Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Боже Петра!
    Ај да се истепаме.. или не не.. ај да си играме сакате ли војна приватни вс. државни? Кој ќе победи ќе зима 70000 плата, а лузерите гз нека си бришат со дипломата.

    Дали сфаќате дека дипломата без разлика дали е поскапа или поевтина во ова наше државиче не ја врши пресудната работа?
     
    На Chocoholic.girl и Hipster им се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ебати факултетот.. треба утре да почнеш немаш ни распоред ниту знаеш во колку саат треба да идеш ни ништо.. ете тоа ми е што се запишав на државен факултет..

    средно учев приватно па се знаеше од која минута до која минута имам слободен па кога имам одмор па се се знаеше.. тука не знаат ништо да направат мајката :devil:
     
    На laf4eto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    На државнииот се добива дефинитивно поубаво образование ама ако си учиш за тебе не за оценка едноставно за да знајш...Јас познавам луге кои се на приватен и сега ке запиишат уште едне фак на дрѓавен оти прелесно му било на привтниот...Одвратно ми е едноставно на државниот со корупцијата со подкуп на испити,ти си се отепал од учење и некој ко ке го купи испитот ми се гади,ама и сум горда оти јас ке го имам знааењето а тој ке остане дудук....
     
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    зависи на кој приватен факултет.. ако учиш во европски многу нормално дека нема да учиш и ке се зфркаваш
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.601
    А со кој факти ти вака зборуваш?? Од кај си сигурна дека на Европски не се учи??
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Имам факти не само за Европски туку за сите можни факултети во државава..доста сум упатена за да знам колку се учи и колку не се учи.. како и да е мојот коментар не беше да ги критикувам колку се квалитетни а колку не се туку дека никаков ред нема во државниве ;)
     
  7. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Европски е според мене најслабиот приватен факултет. Имам другари и другарки што таму студираат и они лично ми кажувале што е и како е таму, онака најреално и искрено си кажуваа луѓето, не се од типот на луѓе да се праат и да зборат дека се утепале од учење,а уствари книга не фатиле. Искрено си кажуваа колку учат и што учат.
    Ноу хард филингс.
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.601
    Секој има право на свое мислење.
     
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    На државен факултет се добива поквалитетно образование, ама и многу повеќе се учи отколку на приватните факултети. Многу повеќе теорија и замарање со непотребни работи има на државните факултети од мое искуство, ама све со цел да го помачиме и разработиме мозокот.

    Да бидеме најреални на приватни факултети одат оние кои сакаат полесно да поминат, да уживаат 3-4 години со малку мака и да добијат диплома, додека ние на државните факултети се убиваме од учење за да на крајот пак извлечеме 7 или 8 како највисока оценка, додека на приватните факултети минимум оценка што се добива на испит е 8 а многу 9ки и 10ки има хехе. Ма све је бре то лаж. :)

    Ќе констатирам поквалитетно е државното образование нема дилема тука за мене. Приваните факултети и они ги учат студентите, ама многу со скратуваат материјалот. Она што можеби ми се допаѓа за приватните е што даваат пократок материјал, она што е најважно и сржта за дадениот предмет.

    Сигурен сум од ова пишување може да се примети дека сум на државен факултет и затоа ги бранам “боите“ на државните факултети. Ама истовремено се прашувам дали ќе вреди после све ова учење и жртвување 4-5 години од животот, кога гарант најмалку 70% од она што сме го учеле на државните факултети нема да ни користи во работата. Сите тие теории, непотребни формули и глупости ги учиме само за да го разработиме мозокот и да размислуваме подобро при решавањето на проблемите на работата.

    Јас искрено си признавам да бев побогат (а сега сум средна класа накај богата класа ама далеку сум сепак :lol: ) ќе се запишев на ФОН. Знам дека и овој факултет е критикуван, ама барем има реноме колку толку и после студиите има големи шанси да најдеш работа, нели факултетот сам ти наоѓа работа во некои случаи. Овој избор ќе го направев за да се поштедам од страдање и мачење по државните факултети каде што добивам поголемо знаење, ама ретко дека ќе ми користи подоцна. Многу работи што ќе ги работиме на работа мислам дека се учат и на самото работно место. Во секој случај, знаењето и дипломата најубаво е да одат заедно, едно без друго е ризична комбинација!
     
  10. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Тоа го зборам и јас. Значи, според мене, подобро би било кога ќе се концентрираш на тоа што ти е најпотребно. Ќе го научиш убаво, затоа што нели, тоа ти се бара понатаму. А на државните, сакајќи да ти дадат повеќе знаење, постигнуваат обратен ефект. Не ме сфаќајте погрешно, сакам да кажам дека 300 страни одеднаш ќе се научат, ама не е исто кога учиш 50. Тие 50 ќе ги пееш и во иднина нема да ги заборавиш, а овие 300 страни (и прашање дали се толку), нема да ги научиш од а до ш.
     
  11. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197

    50??? :^) |( морам да те цитирам, бидејќи само што станав од книга и мислам дека ми се слоши од материјалот по книжевност...имам 300 страни за испит :puke:
    не знам дали ова и е инспирација од државен факултет или пак бидејќи е продекан си лечи комплекси со нас :@
     
  12. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Така ги кажав тие 50 страни, затоа што знаеме дека на приватен се учи помалку. Не треба да значи дека се точно толку. А и, за секој факултет е различно. Некаде има повеќе материјал и теорија за учење, некаде е повеќе пракса, како што е мојот случај.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ми дадоа тестови за на ФОН да им ги решам. Професорката им ги дала тестовите и им рекла доколку не сакаат да се замараат, да ги решат дома и да ги дадат после на студентски. Еве, во раце ми се. Не сакам да откривам зошто, како, да не се препознае некој, ама толку можам да кажам. И после пак се учело на приватен. И уште ова само со Фон да беше случај.
    И образовани кадри имаме ние секоја година, магистри колку ти душа сака. Да ти се плукнам во нашиот образовен систем.
     
    На enca.69, AnaKarenina, agirl17 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сериозно?
    За средното или за факултетите?
    Сега бев на факултет нема никакви ни колоквиумски ни испитни сесии, да не имаш некои примери како изгледаат тестовите?
    Јас би ја пријавила таквата професорка, сериозна сум.
    Не сум слушнала до сега вакво нешто, али ако е вистина навистина срамота. Јас се нервирам што постојат такви професорки и со кој памет го прават тоа не ми е јасно.
     
  15. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Студирам на приватен факултет, поточно на ФОН. На почетокот премногу се замарав и се нервирав што кога ќе им кажев на луѓето каде студирам веднаш го менуваа тонот и ме гледаа како најголем кретен. Веќе не. Кој што сака нека мисли, јас учам и се трудам за себе.

    Вистина е дека има предмети на кои полесно се поминува, се случува да ни скратат некој небитен (застарен) дел од материјалот, но има и предмети каде мораш да го загрееш столчето за да положиш, да направиш семинарска, да бидеш редовен на предавања.
    Бидете искрени, дали на државните факултети не сте поминале полесно по некој предмет или пак меѓу вашите колеги нема некој што без учење си го протуркал факултетот, без да се појави на предавања? Дали неговата диплома ќе важи повеќе од мојата само затоа што завршил на државен, а јас на приватен факултет?
    Дипломите ни се купени? А зошто тогаш ни се бара присуство на предавањата, семинарски, зошто се паѓа на испити? Како може да ни предаваат истите професори, по истите учебници по кои предаваат на државен, а сепак ние да научиме помалку?
    Имам уште многу да пишувам, но да не се повторувам зошто веќе е напишано во претходни постови.

    И на државните и на приватните универзитети има добри и лоши студенти. Зависи кој како си ја сфатил работата. Среќа што доаѓа време кога дипломата ќе нема важност туку ќе се бара знаење. Е тогаш ќе бидеме сите еднакви, нема да е важно каде си завршил.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Пред да се запишам на факултет,бев една од ретките кои беа повеќе од 100% сигурни за понатамошниот избор,и одбрав државен факултет(Јустинијан Први),мислејќи дека тука лежи квалитетот,знаењето,правиот состав на докажани професори и итн.После само 1 месец,видов дека сите тие мислења,да биле некогаш,но се далеку од реалноста.
    Квалитетет е она што најмногу ме разочара,бидејќи како студент,имам право на професор,на консултација со истиот,или барем со асистент,тие се ради студентите на тие места,да излезат во пресрет со нивните знаења и искуства,а не да недоаѓаат на предавања,да наидуваш на затворени врати,да не добиваш повратен маил,да не добиеш ни 0,5 поени ако ти фалат за оцена,да не постои УВИД после извршен есеј или колоквиум/испит на истиот...Се ова го пишувам во негативното салдо на организација на факултетот.Неможам да неспомнам и за фантастичниот однос на луѓето во Студенски(бидејќи и студенските прашања се дел од факултетот),кои знаат и да заклучат врата откако ке се исполнат редовите пред шалтер бидејки толку им е капацитетот на работа,и им се многу и тие 2 часа додека се отворени и достапни.Е,ако го фатиш редот уште на време,и влезеш,те пречекуваат стари дрндала исфрустрирани(иако млади седат дома без работа),овие ги уживаат местата и ти се дерат на секој твој потег,коментар или прашање(а иако се дерат,добиваш 70% погрешен одговор на прашањето).
    Мојот факултет,односно јас,студирам по ЕКТС систем,за кој се задолжени само 2-3ца(зборам за цел факултет)и секоја нерегуларност во досие,е потребно да ги бркаш и по неколку денови,па да ти речат ке јадам сега,ке зборам на телефон,дојди за 3 дена ;) НЕ НЕ НЕ! Мене лично,нема нешто што ке ме убеди дека државните факултети се нешто што биле некогаш,драстично е опаднат квалитетот.
    Имам другарки на ФОН кои се презадоволни од односот кој го имаат со професорите и асистентите,во секое време можат да им се обратат,другарки на Штулов,кои веке таа теорија од книгите ја гледаат и во пракса(ги носат на судења им објаснуваат се што веке прочитале),а им предаваат професори од државен факултет и итн. да не забегувам, иако веќе мн забегав.
    Кога бев прва и кога се запишувавме си викав,е да бе,јас ке си имам државна диплома,ценета,а они со 2000евра платена,а сега мислам,а што ако ја имам таа диплома,кога имам само теорија,а теорија и пракса се две скрос различни работи,и кој ми гарантира дека јас ке работам,демек таа диплома ми гарантира??Додека на нив да,имаат и задолжителна сигурна пракса,а отпосле и работи по реномирани јаки фирми.Мои колешки ми се жалеа како немаат каде да стажираат бидејки сега со измениве,да стажираш во некоја адвокатска канцеларија,значи адвокатот да плака придонеси за тебе ,и ако немаш познат адвокат кој би се зафатил,поздрав праксо на државен факултет.
    А знаењето? Па луѓе мои,ако некој решил да учи а(а секој си учи за себе)ке учи и таму и таму,книгите се тие,материјалот е тој,може начините до оцена им се полесни и позагарантирани,меѓутоа,и на државниве има корупција и лично јас знам луѓе што си платиле по 300 евра за оцена(6ка и тоа),такада да финиширам,мојот избор никогаш повеќе не би бил државен факултет,се додека владеат овие неуслови.
     
    На Hipster, meandyou, Dulceee и 2 други им се допаѓа ова.
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не знаев кај да прашам сте ја затвориле темата па морам овде, некој што полагал трговско право кај Александар Николовски да ми пише ЛП да ми каже што како малце да ме упати знам дека и на државен тој предавал или упте предава не сум сигурна. И уште подобра опција ако има некој економски на ФОН да е нека ме исконтактира да си потпрашам некои работи околу предмети и професори стварно ми треба.
     
  18. laf4eto

    laf4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Кај и да сте само не идете на Фон, јас сум пишана таму и..... жалааааам!!! Не е лесно, нема почит од професори, нема олеснителни прашања ниту пак скратен материјал. Или јас сум баксуз или факултетот е срање
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Баксуз си! |(
    И отпиши се, не ме чудиш од мојата група во прва година бевме 100тина, во втора повеќе од пола продолжија, другите беа разочарани како тебе повеќето од тие се отпишаа.
    Не е за секој факултет, дури ни приватен кој ти дава подобри услови за студирање.
    Ако не си задоволна запиши се на државен на правен, да видиш какви се таму тетките на студентски кога ќе ги акне климаксот или дел од професорите кај кои мислиш дека побрзо Елизабета втора ќе ја видиш него нив.
    Фати си ја книгата ако сакаш да завршиш и загреј си го столчето. УЧИШ ЗА СЕБЕ! Тоа да го знаеш.
    Не тука твоите вложуваат во твојата иднина и плаќаат за приватно образование а ти цимолиш зашто немаш скратен материјал. :^)
    Не си за жалење, за смеење си!

    Карина со среќа на колоквиуми, се надевам бар малку ти помогнав, сака квалитетно одговорени прашања, прецизни одговори, не филозофирање тоа заборавив да ти кажам ;)
     
    На Chocoholic и karina8 им се допаѓа ова.
  20. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Ако беше лесно на приватен немаше со Арсен Јаневски граѓанско процесно право да се влечкам цели 3 години, истите професори ми предаваат од државниот правен, така да немојте да ги потценувате приватните универзитети и факултети, јас барем за ЈИЕУ ви кажувам а на фон, еу итн не знам како е. Мислев дека на приватен ке ми биде полесно ама не е верувајте, нема тешко за тој што решил да и се посвети на науката ама во секоја генерација такви се 10-15 луѓе, да се разбереме, мрзливиот и на приватен и на државен ке си се секира :)))) ме потсети ова на нешто што многу одамна го слушнав од мајка ми ...

    еве вака: Си бил некој студент, и како му се наближувала сесијата така почнувало да го фаќа паника, а уште повеќе кога си го пролистал материјалот и сфатил дека има мнооогу за учење бидејќи не положил ниту еден колоквиум, дечкото бил многу интелегентен ама мрзлив, и почнал да се секирааа, па едно време си рекол ‘‘море дај да фатам книга’’ , ама пуста мрза ... не се фаќа ... и така си мислел и си поставил едно прашање, ’’да фатам бре јас да учам или да си се секирам’’? Ај ке си се секирам бе ... :))) хахахахах епа сигурна сум дека има овде еден куп СЕКИРАЧИ што би се рекло, и ги поздравувам посебно секирачите пошто и јас еве уште си се секирам :))))