Па баш и не е обратно.. Извини доколку те повредив со мојот пост но, знам дека на државните повеќе се учи.. Пример за средно, ќе се земам самата себе си.. Учев во државно и имав најдобар просек од некој си син на доктор или адвокат.. Во приватно средно сите имаат добри оценки ама таму и те како се учи.. Сакам да кажам, во средно приватно се учи далеку повеќе од државното, тоа сите го знаат, исто како што се знае дека на државен факултет се учи повеќе од приватниот ( кажав, со исклучоци)
Остај ги бре, нели видиш дека очигледно мислат факултетот е средно и дека и на факултет се треба на послужовник да им се даде. Ц ц ц ц
! Како се осмелуваш да ги спроедиш најценетите со светот Харвард, Јел, Универзитетите во Чикаго, Стенфорд, Пенсилванија со нашите ФОН, Неоком, МИТ итн.?! МА НЕМА ШАНСИ! Во кој филм си? Мислиш дека ако студираш на ФОН, исто како да си на Харвард, а? Не ми се верува! Па тука стопати повеќе се ценат државните, тргни од фактот со огласите дека не примаат со диплома од приватен, ќе ја спомнам и Стопанска банка на економистите каде Главен извршен директор е Бишев, професор на УКИМ, во Шпаркасе банка еден од главната комисија е исто еден од најценетите професори на Економскиот на УКИМ, друг професор на државниот има добар процент акции во Витаминка итн. И тие и други многу влијателни личности ќе преферираат дипломирани од приватен, место од државен на кои самите тие им предаваат, така? Па ко прво на Туризам и менаџмент другарка ми вика: дојди запиши се тука, испит не моеш да паднеш, и ништо да не знаеш загарантирана 6ка имаш, а за повеќе треба да седнеш да учиш. ?! Знаеш како викаат, или имаш знаење и си еден од тие што можат на државен, или ти се даваат пари и сакаш да поминеш полесно на приватен. Третото се онаа мала група што учат, а одат на приватен, и многу се ретки. А најтрагичното од се е што многу се претставуваат како тие третите. Трагично еј, па мора и приватни да постојат, не може сите средношколци да се запишат на државен, не може секој. А на приватен може да се запише ама баш секој што ќе си плати за тоа. И нејќам ни да ги читам постовите околу материјалот, се знае од кај излага квалитетниот кадар. Убаво викал професор на Економски, самиот факт кога ќе речеш: Јас сум од државен ти дава многу поголема предност од оние на приатен. А тоа дека на професорите им е толку гајле за вас само мислете си, они пари си земаат и од вашите факултети освен од УКИМ, + ценети професори се не за џабе толку многу ви доаѓаат токму од УКИМ. А и да, сум слушала и како професори правеле споредби што предаваат и на приватен и на државен, и ги исмејуваат студентите на приватен со индиректни навредливи зборови. Да не речам дека се многу тупи деца, ама како што ми кажуваа во тој контекст нешто. И дека разликата е огромна. И да, одреден професор нема да именувам кој рекол дека вистинската работа му е на државен, приватниот му доаѓа дури и како релаксација, ама добри суми нуделе па зошто да не, не му било понижување да предава на факултетот, но студентите биле дојдени колку да имаат диплома. ДА! ФАКТ! И ајде сега и покрај признанијата на професорите кои само тие можат да ја увидат разликата од приватен и државен, пишувајте тука приказни за мали децааааа... За фрустрации се работи. Ништо лично, само глобално секоја чест на исклучоците иако сметам дека го направиле погрешниот избор со запишувањето на приватен факултет, можејќи на државен.
Нешто се испомеша со постов... Не ти замервам уживај... Иначе исто е за средно и за факултет - во државните факултети сите фаќаат врски преку роднина или комшија или што и да е само за да положат испит ИЛИ своите мама и тато ги носат на ручек/вечера. Имам другари/другарки на УКИМ - знам како е. За учењето не ни спомнав некаде во претпоследниот пост, завршив со докажување на моето учење во претходните постови. Секој си учи за себе, ама никој неможе да ми каже колку јас учам и дали сум ги заслужула отцените или не...
Јас сум студент на државен факултет и сум многу среќна што сум ја имала можноста да студирам, во Скопје бидејќи многумина кои живеат во другите градови, кои студираат на останатите државни факултети, не добиваат подеднакво квалитетно образование. Инаку уште од средно некако не поттикнаа голем број на професори, да избегнуваме студии на приватни факултети, бидејќи таму на еден начин ќе сме ја купеле дипломата, а немало да стекниме доволно знаење, со еден збор, тие биле за тиквари со длабок џеб. Сепак јас сум слушнала лоши работи само за еден од приватните факлутети, како и то дека била вистинска пералница за пари,како само ги шетале, навамуна таму по екскурзии, со изговор дека одат на семинари, предавања, и др, авсушност ги носеле на шопинг, а оние студенки кои не можеле да си го дозволат тоа, морале да пишуваат семинарски и да ги презентираат пред минимум 250 души, на истиот факултет по одреден предмет биле паднати скоро сите студенти за факултетот да си собери пари или даги изгубат стипендиите голем бројна студенти.Генерално на сите приватни факултети при уписот не ги интересира успехот од средно и слично туку уплатата за школарината исто така и многу од приватните факултети и универитети не се признати(не се признати во смисла, кога е во прашање вработување, поголема предност во мн компании имаат тие од државните факултети.) Сепак разликата е во судентите, сепак кога ќе се пресмеа школарината на приватните факултети кога добро ќе се пресмета е иста кога на школарината на државните факултети им се додадат сите административни такси, трошоци за уплатници, пријавни листови итн. Сепак, како добро информирана од страна на универзитетски професор од Америка, жално е што многу од средношколците паѓаат на тоа дека на приватните факултети предаваат странски професори,но сите тие професори се на црните листи низ Европа и Америка, бидејќи се фатени како примаат мито или педофилија, или барање секс во замена за оценки и сл.Да бидиме искрени и на джавните факултети има секакви професори, ама сепак,мислам дека УКИМ е најчист од такви професори, ако имате контрааргументи за, ова целосно ве поддржувам. Сепак, уште еден факт особено за оние богатите, кои мислат дека се нешто повеќе од другите бидејќи студираат на приватни факултети, меѓу моие колеги има голем број , кои се многу богати, па не се претставуваат како нешто повеќе од другите студенти и сепак повеќе верувале во квалитетот на државните факултети отколку квалитетот на приватните, голем број од студентите на мојот факултет се и претходни прваци во физика, математика и други науки, со големи стипендии и можности да студираат даке сакаат во државата и надвор од неа. Сепак секој има различно мислење и секој го одбира она што може да си го дозволи и што смета дека е најдобро за него/неа. И уште едно потсетување владата вложи 100 000 евра за истаражување, за да се направи ранг листа на факултетите по квалитет и највисоко на листата за квалитет се наоѓа УКИМ.
Прво Ангел92 морам, ама морам да те поправам, гледам неколку поста наназад пишуваш оТцена, па обрати се кај твоите ценети професори да те научат како е правилно. Се согласувам во голем дел со Плавуша, смешно е за материјало да се расправа кој колку учи. Јас посебно по епизодата со тестот видов какви се приватните, а ете и со испитувањето спомнато погоре веќе е и докажано со факти кои се подобри.
Чекај,дали прочитав добро. Врски на УКИМ? Сакаш да кажеш дека на уким се поминува со врски,а на приватен не? Да беше така лесно,немаше да почнам да носам наочари,да ослабам,да се нервирам,да не спијам со денови,да не си ги видам другарките по цела година,да не знам каде ми е главава од учење,немаше да се нервирам со 10 испити во три недели.. Јас сум прва што кажува дека секаде има исклучоци,дека без разлика приватен/државен знаењето на студентот зависи од него самиот,никогаш ги немам потценето приватните факултети, но така лесно врски на УКИМ? Секако.
ангел92 - не се испомешав јас, кажав точно.. На државен факултет се учи повеќе отколку на приватен факултет додека пак во средно приватно мислам дека учат повеќе од државното средно... Јас не ти ги оспорив твоите оценки, за кои мислам и дека си учиш за да ги добиеш, затоа толку и ги браниш приватните факултети.. Но, сигурно си сретнала на приватен некој кој оди на факс колку само да земе диплома.. Не сакам да се расправам, верувај, но мислам дека сите тука знаат колку и како се учи на државен и приватен... Толку од мене, пзодрав и секое добро..
MandyLane, извини лошо се изразив. Го изоставив тоа што постојат исклучоци во тие работи а баш мислев да напоменам. Секаде постојат исклучоци на луѓе и на државен а и на приватен. Има и на државен луѓе што учат/не учат а има и на приватен исто така. Секој си знае како ги добива оЦените (лол, за каква замерка се закачуваш рејн, секоја чест мислам ...) - дали со пот или без да мрдне прст. Не треба никој да се потценува кога станува збор за учење. Како со гледате секој си го брани својот факултет затоа што секој најдобро знае како стигнал до таму кај што е. Ти скокаш на нешто што јас сум го рекла, јас скокам за нешто што друга форумка рекла затоа што знам дека не е вистина. Miss, јас не ни се обидувам да докажам колку учам јас или да разберам колку учиш ти затоа што секој знае кој колку си учи, колку му треба за да помине/земе просек, и како го сторил тоа. Искрено немаше а и не ни планирав да коментирам во темава да не беше твојот пост.
Имам многу добра другарка која студира на Европски, и кога разговаравме на оваа тема ми го рече само ова(ќе се обидам да ја цитирам): - Види Најубава, и двете вложуваме во иднината, е сега има огромна разлика во што вложуваме, ти вложуваш во своето знење а јас во моите нерви. Ти утре ќе имаш знаење ама ќе имаш потрошено многу нерви, а јас ќе имам нерви ама ќе немам знаење. Да живеевме во друга држава каде ќе ми го ценат знаењето и јас ќе вложував во него, па макар и немала нерви, но овде драга моја повеќе се ценат врски и пари отколку знаење. Свесна сум дека се унаказувам, ама јебига тоа е, секој меч е со две острици, секоја паричка со две страни." Кога ја прашав колку се учи, дали има некој што учи, рече: - Абе како во средно, од 30 луѓе, еден учи зошто му се учи, неколкумина учат за да задржат стипендија, а ние останатите матиме ветар и магла. Учиме колку да имаме појма од предметот, ништо детално, ништо конкретно. Општа култура, а помала оцена од 7 нема. 6ка како и да не постои. И како после ова да верувам дека се учи на приватен, ма дајте луѓе, девојкава не верувам да ме лаже, многу добра другарка ми е, 4 години средно делевме иста клупа.
Очигледно си ја прочитала само првата реченица од мојот пост. Многу зависи дали студираш јазици наспроти право, да речеме (без разлика дали си на државен или приватен). Факт е дека на правен (карикирам) имаат по 400-500 страници од предмет, но никогаш нема да имаш Англиски или Германски 400-500 страници за на колоквиум/испит (уште еднаш, без разлика дали учиш на приватен или државен). Јазиците се како уметноста, се учат со време, не можеш да седнеш и пред колоквиум да ги набубаш, а после колоквиум да ги заборавиш пола и повеќе од работите кои си ги учел. А и на крај краева, секој си учи за себе, па ако некој не научи нешто - тој нема да знае да го преведе тоа за некоја година и тој ќе ги трпи последиците. Затоа девојки, коментирајте на темава, но не се внесувајте толку, на никој нема да го промените мислењето, тука само се дискутира и затоа ве молам да нема расправање.
Ке ви го кажам следниов пример. Не би да именувам, член на моето потесно смејство, работи во врховен суд. Имало оглас и кога се разгледувале поднесните документи една судија дошла и им рекла: "Разгледајте ги документите, а на тие што се од приватните факултети одма ставете им иксови" ЗНАЧИ ВООПШТО СМЕТААТ НА НИВ. Знаат они кои деца да ги вработат, знаат кој ке им работи, а не да си ги турпијаат ноктите кога ке дојдат. Мислам дека нема потреба од понатамошна дискусија кои факултети нудат поквалитетно обрзование.
Покрај многуте дебати, полемики, спротиставени мислења за квалитетот на високото образование во Македонија можам да кажам дека државните факултети имаат поквалитетно образование што незначи дека приватните универзитети не го нудат тоа. И приватните универзитети нудат квалитетно образование за оние кои навистина сакаат да се стекнат со знаење. Секој кој студира на одреден универзитет пред се ги застапува и брани интересите на соодветниот универзитет и факултет, што е и многу логично. Постојат повеќе категории на студенти оние кои навистина сакаат да се стекнат со квалитетно образование и да научат, оние на кои не им е битно знаењето туку само дипломата бидејќи им е сигурно вработувањето преку врски со помош на нивните мама и тато или пак во нивниот семеен бизнис. Оние кои немаат доволно материјални средства неможат да се запишат на приватен па се запишуваат на државен универзитет и сето тоа си го стекнуваат со учење и труд. Студирањето да државен е многу потешко поради некоректниот однос од страна на голем број професори, нивната преголема ароганција која треба најостро да се санкционира, како е можно професори да не доаѓаат на предавања а за тоа да не сносат никаква одговорност, па истите тие професори на државните факултети таа плата ја примаат од буџетот во кој партиципираат сите граѓани, професорите постојат и се таму за самите студенти тие треба да се трудат да им го пренесат знаењето на студентите на адекватен начин и да бидат горди на успесите на нивните студенти, да бидат педагози во вистинска смисла на зборот. За жал бројот на овие професори кои се совесни, одговорни, посветени на пренесувањето на знаењето на нивните студенти е се помал. Постојат голем број примери на државните универзитети каде професори воопшто не доаѓаат на предавања, предавањата ги држат асистентите или демонстраторите, ваквата пракса треба што поскоро да престане, професорите треба да бидат подостапни до студентите за консултации. Материјалите од кои учат студентите на некои факултети се стари и по 15 години некои учат од скрипти на српски јазик (ова е недозволиво). Позитивна работа е тоа што владата овозможи превод на најпознатите дела од различни области од најпрестижните универзитети па така студентите на голем број универзитети (пред се државни) добија можност да учат на литература на македонски јазик. Сите овие негативности од студирањето на државните факултети не се присутни на приватните универзитети. Професорите на приватните во секој момент се достапни за студентите за консултации, им го селектираат материјалот на студентите особено суштествените работи што не е случај со професорите на државните факултети кај кои е потребно да се учи цел материјал или пак студентот самиот да врши селекција што е битно а што не доколку знае тоа да го направи. Оние кои се запишуваат за добивање на диплома обично се запишуваат на приватен, затоа што тоа им го овозможуваат нивните финансиски капацитети. Но исто така на приватните факултети има студенти кои учат, се запишуваат за да се стекнат со знаење, за висок просек за 9 и 10 и на приватните факултети треба да се загрее столчето исто како на државните. Само што на приватните е многу полесно да се добие 9 ка бидејќи професорите се пообјективни во оценувањето за 9 ка на приватен, на државен за истото знаење и одговор ќе ти пишат максимум 7 или 8 ка. Да сумирам доколку некој сака да се стекне со квалитетно образование тоа може да го добие и на државен и на приватен универзитет. Сакам да напишам нешто и за начинот на полагање на испитите. Денес на колоквиуми е многу полесно да се положи испит и да се добие повисока оцена, за разлика од нас кои студиравме порано по стариот модел пред воведувањето на ЕКТС. Не е исто материјал од 400 страни да се полага на два или три дела од по 200 односно 133 страни или пак на цел материјал од 400 страни како што ние полагавме. Денес до Јуни студентите кои ги положиле колоквиумите ја имаат исчистено годината а ние почнувавме со полагање од Јунска сесија со испитите(кои ги полагавме на цел материјал од 400 а некои и од 800 и повеќе страни) Покрај редовните сега студентите имаат и поправни колоквиуми. Така сега студирањето, завршувањето на факултет, добивањето на повисоки оцени со новиот начин на полагање на испитите на колоквиуми согласно ЕКТС е многу полесно од порано кога важеше стариот модел на студирање и полагање.
^^ Во право си, но гледам дека не си запознаен/а со начинот на студирање кој е воведен оваа година на некои од факутетите. Еве конкретно за правниот ќе ти кажам. Значи по еден предмет се полага материјалот од 500 страни поделен на два дела, во два колоквиуми. Тој дел се полага компјутерски. Има по 15 прашања од кои треба над 10 да се точно одговорени, за да се помине. Тоа е првиот дел. Потоа НА ИСТИОТ МАТЕРИЈАЛ се полага и усно. Кој учи според новиов начин на студирање знае колку е тешко истиот метеријал да го поминува по 100 пати. Сакам да кажам дека ВООПШТО НЕ Е ОЛЕСНЕТО СТУДИРАЊЕТО СО ОВОЈ ПРИНЦИП. А да не зборуваме во која временска разлика се ставени колоквиумите, поправните и испиите
^На приватен има исто толку глупи и тупи исто како и на државен КАПИШИ? Пред очи ми се сите школски што се на државен секој ден седат по цел ден во кафичите, значи секој божји ден! Значи не може некој да ме убедува дека на државен се сите учени кога пред очи ми беа 4 години учев со нив врски фајкеа за една шугана 2ка смешно е, додека другиот муабет дека на приватен со пари ќе поминеш, ако е така нема колешка ми да е сеуште прва година додека сите други се веќе трета и ДА на нив им одговара да не учиш, баш им е гајле нивната сметка во банката ќе си се полни а ти плаќај си, оди да полагаш на ненаучено и ќе видам колку ќе поминеш. Додека пак за вашите ценети професори, абе да дојдеш на предавање кај нас од километар ќе ги познаеш вашите гарантирам, ДРСКОСТ, ОДБИВНОСТ, ЛИЦЕМЕРИЕ колку што сакаш. А другите проф. што велат демек дека сме глупави, сигурно им љубоморат на колегите бидејќи земаат 3500евра плата на ФОН. Јас не познавам дека некој од приватен седи дома, може само со тоа на некој начин да си се тешите. додека пак тие од државен посебно од педагошки ги има охооо, нека си ја урамат тешко стекнатата диплома......
Еееј од кај го ископа ова дека нема некој од приватен што седи дома жити се? Има многу што седат дома невработени и од приватен и од државен. Имам многу аргументи да ти докажам дека не си во право ама не би до толку да навлгувам, мисли си онака како што ти одговара, а на тие што вредат и што се помачиле да стигнат до диплома, кога-тогаш трудот ке им се врати.
нема никаква споредба. Зошто тогаш кој не може да заврши на државен се праќа на приватен? зошто нема некој што му е тешко на приватен и се префрлил на државен? Другарка ми се мачеше на економски на државен ја префрлија на приватен и си заврши. Друга работа да не беа приватните факултети брат ми никогаш немаше да заврши факултет. И не го мешајте педагошки што бил лесен, да има педагошки на приватен секако ќе биде уште полесен од педагошки на државен. Зборуваме за исти професии што е полесно економски на приватен или економски на државен, правен на приватен или правен на државен.
Еве и јас ќе кажам. Не за Европски, не знам како е таму, но ќе си кажам за ФОН. Тука не е точно дека не постои 6. Баш напротив. Има повеќе студенти кои се паднати, поради нередовност, неактивност и немање недоволно поени на колквиумот. Немам причина да лажам и да измислувам нешто што не е. Од лично искуство, од прва рака ви кажувам. Ме нервира тоа што луѓе кои не студираат тука, земаат за право да кажат дека факултетот можеш да го поминеш само со 2000 евра. Точно е дека на државен душата им ја ваѓаат (имам другарка која студира таму и не е потребно да ми каже, можам сама да заклучам колку мака има), а на приватниот се учи помалку, но има повеќе пракса. Моментално јас имам мака, сакам да добијам највисока оцена за да добијам стипендија наредната година и иако ги исполнувам сите услови за таа оцена, пак ја немам. Да беше така лесно, да немав никаква мака, да уживав цела година, немаше да ми е гајле што се пишува тука и што се зборува насекаде. Не треба да се потценува никој факултет и само тој што студира таму има право да каже дали вреди или не.
Факт е дека ние што студиравме по старата програма немавме можност да учиме од книги на македонски јазик. За поздрав е што се презема иницијатива да се преведе стручна литература од разни области од престижни имиња, меѓутоа јас лично сметам дека е подобро нашите професори и стручњаци да се потрудат да напишат барем дел од потребниот материјал (иако е познато дека ќе дерат до кожа со цените на тие изданија). А зошто мислам така? Пред се', затоа што лично видов кој се' ќе биде дел од преведувачкиот тим. Јас имам искуство со преведување на стручна медицинска литература, и се пријавив на конкурсот што го имаше објавено една наша издавачка куќа за преведувачи од медицинската струка. И ме примија, ама самата се откажав, затоа што видов дека немаат баш професионален пристап кон преводот, а освен тоа бараа премногу страни дневно, и дадоа многу краток рок. А како што е познато, стручна литература не се преведува наврат-нанос. Прво мора да се одреди комисија од стручњаци кои ќе ја одредат терминологијата што ќе се користи во македонскиот превод, значи конкретно медицински стручњаци, потоа преведувачи кои се насочени за одредена област (имаат познавања) и лектори. А јас тоа не го видов, ни дадоа по свој избор да преведуваме и да користиме какви сакаме термини, што според мене не е во ред. Тешко тие што ќе учат од тие учебници... затоа и јас ако учам... порадо пак ќе учам од тие српските книги... и плус, денес лесно се наоѓа стручна литература на интернет, само треба да го владееш јазикот, поточно стручната терминологија. Можеби бев малку надвор од темата, ама морав да искоментирам на тоа дека владата овозможува превод на стручна литература. За тоа кој е подобар, приватен или државен универзитет - мислам дека доволно кажав во претходните мислења на оваа тема.