Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски
    И мислите дека се што содржат тие 958749 страни е битно? Дека се треба да се знае? Аха сигурно |( и потребно и непотребно е ставено во тие книги од пред не знам колку години, и како што спомна една феминка погоре ај кажете дали паметите нешто од испитите пред една или две години? Се што е научено на памет ,така кажано " бубано" за краток период се заборава |( толку многу страни се учат само за оцена, никој не ги учи за знаење, научи пројди и тоа е тоа . А праксата каде е? Никаде ја нема ;)
     
  2. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    За тоа да многу непотребни работи се учат, но ние не можеме тоа да го смениме. А за праксата не можеме за зборуваме на секој факултет си е различно, на некој ја има на некој не.
     
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Дечкото што три години ја чисти втора мора да е роден телетабис!
    Бројче убаво си напишала, мора да ви пружаат услуги затоа што дебело сте платиле, инаку не дека многу сакаат. Кој знае што си мисли додека зборува со вас :lol: Ако на некој професор му е задоволство со секој студент посебно да се занимава и на државните ќе го прават тоа!
    Значи ова и јас сум го напишала, а и во други постови го има напишано. Луѓе не е средно школо, факултет е!!! Па на крајот на краевите никогаш ми се нема случено да ме малтретира некој професор. И што ви е всушност тоа МАЛТРЕТИРАЊЕ??? Што коле ли некој кај нас на државен, тепаат, што прават, што, што е тоа што го сметате за малтретирање???????? За потпис сум цмиздрела само еднаш и тоа оправдано, цел семестар не се појавив на факултет(додуше и тоа беше оправдано) и професорката не сакаше да ми даде. Мада кога ќе размислам подобро и не беше некое цмиздрење, отидов кај деканот-тој ми се потпиша. Кога и да сум отишла кај некој професор на консултации никогаш,ама она баш никогаш не сум била вратена!!! Е сега ако за некого е малтретирање ако професорот не ти ги каже прашањата или не ти го скрати материјалот тогаш.....преиспитајте се,незнам.... :!:
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски
    Си била кај деканот? Ти ова сериозно? Па вие не ни знаете како изгледа деканот, некои ни лекторите не ни знаат како изгледаат, се тоа оди преку асистентите, на многу факултети предаваат асистентите, од професорите ни п нема :tmi: Ова ми го има кажувано мојата професорка по руски, која има дипломирано на уким, младичка си е така, па си прави муабет со нас многу често. Кажуваше за тоа како со страв тропаш на канцеларијата на лекторот, за дрското понашање, фрлање на индекси, како чекала многу часови за да полага,
    пропратно го слушаш учењето на оџата од околните џамии :wasntme:
    како професорот ја враќал по не знам колку пати затоа што бил уморен од пат, или затоа што морал да иде за Москва |( За тетките на студентски да не правиме муабет, кафето мора да го испие прво па да почне со работа, а исто така ми кажуваше за некоја врата на филолошки која мора некој друг да ти ја отвори, не можеш сам да си влезеш , искрено не се сеќавам баш како , бидејќи за ова пред две години ми збореше. Со други зборови на мене и на уште две девојчиња кои го учиме руски ни кажа, бидете среќни што имате можност да бидете тука, и разумно искористете ја, учете и трудете се :) И секако и она не изостана да каже збор-два за изгледот на филолошки , невидена катастрофа :x
     
  5. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хаха е што сега ова не е рекла-казала? :D
    Да душо бев кај деканот, почекав кај секретарката додека да се ослободи тој и влегов. И да, знам како изгледа Максим, сакаш да ти го опишам??? Инаку и тој е професор по руски. Можам и сите други професори што ми предавале да ти ги опишам и да ти кажам по нешто за нив,да и асистентите можам.Знам како изгледаат сите! И тетките и чичковците од студентски ги знам и знам дека никогаш не ми правеле проблеми ако ги почитувам правилата и работното време.
    А единствената врата која мора друг да ти ја отвори е онаа во деканатот. Има повеќе копчиња, го стискаш она каде што сакаш да влезеш и од внатре ти отвараат ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Епа немаат секој 2000 евра годишно за фрлање, а сака да постигне нешто во животот, па ќе мора да се мачи по тие канцеларии, и да трча по професори и сл.

    И тоа беше целта на муабетов, на секој можен начин на државен е потешко.
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Па ќе го прават ако му стиснеш некој денар, и 6ка ќе ти стават плус. ;) Споделено искуство.
    Другарка ми 2 испити си плати, и таап две 6ки одма во индекс и запишува година.
    Ете ти пример.
    Мој познаник, т.н школски другар е посредник на професорот, преку него оди секоја трансакција, ама си зема и процент фала богу.

    А какво малтретирање? Не би сакала да знаеш, имам искусено... и не би сакала да зборувам за тоа.
    Само можам да кажам дека тоа што го доживеав таму, овдека сигурно нема да го доживеам.

    Темава испадна малку од колосек... па ќе надополнам, вие утре кога ќе се вработите, сакате да работите под тензија и да ви извршуваат секаква тортура, или сакате да работите во пријатна атмосфера?
    Исто е.
    Вие велите не сте средно па да функционирате така, па и на работа нема да сте средно, ама ќе сакате пријатна атмосфера за подобро да си ја извршите работата, нормално доколку ви се работи. Да се консултирате со претпоставениот и да имате колегијален однос, нормално со почит кон него зашто сепак тој е над вас. Но да не ве газе, да не ви треска врати и да не ви го загорчува денот.
    Сакате така? или во такви услови нема да работите, оти се ќе биде мед и млеко (се надоврзувам со случајот на факултетот) и ќе си спиете на увце, а на 1ви платичката на картичката.

    Или да, подобро се работи (учи) во тензична атмосфера, заборавив.

    А знаењето е тоа, зависи кој колку и како го внесува и го меморира во главчето.
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.601



    Цело време тоа ми беше муабетот...кажуваме дека сме напредни со мислењата,сме живееле во 2011г а сеуште размислуваме како да сме во 1991г. ? Бројче,остај ги - не вреди да кажуваш. Ево сега сум 2ра година,а дипломата од факултет ја урамив веќе па дури и на работа ќе аплицирам сега. :fubar:
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски
    И што фајде ако ми ги опишеш, јас ги познавам нив? А може и си ги гледала кога си одат накај дома :P па затоа ги знаеш :P Другар ми е на филозовски, одбрана и мир, и вели дека ниеден професор не му предава, дека се се асистенти,кои патем се занесуваат си мислат кој знае што се |(
     
  10. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Е тоа да.Замислени си се асистентите,ама не ми пречи,секако професорот ми го прегледува тестот и ме оценува.Секако оцена која што ја заслужувам. А ако толку сакаш да дознаеш ќе те водам кај деканот. Па така ем ќе се видиме една со друга, ем ќе видиш дека и не е толку тешко да се стигне до деканот :P
    Мада што има да докажувам, јас си знам, а и не сум отишла на државен факултет за да се дружам со деканот и да му го знам матичниот број,туку да учам!
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Бројче нели ти беше таа што ме искритикува да не напаѓам и да не убедувам некого нешто , кога и ти самата го правиш токму тоа ? :^)
    Како што гледаш најголемиот дел од тука се сложуваат со тоа дека ПРИВАТЕН ФАКУЛТЕТ = ПЛАТЕНА ДИПЛОМА и НЕКВАЛИТЕТ.
    Можеби си на приватен па не ти одговара ... Како што кажа самата ова е форум за секој да каже свое мислење не знам што до толку се провоцираш какво мислење сме имале за приватниве :^)
    Што се однесува на другарчето твое , и јас имав еден сега се сетив беше на ФОН и не можеше да положи од проста причина што не се појави на полагање :wasntme: . И не си одеше нит на предавања нит на полагања . И така татичко го пиша на Европски и ете диплома док тренеш :wasntme: .
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Очигледно го коментирате и го цитирате само тоа што ви одговара. :)
    Уште многу работи се кажани кои се дискутабилни, ама не одговараат да се цитираат. ;)
     
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Хахахаха, значи сега ние на државен ако ги знаеме сите асистенти и професори, и ако сме биле кај деканот, значи сме платиле или знаеме кај живеат (овој дел не го сфатив) или се е*еме со нив?? Не сфаќам искрено, може е од многу пиво, може и природно сум глупа сеедно. Значи јас сум испод ниво на сите тука затоа што мене редовно ми држи предавање професор, вежби асистент, а кај деканот сум била кога ги снема индексите на дел од колегите. Срам да ми е! :x
    Колку немаше врска ова со темава, ама што ако бе. Значи ова се претвори во 3то одделенско препуцавање. Еј инаку кој сака диплома 5.000 евра на Туризам и менаџмент, оној у Карпош што е, бело-плавиот. И тоа без појавување и без полагање, поволно до бескрај.
     
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    за приватниот туризам јавна тајна е дека е отворен за перење пари и може да си купиш диплома без ни еднаш да се појавиш. на ФОН препишуваат од ливчиња, професорите ги гледаат и ништо не им викаат.
    на што личи тоа? мене ми личи дека не се замараат. а на државен ако те фатат како препишуваш имаш казна 3 семестри не смееш да полагаш. зашто е тоа така? на прво ќе си речеш се изживуваат на државниве факултети. ама ако подобро размислиш ќе видиш дека е така пошо сакаат да извадат квалитетен кадар кој што стварно седнал и научил а не трошел време на препишување место на учење. тоа е моето мислење.
     
  15. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    ^ Ретко кога се случува да казнат некого, дека вадат квалитетен кадар и не би рекла баш, какви се не почнаа да завршуваат.. во тој поглед полека но сигурно и нашиве државни стануваат како приватните, само што на приватен ќе добиваш подобар третман и не мора да се замараш со саати на студентски како нас..
     
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.601
    Сите приватни не се исти,а да се плука по останатите кога стварно вредат - срамота е...
    Воедно - Don't judge a book by its cover... Ако факултетот е приватен,незначи дека се е мед и млеко.
     
  17. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Тебе гледам ни приватен ни државен не ти чини, и што да не не е вистина дека почнаа сите да завршуваат и на државен? Да не ни е нацијава од мултиталенти составена случајно? Квалитетен кадар? На тоа не гледам дека се посветува големо внимание на државните факултети. За приватните не ни коментирам, јасно е, ама зошто да ги браниме државните до толку?
     
  18. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    ^ епа тогаш не сфаќам, чим на приватен е прилично исто ко на државен, што не си се запишете фино лепо на државен факултет за 200евра место за 2000 евра на приватен??? Или па немате проблем со расфрлање на пари?
    И не се потресуваме ние, туку вие сте тие што ќе се потепате уште малце за приватниве факултети.
     
  19. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    ^Јас не студирам на приватен, на државен сум, знам како е затоа критикувам
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Не вреди да се докажува не темава. Имаат такво рамизлување и тоа е. Но не е така. да сигурно има деца на фон или евроски што книга не фатиле, океј а каде нема такви. дај разбудете се, погдледајте подалеку од носот, не е се така црно бело. Од секој заклучок има и исклучок. И нема да коментирам веќе ми здосади од вашите медоикритетски, затуцани мислења! амн. И вие сакате во европа? No way |(