^Сакаш да кажеш дека тебе те бирале за пракса зашто си од приватен или зашто факултетот ви наоѓал пракса?
Не ме бирале зашто сум од приватен туку заради моето знаење и способности, а факултетот не ни наоѓа пракса, туку сами си ја обезбедуваме
Па во тој случај, не знам зашто правеше споредба со државен, значи и да си била на државен пак ќе си наоѓала пракса и ќе те барале. Луѓе и без факултет може да работат подобро од некој со факултет, без разлика државен или приватен.
Ако не ме сфати правев споредба помеѓу моето "неквалитетно" образование на приватен и "квалитетното" образование на другарка ми на државен. Али не е битно не се разбравме
Гледам колку ви е тешко имам другарка на приватен е и пред секој колоквиум по меил ги добива прашањата што ќе се паднат и плус одговорите да не се мачи да бара Кај тоа па и професорот си заминувал во пензија тие не мораат да полагаат на сите им нареди 10-ки и чао пријатно! А пази дека кај мњне на државен ќе поминеш така!Јас си седам и здраво си учам никат у животов не сум учела толку ама затоа цела прва ми е чиста и првите колоквиуми од овој семестар ми се положени сега ги спремам вторите !Неаме ни книги ни ништо сами си правиме скрипти се сами си напќаме она само ни посочуваат стручна литература! За лесно не е лесно ама барем солидно знам и си ја научив професијата!
фон и европски се по 2000 евра плус комплет книги секоја година од по 7000 денари униформи укинаа, 1500 електронска картица, 10 евра од испит, 5 евра од колоквиум мит - зависи на кој факултет има од 1000, 1300, 1500 евра за колоквиуми и испити не плаќаш ништо, освен уу казнена сесија, дополнителни трошоци нема за книги и електронски картици бизнис економија неотел е 500 евра плус за полагање испити и колоквиуми тоа е се што знам
На фон нема електронски картици а и сега има повеќе стипендисти отколку оние што плаќаат целосна школарина, од другата година дури 800 ќе ги има школарината се плаќа на рати , а ако ја платиш одеднаш има некој попуст од 200-300 евра
Јас не би се излажала со ова... како само ви ги мачкаат очите со тоа „докторирал на Оксфорд“. Се виде примерот со информатичкиот универзитет или што и да беше она што го отворија во Охрид... демек професори што докторирале на престижни универзитети во светов, а немало врска, сите тие дипломи им биле лажни
Океј да кажаме лажат, ама девојко жената е права енциклопедија, немам зборови..на час не и треба ни книга, ни потсетник, ни забелешки ама баш ништо...4 саата зборува како навиена. И да, не на општи и лесни теми. Туку психолошки теми, фонетика, фонологија, морфологија, општа лингвистика, современ англиски, синтакса, семантика...не дека ја сакам....строга е, ама да ја слушаш подзината ке те остави. Има живеено 12 години во Англија...пред некоја година се вратила во Скопје...
Амбициозните студенти кои учат за да го прошират своето лично знаење, ќе бидат подеднакво успешни безразлика дали студираат на приватен или државен факултет. Така што, никогаш нема да оценувам дали студентот е интелегентен и начитан според тоа каде студира. Ако се интересира, може и покрај задолжителната литература, да го надоградува знаењето со дополнителни материјали. Што се однесува до квалитетот на образованието, не можам да глобализирам. Има разлика од приватен до приватен, и од државен до државен факултет. Кога јас матурирав, само државен факултет доаѓаше предвид. Не поради финансиите, туку поради увереноста на моите родители дека ќе ми понуди подобро образование. А нема да излажам ако речам дека донекаде имаше влијание и тоа што ќе речат другите: Како тоа внука на професор од УКИМ да студира на приватен? Моето мислење? Целиот образовен систем ни е отиден по ѓаволите! Ги исчеличив нервите и научив малку подобра тактика како да реагирам во моменти кога сум обесправена. Ако ништо друго, барем имам доволно соодветни материјали кои ќе ми го надоградат знаењето.
^^^Се согласувам. Образовниот квалитет денес во држава ни е за жал дискутабилна тема. Демек државниот нуди образование, а приватниот диплома без мн мака?!? Демек на приватен одиш за да стекнеш соодветно знаење кое таму е со "лош квалитет", а си на државен зашто се нема финансии?!? Како и да е, јасно е ко ден оти денес и тие со одличен просек и тие што завршиле колку да поминат ако сакаат утре ќе станат академски граѓани. Потребата за "такви" студенти носи и такви понуди во образовниот систем.
Европски не ви е пред затварање? Имате информации некакви што ќе е со вас студентите ако има официјален крај? Колку што знам само 1 кат ви функционира, скратено работно време и дел од професорите заминале. Другарче мое не може да магистрира 3ти ментор му ставаат во рок од 2-3 месеци, двајцата претходни си отидоа.
Го намалија кадарот на професори ама не се затвора. Тоа се само гласини исто како што кажуваат дека ФОН ќе се затворал а нема врска. Таа цела зграда е од Бојо, само што ја издава под кирија ама зошто и како незнам...
Не би да ве разочарувам ама се знае дека приватните нема да траат вечно. Дали за 5, 10, 20 години од толку многу барем некој ќе се затвори.