Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    ^ па нормално де дека секаде има такви кои што не учат, тоа никој не го оспорува. Само разликата е во тоа што тие таквите никогаш на државен нема да поминат, или преку сила ќе положат два-три испити и чао пријатно,а на приватен со две лекции ќе си земат диплома.

    Едит: иначе Антонија,мојот коментар погоре се однесуваше на ангел92 за тоа дека и на приватните не течело мед и млеко, да нема забуни ;)
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.601
    Како што се изјаснав погоре... Сега сум втора година,а дипломата веќе ми е урамена дома и дури и ќе си барам работно место затоа што СИ ЈА КУПИВ. :fubar: мизерииииии ...
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    A што се замарате толку мн искрено? гледам се фаќате за гуша како да ви даваат факултети пари па да ги браните! КОј кај учи во Мекедонија има мн недостатоци и во државни и во приватните факултети И ТОА МНОГУ! Бидете реални и не скокајте само со два три глупи примери, ова она. глејте си работа и учете кој му се учи, кој не нека прави што сака ама ич не ме интересира!
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ејнџел душо, кој ти ја издаде дипломата уште сега?
    Еве јас да ти кажам, тој што ти ја дал - те излажал. Фалсификат ти е. Таму дипломите ги добиваат по завршување на последниот семестар (ова да замачкаат очи дека сте научиле, па на крај нели ви ја даваат дипломата :D ).

    Јас тука на сите ви се извинувам што вака директно реплицирам, ама бев испровоцирана од сарказмот. Шта чеш, лесно паѓам на провокации :lol:

    Инаку ова за вработувања и стрикно за факултетот ФОН, имам информации од прва рака од професорка на факултетот за Туризам тука во Охрид дека кога дипломци од ФОН конкурираат за работа како асистент на државниов, нивните апликации воопшто не ги ни гледаат.
     
  5. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Зарем не приметувате по вашите нервозни постови дека вие сте тие што се замарате? Јас не бранам ништо и никого туку си стојам на мојот став. Смирете живци малку
     
  6. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Нормално дека не се' што содржат тие 958749 страни е битно, ама од тие страни само 300 да запамтиш е многу повеќе од она што ќе го запамтиш ако учиш од скрипта со 50 страни (карикирам со бројките нормално, друга е поентата). Што се однесува до праксата, од оваа година и таа е задолжителна на државните факултети, па ете ја :)
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.601

    Драга сограѓанке,ако владее лошо мислење за ФОН,незначи дека сите приватни факултети се исти ...
     
  8. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Маж ми е на правосуден на ФОНсупер сме задоволни,многу поубави услови,едноставно односот со професорите е супер-А АКО УЧИШ СЕКАДЕ КЕ ТИ БИДЕ ДОБРО
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Не баш напротив, темава е отворена за празни муабети. како можеш да тврдиш дека негде не учат кога не си видел од рекла казала. И пренапаѓачки ви се постовиве, амн мн сте исфустрирани. Уште па ак некој ми се дрзне да ги брани Економски и правен на Кирил стравно сте ќори и глупи. иЛи пак ве плаќаат да рекламирате
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Сега демек треба да се заќутиме поради твојов излив на навреди? |(
    АКо имаш мислење кажи си го, не да кажуваш дали постовите биле празни, вакви или такви, дали некој е или не е исфрустриран. Дискусијата не е затоа.
    И да, порано се знаело што е факултет и кој завршува. Денес веќе тоа го нема, а во голема мера за тоа се виновни и приватните факултети со нивните ниски стандарди.
     
    На Tinker-Bell и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033

    Јас сум се дрзнала и ќе се дрзнам да го бранам економски зошто вреди. И? Девојче ај тркни до ФОН па таму теши се. Ќори и глупи? Изгледа такви се во Стопанска банка, една од појаките банки во државава што се исклучиво со диплома од државен и во други компании кои само напредуваат, чудно па не земаат приватњаци. И прекини да си лечиш фрустрации тука, досадна си многу со твоите постови и приказни што ти ги кажале па ти ги прераскажуваш. :fubar: |-)

    И да. Економски и правен се на Универзитет Св. Кирил и Методиј, не на „Кирил“. Еве си ги чекам парите за рекламава на трансакциска. Простотилак! Само се повеќе ме убедуваш во мојот став кон приватњаците.
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465



    Освен што бодеш очи со твојата ''интелегенција и високиот стил на пишување '' од авион се познава твојата исфрустрираност.
    Знаете што забележав генерално кај речиси сите кои скокнаа на темава . Дека тие од приватен на вас мислев всушност ве боли , ве фрустрира фактот што факултетот НЕ ВИ БИЛ НЕ Е И НЕМА ДА БИДЕ ЦЕНЕТ . Тука имате проблем...
    Јас како што кажав имав можност да се запишам на приватен ама ја одбив. Тука говориме за квалитет а не кој можел да си допушти или не знам што . |(

    Ќори и глупи ? ! :^)
    Вакви нискоинтелегентни навреди само од личност со сериозни проблеми и фустрација може да се слушнат .А имаш 20 години !!! :tmi: :o


    Ваква сум :x
    Локацијата си ја погодила нема што .Девојко што да ти кажам ете баш поради вакви уште долго приватните диплома ќе бидат еднакви на О .
    Кој кадар излегол ... ?
    Катерина Иваноска , Адријан Гача ., Слаткар , или Вики Ралева |( :^)

    Реалноста е таква ко што е и некогаш попаметно е да премолчиш ... Ќе мислат дека си попаметна . Мојата теза за празноглави во приватни факулти околу 99 % се потврди .
    Што ти значеше Економски или Правен ? Хах дека било лесно се одлучи да даваш 2000 евра дека беше толку способна не се пиша на тој факултет и онакa ќе спиеше ... :wasntme:
     
    На enca.69, Jojoba, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Same here.
    Дури плаќам кирија во Скопје, сметки, па пари за јадење дрн дрн... (настрана трошоците на факултет, во државна квота сум, па не се нешто големи), дури плаќам карта за автобус која можам само еднаш во месецот да си ја приуштам, можев да си се запишам на ФОН во Струга и ќе плаќав само месечна карта која ми изнесува двојно повеќе од повратната до Скопје. Партиципација ќе плаќав на рати, исто ќе ми дојдеше... ама бар ќе бев дома и не ќе му ја секирав на ништо, башка ќе го учев истиот факултет.
    Зошто не се запишав?
    Гледам другарките мои кои студираат на ФОН што учат, им ја гледам програмата и тврдам дека она што го учат не е ни половина од моето. Настрана тоа на кој начин ги оценуваат. Тоа башка додава тежина на државниот факултет. Не велам дека на приватен не учат, ете имам другарка која навистина учи, но... мојата 8ца вреди повеќе од нејзината 10ка. Проверено ;)
     
  14. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Мислам дека на сите треба да ни биде јасно дека УКИМ е најстар значи прв универзитет во Македонија основам во годините по Втората Светска војна, што значи дека она што го нуди овој Универзитет се создавало низ годините се усовршувало и неговата долга и успешна традиција не треба никој да ја занемарва и потценува. од друга страна приватните универитети кај нас постојат можеби 10тина години и за да се афирмираат и да можат да застанат на исто или слично рамниште со светските приватни универжитети кои имаат и по 1000 години постоење или со нашите државни универзитети треба да помине многу време.
    Понатаму, секој има право на образование а со тоа и право а избира каде ке се образува, дали тоа ке бидат приватни или државни училишта или универзитети. Но она зад кое цврсто стојам и е мој став е дека независно одд тоа кој каде завршил треба со своите способности и со својата интелегенција и умешност да се бори за своето место во општеството. Кај нас реално гледано без да заземам ниедна страна, е тоа дека едно дете кое завршило на приватен универзитет независно од тоа што може да станува збор за капацитет ќе му треба многу повеќе напор за да се пробива и докажува во нашето општество.
    Сепак обрзованието не завршува со завршувањето на факултетот туку тоа трае целиот живот.

    Понатаму, она што сакам да кажам е и тоа дека овие прашања за тоа кој е подобар дали приватните или државните универзитети особено се актуелизира ово време на уписи кога и едните и другите тргаат во поход по студенти и им ги нудат своите погодности и предности.

    секој има право да го искаже своето мислење и да студира таму каде најмногу му одговара...
     
  15. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Точно е дека на државните се учи повеќе, тоа никој не го оспорува. И не само што повеќе се учи, туку душата ти ја ваѓаат. Не знам од искуство, ама еве имам другарки кои ми кажуваат, а и ги гледам како им е. Треба да научиш 1000 страни за испит. А не може никој да ми каже дека после такво учење ќе знаеш да ги пееш тие 1000 страни. Никој не е толку интелегентен.
    На приватните може се учи помалку, поделен е материјалот колку толку, па затоа мислам дека има ефект.
    Освен тоа, кој има право да се однесува со тебе како ќе му текне? Кога сака да си доаѓа на факултет, да си се шетка, да си пие кафенце, а студентите кој ги шиша? Тука освен нервите што ќе ти попуштат и времето ќе го изгубиш. По цел ден наваму натаму, за да го начекаш професорот. На приватните не е така. Плаќаш можеби повеќе, ама знаеш дека кога ќе ти затреба нешто, има кој да ти помогне.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.229
    Пол:
    Женски
    Поради болдираново многу пати сум посакала да сум на приватен, иако не знам како е таму, претпоставувам дека не е тортура и нема толку изживување од страна на професорите.
    АМА, јас сепак мислам дека знаењето на некои НЕМА никаква врска со тоа дали си на државен или приватен. Затоа што еве, јас студирам на државен, факултетот ми е еден од потешките, но верувајте некои мои колеги се толку снаодливи, што цела година ја поминаа учејќи само од прашања од претходните години и имаа иста оценка со мене, која цела година се уништив учејќи. А некои на приватен ќе си учат за себе,повеќе од овие моиве колеги. И сега, што дека овие ке имаат диплома од државен? Зборот ми е дека не е толку до факултетот, туку е индивидуално, кој колку си учи за себе..
     
    На parrot и Hipster им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е. Само толку ќе кажам зашто ме нападнаа и ме испонавреѓаа а само сакав да им кажам во повреќе наврати дека нема врска сегде има луѓе што книга не фаќаат, а имат мн добри оцени-како, на мн начини. Затоа учете си и не се грижете кој каде учи колку учи бидејќи ќе ви се исплати еден ден верувам.
    И да се одбаранам не учам ни на фон ни на европски и мн добро знам како е да си ги засукаш ракавиде и да учиш Римско до 5 сабалје, цел зимиски распуст за една ебана 7. Ама тоа е.
    фала ти мн ми влеа надеж девојче, дека некој размислува надвор од стереотипите.
    Фала
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    500
    ^^ целосно се согласувам

    Иначе другите, доста јадете бубрези за приватен, зашто еве од лично искуство ви кажувам, на ФОН сум, економски науки, и редевно месец дена пред колоквиум си го топам газов на столче. Ако плаќаш 2000 евра не значи дека готово имаш 6ка уживај не се мачи. А моите амбиции се многу над 6ки. 10ка? еее има добро да се измачиш братче. И тоа не сум само јас исклучок, пола група се тресеме пред колоквиуми, од причина што имаме колоквиуми од по 300 страни, испити 600 ( на пример маркетинг и ред други да не набројувам), и не работиме со заокружувања на точен одговор туку фино лепо ми ти даваат празна тетратка па ти пишувај што знаеш, ако не, чорба, се гледаме на испит. Од тие 150 души што бевме во прва, скроз расчистено што ги имаме 3те години дали сме 40. Зборот ми е тој што учи, учи на секој факултет. Професорите се пола од државен, материјалот е тој, а разликата е во тоа што НЕ СМЕАТ да те третираат како piece of shit зашто одма ќе ги мавнат по џеб или чао пријатно рикверц на државен па работи ја истата работа за 1/5 од платата. Нема протекции ( не толку колку на државен), нема мито, нема корупција нема искомплексирани професори и асистенти. Напротив, има пракси, тренинзи, предавања од домашни, странски професори, политичари, бизнисмени и други луѓе од јавниот живот. Тоа е она што стои во програма на државен, а нема време нити волја да го исполни. Наша 10ка, ваша 6ка?! Ма дааај молим те, кои ве успивал со вакви приказни... глупост права. Дојдете, видете па зборете..
     
    На anastasijaki, meandyou, Dulceee и 2 други им се допаѓа ова.
  19. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    БИДЕЈЌИ СЕ НЕИНФОРМИРАНИ ЛУПААТ ГЛУПОСТИ НА КИЛО.

    SORRY АМА ТОА Е ТОА СО ЕДЕН ЗБОР МАКЕДОНИЈА.
     
    На parrot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ја да кажам дека никој факултет не е ништо нарочито совен факултетот на животот!!!!

    И Приватните и државните факултети работата по некоја програма која има согласност од Министерството за образование...па каква е таква е ОДОБРЕНА Е!!

    Но ете плус уште едно нешто кое мислам дека е од поголема предност е тоа што едните имаат и нудат програма за дошколкување надвор... работа надвор.... и парички кои ке одат дел кај Вас, а дел кај нив!!

    Истите професори предаваат и на едно и на др. место!
    Но со едните се мнн фини и добри, а со другите се дрски и „неандерталци“..
    На едните им даваат литература и скрипти за учење , а другите се на принцип „Снајди се сам“!!

    И ко за крај и едната и другата диплома во МК имаат исто значење - ДИПЛОМА
    но главната разлика е во нешто сосем друго кога ќе дојде време за вработување:
    -Диплома со Партиска книшка(приоритет)
    -Диплома без(никој ништо)

    Плус конкурси за вработување кои од старт бараат да имате минимум 3 години раб. искуство
    Па Феминки мои каде и да сте е едно те исто за иднината.... но за едните е малку полесно а за другите по скапо... или поефтино... како и да е ЗАБАВНО да Е!!!
     
    На Chocoholic.girl, rossonerka, meandyou и 2 други им се допаѓа ова.