќе научи,сеедно дали е на приватен или на државен факултет.И точно дека условите на приватен се подобри од државен,ама тоа е нормално бидејќи е каде-каде поскапо. Ама за квалитет на учење неможе никој да ме убеди.Државен си е државен.А што се однесува за наоѓање работа,нема врска факултетот,секој со своја среќа(врски или партиска книшка) иако сум читала во огласи за работа фирми кои си бараат само од државен кандидати.Еве и фирмата каде што сестра ми неодамна се вработи, бараше од државен и само од државен.Поздрав
Извинете вака што се мешам во дискусијава, ама некои од вас премногу генерализираат, морам тоа да го кажам. Данилела јас полагав на државен место дечко ми. Женско наместо машко. Па си ги сменавме тестовите и никому ништо. Што има таму, има и ваму, повеќе или помалку Познавам точно 5 девојки кои завршија на приватен, се запишаа на магистерски студии на државен, па полагаат без никаков проблем, и повторно се меѓу најдобрите студенти.
Да Ливинг глам и јас тоа го реков,прочитај уште еднаш убаво.И јас реков дека која сака да научи секаде ке учи.И за условите реков дека се подобри на приватен-не сакам сега за инат да зборувам. А на кој факултет полагаше ти ако не е тајна???
Лелее од што прочитав секакви мислења на темава, почнувам да се запрашувам.. -А јас да не не студирам на Фон што го зборат тука? Сигурно е некој друг мојов универзитет.
Сарказмот не ви одговара баш. И тој што сака да учи, полесно е на приватен него ли на државен. Знаењето стекнато на државен е многу пообемно, и за 6ка треба да го знаеш отприлика целиот материјал. Тоа е муабетот. И во право се фирмите што во оглас си пишуваат не примаме од приватни, сигурно се изгореле
Материјалот е ист само на приватниот е во помал обем ама во суштина исто е. Со другарка ми нон-стоп споредуваме. А јас досега не сум стекнала таков оглас, а порано знам дека имаше ...
Хмм... И претходно имам спомнато дека имам диплома од државен. Ова ми е втор факултет. Зашто би го бранела и фалела приватниов кога на државен земав диплома во рекордно време? А тука на приватниов дури и потешко ми иде, повеќе време спремам испити и колоквиуми. Сметам дека на Фон бараат повеќе ангажираност од студентите отколку на државен. А истиот факултет, само на различен смер сум. Како и да е, тоа е мое искуство. Секој со своето. Само се чудам, ако пишуваат така лесно 6ки дај нека кажат каде и јас да идам да си земам да скратам барем некој испит.
Да ти дадам број од еден другар што дипломираше на фон без да отиде на факултетот Па ќе ти каже како одма и диплома да си земеш.