Еднаш имам пишано на темава додека студирав, ама морам да се надополнам. Прочитав неколку реални и непристрасни мислења, па ме заинтригираа. Од друга страна пак, меѓу повеќето владее делумно погрешна замисла и проценка што се граничи со заблуда и осудување. Во однос на фактите за учењето, матријалите, начинот на полагање и односот професори-студенти си кажа се добро бумсленг, немам што да дополнам. Ама, да кажете дека е општо правило на приватен да се запишува само оној кој има пари па лесно да помине е многу просто размислување. А што е со оние како мене, што сме настрана од Скопје и еве јас како секој паметен човек си удрив груба пресметка колку би ме чинело тоа студирање ск, со месечни трошоци и притоа сум дошла до заклучок дека истата цифра годишно ми треба за во приватен и тоа без да седам по студентски и да сум до човекот што го сакам?! И зошто јас се трудев тие 3 години да имам постојан просек, да не одсуствувам од предавања, да пишам по 10 стручни трудови годишно (јас да пишам, не да копирам од интернет или да купувам!) да сум активна, да градам добар однос и да добивам пофалници за студент на генерација? Или истото ќе го добиев само затоа што си платив школарина унапред? Не негирам дека мојата 10ка не е иста со таа на државен, ама реално сум ја заслужила и објективно ми била пишана, што за жал го нема на државен. Али пак кај нас немаше ни едно полагање со заокружување. Повели колешке тетратката раскажувај 5 лекции што ти се паднале... е пишувај сега ти 1,5 сат без престан... Осудување имало и ќе има, јас не сум ама ич загрижена, знам колку вредам и колку сум способна. Ама жално е да се цени некој по дипломата од каде му доаѓа. Дај ми ти шанса, јас ќе се трудам, ќе се докажувам, а после кажи ми дали вредам или не и дали воопшто има значење мојата диплома. Не ми е важна дипломата, важно ми е да добијам шанса да се докажам. Е тоа за жал е прашање за полемики и дебати кај нас, а не ова-од кај си зел диплома. И да, прочитав некаде дека во суд ги чкртале тие од приватен. Ако се работи за примање судија, ма никој не го интересира кај си завршил факс, си има Академија за судии, па повели влези во 20тина од цела Македонија, заврши обука и се гледа твојата способност. После нема простор за дискусија дали да се вработи или не таков студент. Па и да се работи за пракса, во судот се должни да ти го овозможат тоа право да одиш на пракса кај нив, без разлика од кој факс си, па ела нека те одбијат... Мојот заклучок е дека е важно што ќе се случи со тебе по таа диплома. Се надевам дека јас ќе имам можност да продолжам постдипломски по оваа година пауза (без разлика дали на приватен или државен), зошто треба доста финансии. А без тие постдипломски јас немам право ни да стажирам и ќе тапкам во место за жал. Жално, финансиските пречки да ти го кратат интелектуалниот раст и способноста за работа и докажување. Дечки фокусирајте се на тоа, да имате иднина со вашиот избор, а не само диплома која ви вреди само за лична сатисфакција.
Se iznacitav sekakvi gluposti i nebulozi,tolku e se ralativno i se zavisi od samata licnost...kaj nas se se generalizira ako si na privaten togas ne ucis i plakjas diploma a ako si na drzaven togas si genijalec. Zalno e sto ima mnogu sto sakaat na privaten da odat no od finansiska gledna tocka se onevozmozeni i tuka kaj niv se ragja kompleks na niska vrednost i tie se najglasnite(megafonite) za negativno da se prifakjaat privatnite univerziteti...smesni se.
Така е ... браво за мислењето на Нела кога се вработуваш, не те прашуваат кај си завршил туку што знаеш целосно се согласувам..
Ма дај? А прочита ли низ темава колку имале можност па не отишле на приватен? И не сме ние мегафони, едноставно тоа си е докажано, па затоа кај вас се раѓа комплекс на ниска вредност! А комплексот се лечи со убедување на форум, за жал- неуспешно. Епа кога веќе ме влечете за јазик, знаеш што кажа професор баш од ФОН??? -Дека му се кака(ова е благ збор,неговиот беше ептен некултурен)од таквите веќе, шмизли, кремци и размазени дечишта(меѓу кои е и ќерка му ), преку тасе му е кога ќе ве види во канцеларија каде на скратен материјал барате прашања да ви се кажат, да ви се нацрта што да учите поточно и сл. и дека радо би ве отерал у три п.м. ама неможе зошто веднаш кукате кај деканот. А парите инаку, добро му доаѓаат да! И сега вие пак мислете си дека многу им е мило да ви лижат газ! Или па еве има професори што предаваат и на приватен и на државен. И сега што е разликата од студент на приватен до студент на државен(освен ако студентот приватно не се познава со професорот) за да постапува проф. различно со нив? Каква корист има? Никаква, ама пари се во прашање драги мои, за пари! И сега по се изгледа дека вие сте смешни а не ние, смешни што верувате во насмевката и благиот пристап на професорите додека зад грп еве што ви се зборува. Е сега, јас кажав и ќе повторам. Мое мислење е дека кој сака да учи ќе учи и на државен и на приватен. Само што на приватен се многу малку таквите и за жал остануваат незабележани поради горенапишаното. Има вредни студенти и на приватен верувам, ама како што реков бидејќи се малку ете и професорите ги ставаат во ист кош со другите, поради тоа што се малку осудени се и за нив вака да се зборува без потреба. Материјалот е помал и нема врска тоа на кој смер си, еве нели правниците повеќе материјал имаа? Епа дечко ми има уште еден испит и после ќе спрема магистатура. А испитот му е 50-тина страни, некоја смешна скриптичка... И не велам дека нема 6-ка на приватен, има, ама не е иста со 6-ката на државен. Не е иста и 9-ка на државен и на приватен итн. И да, можеби можеш да си купиш оцена и на државен(јас не сум се сретнала, сум слушнала за еден професор на економски), ама тоа е рееееткооо реееетткоооо... На државен мораш да учиш за да завршиш, на приватен па и не мораш баш... И никој и ништо неможе да ме убеди во спротивното, бидејќи никој не е будала наместо 200 евра да плаќа 2000 евра и ние не сме будали за да неможеме да сфатиме како некој студент неможел да заврши на државен, па се префрлил на приватен и без проблем си завршил, мед и млеко му течат. А зошто од приватен не се префрлуваат на државен,м? Јас сум на државен факултет и никогаш не сум зажалила.Да се врати времето, да ги имам сите пари на овој свет или некој друг да ми плаќа НЕ! Пак на државен ќе се запишам! Можеби сум чекала професори по 2-3 часа, можеби сум се наоѓала во турканици на студентски, можеби сум изгубила и некој нерв, ама барем сум исчеличена-колку и да ви звучи смешно тоа. Се има добри и лоши страни, барем знам како функционираат работите во животот, не е се розово. Утре кога ќе се вработиме нема некој да ни виси над глава и да не подгурнува што треба да правиме, никој ништо нема на тацна да ни даде, никој нема да не клацка во скут и да не тинтра. Па среќна сум што барем ќе бидам спремна за тоа!
Не знам зошто толкава потценување на факултетите. Јас ако завршам на приватенн значи дека помалку вредам? Јас студирам на приватен на Штуловиот во Тетово и ДА признавам дека секој може 6 да има и секој да заврши. Кај нас е битен просекот и навистина е многу тешко да се стигне до деветка и десетка. Потребен е многу труд и учење. Јас колку што знам, што ми имаат кажувано другарките, на државен воопшто не одат на педавање, а кај нас редовноста е 10% од оценка и со три минуси немаш право да одиш на испит. Ако ни треба помош од професорот секогаш неговата канцеларија е отворена за консултации. Можеме со професорите да разговараме за нејасни рботи од предметот кој го предва или за теми секаквиод сите области. Професорите не почитуваат, секогаш се расположени за добар совет или критика што можеби ќе ни ги отвори очите за во иднина. Ајде нека ми кажен некој што студира на приватен дали ова го има кај нив, дали може да каже дали нешто не е јасно, и да бара повеќе да се објасни. Кај нас професорот останува и дополнително ако побараме, можеме да го допреме да ни појасни нешто и на сред предавање. Ако ги земеме во предвид парите што се даваат, можам да кажам дека на државниот се троши мн повеќе. Една книга е од 600 до 1000 денари, секој испит се плаќа, ако во ова се стави и ќиријата и трошоците за сметки и исхрана иде многу повеќе од 2000 евра годишно. На државен се учи пообемно(говорам за економски факултет) затоа што имаат малку предмети, три до четири, а кај нас се 7. Ние ја учиме суштината, тоа што е најважно од предметот, тоа што ќе ни користи, а не еден куп небитни работи и дефиниции од 10000 автори. Дипломата ни е призната низ цел свет. Сум за одлучила за приватен и кога повторно би можела д бирам повторно би го одбрала истиот факултет.
Добро бе barby имаш 7 предмети во ред. А 7 во семестар или годишно? Јас имав до трета година 16 годишно а во четврта 14... А инаку испитите не се плаќаат само пријава си купуваш. На мојот не, за другите не знам...
И јас можам за економски да кажам дека бројот на предмети е различен на приватен и на државен . Имам моја другарка на државен, и во првиот семестар таа имаше 3 предмети додека јас имав 5.
бројот на предметите е различен ама семестарски, сите го имаат истиот број на предмети за 4 годишно образование само што во различни години ги учат. Кај нас морфологија беше во прва година, на Гоце Делчев во втора година...не може некој да има од 4 години 50 предмети некој 20 Daniela вие сте тие што најмалку треба да давате образложение за професорите, ај кажи кога си слушнала ти на вести професор од приватен да зема пари за 6ка? а додека за државните нон стоп тоа го слушаме по тв можам да замислам уште колку има неоткриени. и друго, јас никогаш до сега ама НИКОГАШ не сум просела прашања од професор прашања? ај молим те кој е тој што ќе ти ги каже прашањата? кога на нив им одговара да паѓеме и нон стоп да преполагаме и да плаќаме.
Абе каков приватен.Шо вие луѓе бе?Абе сите клошари и клошарки шо врска си немаат од животот,шо да ги прашаш колку се 1 и 1 ќе ти речат 3 се запишани на приватен.Како прво ако толку вределе приватните како што поединци овде ги преценуваат ќе се најдеа на првото место од листата.Како второ јас да му платам 3000 евра на оние мафијашите на ФОН?Не благодарам.И немој овде да ми драматизирате дека на приватен се учи кога знам дека одат како на ексурзија или воопшто не одат и на фб лепат слики со таквите реномирани професори кои инаку се и те како анонимни за јавноста.Не знам како се убадвате само меѓу себе,како си го лажите сопствениот ум кога и самите знаете дека не е така.На државен да завршип без да платиш унапред 3000 евра,тоа го сметам за успех.Инаку имам добра пријателка која е асистентка на Европски ,а нејзиниот син не го запиша таму.Зошто?Оти толку вреди приватниот акултет.И несакам препирки околу ова,никој не може да ме убеди дека вредат приватните,кога воопшто не вредат.Мене и бес пари да ми нудат приватен никогаш не би прифатила.Зарем вие го сметате БАС факултет?Единичарите од мојот клас кои 3 години по ред кепнуваа во средно дипломираа на БАС со 9?хаха абе деца сами се лажите/И уште нешто...Да ве прашам вие кои сте на приватен..ЗОШТО НА НИТУ ЕДЕН ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ?Затоа што самата влада и држава нема никогаш да дозволи да има платени доктори и докторки.
А, бе, ве читам цело време, и да ви кажам една работа. Немојте да се радувате оти некој, професор, асистент, кој било, каде било, ви го крати материјалот и наместо 500 страници учите 70. Помина времето на среќа и радост затоа што помалку ќе учиш. Кога отидов на факултет, (студирам на државен) првата работа што ни ја кажаа беше дека ова веќе не е УЧИЛИШТЕ, за да ни го надробат и ние само да го насркаме знаењето. Ова се СТУДИИ, каде што ти самиот треба да простудираш, не од една книга, ами од повеќе. Ти да прочиташ повеќе и ти да се заинтересираш повеќе за предметот. Затоа што, реално, овде идеме за тоа, да научиш повеќе во одредена област, не затоа што е задолжително. Прв пример за тоа ми е македонски јазик, каде што учам напоредно од Правопис, од Граматиката и Речникот. Споредувам, гледам, едноставно ЧИТАМ повеќе. И јас си знам колку се изнамачив, а и пред се, колку ме интересира Правописот (омилена област ) за да извадам една 9ка. Такво учење почитувам, кога ние самите треба нешто да направиме. Така ќе запамтиш, а инаку, и со инка да ти стават, не ти влегува.
Тоа зависи од факултетот. Како што кажав погоре, Филолошки и не можеш баш да го споредуваш со другите факултети. Сигурна сум дека некој од Правен или Економски што има 300-400 страници од предмет за колоквиум нема да бара дополнителни материјали за да чита во слободно време (и забегавме од темата).
Не се секирајте сите предвреме ќе умреме, знаете зошто? Заради тоа што цела државна болница ни е со ДОКТОРЧИЊА на поголемите доктори, 99% завршени со врски на државен. Не можете да го одречете тоа. Жив пример ми е мојот матичен, татко му доктор, мајка му докторка, брат му доктор, и тој доктор а тој жалниот ама веза од животот нема-додека студираше и татко му исто како да студираше нон стоп беше во факсот во ск. Нормално по врски, што ќе бара секој месец таму.
Веќе аман , аман од тие предрасуди, што ви е бе луѓе како мислите вие дека нас не пуштаат? На лепи очи? Јас имам во семестаров 7 предмета еј 7 додека моите другарки на државен имаат 4 и 5. Другарка ми на економски ми вели ее Ане што ми е убаво мене си имам 4 предмета секој ден сум од 8 до 10 си одам на пракса, зашто не си се запиша на државен и ти А јас тупам секој ден на факултет од сабајле па се до 4 саат, за сега од 7 предмета да имам положено само 2 а зашто, зашто ако не си научил како што треба никој не ти става тебе пролазни 18 поена, и сега фино лепо ќе си одам на испит. И покрај писмен испит имам и усно полагање. Ете така има убаво да си го испотам газето ако сакам да си положам , особено кај една професорка која бутка и на усно , па сега вие видете кому му е полесно. Мене што ќе изнапишам 4 страни испит или другарчињана мои на Правен кои прашањата ги заокружуваат. Имам пишано во темава и порано дека не сум богаташка, не спијам на пари, се запишав на приватен само од една причина што имам многу осетливо здравје и на секоја мала нервоза јас имам здравствени проблеми, се запишав само заради тоа да не ме третираат како ѓубре, и да ми лупаат врата пред нос, е тука сега малце се по*бав, бидејќи и тука не е се розово, знае некој да те извади од такт, но го има многу помалку. Не бев ученичка која не учи од 1 ва до 4 та година бев одлична , просекот ми го расипуваа само тројките по математика во 1ва и 2 ра година, другите ми беа се 5ки, матурата ја положив со три 5ки и две 4ки, додека моите соученици кои едвај научуваа за двојка сега се на државен и поминуваат , замислите поминуваат, или се опаметиле децава и почнале да учат или нашле дебели врски. Едниот е на Правен факултет, а соученичка моја на Филолошки на Англиски јазик јас стварно се чудам за неа, таа не знаеше бе да чита Англиски кога имавме Англиски изборно во средно професорката секогаш ја изнасаше на табла да чита таа читаше како брат ми што чита сега , а тој има 11 години Како поминува не знам, секоја и чест доколку дипломира Само да дадам и пример за една професорка која има приватно училиште отворено тука во мојава населба и плус работи како професорка на друго место, во прва година отидов кај неа како демек да ми помогне нешто околу современ Aнглиски , а испадна дека јас знам повеќе од неа ме прашуваше дали у-то на средина во Guy беше кратко или долго у Секако има дипломирано на УКИМ . Толку од мене, повеќе на пишувам на темава, јас си знам дека учам, знам колку имам знаење и се надевам дека точно на време ќе дипломирам и ќе си се вработам
Ај олабавете со тие предрасуди за студирање на Правен и со шпекулациите дека е полесно само бидејки се полага со заокружување. Прво, сите понудени 4 или 5 одговори се приближни, или сврзникот е во прашање, и како и да вртиш евентуално еден одговор ке го елеминираш одма, ама помегу 2или 3 одговори ке се јадеш до крај бидејки се слични.( а има и професори кои во понудени одговори ти нудат: точни се под а и б, точни се под б и а, точни се првите три, па ај одбери да те видам!); Второ, колоквиумот е од 300 страници, па рачунајте колку денови требаат за да го исчиташ, па да почнеш да резонираш што е повеке а што помалку важно, па да почнеш по втор, по трет пат да го пееш тоа; Трето, имаш есеј за кој може ке ја знаеш темата, а може и ке ја дознаеш на час, може ке е на 300 страни, односно 2 пати ке правиш есеј за еден предмет по 300 страни за секој, а може и еден есеј на 500-600 страни; Ако ние имаме заоркужувања незначи дека е розево, и ако има некои прашање од копирници, незначи дека е тоа розево, бидејки немаме само 20-30 прашање за кои знаеме дека од тие сигурно ке паднат на колоквиум (зборам за ФОН и ЕУРМ), и ако крај краева, тоа заоркужување ви бодеше очи, дишете лесно, бидејки е сменето, сега новите бруцоши па натака, ке си полагаат директно на испит од елаборирање прашање( може усно или писмено) и ке имаат само влезни тестови, значи колоквиуми на пола материјал аш. Всушност, бидете реални, и одговорете искрено, зошто секој кој ќе заглави на државен, се префрлува на приватен? Не викам дека тие од приватните немаат книги, неучат, неодат на предавања, или дека нема утре да бидат успешни луге, бидејки секој си учи за себе, но пред се, се третирани како луге, за секоја информација се услужени како луге, не им била тресната 100 пати врата пред нос и не добиле изнуден одговор со повишен тон кој го добиле трчајки низ ходник по одговорниот, зошто крај краева треба да не прочитаат ни 50 страни за да паднат, додека на државен се плака само 200 или 400 евра годишно, и се паѓа како зрела крушка, иако си прочитал 6 пати по 50 страни, и иако некои професори предаваат и на државен и на приватен со истите книги, но ете, ако ваму пуштаат, ваму ќе чуеш: следната сесија повеќе среќа колега. За крај, ќе бидам реална како и во претходново напишано, и ќе кажам дека државниот факултет е далеку од нудење поквалитетно студирање, условите се сведени на ужас, меѓутоа ни на сон несмее да се споредува тежината на студии и прелазни оцени кое се бара за државен, во споредба со барањата од студентите на приватен.
Реков дека повеќе нема да коментирам на оваа тема ама ајде.. Сакав само да кажам, некој спомна дипломирал на УКИМ а не знае ништо.. Луѓе мои, може и да се проаѓа некој предмет со врски, не велам не, не сме сите дебили да не го знаеме тоа...Во државава е битно кои се мама и тато...Ама да дипломира на УКИМ и да нема благе везе, тоа мало сутра! Дефинитивно не може да се спореди УКИМ со приватен факултет.. Не за џабе е прв најдобро рангиран универзитет во државичкава наша.. За понатамошни расправии и дискусии во врска со моето мислење talk to the hand!!
Јас веднаш ќе си кажам дека студирам на државен... И гледам дека повеќето го бранат образованието стекнато на државните универзитети, дека таму повеќе се учи, и излегува квалитетен кадар. Да, сето ова донекаде е точно, ама се заборава еден „мал„ дел што го трпат сите на државните универзитети. Одиш на испит и може и да те бутнат само заради тоа што професорот не е расположен, да скапуваш со саати во редот на студенски прашања и да те навредуваат само заради тоа што си прашал нешто што си требало да го знаеш, да седиш цел ден на факултет заради тоа што ти ставиле 4 саат пауза помеѓу предавања, да полагаш ден за ден испити по 500 страници... и уште многу други препреки кои мораш да ги поминеш и кои те натерале многу пати да помислиш да си ги земеш документите и да не се замараш повеќе. А на приватен си плаќаш поштено и си имаш привилегии, ми имаат кажувано дека место да полагаш колквиум може да направиш презентација и да си положен, да се потсетуваш од книгата на испит, да ти дадат 40 прашања од кои 30 ќе ти паднат на испитот... ама па нема да те боли глава во никој случај, ама само додека студираш - кога ќе треба практично тоа да го примениш, ќе нема кој да ти каже како или да ти даде алтернатива место сработена работа само да направиш презентација затоа како би со сработил. Трнлив е патот на студентите на државен и сигурна сум дека барем едно нешто од набројаните доживеале стидентите на државен, ама никој не може да го споредува тоа образование со многу полесно стекнато.