Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски

    Се прашувам зашто не ме пушти мене онаа квачкана фонетика кога и го давам празен тестот :D :fubar: Нема потреба од идентификација бидејќи сме малце студенти во група и професорите веќе не знаат ( барем кај мене на јазици). И дај не зборете напразно па сами гледате какви успеси редат студентите на фон , пола студенти и повеќе се стипендисти , ученици со знаење. Само ме замисли она со празнине тестови знаеш, од сега ма какви колоквиуми какви предавања, какви бакрачи идам директно на испит и не решавам ништо сигурно поминувам :lol: божее |(
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Незнам дали споменатата презентација е онаа во која студентите на ФОН биле ангажирани од страна на повеќе фирми - Битолска млекара, Пелистерка, ОНЕ и други. Ако е таа ..има и зошто СРЦУЛКА да донесе решение.
    Имено студентите биле поделени во тимови и работеле на зададени задачи од фирмата. Од бизнис план до комплетно решение за реклама, маркетинг, амбалажа, начин на продажба (конкретно за БМ),,, и вработените биле воодушевени. / ова за економистите, а иначе и правниците и детективите -имале свои проекти /
    Не е финтата да се научи на памет (скрипта од 20 стр. или книга на Таки Фити, Шуклев, овој оној), битно е да се знае како да се примени наученото.
    Во секое сено има игла..и убаво кажа СОВРШЕНСТВО -
    а јас би додала Истото се може и на државен, само што на приватен треба да имаш пари да го направиш тоа, а на државен треба да имаш пари + тато со педигре ;)
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас сум на државен, али ако би се запишала пак дефинитивно би било фон. Се дружам со студенти од скоро сите државни и приватни и верувам дека таму е најдобро. Имаат пракси и многу можности

    Муабетот за европски и фон ми е многу смешен. Еден колега кај мене на државен неможеше да положи и се префрли на европски. Бидејќи беше заостанат и да не презапишува година, во една сесија на европски положи 7 испити. Хелоууу 7 испити на факултет, па ни Ајнштајн не го може тоа. На државен 7 испити во година ти е премија, а неможам ни да замислам да спремам повеќе од 2 во сесија. Сам ми покажуваше прашањата што му ги дале, по 30тина прашања да научи и толку, нит книги, нит бутур. Учеле од книги, обемен материјал, yeah right
    Од друга страна имам другар од средно кој се запиша на фон, информатика и во втора година пиша квадрат. Неможеше да положи ништо, реално не учеше....како бе него не се најде барем еден да го пушти со празен лист. И фон ги имаат најдобрите професори во државата и донесоа се што можеше да се донесе, наши стручњаци кои се успешни во странство. На катедрата за драмски уметности проф (ќе) бил Раде Шербеџија, актер кој работи во Холивуд

    Значи ова е сосема објективноо гледиште, немам јас корист од ништо, ниту пак причина да бранам или да напаѓам некого. Како што реков на државен сум веќе и толку од мојава факултетска кариера :) али со гледање што се случува и слушање го тврдам ова

    И мора да додадм уште нешто, во врска со муабетот за вработување. Сите од мојата генерација што беа на приватен се вработени сега. Сите што сме на државен уште учиме (инаку завршивме пред 5год средно)
    Ете со сигурност тврдам дека во комерцијална банка, стопанска, уни банка, про кредит, ревизорски куќи, сметководствени фирми не прават проблеми за вработување од приватен. Другари/ки што завршивме заедно средно, а завршија приватен сега работат во некоја од овие
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Ааа не проверуваат индекси. Мисли си така. Јас сум вонредна, и кај една иста професорка полагав два испита во една недела и на двата испита ми го побара индексот пошто не ме познавала. :)

    Иначе Фонетика кај Митковска полагаш? Кај неа и цел тест да го напишеш тешко да поминеш. А и да го поминеш писмено, следува усно од еден саат испрашување. Не сакам да те плашам али мн е терсене. |( А за жал, многу испити има кај неа за полагање.
    лексикологија, синтакса, контрастивна.

    И тоа за вработувањата, било некогаш така, веќе не е. ;)
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Другар ми студира информатика на европски и сам си вика оној Бојо само за пари зинал,ништо ама баш ништо не го интересира :lol: :D

    знам каква е ми имаат кажувано , кој ме тераше да одберам наставна не знам :envy: ;( а за индексите, нас не ни бараат бидејќи сме редовни студенти и не знаат :)
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    Јас ви кажувам што сум слушнала за другите факултети а и нешто што сум искусила во врска со нив. Јас сум само компентента да кажувам за мојот факултет - како што и направив. Факт е дека ова ќе е вечна дискусија ... За да се донесе конечно решение за тоа кој факултет е најдобар, би требало студентот да ги помине сите факултети и да дознае, а тоа секако е невозможно. А дотогаш, гледајте да земате 10ки и да завршите факултет ..
     
  7. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    На приватините факултети се е само за пари ... погледнете ги луѓето што завршуваат таму какви се и се ќе ви биде јасно ... излегуваат од факултетот после 4 години исто како што влегле. Конкретно на фон влезете во бифето само и видете како се однесуваат ... никаква култура немаат ...
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    За комерцијална не верувам. Знам во Тутунска имаат шанси од Американ Колеџ што се таму волонтираше еден што го знам и најверојатно ќе добие и работа. Ама за комерцијална знаат и тие дека Хари Костов прима само од државен, барем таму сеуште државниот е на најценето ниво, нема мешање приватни со државни. Има изјавено дека прима само од државни факултети студенти има речено во стил: ``Во мојата банка ќе работат само дипломирани на државен факултет.`` И да се надоврзам на некој што пиша поназад ако сакаш квалитет оди на државен, ако сакаш диплома и повеќе врски и помош за вработување на приватен. Државните сеуште го имаат нивото, не за џабе има конкуренција и сите што имаат јак просек во средно (ете сега и солидна матура) сите одат на државен. Не знам кој има кажано, ама факт е дека приватните факултети се за оние кои не можат да се запишат на државен. Не велам дека ако не си учел во средно нема да учиш на факултет, ама за да се запишеш пр. на повеќето од државниве (освен кај што нема конкуренција) потребно е знаење од средно т.е. успех. Па и другарка ми што ќе оди на ФОН си признава, вика јас ќе одам на ФОН таму е боза ќе учам просечно ќе добивам 9,10ки како сестра ми (сестра и завршува на ФОН мислам оваа година). Вика ужива во животот буквално многу малку и бараат а добива 9,10. Другарки што имала на државен со тоа знаење ни 6 не би можеле да извадат. Значи, не е престиж да се студира на нашиве приватни (на Запад приватните се ценат и тоа како) туку баш тие што не можат на државен одат на приватен и сами си кажуваат. И викаат: Е добро де, на крај и јас ќе завршам и ти ќе завршиш може ја нема појма да иам а може да иам повисок просек од тебе. Мислам до кај стигна државава и после факултетот го губел своето значење. Па ќе го губи, кога се помалку има ученици што стварно учат, а се повеќе што не ни учат и знаат дека ќе отидат на ФОН и секако ќе имаат утре диплома. А и да, имам видено во огласник конкурс и пишуваше освен ФОН, мислам дека во оваа или во другата активна тема се дискутираше околу тоа и е позната работа.
     
  9. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Ај не мислав тврдам! Имам другарки на Фон што учат и се прашувам зошто еден предмет го полагаа 3-4 пати а го даваа па и не баш празен листот, а со празен се проаѓало. Колку што викаш дека јас зборам напамет ти уште повеќе. МИСЛЕВ дека европски е подобар а фон катастрофа, ама кога бев да прашам што треба да донесам за да се запишам ми рекоа: Па ако платиш сега 500 евра веднаш те ставаме на листа на примени студенти, имаш попуст а тоа сведителства, и дипломата немора веднаш понатаму еве ти уплатница па размисли :fubar: се разочарав! Па да знаев средно немаше да учам. А на Фон барем полагаа нешто за стипендиите, полагале глупости али барем ПОЛАГАЛЕ! а не плати и одма си премена.
    ФАКТ е дека секој ќе си го брани факултетов. И еве по моите постови погоре, твојои и некои од Фон поделе испадна дека ние на приватниве учиме поубаво и поквалитетно од државниве... лелееЈ ццц... ај темава нема крај, никогаш никој нема да ме разубеди во нешто. фала , чао
     
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    Вакви студенти постојат и на државни исто колку што ги има во приватните.Кој не учи на државен,нема да учи на приватен а и обратно. Единствена разлика е што во државните сите се од големото доброутро а на приватните сите се спуштени на земја.

    ЕлеС, немам ништо конкретно против ФОН,значи ти кажувам ќе се запишував таму али ај што не беа културни со мене туку и слушав такви муабети од студенти. Можеби во Скопје не е така, али во Струга е друга приказна. И не се работи за еден или двајца, туку за повеќе студенти кои ги познавам и што ми кажале.

    Плавуша,се согласувам до некаде со тебе. Факт е дека примаат секој некој на приватните и тие се тие кои всушност го гнасат имиџот на факултетите. А дека има јаки студенти,има. Јас бев меѓу првите во државна квота на државниот економски факултет. Така да неможе да се каже дека сите се исти. Иначе тие 500евра се капар т.е. уплата при упис каде што во секое приватно средно или во секој приватен факултет треба да се плати за да си го зачуваш местото во факултетот. Во ФОН полагаат за стипендии а во Европски при упис ти е 500евра поевтино.

    Како што кажав претходно, оваа тема ќе се вечна дебата каде што секој ќе го фали својот факултет. А нормално секој факултет има свои предности а и недостатоци.
     
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170

    Кај мене во гимназија имавме презентација од многу универзитети. ФОН беа најспремни. Стварно немам корист да ги бранам приватниве. Сметам дека ако сакам да се запишам на било кој универзитет треба и од универзитетот да ми остават добар впечаток.
    Потоа бевме на разговор со Буџако(мислам се прозиваше) ние кои имавем аплицирано за стипендија заедно со уште неколку добри студенти од ФОН. Јас се воодушевив каков пристап имаше тој кон студентите.

    Не на секој државен е толку затегнато. Еве имам прва братучеда на правен-државен. Вели дека порано и било потешко, а сега дека и е многу лесно. Зошто да ме лаже? :?:

    Сметам дека баш поради ова што го мислат за приватниве дека е лесно,а стварно првите години било лесно, на почетокот , почнуваат да затегнуваат....додека пак на државниве, но не на сите станува полесно. :)
     
  12. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    На тој што му се учи, ќе учи без оглед дали е на приватен или на државен универзитет.
    На тој што не му се учи, или ќе се запиши на приватен (бидејќи реално кажано, критериумите на приватните универзитети се пониски од оние на државните) па ќе помине без проблем и ќе дипломира, или ќе се запиши на државен, па ќе фати врски и ќе помине уште полесно. Во одредени случаи дури и не мора да плаќа!

    Јас сум на државен, имам висок просек, учењето не ми претставува проблем и не сум заглавила онака да не можам да положам, да влечкам месеци, години... Единствена замерка за државните универзитети имам во поглед на тоа што премногу значење се придава на теоријата и се трупаат ненормално многу страни за бубање, а многу малку на праксата. А, и уште нешто, студентските престои во странство, учеството на семинари и слично не им се достапни на сите заинтересирани студенти (се разбира оние кои заслужуваат да присуствуваат), туку само на мамини и татини синови и ќерки. Тука се во предност студентите од приватните универзитети.
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Тоа за странство е многу тешко да, но братучед ми просек 9,90 и нешто само една 9ка досега во цел просек па ќе оди за Аризона најверојатно догодина, од државен.
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.234
    Не се согласувам. Има можности за студентски престој, само треба да се заинтересираш и да побараш ;)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да. На колешка синот од Штипски факс баш сега отиде за Америка. Фино лепо момчето се заинтересира, аплицира, зема виза, авион под газ и чао пријатно
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.644
    Пол:
    Женски

    А ти, душо, студираш стоматологија на Државен?! Жалосно е ако е навистина така како што кажуваш. Јас изгледа го фатив последниот воз што се однесува до студирањето - завршив во 2007 по старата програма, и притоа имавме пракса и толку многу пациенти што се стекнуваше доволно искуство да можеш и сам да работиш, без надзор. Е сега, да се разбереме, кој сакаше да работи, работеше, асистентите без проблем даваа пациенти (јас работев со пациенти уште од трета година, од шест студиски години), а кој сакаш да забушава, си забушаваше. Ама сега ептен ги запустиле студиите на стоматологија - знаеш зошто? Премногу не' има, и мора да направат чистка. Иако можат да направат мораториум на уписите, не го прават тоа, запишуваат студенти само заради парите, а за квалитетот на студирањето не им е гајле. На Европски како ќе биде, допрва ќе видиме. Опремата им е супер, центарот е спремен за работа, а веќе и наголемо работи ако не се лажам, но ќе видиме какви стоматолози ќе произлезат од таму. Иако не се сомневам во стручноста на вработените таму.

    Како и да е, образованието кај нас почнува да стагнира, но и да оди надолу, особено на државните универзитети. Некаде прочитав дека тоа е направено со намера да се спречи одливот на мозоци од милата ни земја. Многумина што завршиле тука на државен универзитет си нашле навистина солидна работа во струка некаде во странство (немам сознанија за луѓе што студирале на приватен факултет, но приватниве факултети се секако релативно нова работа во Македонија), што доволно говори за тоа колку квалитетно образование сме имале. А за жал, тоа повеќе не е така. Што ни вреди што се зголемува бројот на високообразовани млади луѓе во Македонија, кога истите не ги бива? А и не знам што толку нови факултети се отворија - зарем не е владата свесна дека така создава огромна маса на интелектуалци во кои се создава револт поради невработеноста? Ама тоа е веќе друга тема....
     
  17. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Се заинтересирав и побарав, но на груб начин ми беше соопштено дека програмите за размена на студенти се стопирани на неодредено време, од „непознати причини“, за подоцна да дознаам дека всушност имало квота :)

    Како и да е, за последипломски планирам да аплицирам некаде во странство, се` уште не сум размислила посериозно по ова прашање, но не губам надеж :)
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.234
    Хм.... Не прашувај никого. Кој ќе ти каже во Македонија? Отвори на интернет, сама побарај... Еразмус, Басилеус ти се програми за размена на ЕУ и директно аплицираш на интернет, немаш контакт со никој од Македонија....

    Плус, сега МладиИнфо е одличен извор на информации за студенти =)
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Јас сум на Фон на факултетот за детективи и безбедност. И предметите како Криминалистичка тактика, безбедносни системи или разузнавање ми се едни од најинтересните.
    Мислам дека ако нормално си учиш ќе постигнеш добри резултати без разлика дали е државен или приватен, од искуство кажувам дека и тука е мн. тешко.
    Но исклучоци на привилегирани како и тука има и на државните-тоа сигурно.
     
  20. nate-natali

    nate-natali Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Дали има некој што на ФОН студирал турски јазик и книзевност?