Државен дефинитивно, познавам многу многу МНОГУ студенти што се на приватен факултет и поминуваат ете баш така...пуп пап положено...
И пак ќе кажам, нема врска тоа што се од приватен, и јас познавам исто толку многу ( мои колеги ) на државен што поминуваат исто ете така, со прашања, со снаоѓање, без ништо прочитано...
не сакам да коментрам конкретно за некој факултет ниту за државен ниту за приватен, но што толку се удараат сите во гради дека на државен има поквалитетно знаење! значи ќе коментирам за квалитетот не за кој како минува!!!! како може за колоквиум на државен да ти дадат 300 страници и тоа да биде квалитетно?? коа сето тоа предавање е за 6 часа, значи во еден час треба да предава 50 страници, да ги читА нема да стигне, каде на приватен 30 страници се раскажуваат и има време и за прашања и за примери, што е многу битно- ете така се сфаќа материјата кога ќе имаш ,,визуелност,, за предметот!! а не да гледаш наоколу и да незнаеш што попрво да запишеш!!!
На државен факултет сум,но кога би имала пари веднаш би се префрлила на приватен.Знчи како што можат да те зезаат на државен за СЕЕЕ,така на приватен не!Извини си плакам! Некоментирам за тоа кај повеке се учи,не се учи На државен те зезаат како сакат,организација катастрофа,со проф.консултации 0,асистенти што се курчат, на студентски ти се дерат место да ти објаснат ти џитккат идекс .Не навремени резултати па несезнае дали треба да преполагаш или не,бидејќи резулатите не се објавени а испитот се преполагаа па ти види??Ако не им купиш книга и да стави проф потпис немозеш да полагаш..И државниот бил ДРЖАВЕН СЕДИ МОЛИМТЕ..ЗНАМ БАРЕМ ПЛАКАМ АМА НИКОЈ НЕ МЕ ЗЕЗА КАКО ШТО САКА
Мојата цимерка се запиша на последипломски на Европски факултет и уште истиот ден кога се запиша ја прашале дали сакаш знаење или диплома и она целата таква збунета ‘‘ Па знаење сакам ‘‘ и и рекле штом сакаш знаење ќе дојдеш ќе ти дадеме материјали, ќе си полагаш преку колоквиуми и ќе си доаѓаш на предавање и ќе си стекнеш знаење
А што правиме што кај и да е речиси сите професори од државните ќе отидат во приватните Реално, професор што цел работен век си имал некои критериуми, тешко дека ќе ги спушти така лесно. Се е веќе измешано. Единствено што ми се свиѓа кај приватните, покрај коректинот однос професор-студент е и тоа што нудат факултети и смерови што ги нема на државниот универзитет.
Ако одбереше диплома немаше да има потреба да се замара со учење, предавање и полагање туку на многу полесен начин ќе си ја добиеше!
^^ Не верувам дека тоа сакале да го кажат кога ја прашале. Дури и да е така, дури и да е до толку лесно да си добиеш диплома, сигурно тоа нема да ти го кажат уште при првиот контакт.
Аха важи Уште така да беше,супер ќе беше... Знаеш јас втора година сум и веќе ми е урамена дипломата зашто толку лесно ги даваат дипломите...
До кога ќе се обидувате да не убедите дека не е така? Дека не можеш да отидеш и да си купиш диплома? До кога само? Па не сме слепи. Во реалниот живот јас не сум сретнала човек кој вака се докажува за факултетот. Или ви е срам вака отворено да си го браните? И сите кои се на приватен истото го кажуваат, не се само два-тројца. Сите што јас сум ги запознала. Еден немаше да рече, да бе, учам јас. На прватен повеќе се учи. Еден таков нема. Туку не гледаат на државниве како кукаме, па немаат сила во лице да ни кажат јас повеќе учам, а не е така. И по епизодата со тестот реков веќе. Приватен јок.
^^ Никој не вика дека на приватните повеќе се учи, туку и дека и таму не е толку лесно како што некои прикажуваат. Можеби порано било, но сега се управуваат полека. Е сега, точно е дека имаат многу поубав однос со професорите и асистентите, поопуштени се, не се замараат толку. Мојата ланска цимерка е на ФОН, сега е втора година. И ви кажувам дека таа учеше, ама она здраво учење. Со стипендија е, па мора да држи просек. Најголемиот проблем кој ние го имаме на државните факултети е тоа што професорите се изживуваат со нас, не малтретираат, не тераат да учиме и точки и запирки каде стојат во книгите, па затоа е многу потешко. Но тоа не значи и поквалитетно образование. Што фајде кога ќе ја научиш буквално цела книга, кога многу работи од тоа се непотребни? Мислам дека и кога би било малку полесно на државните, пак истото знаење ќе го имавме, истиот квалитет, само бар ќе го поминевме факултетот со помалку нервози.
Па можеш де... Ево ја урамена кај мене... ја добив уште на првиот академски час од прва година... Можеби не учиме колку на државен ама и ние ги добиваме дипломите на фер начин.
Хахаххаха баш така е Јас сум на последипломски студии на државен, мој колега возрасен човек со свој бизнис одкога виде дека така лесно не се магистрира си ги собра документите и правец на приватен и знаете што? Сега му иде како подмачкано, а и што е најтрагично пред мене ќе заврши а небеше способен една семинарска да направи Ама то ти е приватен
Јас само би кажала дека има разлика од државен до државен факултет, и од приватен до приватен факултет.Јас завршив на приватен факултет, и задоволна сум од начинот на предавањата и изборот на материјалот од страна на професорите. За тоа дека се купувало диплома не знам, можеби има некаде, но не генерализирајте ве молам, ќе испадне дека сум ја купила и јас дипломата. Како прво јас не платив ништо, земав стипендија. А и на крај што е битно ако ја купил некој/а. На пример имам јас диплома за пилот, ако не знам да возам, што ќе ми е таа диплома. Затоа не се замарајте, на државен се учело повеќе од на приватен факултет или обратно, тој што учи ќе учи и на државен и на приватен, а тој што не учи не учи никаде.
Уште колку ке си се тешите дека не е квалитетно знаењето ехееееее...... Туку само информативно...Пола од професорите оваа година ми се од Св. Кирил и Методиј, а една од другата половина има докторирано на Оксфорд! Знаете што значи да докторираш таму?-НЕ! За да те примат таму треба буквално да ги молиш-ретко кој може да заврши таму. Пааааааа тешејте си се пак, што да ви кажам.
Зошто не кукаат тие во приватните факултети? затоа што плаќаат по 5 илјади евра годишно скоро све им е дадено на тацна, со мал труд се ќе постигнат, за разлика од државните факултети во кои за една 8ка треба да се окозиш за учење а па камо ли 10ка.. а децата на татковците-богаташчиња и не се трудат да одат на факултет дипломата пред време им е спремна.. дипломата е лист хартија а знаењето е нешто што неможе секој да го поседува.
Се согласувам со мислењето погоре.. и јас пример учев приватно ама средно! Искрено сум се тепала учење знам дека имавме книги дебели ко енциклопедија и дека за финални испити учев секој ден по 5 саата .. и тоа беше истиот систем како сега на факултет треба да поминеш повише од 60% од тестот или испитот за да го положиш.. Сега сум на државен факултет.. како прво и основно нема распоред. кога ке им текне си доаѓаат, кога ке им текне си завршуваат на час па не праќаат на пауза! тие картичките си ги собираме и си се куцаме повише од 2 души, исто како да си бил на час!! Жива глупост! Дива лига е! Полагаме дури во Сабота, а тоа може да се случи само кај нас! Не знам јас сум без зборови и премногу сум задоволна од средното приватно. едноставно добив навика за учење и тоа на многу по обемен материјал па сега ми е лесно..
Само еден пример ќе ви кажам и нема веќе да се докажувам. Станува збор за најобична пракса (значи да работиш без пари, да идеш да учиш негде во некоја фирма). Студирам на приватен и имам многу висок просек (си учам за себе, се сама сум постигнала, немам ниту тато директор ниту мама не знам што, она не ни работи и знам дека знаењето кога тогаш ќе излезе на површина и ќе треба да се покаже нели? без разлика дали си наприватен или на државен). Само оваа година бев 5 месеци на пракса во различни фирми и ми се јавуваа за повторно да одам и од сегде имам јаки препораки. Во исто време другарка моја која студира на државен бара да оди на пракса, прати CV на милион фирми никој не ја викна. праќаше на исти места јас кај што одев, џабе пак никој не ја вика. И што е најинтересно целосно е разочарана од факултетот и се премислува да се префрлува на друг факултетот од друга област. Мислам дека ова СЕ кажува!!! Ако некој има знаење нема да има проблем нигде и никогаш без разлика кај студирал. А па и ако си на државен и не знам што студент си као демек. Ќе седнеш негде да работиш ако не знаеш една работа да ја завршиш и од Оксфорд дојди џабе ти е!!! и тоа нека им биде јасно на сите!!!