Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    А со што те навредив јас па што не си плукала без причина? Па додека учев во УКИМ, повеќето изгледаа како во дискотека да одат. Нејсе,не е ни битно. Срце, на државната матура имав 98 поени али нема што да ти се докажувам јас тебе каква сум и која сум.... па сега ти кажи ми дали јас сум учела или не. Што ќе правам јас со дипломата моја,тебе да не те интересира - на крај ќе се види кој што направил со своите успеси. Ќе видиме кој последен се смее ;) И молим те ајде постирај оглас од 1999г. А што има врска вработување или пракса кога нели студентите од приватните се необразовани?
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Јасно е дека тие што си учат си учат. Но, на приватен учат тие што влегле со стипендија т.е. со знаење.
    ДРУГОТО Е МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ!
     
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Последен пат те удостојувам да ти одговорам ...
    Прва почна со навреди и препукувања на моја сметка се дрзна да оценуваш каква сум била и што .Јас си се држев до темата . Со тебе е можно само препукување на лична основа а не квалитетна дискусија.Твоето знаење од 98 или 9800 воопшто не ме засега како ни самиот факт кај учиш .Те боли фактот што факултетот не го ценат во тоа е твојот личен проблем , затоа пукаш ;)
    Јас да бев на приватен поштено ќе си признев . Да отидов на приватен нејќев да се замарам и да ме реметат професорине .Кога сме веќе кај облеката дека шмизлите биле на државен :^) униформата на ФОн лини 110 Еуричи . Со што можеш да се изнакупиш ... А која мафија е тоа фон со компијутерите , униформите , испити пријавување , и потврда да земеш се наплаќа . Уште воздухот што им го дишиш да ти го стават на сметка :wasntme: . Прашај некој професор која е разликта помеѓу вработување и ПРАКСА јас не би да објаснувам повеќе . Тука некаде јас завршив со тебе . ;)
    Чао пријатно !!!


    Што е полесно Виолета Ралева или Фон? :?: :?: :?:
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    А кој воопшто рече дека сум на ФОН? Прашај пред да кажуваш глупости. Нема фрка,секој си има право на свое мислење иако се мириса љубомората твоја до тука ;) Никакви аргументи не даваш само плукаш непотребно. Смири нерви - никој не те оцена ТИ каква си, не си давај значение. Убаво што ти текна да прекиниш да ја трупаш темава непотребно. Поздрав.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Хм..... :wasntme: Јас не си давам значение други ми го даваат ... :wasntme:

    Тинкербел :up: :up: :up:
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.602
    Совети беа тие :*

    п.с. никој не те тераше да пишиш глупости од типот "лилееее" итн...
    на факултет си, на жалост се гледа дека уште си зелена...

    :hai:
     
  7. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Ова е точно! И дечко ми има диплома од фон,инаку се запишал на фон заради тие факинг подобри услови. Често одеа на "семинари" (плати па клати), во Албанија, Бугарија и на други места, кој не сака да оди, си полага испит, кој оди не го полага испитот а добива оцена. И кога не одеше тој на т.н. семинари си учеше да, гледам дека се труди, но џабе!!! Како прво морам да кажам дека секогаш ги знае прашањата што ке му се паднат, како второ учи од една мизерна скриптичка!!! Но пак ќе кажам дека е џабе! Во две адвокатски канцеларии го одбија затоа што дипломата му е од фон. Во првата добро поминал, човекот само му кажал дека и 1000 дипломи од фон да има џабе му е и ајт чао,пријатно... Во втората лом го направил адвокатот, и фала богу во право е, само не сакав да му кажам за да не го нервирам дополнително :D На факултет имал проблеми само со тројца професори, т.е. немал проблем со нив, туку со предметите, затоа што научил се на готово да му се даде. А овие си барале знаење (двајца од професорите се од државен)! Луѓе не е толку жалосно што студирате на приватен, многу е жалосно што очајно не убедувате во нешто во кое никогаш нема да поверуваме. И да, и јас мислам дека на приватен има повеќе шмизли. Секако има и на државен, кај мене не, ама еве на пример на економски многу ги има.

    П.С. И симнувам капа на плавуша.17 :* :bow:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Оф лелеееее... излишно е веќе да се прави споредба помеѓу државен и приватен факултет. Нема да го тупам многу, доволно и многу убаво објасниле некои форумџики погоре. Само сакам да се надоврзам на муабетот зад кој цврсто си стојат-дека на приватните факултети се учат само најбитните работи-абе да,како да не!
    На приватен факултет им даваат по 50 готови прашања ЗА ЦЕЛ ИСПИТ и тоа им ги даваат плус и со готови одговори,а не да се малтретираат сеа па и да ја листаат книгата,да губат време да ги бараат одговорите,како така |( Значи какви лекции,каков скратен и најбитен материјал- само готови прашања!
    Е сега факт е дека ние учиме и некои небитни работи ама кога учам нешто барем да го научам темелно и суштински,а не само дефиницијата и преку сила главната поделба на поимот!

    Па сега гледам од Европски универзитет пуштаат по телевизија реклама дека имало таму и факултет за стоматологија. Лелејјјјјјј страв ме фаќа од самата помисла :o
    Тешко на тој што ќе отиде на забар кај некој таков,ништо чудно и цела вилица да му падне :x
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сите коментари се од рекла казала.
    Нит тие што се на приватен не знаат како е на државен, нит овие другиве.
    Така да, тоа е тоа.

    И да, сфатив нешто, зошто овие од државен толку се тресат на темава и даваат се од себе?
    И не можам да сфатам, вие ги убедувате овие од приватен дека се глупави, заостанати, ретардирани, прости.... какви според вас? Ги убедувате или ги запознавате самите со себе? Чисто од фактот дека учат на приватен?
    Колку за информација, 80% од нив повеќе ќе се снајдат од вас.
    Знаете зошто? Затоа што според вас тие се мамини и татини галеничиња, со фирмичиња... и си го знаат местенцето. Не им го берите гајленцето. :D
    Можда некој од Фон шеф ќе ви биде. :D
     
    На anastasijaki, crazylady, SuperGirl2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    се сложувам дека веќе нема смисла да се препукуваме на темата затоа што мн малку знаат како е и таму и таму. некој спомна за мафија на фон за плаќањето. на фон нема униформи , плаќаме партципација и испити и како и тие на државен. јас мислам дека од државен се борат со сите сили да се докажат бидејќи се малтретирани од професорите кои претпоставувам дека не се задоволни од платите па удри на студентот.

    ама ако студентите се малтретирани не значи дека учат повеќе туку се нервираат повеќе. јас на пример го одбрав фон како 2 факултет бидејќи сум избувлива и не поднесувам некој да си игра мајтап со мене, си учам предовно пред испити бидејќи сум вонредно и скоро сите професори се од државен. за вториов семестар никој не ми дал прашање или сл. туку учев од истите книги како на државем со некој исклучок. и така фино лепо ме кутнаа на казнено право а сигурна сум дека напишав добро и доволно но ми е страв да одам да прашам и така фино лепо си се спремам пак да го полагам.

    и кога бев на пракса во една адвокатска канцеларија јас немав поим од мак право а со мене имаше уште 2 практиканти 1 мна постдипломски а една дипломирана од државен , и погодите од тројцата кого задржаа? затоа не се карајте кој каде учел, најбитно е како ќе се покажиш, колку си спремен да инвестираш во работата, преданоста и колку брзо сваќаш. дипломата не е ништо освен лист хартија кој ќе те турни еден чекор напред, останатиот дел од патот треба сам да го изодиш како знаеш и умееш.

    едит: јас работам и сама си ја плаќам школарината, немам денар помош од моите така да не се сите разгалени и богаташи како што вели митот.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
     
    На Hipica, Leeloo, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ја немам ништо против приватните факултети

    али да кажам нешто ипак .

    бидејку сум у frendly relationship со професорите кај мене ( јебига) и правевме муабет на оваа тема

    2ца од мои професори биле поранешни професори на приватниве , кога ги прашав зашто си отишле
    ми одговорија
    - пари има многу , можеш на висока нога да живееш ама ми прек*рчи веке
    зашто тамо скоро сите се понашаат ко да се врти светот околу нив све к*рнази , а најлошото е тоа што не им можеме ништо .. и затоа си отидов


    и тамо уште пред некое време слушам на вести
    СТИПЕНДИИ ???!??!?!?!?
    кај уште даваат 2000 и повеке евра , кај уште се заебаваат ( имам 4 другари кој не фатиле книга а еве ги со 6ки положиа и се 3та година )
    па уште државата да им плака

    НЕ ! :swear: :swear: :swear:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Ти нешто си помешал :) државата не им ја плаќа таа стипендија од 2000 евра, туку фирмите партнери на факултетот,стипендистите склучуваат договор со добивањето на таа стипендија, за да ја задржат таа стипендија треба да имаат минимум просек 9.3 , но не само тоа, имаат ментор кој го следи нивното студирање, постојано прават проекти, семинарски, и после завршувањето на студирањето фирмата која ги стипендирала ги вработува :) Ти најверојатно зборуваше за оние стипендии од МОН, кои да многу мои колеги ги добија :D си имаат просек децата што :wasntme:
    А тоа дека некој професор си отишол , мислам дај, кој е будала да напушти а зима огромна плата, платата на лекторите достига до 1.500 евра минимум, само вработените на студентски зимаат 500 евра, а оние со докторати што се, па деканите ау нејќам да помислам колку само плата зимаат :tmi: Како правите бе ко на приватните да учат животни а не деца :x аман :doh:
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    разлика
    приватен факултет = загарантирано купена диплома со повеќе или помалку труд стекнато
    државен факултет=акнисе од учење за да добиеш 6 7 труд труд за 8 9 10 и еден куп запирки до дипломата
    заклучок
    студентите кои имаат завршено државни факултети повеќе се ценети
     
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Зошто упорно се водите по тие едни исти стереотипи, дека на приватен се купува дипломата?
    Алоо, образовани луѓе сте, академски граѓани, како што се претставувате имаме впечаток дека така реално и трезвено размислувате, а и современо.

    Ајде запишете втор факултет на приватен, и не одите, не учите.... баш сакам купена диплома да видам како изгледа? Вие така го замислувате тоа? Дека ќе си плиснеш пари и готово ти ја имаш дипломата.
    Еднаш кажав, ќе кажам уште еднаш, има еден дечко кој 3 години по ред ја чисти втора. Зошто е тоа така, кога може да си ја купи, т.е со самото запишување на приватен него веќе му е купена (според вас). Ахаааам.

    И не знам како може упорно да го подржавате тоа старомодно, затупено и излитено мислење дека на приватен се купува дипломата. Не, таму не се купува дипломата, туку професорите им посветуваат внимание на студентите, зашто еве факт е дека дебело си платиле, па мора да им пружат услуги, а не да цмиздриш за еден потпис, па што е уште потргачно да ти ги затвараат студентските пред нос, па и да ти се дерат и не знам уште што не.
    Погоре ја цитирав Гоу, убаво си има кажано таа.
    На слепо не се зборува, таа има искуство, била и на државен и на приватен.
     
    На karmenka и anastasijaki им се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    http://fakulteti.mk/news/11-04-15/stude ... a_adc.aspx

    http://izlez.mk/?p=1853

    Од Универзитетот ФОН велат дека наградата за нив има посебна тежина, бидејќи е освоена во конкуренција од 2.000 учесници од целиот свет. :wasntme:

    http://www.fon.edu.mk/novost.aspx?cid=86

    Ова дека сме глупи :rock:

    И преку таквото ми е од тоа купување на диплома, дај кажете каде како, сакам да си купам и јас :geek:
     
  17. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Епа многу од феминки се обидуваат да ви докажат, дека си има студенти на приватните факултети кои се со стипендии влезени или кои се трудат, учат и постигнуваат успех. Но, некои како тој дечко сакаат така да си поминат без ич фаќање книга сите години, епа така нема. На државен ти даваат книга од 600 страни и повеќе за испит, на приватен некое скриптиче или 50 прашања од кои 20 ќе се паднат. Епа ако не може и нив да ги научи значи стварно е тенеќе.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Не можеш да кажеш дека коментарите се рекла казала. Не кога сум отишла кај другарка која спрема испит ден пред испитот, кога и ја гледам скриптата на маса и гледам од што учи. Кога ми вика ауф ни даде 30 прашања и треба да ги набубам до утре. Вау што ви дал да набубате еј. И знам дека на државен не би поминала. Никогаш. И затоа учењето и знаењето не може да биде исто. И тоа е тоа. Кој колку сака нека си го фали приватниот му факултет, ама едноставно некои работи не поминуваат.
     
    На Hipica и Tinker-Bell им се допаѓа ова.
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Тоа ми беше зборот на приватни е полесно бидејки тамо како за кого , некој учи да научи некој само научува 20 прашања и положува со 6ка или повеке

    на државен нема 20 прашања него 10175127 страни за учење ако не ги научиш пријатно
     
  20. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Ееее ако била за прашањата работата :) .Студирав на ФАМИС во Битола и бев во првата генерација на смерот менаџмент на информациски системи,знајте како се учеше првата год?.Од скрипти Феминки,и со дадени прашања до 60-70максимум...Е така ама за сметка на тоа втората генерација на МИС салам ги забраа за учење :lol: