Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. antonela90

    antonela90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    :^) Значи внукот на Алекса Попоски ( поранешен декан на филолошкиот факултет) потоа декан на факултетот за Применети Странски јазици при Фон ( повеќе не е, сега само предава) студираше на фон па јас лично го гледав кога полагаше, идеше на студентски како сите и тоа јазици студираше, кога он не зема така диплома за други да не зборам :^) па што мислите вие така иде тоа, не сме ние само 10 души па ајде на сите по една диплома и ајт чао :fubar: Одиме , полагаме,учиме, ние стипендистите и ментори имаме кои го следат нашето студирање. Како може некој да ти стави 6ка или било која оцена ако ти не се појавиш на предавања, не пријавиш испит или колоквиум, туку така нели, си идам фино лепо во канцеларија " ај ќе молам оценката да ми ја пишете" :?: |( аха баш така поготово кај оние стари намќорести професори кои дошле од државен :@

    Се учи на фон и тоа како се учи, материјалот е помал нема да одречам ама во тоа е скоцкано само она најбитното што ќе ни треба и што ќе ни послужи за нешто понатаму. :!:
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Девојкиии :) ова преминува во кавга. Оној што сака да учи и да научи не е важно каде ќе студира. Секаде има 6-ки поклонети, 6-ки платени. Вистината е дека на првиот работен ден сите ќе бидете :?: ...е дури тогаш почнува учењето.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    хехе rainbow ама ме изнасмеа, за 6ка целиот материјал да се знае на државен? :rofl: :rofl: :rofl: на вас за 9ки и 10ки да не ви носат од странство некои книги од Алберт Ајнштајн да ги научите ? :D :D :D :D
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Така е сеа можеме да се лажеме колку сакаме, кој кај сака нека студира ама дека од ФОН нигде не ги примаат не ги примаат факт, освен во фирмичињана на Велија Рамковски ``дуќанчина, нема нема профит од тоа..`` шо вика хаха и со фирми со кои шо он има склучено договор па отворете огласник ќе видите или на огласна табла кај сакате сегде пишува освен ФОН општо познато е дека дипломите ги продаваат самиот Фиат Цаноски го признава тоа, тоа е факт и не му е ни гајле му се може али што кога ќе има премногу дипломирани на фон, кај ќе ги носи ?? ;/
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Па јас не би рекла. Имам две другарки што завршија на ФОН и предаваат во основни училишта, значи во државна служба се вработени.
    Друго, познавам еден типац-дудук невиден, воедно и се влечеше по рехабилитациони центри, сега е главен нешто во Основен суд Струга. Заврши после многу години на ФОН-правен, значи и таму не заврши на време. Ама ете, јас завршив на државен правен и не можам ни како стажант да влезам. |(
     
    На ElleS му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ехх во Струга, нека дојде во Скопје за Струга хаха... а ти можеш предавање да му држиш,така?? Епа тоа е проблемот, наоѓаат работа ама само некои и тоа не на добри места како што се фалат.Што ќе кажат студентиве шо дипломираат се повеќе и повеќе на ФОН и мислат дека некој е должен да им даде работа, па чекајте бе луѓе Фиат не е Доналд Трамп шо ви е на вас..
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Баш за Струга, помал град, а многу високообразовани (без оглед приватен, државен), и нормално дека селекцијата која ке се врши ке биде построга и ке бараат повеќе квалитети.
    Значи сакам да кажам, не е како порано што беше -ако е од приватен не го примаме, туку се блиску до изедначени мислењата за факултетите.
    Крај-краева, зошто јас со завршен државен, не можам да влезам во истиот суд да стажирам, дури и за без денар надомест, а типот што го споменав може да ги управува останатите кои стажираат, волонтираат или што и да прават?

    Ти беше таа со крадените слики? :^)
    Океј, на место ти е мислењето.
     
    На enca.69 и Danilela им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епа очигледно типот имал врски, а и пак ке го спомнам Фиат ко да не е ``негов`` да се изразам цел Дебар и цела Струга, не ја глеј Струга ко обичен град он е од тој крај, градоначалник беше до скоро време на Маврово-Ростуша општината кај шо иам викендица и чоекот си е супер, ама сите знаат дека ако сакаат загарантирано работно место со ФОН најлесно и најбрзо ке го добијат Дебар-Струга неговиот крај..ете затоа типот работи таму и уште е главен:)
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Беше кандидат за градоначалник на Струга и изгуби, лутиот ривал негов има влијание да вработува и разрешува, а тој не. Тој само во доменот на неговиот универзитет, факултет или што и да е, може да си рошка.
    Реално, после тие избори, како безгласна буква е, не е важно што е пратеник. Како името да му загина, а и наводно му паѓал бизнисот со ФОН, затоа нуди стипендии, дава лаптопи, што ти знам ја...
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да, во право си ама сепак има влијание и тоа доста и затоа и има многу вработени од ФОН во тие краишта иако ги изгуби изборите има многу фанови, луѓето сеуште многу му веруваат си ги запишуваат децата на ФОН со надежи дека ке им зимаат големи плати и дека ке ги вратат парите што ги дале за школување многу повекекратно бла бла бла..знаеш и сама како е и во Скопје, пр. што ако се на власт ВМРО кога во судовите пола и поише луге се од СДСМ и обратно кога било ? Нема врска тоа,вработените си остануваат особено јавни обвинители судии итн ти си правник ти знаеш :)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Државна диплома се повеќе цени од приватна. Тоа е јасно. Приватните факултети како што се на запад ја немаат функцијата овде кај нас. Јасно е дека со приватните само купуваш диплома и полесно поминуваш, ама затоа пак дебело плаќаш, а колку ќе научиш тоа не е битно. А на државен е друга прикаска и мораш да играш по тие правила...
     
  12. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    јас студирам на приватен, точно е дека учиме многу помалко од државните и многу полесно се проаѓа не за друго ретко кој ќе те падне само зошто на него така му текнало. а колку сум на учила верувај многу повеќе од другарка ми што учи ист факултет како мојот на државен, затоа што она учи 600 страни за испит ја нема месец дена и она после испитов нема појма што учела, јас учам од истата книга ми ги бараат најбитните 400 страни ама ја секој ден морам да сум на предавање секој час ко у средно се повторува претходната тема и те оценуваат дел и според тоа и после испит ја уште знам што сум учела и у прва год. на факс и сега, не викам дека е поквалитетно ама ете случај каде што имам на приватен многу повеќе научено од некој на државен.
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Па добро де, можеби ти повеќе учиш од другарка ти кој е на државен. Лесно проаѓаш на испит, самата си кажа а јас само ќе потенцирам дека не се исто цени дипломата од приватен и државен факултет.
    Приватните дипломи можат да се штампаат колку сакаат но не се исто вреднуваат.
     
  14. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Извинете, но дали само на ФОН е така како што велите? Без учење....
    На Европски, Штулов или Американ се учи и е строго, нели?

    Во моето училиште имавме презентација од повеќе универзитети. И алал да му е на оние од ФОН, каква организација и студентите колку беа спремни, за разлика од останатите.
    Кога би имала пари би си дозволила еден приватен факултет. Немам предрасуди веќе.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Од една презентација што ви ја правеле успеа да заклучиш дека имаат многу јака настава и дека се спремни, така? Леле мајко. Учат од многу помали книги скрипти и сл. за разлика од тие на државен, презентација оди да видиш на економски што е особено кај Шуклев по менаџмент со отворена уста ќе останеш, а да не збориме дека не им дава на сите да презентираат прво да го види контекстот, па потоа ако ти дозволи. Инаку, дај ми и мене одреден материјал ќе го научам и ќе презентирам во група студенти, многу тешка работа. Бог да чува. Каков критериум. |( :clap:
     
  16. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    ја сум на приватен и учевме менаџмент од книгата на Шуклев. Пред да се запишам ми викаа абе учат таму од скриптичинња 20стр. ама ја еве втора завршувам и уште немам таков предмет. Пак ќе кажам не дека исто ни бараат и дека е поквалитна дипломата, ама барем имаме многу подобра праксна, нема искомплексирани професори и не ми е жал за парите.

    srculka напиша:
    Извинете, но дали само на ФОН е така како што велите? Без учење....
    На Европски, Штулов или Американ се учи и е строго, нели?

    Во моето училиште имавме презентација од повеќе универзитети. И алал да му е на оние од ФОН, каква организација и студентите колку беа спремни, за разлика од останатите.
    Кога би имала пари би си дозволила еден приватен факултет. Немам предрасуди веќе.

    па мислам дека на европски помалку се учи, а Фон имаат најдобра презентација и ангажираност околу факултетот што секоја година се повеќе расте бројката на студенти на овој факултет. По приватниве е далеку од строго (не дека нема барем по еден будала професор) ама не е како на државен. Ако сакаш поквалитетна диплома запиши се на државен, а ако сакаш пракса и очекуваш колку толку помош од факултетот приватен. Гледам на овие од Фон нон стоп ги ангажираат од секој факултет и соработуваат со многу фирми и уште од 1ва год. имаат некаква обука.
    Не ко на државниве, седи бубај 4 год и што после тоа ...
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Шуклев е светски човек што се вика. Тоа ``учат таму од скриптчиња`` се однесуваше на твојот факултет или? Дека не те сфатив. Пракса на приватните има, ама теоријата е мноооогу помала нема споредба тоа е факт, колку работи учат на државен што на приватен ги немаат ни слушнато дека постојат. И има разлика од приватен до приватен пр. како што имам слабо мислење за ФОН и Европски немам за Американ колеџ.
    Едит: Тоа дека соработувале со многу фирми и на државен го има. Ехеее колку волонтираат, тоа не значи дека ќе те примат на работа, само ти отвара опција, не и надеж.
     
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    да на мојот факултет се однесваше ... сакав да кажам дека не е и баш така ко што зборат сите и дека не учам од скрипти, туку учиме од книги исто со државниот факлултет. Далеку од тоа дека учиме приближно исто, но не учиме се и сешто што не е сменето од времето татко ми кога учел факултет. Околу праксата да, не е сигурност дека ќе те примат на работа ама ете имаат поголеми можности.
    Сакам да кажам дека и приватниве не се така лоши ко што ги прават сите.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Кога јас бев матурантка имавме презентација од многу факултети па и од ФОН и баш во тој период беа актуелни и штотуку почнати огласите во стилот се бара дипломиран ....... по можност да не е од ФОН. Кога моја другарка постави прашање на презентерите зошто е тоа така па баш и не беа спремни за некој добар одговор целосно се изгубија :lol: А подоцна еден мој школски што буквално ама во правата смисла на зборот незнаеше да чита во средно, а на факултет на ФОН дипломира во рекордно време кој знае што е причината?

    Моја другарка вели зошто не се успав денот кога се запишав на Европски?? Прати CV за работа за во банка и и вратиа одговор во стилот не практикуваме да вработуваме кандидати кои дипомирале на приватен факултет.
    Така да овие примери кажуваат кои факултети повеќе се ценат. Невелам дека ако сакаш да учиш на приватен неможеш да научиш, но велам дека ако не сакаш да учиш секако ќе положиш
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602

    Следен пат, место да мислиш ... Истражувај малце, па после зборувај од памет. ;)
    ФОН за секој предмет има прашања, а на Европски се учи обемен материјал. А материјалот во книгите,е ист како и на државен - само во скратена верзија каде што се иставени само важните работи.

    И јас сакав да се запишам на ФОН поради презентацијата - ама кога појдов да се запишам,врска немаа. Не беа организирани, ништо. Згора на се, прашав студенти од претходни години. Ми кажуваа дека испит незнаеле што е. Никогаш немало паднато студенти иако му го давале тестот празен. Од други пак имам слушнато дека си пуштаат други студенти(од други факултет :fubar: ) да полагаат за нив ... Ни индекс се бара при полагање, ни никаква друга идентификација.