Ако треба некој факултет во Мк да се затвори, тоа ќе се државните факултети. ЛУДНИЦА од факултети се знаете и вие нема што да дообјаснувам. Во мојот град го отворија фак. Гоце Делчев другарка ми од цела недела само 2 дена оди на предавање, не им се доаѓало на професорите Ох боже...да земаш да ги изрендаш Ако некогаш си барам работа дефинитивно сакам да работам во државна установа!!! Инаку за муабетите за затварањето на ФОН, баш една професорка подговори дека нон стоп секој ден-преку ден им пракале инспекции. Зарем не мислите дека ако нешто не беше во ред ДОСЕГА немаше да биде затворен?
Според мене денеска сите факултети се исти дали државен дали приватен секаде моежеш да поминеш без проблем доколку ти е длабок џебот.Како шо иде времево ќе почнеме и да си ги купуваме дипломите за факултет без да одиме и на предавање.
Се зависи од самиот студент и колку тој сака да научи... На државните факултети има голем број на предмети кои се изучуваат во широк обем, што донекаде е и непотребно. Критериумот на оценување е далеку построг (излишно е да се споредува ) ) па добиваш повеќе ''стимул" (заедно со огромна доза на фрустрираност) за да го научиш матерјалот. Од друга страна на приватните факултети, по мое мислење, се става повеќе акцент на праксата отколку на теоријата. Факт е дека приватните факултети нудат повеќе можности за вклучување во проекти, или барем, во најмала рака...проектите во кои се вклучуваат студентите се поексплоатирани. Добар факултет е оној кој има една убава пропорционалност помеѓу практичната настава и теоријата. Доколку немаш добри познавања од теорија, неможеш да бидеш добар практично, но џабе ти е и целата теорија, колку и да си ја изнабубал ако не знаеш како да ја искористиш.
Шангај ги достави резултатите од рангирањето на Македонските универзитети Прв на листата е Скопскиот Универзитет "Свети Кирил и Методиј" по доставените резултати од страна на Шангај и спроведеното рангирање. На дното на листата се најдоа приватните универзитети БАС и МИТ. Оценката е дека државните високообразовни институции се подобри од приватните. Според резултатите од истражувањето најслабо пласирана јавна установа е Државниот Универзитет во Тетово, додека најдобра приватна институција е Штуловиот Универзитет. Официјалната листа од рангирањето ќе биде објавена во вторник од страна на министерот за образование и наука Панче Кралев. Кралев од утре заминува во посета на Вашингтон и доколку ги објави резултатите денеска би имало многу реакции, на кои тој нема да може да реагира. Спојлер http://sky.mk/makedonija/13805-%D0%A8%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B0%D1%98-%D0%B3%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B8.html
Се согласувам со тоа шангајско мислење, барем за факултетите што се во Скопје. Кога ќе ми спомне некој диплома од МИТ, како да е целата работа некој мит или легенда. Државните ми мирисаат некако поиздржано
Вечната битка помеѓу приватните и државните факултети Според мене проблемот не е до приватните факултети, ами до самиот корен на нашиот образовен систем. Кога ќе се спореди приватен со државен, првото нешто што на сите им паѓа на ум е бројот на страници. Како овие од државен имале 300, а овие од приватен само 70. Кога некој од државен ќе ги знае сите тие 300 толку добро колку што јас ги знам овие 70? Никогаш. Тоа е, драги мои, проблемот. Натрупан непредаден материјал, поминат ради-реда, студентите да не можат ни да го прочитаат, а не пак да го научат. За разлика од државните пак, приватните го имаат истиот материјал, но рафиниран, со помош од професорите (кои, замислете, ги гледаме повеќе од двапати месечно!) на што да се обрне внимание, а на што не. Кога сме веќе кај професорите, голем број од професорите што предаваат на приватните, предаваат и на државните. Како го постигнуваат сето тоа? Така што не присуствуваат на предавањата на државниот. Да се земе потпис на државен е цела философија затоа што професорот ретко се појавува на предавања, а кога е веќе тука не секогаш е расположен за делење потписи. За разлика од приватните, каде професорот е присутен на секое предавање, имаме негов мобилен и меил и може да го контактираме буквално во секој дел од денот. На крај, целата (не)организираност. Менување на распореди во последен момент, предавања во секој дел од денот, откажани предавања без претходно да се информираат студентите... Едноставно, професорите на приватните се грижат. Ги увиделе недостатоците на државниот и сакаат да ги поправат работите. Сакаат да излезе нешто од учениците, а не набрзина да ја завршат работата, а многу прашања да останат неодговорени. А тоа дека пуштале така студенти, дека тестовите биле лесни и слично само едно имам да кажам - дојдете и видете. *сите споредби направени погоре се основани на информации од прва рака (од мене и од некои мои другарки што студираат на државните факултети)
А мислиш ти дека пукнал тој да се грижи за тебе? Ама дебели пари фрлаш таму срцка, затоа се грижи. Додека ти мислиш дека професорот се грижи за тебе, тој се смее на ВАШИТЕ недостатоци, поради кои зима трипати поголема плата одколку на државен! Па ова не го има само на приватен. И јас имам меилови и телефони од некои професори и незнам што е тука толку woooww Е тука донекаде те подржувам. Го направивте државниот факултет чувај боже и брани, а всушност не му фали ништо друго освен мааааалкуу подобра организација. И тоа не на секој факултет, има и државни факултети кои се организирани исто како и приватните. *Сите постови што сум ги пишала во оваа тема се информации од прва рака
Сметам дека далеку поквалиетно знаење се стекнува на државните факултети затоа што сакал-нејќел ќе научиш ако сакаш да поминеш. Со самото тоа што плаќаш по 1500 Е да речеме од година професорите мораат, едноставно мораат да пуштаат на испитите. Околу мене имам милион примери на студенти на приватен факултет и гледам се што се случува. Значи професорот и ги праќа прашањата со се одговорите нели да не се мачи, да не и падне многу тешко нели, и тоа се се на се 20-30 прашања. Е сеа пошто тоа е многу тешко да се научи, она иде БЕЗ ПИПНАТ МАТЕРИЈАЛ и се случува чудоооо подогете што? Полошила со 10 ка секоја чест како успеа? После следува фалење мене сите ми се десетки бла бла уште еднаш. Ми иде да те треснам со сите книги што ги учам во моментов. Без навреда на сите оние кои се на приватните факултети ама во 99% од случаите е вака. А тоа дека има подобри услови во смисла тинтрење од страна на проф. и ред други работи има, не викам не, ама сето тоа е затоа што вашите оставаат гооолеми пари таму. Како да не ве тинтрат? Иначе јас кога се запишував можев ако сакам да се запишам и на приватен, сакам да кажам мојте можеа да ми го овозможат тоа ама не ни помислив, не сакав да излезам осакатена од таму, па утре кога ке се вработам сите да ми се смеат, како што гледам милион примери такви.
1. Зборуваме за предностите и недостатоците на приватното и државното образование, а не за парите вложени во него. Ако е така треба да пишеме само „приватното е скапо“ и да се затвори темата, затоа што, според тебе, нема место за дискусија. Кој се смее на НАШИТЕ недостатоци? Кои недостатоци? 2. Океј, ти имаш мобилен и меил. Многумина немаат. Кажав подоле дека муабетев со луѓе што учат на државен и на повеќето им е чудно како ние имаме мобилен од професорот. 3. Супер, барем околу нешто се сложуваме. Никаде не реков дека државните факултети се „чувај боже“, само направив споредба врз основа на фактите што ги имам.
Како прво се знае дека приватните универзитети се најквалитетни, да тргнеме од фактот дека во Америка на приватен Универзитет школарината ти е 50 000$, ама таму е друга песна, културата на народот е далеку подобра од нашата и немаат време да мислат вакви причи из детинства како тебе. Друго какви 20 прашања, какви одговори? Да не пиеше некоја ракија пред да го напишеш постот? Во Февруари имам 2 испити од по 500 страни! СФАКАШ? И кога си седам мирна и наеднаш ќе прочитам некое ниско мислење како твоето, срцето ми отскокнува Па и 10ката, ох мори мајко ако беше така две години во една ќе земав и нема да ми беше гајле, а најмалку пак ќе се замарав да ти солам памет. И НЕ! не ми се 10ки, учам колку што можам да научам, кога немам научено не се ни појавувам на испит/колоквиум. Паѓам, па што? Кога ќе научам тогаш ќе положам...
Јас си го кажав моето мислење. Секоја чест ако си од оние 1% исклучоци кои учат за да стекнат знаење, не диплома. Јас го пишав тоа што го гледам околу мене.. што се случува на приватните факултети, не си го измислив. Сите знаеме дека на приватните факултети ги кажуваат прашањата или па, студентиве на приватни фак. кои ги познавам полуделе, си измислуваат. Инаку, за тие 2 испити со по 500 страни што викаш, незнам можно е, може сакале да ви покажат по колку учиме ние, студентите на државните факултети на секое полагање Поздрав И да, заборавив да пишам - како ме позна дека пиев ракија? за тебе како знаеш да процениш човек алал да ти е
реално да збориме, кога некој ќе каже дека е на приватен одма со потценување е гледан кај 90% од луѓето, а тоа е она што најмногу ги боли. според повеќето има 2 случаи зашто се запишуваат на приватен: -немаат капацитет за државен -не им се учи, и имаат средства да си обезбедат лесен пат до диплома, во превод пари. и дај решете се веќе. еднаш викате го учите истиот материјал како на државен само скратена верзија од 70 стр, после викате имате испит од 500 страни. како тоа не ми е јасно. јас богами не свакам.
Она зборуваше за испит, јас зборувам за колоквиум. Плус голема улога игра на кој факултет си, јас сум на Филолошки и кај нас целата книга е 150 страни (зошто учиме јазик, немаме голем материјал за бубање, но имаме повеќе предмети - истото е и на државниот филолошки), а другата девојка претпоставувам дека учи на некој друг факултет. Сега сфаќаш?
не, пак не сваќам, зашто не може разлика меѓу колоквиум и испит да е 430 страни без разлика на кој приватен и да сте.
Каша кога веќе даваш забелешки за правопис, алудирајќи на тоа дека тие што учат на приватен се неписмени, се пишува сфаќам, а не сваќам.
Аман луѓе со ова сваќам и сфаќам веќе, не е интересно дај олабавете не е којзнае каква грешка да се мери писменост/неписменост со неа...
Скорпионке, го спомнав само поради ова Затоа што сака да докаже нешто, а прави друга грешка поправајќи ја таа што ја има горе.
Се согласувам дека кај нас, во Македонија се гледа со потценување на приватниоТ факултет бидејќи се знае кој е запишан таму.. Спомнаа во претходните постови, да не се повторувам... Разликата, според мене е пак во студентите.. На државен се учи повеќе и тоа е факт, никој не може да докаже дека не е така, но сепак постои и разлика меѓу некои студенти од приватен и државен.. Еве, како пример ќе ја земам другарка ми. Она е на ФОН, со стипендија и девојчево стварно учи превише за да задржи просек.. Што значи учи.. А да земам пример од педагошки ( без навреда, не сакам некој да ме сфати погрешно) тие имаат по 80 страни од испит.. Пак не учат многу.. Што значи, сепак има разлика, меѓутоа во главно, тие што се на државен учат каде каде повеќе и не се сигурни дали ќе земат 6-ка а камоли повеќе нели, додека некој Леон или Леонарда на приватен ќе оди колку само да ги изрекламира новите патики или колата... Да резимирам, на државен мораш да учиш за да земеш година а на приватен ( постојат исклучоци, како што спомнав погоре) доволно е тато да оди на ручек со деканот и чича мича, завршена прича...
ливинг бајааааги си надвор од темата. не беше тоа поентата. не сакав ништо да докажам, само и двете се на приватен, едната вика учи 70 стр другата 500.... невермајнд.
А обратно да не е случајно??? Земи го средно... Во државното се знае кој има најубави отцени - синови/ќерки од доктори,адвокати,бизнисмени ... а во приватни нема такво нешто... А на факултет не е нешто различно