Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    7
    А зошто дипломите на фон не се признаени и во огласот се бра дипломиран .... (со исклучок на дипломирани од ФОН универзитетот) за работа?
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Има разлика од дипломиран до дипломиран. Јас колку што знам се сметаат за купени, зошто на ФОН знаел - не знаел, учел - не учел секако земаш диплома и затоа.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Славица синот на колешката има отидено за Америка за работа, а не како размена на студенти. Тоа не го организира факултетот туку си има агенции, а факултетот представува само доказ дека е редовен студент и како еден вид на гаранција дека ќе се врати. Незнам дали во Македонија има некој унервизитет што се занимава со размена на студенти во Америка, а за Штипскиот сум сигурна дека не!
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Имаш читано? Или од зборување само.
    Зашто јас не сум прочитала. Освен што знам еден случај за Пивара, тоа беше одамна, а сега во Пивара работи мој колега од Фон.
    Така да јас не знам некој да е одбиен од работно место зашто студирал на фон, освен што слушам рекла казала. Ако имате некој оглас баш ме интересира да видам.
    Сите мои колеги се вработени, и тоа од државни до приватни фирми, а и тоа одлични фирми, не зборам мама тато фирма, туку си отишле на интервју и си се покажале.
    Секако има и со врски вработени, како што има секаде нели, македонска реалност.
    Јас си барам подобро работно место, така да пратам огласи, ниеден оглас не сум видела којшто примаат само од државен.

    Има глупи деца на фон не викам јас не, исто има и глупи на државен кои си плаќаат диплома. Не сакам да се расправам и ич не се замарам јас со муабетите за приватен в.с. државен, ич не допираат до мене, јас си знам колку вредам и знам дека сакав добри услови за студирање.
    Ама со ова за огласи и за вработување ми се нереални, не сум ги ни видела а ни реалноста не е таква.
    Ако има оглас баш дадете. Навистина сакам да видам.

    Денешниве работодавци сакаат добри работници, затоа си постојат интервјуа, со неколку чекори и елиминации, затоа постои често пробен рок на вработување, никој не трпи глупи и мрзливи работници. А многу често образованието не ни има огромна врска со работата. Работната пракса често започнува од нула, се се учи, така да понатаму доаѓаат и други квалитети на личноста, образованието е само делче.
    Јас на работа нималку не се чуствувам ни дискриминирана ни некогаш некој не ми рекол за приватното образование. А си се вработив сама, со интервју во топ фирма.

    Јас само нешто што се нервирам е тоа што на државен факултет правен поточно во овие 5 години студирање по нова програма имаат само завршен магистерски труд од 40 страни и тоа е тоа. Тоа им е единствен труд освен семинарските нормално ако сакаш за повисока оценка..
    А јас имав секоја година за крај завршен труд значи сите 3 години кој требаше да е истражување по некој од предметите таа година, плус на крај на 4та специјалистички од најмалку 50 страни, а магистерски од 100тина страни. Јас се нервирам што се накотија магистри со обични семинарски. Тоа е само за државата да се фали со податоци дека има толку и толку магистри. И што треба пофалба? Не!
     
    На kikikikirika, realna и anastasijaki им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    хахахах ах бе луѓе секој па секој... секој си го брани своето и сега што?? се знае тоа без да има препукувања во темава, со колкава пот се зема 9ка на државен и со колку пари на приватен .. и сега? и тетин ми и братучетка ми немаа факултет завршено па фино лепо си се запишаа на фон и оп еве ти ги со дипломите.. кога ја прашав мајка ми добро бе таа братучетка ми како учи пошто кога и да ја прашам што праиш еве на журка,еве на кафе у град.. ми кажа ајде бе па и ти коа тетин ти ќе однесе пари за неговите упсат ќе ги плати и нејзините и тоа е.. и да не се лажеме девојки како и на приватен се земале дипломи со иста вредност од државниот,јасно е ;)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Искрено мислам дека повеќе знаење се стекнува на државен...оценките се добиваат заслужено, со пот и труд.
     
  7. Teddy008

    Teddy008 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Државен факултет, се разбира !
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Јас сум за државен факулте иако пропусти во образованието има и на привати и на државни. Зошто да им ги дадам тие 2000 евра? Во почетокот тие од приватни универзитети не се нервираа толку не одеа по шалтери да чекаат а сега бетер се и од државните. Еден професор на Европски им испцуал на студентите и мајки и шајки и се. После го избркале ама касно. 2000 партиципација плус семинари глупости па кирија па не знам шо за тие пари во странство ќе одам барем знам квалитетно образование ќе имам.

    А за тоа кои се подобри на кантар не се мери. Не треба да се има предрасуди ако некој доаѓа од приватен факултет дека е глуп и ако некој доаѓа од државен дека е паметен. А и просекот не е некој фактор. И таму и таму има деца може има над 9 просек ама набубал само не знае да размислува утре друг ден ќе се вработи не знае да се снајде.

    Затоа на каков и факултет да сте кога веќе сте се запишале гледајте да си ја усовршите струката колку што можете повеќе. Не за друго утре некој ќе ви се смее на работа.
     
  9. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ако збориме за ПОквалитетно образование, дефинитивно на државен факултет, и тоа не секој државен туку на универзитетот Кирил и Методиј, а ако збориме за квалитетно, па не знам дали уште се задржало некаде низ Македонијава (чест на мноогуу ретки исклучоци). Да не зборам колку многу е уништено високото образование и колку ја изгубило вредноста од пред само некои 20тина години до денес зашто ќе забегам ептен офф.
     
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Јас студирам на државен, мојот факултет како приватен го нема сега за сега, а и да го имаше немам баш можности да плаќам толку мн. Е сега работата е што сите викаат дека на приватните е се со плаќање, што е точно, ама еве и на државните не е нешто подобро, имаш врски и пари носиш индекс и добиваш 6ка. Можеби на економски и правен е потешко да се примети поради огромниот број на студенти, ама кај што се помалце мн лесно се приметуваат тие работи. И на крај некој таков неписмен ќе заврши факултет пред тебе. На приватен барем знаеш си платил ќе добиеш, исто како другарчето до тебе. Јас лично кај мене на факултет немам ама баш ниедна врска (што не знам колку ми е паметно) и да не се урочам супер ми оди. Ми се свиѓа тоа што ако научам, положувам, не е дека намерно некој ме бутнал или нешто такво. Е сега далеку од пријатно е чувството кога ти си учел материјал од 700 страни, во сред лето, и едвај си научил за 6ка, а некој ќе помине без да се појави на испит... Ама тоа е што е. Го учам со мерак, со големи надежи дека ќе го завршам, е сега за колку време и дали во најбрз рок ќе видиме :D
    И само да се надоврзам мислам дека 100 пати повеќе се исплати да студираш во странство, јас разгледував факултети лани пред да се запишам и приватен факултет во Париз беше 200 евра од семестар, значи ПРИВАТЕН. И вака кога ќе размислиш со тие 2-3000 евра можеш да студираш во странство на приватен и плус да си платиш кирија и што ја знам. Сега може ќе испадне малце поскапо ама јас повеќе би одела на таа варијанта него да плаќам на нашиве приватни.
     
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Државен rules! јас студирам на државен и не можам ама баш од ништо да се пожалам се е супер за тие пари што ги давам подобро неможе да биде , ем учиме ем не изнашетаа низ европа
     
  12. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    јас имам другарка на приватен на ФОН, и она казува дека има стварно добри професори, добри во смисла дека се посветени на она што го работат и дека навистина се разбираат и да објаснат и се.. другарками кажува многу од доцентите се деца на професори на дрѕгите факултети, таа сега ке биде трета година на правен и вика дека и имаат предавано синовите на Камбовски и на Галев и дека дечките ептен ги бива. иначе јас сум на Јустинијан при крај и ми се свиѓа она што го поминав до сега.

    Инаку мислам дека кој учи секаде може да научи.
     
    На Missbutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blondie99

    blondie99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Се бара дипломиран X ...со диплома од државен факултет. Зар вреди повеќе да се дискутира на темава ?
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    ВРЕДИ, не вреди да се дискутира за државните, ама за сите други приватни ВРЕДИ ;)
     
  15. Cat..Kitty

    Cat..Kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    10
    Малку оф топик, знае ли некој каде поточно се наоѓа Штуловиот универзитет во Скопје?
     
  16. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    јас студирам на државен еве имам уште неколу испити дури да дипломирам и мое мислење е дека на државните се стекнува повеќе знаење отколку на приватните. Бидејки за една 6 ние на државните ке се отепаме од учење а на приватните е најмал проблем за да се добие 6. Имаше поголем број на студенти кои во прва година не положија ниеден испит и наредната година се запишаја на приватен универзитет и таму полагаа и добиваа повисоки оценки без никаков проблем. Очигледо е која е разликата меѓу приватен и државен
     
  17. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Кога бев на државен се распаѓав од учење за една е*ена 6ка... Сега сум на приватен и постојат само 9ки и 10ки со минимално учење. Знаење на приватен факултет онака просечно, но мноооооогу повеќе практична настава.
     
  18. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    на кого лажеш жити се, уште да си на приватен, да секако. Со минимално учење само 9 и 10. И се како подмачкано :rofl: Ако е така нема да се убивам учејки за една 7ка :devil: :@ за повеќе муабет да не правам. А знаеш зошто ? Бидејќи скоро сите професори ни се баш од вашиот е*ан & искомплексиран св. Кирил и Методиј.
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Да ама тие професори секако не се понашаат исто кога се на работа таму и на работа на државниот факултет. Значи темава е за дискусија ама тоа што се пишува да држи вода. Јас немам ништо против првиватните затоа што и на државните можеш да платиш да си напуниш индекс и чао! Ама дека не било лесно на приватен да не се лажеме, во споредба со државен и те како е. Еве ти пример, девојка студираше на филолошки и запна на еден предмет, професорот не сакаше ама баш никако да ја пушти. Мораше да се запише на приватен и тоа се погоди истиот професор и она положи од прва без проблем со висока оцена. И за дипломата, конкретно во Стопанска банка(за други места искрено не знам) не примаат со дипломи од приватен факултет.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Незнам кога ќе се рпестане со тие стереотипи во Македонија.Што ви е галје дали тој што е на приватен дали има добар професор и не учи и обратно, дали тие ан државен си ги плаќале испитите. Каде е потешко прашувате??? Факултет е секако дека е тешко, секаде е тешко за оние што сакаат да учат и отишле на факултет да учат и да излезат од таму како прави студентски граѓанин полн со знаење и способности. Затоа престанете, кој учи кој не не се грижете многу. Кој сака да учи ќе учи кај и да е.
    Секој нека се грижи за себе и за сопственото занење. Ми здосади од ваквите препукувања. Немаат цел и поента.
    Поздрав до сите ;)