Форумџика на годината

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    имам познаници на фон и со малку труд си полагаат многу лесно, иначе навистина се им е добро организирано, третирани се како луѓе и имаат добри професори.
    кој сака да учи, секаде ќе учи., но кој не сака да учи оди на приватен, си знае дека таму ќе заврши.
    јас завршив лани на Св.К.иМ. и среќна сум што завршив, но имав и многу препреки, и безбројни нервози, кои овие на приватниве ги немаа.
    да морам пак да одам, пак би бирала државен, ама со сегашново искуство :lol: :)
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Следната година сум за на факултет, и ќе одам на државен. Државен повеќе се цени. За студенти од приватни има мислење дека дипломите им се добиени така, но не мора да значи. Си има и таму некој кој си учат. Но јас, за мене сепак би избрала државен :)
     
  3. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Јас студирам на државен, точно е дека дипломата од државните факултети е поценета во Македонија, ама затоа пак надвор не е признаена за разлика од дипломата што се добива од приватните факултети. Кога ќе види човек и студирањето на приватен и студирањето на државен има исто толку негативни колку и позитивни страни. A оние кои си поминуваат лесно без учење на приватен ги има и по државните
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сеуште не знам на кој факултет ќе се запишам, ама сигурно ќе биде државен. Што значи диплома од приватен? Купена диплома? На приватните повеќе се плаќа, помалку се учи.
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    До кога со темава, напорно ми е веќе да објаснувам, одново и одново. Кој учи и сака да учи ќе учи и на марс да го однесеш. секаде има студенти кои си ги купуваат дипломите, и на едните и на другите. не се самарајте вие дали некој научил повеќе помалку, дали на приватните е мнногу лесно и добиваат оценки на тацна или не. ај грижете се секој за себе и доста веќе со комплексот-да занете се за комшијата. Искрено мн ми е галје дали на Фон некој учи или не учи и дали добил оцена за 2 збора. Исто важи и за тоа дека на државниот сиротите се мачат за една шестка. Глејте си сами за себе, и така ке ви остане време нависитна нешто да научите. Има друг кој се грижи за тоа кој учи а кој не. Трудот се исплати. Барем се надевам дека така ќе биде 8)
     
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Oхохо ај полека малце, смирено. Претпоставувам ти си на приватен, не? :wasntme: Прво, овде секој си пишува искуства и мислења никој не ти бара баш тебе да објаснуваш. Ситуацијата секој ја гледа со свои очи-значи сосема различно. Јас сум на државен, крв проплукав, но покрај мене има некои што поминаа година без и да се појават на полагање практично. Значи поентата е што на приватен без разлика дали си учел или не 95% завршуваш, на државен ако немаш ептен јаки врски ќе мораш да учиш ако сакаш да завршиш. Условите кои ги нудат приватните може се добри, ама реално ретко кој се запишува таму поради желба за учење, најмногу поради подобриот третман што се добива.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Се согласувам со Jojoba, а во приватните тоа е така, затоа што плаќаат минимум 2000 евра и ајде да го паднат, мислам нема теорија, ќе се откажи од факултетот и в година помалце добивка, и тоа не од еден 80% се така. Знам и случаи кои се на приватни факултети а се квалитетни студенти, значи и таму си има некои кои стварно се трудат.
     
  8. femina101

    femina101 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    јас од лично искуство ќе ви кажам дека на приватен е многу полесно. прво се запишав на државен и 2 години тапкав во место по некој испит полагав едвај :( а да бидам искрена и многу многу не сум по учењето :lol: од кога се префрлив на приватен си ги полагам сите предмети на колоквиуми и дури си фатив услов за стипендија ... :clap: :D
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Studing at drzaven because you are a feerless bastard !!! :!: :wasntme:
     
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    не се цени исто дипломата од државен и приватен.
    само тоа ќе кажам. :)
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    Се надевам дека не си на филолошки ...

    Сите кажуваат дека сме во 21век и сме многу напредни али како што гледам сите се со заостанати ставови. Муабетот не е дали дипломата е купена или не,туку дали студентот учи или не. Ако учи на државен,и на приватен ќе учи па дури и на Марс. А диплома можеш и на државен да купиш.
     
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    А зошто на пример некој би учел на приватен, ако може да помине со 200 евра на државен кога секако е спремен на учење? Може на приватните има подобри услови, ама и на богат не би му била мала разликата меѓу 200 и 2000 евра годишно со плус трошоци за екскурзии и остало. Само фората е што на приватен детето му е сигурно, секако завршува, а на државен па... би требало затоа што нели сака да учи :?:
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Ти тоа сериозно ? :^)
    Јас не знам некој да оди на привтен и да се утепа од учење . :^) Секој си го брани и цени факултетот тоа е јасно ко ден ... Ама стварно ем нефер ем нереално да се стават на исто ниво дипломата од државен и приватен ! Тука дискусија нема! Се знае како е ... Да може да учам и на приватен ама каков е критериумот ?! Дали воопшто си на државен , знаеш ли како е ? Какво е чувството кога професор те мота и те препотува за едно *бено поенче за да би положила ... Или кога ќе видиш пршања на испит кои прв пат ги гледаш во живот , иако ни беше кажано дека 100 % нема да се паднат прашања од практикуми ... Самиот професор гадно не зезна,. Кога испопаднавме сите и му се пожаливме само ни се изнасмеа во лице ... |( и немој да ми кажеш дека е исто пошо НЕ Е ! :!:
    На приватен учиш и имаш 9-10 оцена 2-3 дена пред испит со дадени насоки (па и прашања) и после ми се прчиш јас имам ваков просек ... Со таа диплома можеш слободно да се сликаш после ја пушташ во ВЦ шоља ете толку мене лично ми вреди .
    Во ред е да одат на приватен нивна работа ама нејќам да слушам дека било тешко дека и тие учеле , и кај нив се барало |( и дека утре од таков факултет пропалитет ќе излезе кадар ? ! Може да се купи диплома и на државен ама тука правиме муабет за квалитет ;) .
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    Сум учела на државен, и? Сум ги видела двете страни, и на едниот имав обемен материјал за учење а и на другава страна. И на еднава зафркавале професориве а и на другава. Ги имам искусено двете страни на образованието така да можам да измерам и да кажам,а пошто ти си учела само на државен мислам дека не си доволно компетента да кажиш како работи системот на двата типа на факултет.
    п.с. поработи малце со англискиот ;)

    А иначе каде луѓето сакаат да ги трошат парите е нивна работа.

    Пак ќе кажам, во 21век живееме - срамота е да се живее со заостанати мислења. Отворете ги малце очите, не е се црно.
     
    На karmenka и Kristinna92 им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ангелче, едно прашање:

    - зошто од државен премина на приватен?
     
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    Не ми се допаѓаа условите. Тоа беше единствената причина. Со материјалот немав проблем,го совладував нормално. Не сум научена да сум во просторија со 50+ души. Сакам кога професор ми го знае името и ми се обраќа индивидуално. И средно во приватно учев и од тогаш навика ми е.
     
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Фала на забелешката на мојот англиски ... Сосем друга струка сум битно за тоа да сум писмена а не да имам диплома Од ФОН или Европски (неписмена)
    Јас учам на државен да ... Ама не тресам зелени од рекла казала ... Туку брат ми беше на приватен и гледав како поминува . Неиздржани тези не ги пласирам за нешо што не сум сигурна.
    Немој да се обидуваш да ја искривиш реалноста . Овие факултети се за телетабиси , кремчиња и ецетра. Ова не е мое мислење ова е мислење на сите останати ;) . Знаеш ли дека постојат фирми кои услов за аплицирање е да имаш диплома од Кирил и Методија.

    Лилаааа условите а ? ! :wasntme:
    Па нели кажа претходно дека професорите биле исти како и на државен ? :wasntme: Ич не си контрадикторна :wasntme: :lol: ај ќе почекам одлучи се значи исти се или не се исти ? :wasntme:
    А ти сакаш да ти го знаат името ... Да не сакаш и кафенце да пиете на паузи ? :^)
    Не те разбирам. Значи нормален однос на ниво професор -студент , учиш полагаш .КРАЈ :!:
    И кај е овде финтава 21 век што ти е поентава ? !
    Нејќам да те навредам ама сериозно си ги побркала поимите . Знаеш ли што е дискусијава ?
    Според мене .Си видела УЧЕЊЕ малку ти било понапорно па си решила да ја земеш дипломата од вака или така.Прв пат слушам некој да се испише заради амфитеатар :D
     
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    Eazy girls :D Секоја ќе си го брани својот факултет било тоа да е државен или приватен но сепак мислам дека на државниот добиваш повеќе знаење и потешко е да го завршиш додека на приватен си се мафташ ( без навреда девојки, не скокајте одма само мислење давам ) Секако постојат и такви кои учат на приватен и се мафтаат на државен... :D
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Тој што учи, секаде ќе учи. Тоа е факт.
    Познавам девојка која една недела учи пред испит (на државен) и го поминува, друга девојка која е на приватен и се истепува од учење, сега реално - не дека толку бараат, туку едноставно сака да учи и тоа и е зацртано во главата, дека дипломата ништо не значи ако немаш ништо во главата.
    И уште еден случај, дечко кој учи на приватен 3 години по ред ја чисти втора.

    А тоа овој купил диплома, оној... секаде го има тоа.
    Џабе се и дискусии и убедувања, кога тоа постои секогаш и секаде.
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    :o Дечково да не го викаат Тинки Винки :D
    Не се тоа си стои можеш да учиш и на приватен ама ако ти е ЌЕЈФ ако САКАШ а не дека мораш тоа ми беше муабетов . Точно некои учат и недела пред испит ама РЕМЕТОТ кој ќе го добиеш од господата на државен не велам сите ама ги има поприлично многу го нема на приватен .
    И за крај оцените |( или магистратура , на приватен ќе ти се избаци јас имав ваков просек и пост диплом. а врска си нема од животот .
    Јас лично не ги ценам тие дипломи ... (чест на исклучоци кои се покажале и докажале ) Знам многу богаташи во права смисла на зборот што идат на државен спремни да загреат столче барајќи квалитет а не само ДИПЛОМА .
    Кој кај сака нека се зашишува ... Само нека не ме убедува како биле многу јаки ... |(