Тоа за англискиот беше совет, пошто утре ќе се љутиш кога мене ќе ме примат побрзо од тебе зашто тебе англискиот не ти бил на место - крива ќе ти е фирмата која си сакала да аплицираш. Не се рекла казала,кажувам дека ЈАС сум поминувала а не сестри,брачеди итн. И ај баш најди некој оглас каде што се бара само од Кирил и Методиј. А тебе што ти е гајле зашто сум се префрлила јас? Кон тебе не беше адресиран одговорот. Секој си има своја сопствена причина. Учењето не беше проблем зашто сите 4 години со сите 5 бев. На крај краева тебе нема што да ти докажувам - сепак си никоја за мене. Со смизли како тебе,не би сакал да имам работа никогаш во животот. А иначе потполно се сложувам со бројче, а и сум кажала и претходно - џабе е темава,секој ќе влече накај својот факултет.
Angel значи тоа за англискиот беше напишано онака со државен, ајде те молам не навлегувај во сосема други глупости, кога темата воопшто и не е тоа. Ако баш те интересира имаше и таква група на милиот и драг ФБ исто склопена реченица, не дека не знаеле да напишат целосно на англиски! И второ, еве јас лично и персонално ти тврдам за Стопанска Банка, нема шанси да примат со диплома од приватен, за другите не знам, ама ете чим една голема фирма, една од поголемите банки кај нас, ако не и најголема не знам тоа, не прима со такви дипломи тогаш... И искрено овде ако веќе правиме муабет повеќе би рекла за тебе дека си шмизла, си се префрлила бидејќи не можеш да бидеш со 50 души во иста соба, извини мила моја како ќе работиш утре во огромна фирма, затоа што нели како што си тргнала ќе го освоиш светот со своето знаење, или ќе контактираш само со 2-3 што ќе ти го знаат името? Значи calm down малце, учи си и браво за тоа, ама не ни продавај муда за бубрези (со извинение) дека нема врска кај се учи ако се има желбата. Да има врска, затоа што на државен покрај желбата ти треба вистински МНОГУ учење. И ајде за факултет, ама спомна си учела и во приватно средно, епа што повеќе да се коментира? Супер за твоите што се успешни и можат да ти овозможат, ама од приватно средно 90% од учениците после се запишуваат на приватни факултети, се прашувам зошто? И да професорите на приватните и државните факултети се повеќето исти, само што на приватен он тебе ќе ти го излиже гзот и ќе ти пише оценка каква што на државен ние обичните смртници сонуваме. И знаеш затоа и се иживуваат со нас кога таму имаат таков однос со студентите, не смеат поинаку, додека на државен се богови и не смееш да им згазнеш на жуљ. Точно дека секој ќе си го брани факултетот, можеби и јас да имав средства и да го имаше мојот факултет како приватен ќе се запишев, зошто да трпам некој да ме малтретира за една 6ка? Ама сигурно немаше да тврдам дека е исто, затоа што не е.
Не ми е јасно зошто упорно малтретирањето за 6ка го сврстувате во позитивните страни на државните факултети. Сами велите дека многу се учи а некогаш не го добивате заслуженото. Како е тоа позитивно? За темава, сум се изјаснила и уште стојам на истото.
Кој вели дека е позитивно?? 100 пати е пишано дека условите се подобри на приватен нема што тука, ама нека не пробуваат да убедат дека е исто учењето таму и на државен. Тоа е дискусијата која се разви последниве 2-3 дена.
Аман бе луѓе, не се учи на приватен па не се учи , само тоа знаете да го кажете. И дека ние на приватен сме глупи , тупи и не знам какви се не па на државните има десет пати поглупи ( кога веќе така категоризираме) него на приватните, какви се не учат, искрено ќе почнам од другарка ми, фино девојче, учи, ама глупа е бе мајку му , ептен е глупа, и џабе ќе и е таа диплома што ќе ја земе, кога асален муабет не знае да направи. Јас сум на приватен да, и не се запишав од што не ми се учи, или што не бев добар ученик , освен тројките математика во прва и втора година средно и една четворка информатика што ја имав, исто втора година другите се ми беа петки. Значи можев да се запишам на државен и тоа во државна квота Но, не , се запишав на приватен, од причина што не сакам некој да ме малтретира, понижува,како што знаат да прават професорите на државен, не сакав, бидејќи сум нежна со здравјето и нервозите воопшто не ми годат. Малце се зафркнав во тој поглед, бидејќи и тука ги имам, со некои стари огорчени професори кои се дојдени од државен но не е како таму што прават. Студирам јазици, никој ништо не ми поклонува, ниту ми става оцена на ништо ненапишано како што велат некои, од проста причина што го знам англискиот имам завршено 8 степена на курс, го имам учено во основно, средно и како така знам да си се изборам за солидна оцена. Затоа престанете со тоа дека така не пуштале нас да поминуваме и не знам што, навистина не е така, од прва година уште немаат некои положено некои предмети а еве сега трета ја почнуваме, едноставно си бара професорот знаење и го гледа тестот кој сме го решиле, не гледа и не му е гајле тоа што сме дале малце повеќе пари за школарина и што сме на приватен
Јас сум на државен, братучетка ми само што дипломираше на приватен. Прост пример: Еден предмет го полагаше неколку пати (ок логично и јас сум полагала некој предмет неколку пати). Доаѓа кај мене на кафе нервозна. Ја прашувам што е работа, а она вика дека пак паднала. А зошто? Епа професорот веќе 5ти пат ги менува прашањата. И реков па земи седни научи си од книга. Ааааа тешко е од книга 200 страниима, 3 месеци ќе ги учела. За секој предмет учеше од прашања. Факт е дека на државен се стекнуваш со поголемо знаење. Ете јас на еден предмет во јуни си паднав. Професорката ме испрашуваше, ме препотуваше и ме бутна. Свесна сум дека заслужено си паднав. Од 6 прашања 3 знаев. Јас во една година имам по 15 предмети. На Европски истата моја струка секоја година има по 10. Епа удри му ја математиката сега. Демек таму непотребните предмети биле исфрлени. И утре ќе ми се нарече доктор некој. А да, што не оди некој да купи диплома на државен само 1 месец откако се запишал? И таков пример знам. Муабетот ми беше... Има луѓе што учат на приватен, има луѓе што не учат на државен. Ама мојата ебена 6ка вреди повеќе од нивната 10ка
Ете тоа ми е главната поента, само што на долго и широко го кажував. Не е исто, едноставно не е и крај.
Епа јас не учам од прашања, даваат прашања да ама како водич низ материјалот , не паѓаат истите и да паднат ќе бидат значително изменети, така да најсигурно ми е да учам од книга, како и секогаш што сум правела , си подвлекувам она што ми е најбитно, што сметам дека треба да биде запаметено и тоа го учам пак ќе кажам дека кај мене има навистина исклучително паметни деца, деца кои биле со одличен просек во средно, деца кои завршиле средно во Америка, и не не станува збор за стипендисти, туку за мои колеги кои си плаќаат целосна школарина. Па за онаа кланица од филолошки ни 10 евра не би дала а па не 200, навистина внатре кога ќе влезеш мислиш си влегол во кланица
Абе ајде па што знам, јас сум на филолошки па не се чувствувам како во кланица. И како можеш да кажеш дека на професорот не му е гајле дали е на државен или на приватен, дека само тестот си го гледа, тогаш зошто таму подобро се однесува одколку на државен(ти и сама го кажа тоа)- затоа што поголеми пари ќе лапне. На државен ние треба да им го лижеме газот на професорите,а на приватен професорите ви го лижат гзот на вас!!! И ај ви се молам престанете се тоа дека се иживљаваат со нас, дека не малтретираат, бла бла...за една 6-ка. Има покварени професори да, ама не се сите такви. Па накрај на краевите ако учењето е малтретирање тогаш ајде одиме сите на приватен. Најтешко е да се добие 6-ка, тоа е јасно, ама фала богу што заслужено си ја добивам, со многу труд и учење. Сепак сум на факултет и не очекувам никој ништо на послужавник да ми даде. Секако дека ќе има малку мака и труд. Толку од мене, и онака си се имам изјаснето во оваа тема, а и немам намера да се расправам со мамини и татини деца
Ова алудираш на мене? Ме познаваш ти мене па да кажеш дали сум јас мамино или татино ќеркиче епа не сум, не сум ниту богата, од просечно семејство сум, школарината си ја плаќам на рати , за тие рати ми помага дедо ми Никој не ни лиже нас гз, поготово не дотичната госпоѓа Лилјана Митковска која ако си на филолошки сигурно ја знаеш, дојдена е од таму на фон и предава едно 6 предмета, ако те фати на пик отиде возот што би рекле И јас веќе не планирам да полемизирам со особи кои не гледаат подалеку од нивниот им златен Уким Знам дека учам, знам и колку учам, знам и дека сум попаметна од некои си државничиња
Ај да не се лажеме, кој памти нешто од тоа што го полагал на испит после година дена? Ако тоа што го учиш не го спроведуваш во пракса џабе ти учење. Учев на државен ама во случајов сум на страна на приватните. Учат неопходни работи, не ги замараат со книги со илјадници страни, не се малтретирани од страна професорите, а после факс кој е по компетентен не зависи само од она што го учел, туку од интелегенција, снаодливост, колку го разбрал тоа што го учел.
Што врска има ФБ сега? Не реков дека си го напишала тоа на англиски со државниот факултет ... тоа беше само совет,како што се изјаснав во претходниот пост. Ако не примале во Стопанска Банка,тогаш зошто ги примаат за пракса кај нив ако не сакаат студенти од приватни факултети? Факт е дека порано било така,али повеќе не е. Како што гледаш,пишувам цивилизирано е не шмизларски како тебе. Учев средно приватно затоа што бев штотуку префрлена од Америка каде што учев основно. Или и по ова ќе испаднам мамина и татина маза? Ето и сама кажа дека ако си ги имала средствата ќе си се запишела... зошто и од која причина кога ето државниот бил подобар и повеќе признат или што знам јас? Никој не кажува дека е исто, само кажуваме дека и ние учиме за да ги стекниме оценките а воедно и знаењето а не дека ни се напишани од ведро небо. Искрено џабе кажуваш - не вреди.
Затоа што таква група имаше на ФБ, истата реченица, Ангелче. И реков точно дека ќе се запишев АКО го имаше како приватен мојот факултет и АКО имав средства. Ама исто реков дека нема како тебе да тврдам дека е исто учењето на приватен и државен. Бај бај (да одам на курс што напишав вака, а? ) П.С. во ПМС сум и враќам на коментариве, иначе немаше да си ги вежбам мускулчињата околу фалангите за вакви глупости.
Значи шмизлите се на државен а оние скромните на приватен ? ! добро ова не го знаев... Учењето во средна и на факс НЕ МОЖАТ да бидат исти !!! Ако ти си спиела на тоа уво дека ќе учиш толку колку во средно тогаш драга гадно си се зезнала . Тоа е разликата помеѓу СРЕДНО и ФАКУЛТЕТ .За англискиот кој ми е солиден па и да не е ќе идам на курс ... готово туку ти што ќе правиш со таа "диплома " ? ти нема спас ... Што ќе правиш кога ќе те одбијата па макар имала 20 и 100 сипендии пошо дипломата ти е на приватен ? Тогаш кој е крив ... Дал Бог ил судбина Оглас ќе ти најдам и ќе ти го постирам спрециал за тебе Ти нема што да ми докажуваш од проста причина ШTO НЕМА ШТО ДА ДОКАЖЕШ !!! За да докажеш ти требаат ем факти ем аргументи ама ни едно ни друго немаш сега засега ... Уште ова ... Јојоба ти кажала пример Стопанска Банка велиш што ги земаат на пракса ... Ало ПРАКСА е муабетов а не вработувње ... Зошто немаат против да ги искористат малку . А да ги вработат хммм.... Ако имаат врски кабли поинаку не би можело .
А кој ти гарантира тебе Венди дека со дипломата од државен ќе добиеш работа, и нема да те шутнат? Ти даваат гаранција со дипломата? Ти даваат работно место? Или сама ќе се снаоѓаш со прашање на среќа. Моја познаничка со таква диплома за која ти тврдиш индиректно дека ти гарантира, отиде надвор од земјата да работи, како келнерка. А знаеш зошто? Затоа што и дадоа гарантен лист од државен дека ќе ја вработат. И затоа што ,,успеа,, тука, девојчето сакаше ,,да го прошири,, својот успех надвор од границите. Ако размислиш пореално... никој не ти гарантира за ништо. И не знам зошто на ваков начин напаѓаш, исфрустрирано напаѓаш... кога и самата си полна со самодоверба и ако е така, не ти личи да напаѓаш и да убедуваш. Ти убедуваш, не даваш свој став. Секој за своето, да. Ама да убедуваш, не.
Да де нас од приватен нема да не вработат а вас да можеби како моите соседки двете дипломирани на правен факултет, едната работи во ноќен клуб , другата во парфимерија Шатци додека мои познаници брат и сестра , тој дипломираше на фон сега работи во адвокатска канцеларија, таа дипломираше на штулов сега работи како наставничка по англиски, во државно основно училиште, и пази само три години учеше ( толку беше програмата) ама си имаше знаење девојчето и си доби работа
Бројче јас никого не напаѓам БЕЗ ПРИЧИНА ама кога некој ќе се дрзне да ме навредува можеш да се обложиш дека не му останувам должна... Сврти некоја страна поназад ќе ти станје појасно. Јас не велам дека иднината е во државните велам и ќе велам дека во државните е квалитетот и способните кадри. Мојата исфрустрираност е што бев нападната , навредена , и неразбрана. Не ме фрустрира што биле на приватен , бев финансиски моќна да се запишам на приватен и ме понудија моите ама одбив ... Јас со тоа немам никаков проблем !!! Да се разбереме Имам проблем кога некон се обидува да ме убеди во нешто што не може и кога при тоа ме навредува ...
Факт е дека размазените се наоѓаат на приватен, не дека нема и на државен, ама приватните се дувла. Тоа го приметив по речениците: „Не сакам јас да бидам во просторија 50+ души...“, „Сакам мене професорот името да ми го знае...“ итн. Додека на УКИМ пр. некој седи со 600 души во амфитеатар по некои предмети, некој сака да седи како во средно, релаксирано, професорот да ги знае сите до 1 во групата и да им објаснува. Значи, пораснете! Факултетот не за џабе е отскочна даска во животот нема секој да ве гледа и да ви се посветува, треба сами да се изборите за тоа. Има студенти и на државен ќе се експонираат и истакнат меѓу толку многу до нив, затоа што вредат и затоа што имаат што да кажат! Тоа е битното, да знаеш да се избориш сам во животот, меѓу многу луѓе да се снајдеш, а не да те гледаат како „уан ен онли“ и после на работа да доживееш шок кога никој рецка нема да ти мава ако не вредиш, пошто викате нели сигурна работа ќе имате во која нема да знаете да се свртите, а не па да се снајдете. На приватен не можеш да познаеш кој вреди, кој не, зошто секој може да разговара со професорот додека на државен не можеш ни да помислиш да му се обратиш па ќе трчаш по асистенти, зошто додека на државен мора да имаш просек, да се тресеш и да учиш за матура и сите 4 години средно, на приватен можеш и со 30 поени да влезеш. Мислам дека приватните се толку полни затоа што таму одат обично оние кои не можат да влезат на државен, или оние кои имаат таков карактер што не можат да се истакнат па се плашат дека толпата на државен ќе ги претопи и ќе бидат тотално неприметни и само ќе одат надоле мислам она прво родителот ги гура со самото тоа што ги праќа на приватен, а потоа професорите ги гураат зошто вака-така ти на приватен диплома пак земаш па и 2 чисти да немаш. Додека има овци, ќе има и волна. Додека има некој што ќе плаќа на овој или на оној начин прилично добра сума на пари, ќе има и приватни. Додека на приватните немаше приемни испити пред да се воведе матурата, сите слаби кои знаеја дека нема да положат приемен на државен, а мораа нели да имаат факултет зошто ќе се срам за мама и тато, одеа на приватен. И после тие што не знаеле во средно 2 и 2 мене ќе ми продаваат утре приказни. Кај мене во клас конкретно веќе сами си кажуваат кои ќе одат на приватен, а тоа се најслабите од класот, па сеа ти види. Мислам, ако не знам ништо зошто да одам на УКИМ да полагам приемни од факултетот пази, кога можам на приватен да платам, облечам униформа, влезам и кулирам. Сега среќа па матурата е обавезна, иако на приватните не бараат поени, само да ја имаш, макар и празна. Приватњаци газди, нивно право, паметни се. И јас да имам пари ќе отворам приватен и ќе збирам волна, тоа е и те како добар бизнис. За учењето се имам изјаснето и се согласувам со ставот дека има на приватен кои учат, ама учат за државна 6ка, а добиваат приватна 10ка. Мислам ако вас приватњаци не ви е криво некој од истиот факултет зборам за вие што тврдите дека сте биле јаки едукативно и да речеме учите и све тоа нели, ако не ви е криво некој што учи 5пати помалце од вас да знаете дека утре има загарантирана диплома, алал нека ви е. Пак ќе речам, приватњаците не се компетитивно настроени, затоа не мислам дека успеваат. Во овој свет е битно да се пробиеш, а на тој начин пробивање-нема. Ќе речете дека и на државен има некои кои земаат туку-така оценки и дипломи. Да, има, тие се оние со врски. На државен е познато дека има врски на било кој факултет, ама тие не се 1200/1200 студенти што ќе земат иста диплома утре карикирам а се различни небо и земја, тие ќе да се... многу помалку, ретки се, ако разбирате. Сите останати што не се во тој многу, ама многу тесен круг ќе се утепаат од учење страници и страници за една оценка, додека за повеќе од тоа треба сеа рецимо стручни трудови, присуство на часови, презентации итн. И познат е муабетот како студентите од приватен се жалат на професорите од државен. Да, не се навикнати на нив, не се однесуваат како другите професори ни чуени ни видени, туку све се кој од кој попаметен, поедуциран, побогат со знаење, трудови, кој од кој пошетан, кој од кој на повисока функција. Еееј извинете за Раде Шербеџија . И да, и професорите ја приметуваат разликата од студент на државен и студент на приватен. И тоа јавно е изјаснето. Така да... штом професорот го кажува тоа, што предава и ваму и таму...не дискутирам повеќе. А и да. УКИМ не е Харвард во светот, ама е Харвард во Македонија.
Низ цел свет, приватните факултети важат за исклучително почитувани институции, на кои е речиси невозможно да се влезе. Влегуваат огромните потенцијали, фрчат стипендии, ама целосни стипендии. Е таму, таму се учи. Ама, се учи како што треба да се учи, салам учење. Учат и на државните, не викам не. Но, престиж е да се заврши приватен факултет, барем во странство. Тоа истовремено значи и квалитет и предвреме им нудат работа на овие кандидати. Тоа што кај нас се функционира на обратен начин, е друга тема. Да се изјаснам, јас се запишав на државен факултет. Можеби, ако имав можности, ќе отидев на приватен, дипломата во џеб и ич немаше да ми чуе. Би одела едино заради условите кои ги нудат, а да признаеме, во споредба со неандерталските на државниве, овие се ептен цивилизирани. Стереотипите кои ги имаме, можеби се вистина, но можеби и не. Не значи дека ако 90% не учат на приватен, дека и останатите 10% не учат. Пардон за процентиве, случајно се ставени. Луѓето коментираат од тоа што гледаат. Јас на приватните, освен ретки и чесни исклучоци, гледам неписмени мамини и татини синчиња, што се запишуваат оти немало каде. Друг пак, гледа редица стипендисти, најдобри од најдобрите и квалитетен кадар. Не бранам и не напаѓам никого. Една моја другарка зема стипендија од ФОН. Имаше најдобра матура во цел град. Не значи дека ќе остане на ФОН до крај на студии, не значи ни дека и работа ќе и понудат кога ќе заврши. Ама баш ништо не значи. Ни па мене некој ќе ми понуди работа кога ќе завршам. Секој со својата среќа. п.с. И наша Карина зема стипендија за приватен факултет, може да ви каже колку се изнаучи за да ја добие.
Да Анастасија, ама тоа е правен факултет, со извинение на правничките овде, со лопата има да ги ринеш. Нека завршат и на Марс ако сакаат, работа за правници нема. И не зборувај за ФОН затоа што ФОН не го ни вбројувам во факултети, од оние кои сум ги запознала создавам слика дека од 1000 души да кажеме таму 800 се неписмени. Те молам кажи ми што работи студентот од ФОН во адвокатската канцеларија и дали зема плата за тоа поголема од 4-5 000 притоа адвокатот да не му е роднина нити поблизок познаник? И кадарот од приватен факултет кој е вработен единствено со мноооооооооооогу среќа и со врски е можно да ја добил таа позиција. Што впрочем е исто и со дипломиран на државен факултет но ве молам да не се лажеме дека учењето и дипломата имаат иста вредност. Никој не гарантира дека со било која диплома ќе имаш работа, а за Стопанска Банка повели аплицирај Ангел92, кога ќе завршиш, па ќе видиме каде ќе ти заврши CV-то. Тврдам за таму дека дури ни со врски не примаат со диплома од приватен. Ни случајно. Немам ништо против тие на приватен, само бидете реални ве молам. Никој не ви вика дека сте глупи затоа што сте се запишале на приватен ама никој, буквално никој не се запишува на приватен само заради условите, оставајќи го фактот дека учењето е полесно во заден план.