Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    На постдипломски сум на правен на државен сега полагаме усно или на прашања пишуваме и можам да кажам дека е сто пати полесно отколку претходно кога беше на заокружување збркани понудени одговори и граница за положување 61. На кој приватен факултет границата е 61? Сега имаме граница од 51 пишуваме и тоа што го учам по цели денови барем си го искажувам на испитот а не заокружувам збркани глупости и неважни работи од книгите па и фусноти.
     
  2. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Е па забегавте ... Има разлика од приватен до приватен и од државен до државен . Јас знам моите цимерки на филолошки како поминуваа! Еден еб*н ден немаа отидено на предавања, седиме гледаме филм плачат превод да им пуштам , ме прашуваат прости зборови што значат !! Цела ноќ гледаат филмови, сабале ги гледам станати рано ќе полагале , прават ливчиња и ми кажува 9ка ?! Или пак едни неписмени едвај поминаа во гимназија, ги прашувам ќе се запишувате ли на факултет, тие уште навредено "Да ?!" На социјална работа и политика, или што ти знам препишуваат, пишуваат есеи и имаат 9ки,10ки ! Бев реална , кажав дека сум на Приватен информатика, гледам што учат школските на електро и признав потешко е ! Од есен ќе се префрлам таму на постдипломски, ама некој да ме прај будала у здрав памет дека на "сите државни" повеќе се учи, кога со мои очи гледам што се случува, не само на овие што ги споменав, има и други земјоделски, шумарски епа нема . Ма цело образование е отидено по ѓаволите !

    Извини, може да те прашам од каде храброста за ова ? Со кое право ? Сите клошарки се запишани на приватен ? Ми понудија стипендија во тоа време, само 7 на мојот смер нудеа, сега гледам нудат 800 сеедно ... Го сметав тоа за успех што од 1000 пријавени јас успеав да земам, бев со документи спремна за електро , ми се укажа шанса бесплатно да студирам.. Морав да ги сменам моите планови! Моите сакаа да ме поддржат, ама не беа во можност, и сега сум стипендист на приватен, и тоа според тебе ме прави клошар и јас си немам појма од животот ? Во меѓувреме работев и заштедив и ќе се запишам на државен на постдипломски, ама мене ме прави клошарка фактот што сум на приватен сега ? И сите мои дипломи од државни натпревари, пофалници и признанија одат во вода поради тоа ? :x

    Па што зборам јас ? Ако ме читаше наназад ќе видиш дека споредував информатика на приватен со електро , но целото генерализирање погоре ме испровоцира да го напишам тоа.
     
  3. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    значи не споредувај јазик на државен или социјална политика на државен со информатика на приватен, спореди информатика на приватен со информатика на државен, па и јазик на приватен со јазик на државен. Има факултети на кои се учи помалку има факултети на коис е учи повеќе. Инаку таа социјална политика тој факултет што е на државен стварно не дека многу го потценувам ама стварно е некако како утеха за студенти што не можат да завршат тоа што сакаат.
     
  4. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Оваа информација ми ја даде студент на МИТ, студира Менаџмент на еколошки ресурси.
     
    На Star19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179

    Барем признаваш дека информаттика на приватен не може да се спореди со електро на државен
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.599

    Епа убаво за нив, нека си полагаат така. Затоа и последни се на листата за најдобри факултети.
     
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Ти за тоа ли се фати сега ? Ве радува, тоа сакате да слушнете :D абе еве ќе кажам ако треба и земјоделски дека е најјак ако сакате , сеедно ми е . А тој МИТ зарем постои уште ?
     
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Јас сум на филолошки и може слободно да кажам дека ми оди супер, не поради професорите или поради материјалот, туку поради сама себе. Учам за мене, имам 9 ки и 10 ки, јазикот го зборам одлично, зашто? Зошто го сакам тоа што го учам, а за лесно да поминеш можеш сегде. Јас имам другари кои се на правен па поминуваат лесно, влагаат во кабинет кај проф, 3 прашања пропратени со виски и ете ти 6 ка и слават 3 дена за 6 ката. Има можности според мене на секој факс да поминеш лесно. На приватните е факт дека е полесно колку толку, бидејќи ако на правен даваат 200 прашања за испитот на приватен на правен смер, ке ти дадат 100 и тоа е тоа. Кој како си се снашол. Јас под еднакво ги ценам и приватните и државните. Кога брат ми кој заврши на ФОН го гледав дека учи, незнам што повеќе да кажам.
    Неможам да ги споредам електро со филолошки, два различни света, јас додека учам 30000 падежи он учи нешто сосема трето. Секоја планина своја тежина, па така и со факултетов, кој што си избрал, само лошо е ако се прецениш, да избереш нешто што не ти фаќа кликерот, е тука е веќе проблем, а каде нвм според мене :)
     
    На karmenka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Теее, што се нема човек да прочита за приватните факултети од одредени членки, да си помислиш дека се полоши и од санаториуми, дувла на лудаци, татини/мамини мази и општествени отпадоци... :x

    Ајде, јас од лично искуство да си кажам, како студент што ја „имал честа“ да искуси и државно, и приватно факултетско образование (2 години на филолошкиот „Блаже Конески“ и 2 години на Американ Колеџ, истиот смер, англиски јазик - превод и толкување).

    Значи 2 години на филолошки, во група со 35 студент(к)и и предмети кои ги слушавме со цела генерација (100+ студенти). На хартија ЕКТС начин на студирање, но колоквиумите беа измислена категорија (пола од професорите ги мрзеше да даваат колоквиуми, па право на испит, демек и нас ни било полесно еднаш да учиме, со таа изјава како индиректно да го поддржуваа кампањското учење). Но, испадна што испадна, елиминирав 2 години и задржав просек од 9.7 (17 десетки, 1 деветка, 1 осмица и 1 седумка, и тоа по македонски, од искомплексиран професор кај кој имав најмногу бодови на испит - 57 од 60 - ама не сум му носел навреме домашни). Освен тоа, индивидуалната работа беше еднаква на нула; ниеден професор не беше заинтересиран за личните достигнувања на студентот и сакаше само да си го предаде она што го има (што е можно повеќе на ЕКТС начин), но да не провери дали студент(к)ите се во „тек“ со тоа... Одовде ќе истакнам само два професори, односно Зоран Анчевски (англиска книжевност), но не поради начините на предавање (напротив, позастарен стил од неговиот тешко ќе најдете), туку зашто човекот е едноставно енциклопедија од знаење, и Оливер Јордановски, симултано толкување; е, кај овој човек ако не го совладаш толкувањето, не знам кај кој...
    А, и да, студентските прашања се приказна за себе, и нема да трошам зборови на нив, зашто ќе треба да отворам нова, посебна тема за тоа. Само ќе кажам дека ми го изгубија индексот со сите оцени, поради што потоа плаќав повеќе пари на Американ Колеџ, зашто не успејаа да ми ги најдат оцените по 2 предмети. :worried:

    Потоа се префрлив од приватни причини на Американ Колеџ, каде најпрво се чудеа зошто доаѓам, со оглед на високиот просек... Но воопшто не погрешив! На филолошки учев кампањски, зашто тоа се бараше од мене - да дојдам спремен на испит, да положам и да си земам десетка. А овде? Често по цели ноќи глава не кревам од проектни задачи и задолженија. 10 студенти сме во група, и индивидуалната работа активно се следи, било да се тоа домашни задачи, активност на час, екстра активности, или други индивидуални задолженија. Да не спомнувам дека на крајот од секој семестар, студентот треба да изработи семестрален проект по секој предмет, кој директно влијае на 15% од конечната оцена (есеј, истражување, статија...). Пред секој час морам да прочитам барем нешто од тоа што ќе се учи, зашто наставата е проследена со професорски прашања, активности, презентации и секакви начини на кои се бара вклучување од страна на студентот. Ако некој не е активен и присутен (присуството е важно!], максимална оцена што може да има е седумка, колку и да има бодови... И искрено, мене овој начин на настава многу повеќе ми одговара, кајшто добивам пофалби, забелешки и критики за самостојната работа, а не само како група, генерално...
    A за студентските прашања овде, само ова ќе ви го кажам, како контраст на оние на државниот: баш денес кога запишував последен семестар, ми увидоа дека сум уплатил 19500 денари повеќе (по нивна грешна пресметка) и одма ми побараа трансакциска сметка за да ми ги вратат тие пари. 325 евра се во прашање, не 300 денари. Пари кои јас и моите не ни знаевме дека се за нас, можеа слободно да не „олеснат“ и за нив, немаше да знаеме.

    Еве, во јуни ќе дипломирам, откако сум на Американ Колеџ имам добиено 6 десетки и една деветка, но за да си ги „заработам“ нив, си учам и се активирам, како на час, така и дома.

    Така што, најдобронамерна порака до сите со предрасуди до приватните факултети:
    или зборувајте со поддржани примери и аргументи, или воздржете се од негативни коментари.
    Најучтиво се заблагодарувам. :bow:
     
    На Lady Macbeth, Shy.Girl.18, karmenka и 12 други им се допаѓа ова.
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    4.599
    Долго време го чекав шетачот да коментира на темава. Се надевам се расчистија некои предрасуди кои кружеја околу оваа клише тема.
     
  11. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35

    AБЕ АЈДЕ ВИ СЕ МОЛАМ СЕ ЖАЛИТЕ ВИЕ НА ПРИВАТЕН СО ВКУПНО СЕ НА СЕ 35-40 ИСПИТИ.ПА ЈАС НА МЕДИЦИНСКИ ПОЛАГАВ 80 ИСПИТИ.
     
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    На филолошки, државем, во 4 години имаш 48 испити...
    Дали тоа според твоите критериуми го рамни филолошки на ниво на приватен факултет?
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Тоа нема врска приватен државен.
    И на државниве факултети повеќето смерови сега со новиве програми се со до 40 испити.
    Или и со 30 испити со 3 годинки дипломци.
    За тоа не се виновни студентите, за тоа е виновна државата и новите програми и начини на студирање кои ги воведува, како болонска декларација и други срања.
    Ти си одлучила САМА да студираш минимум 6-7 години а потоа и специјализации итн и си прифати одговорна работа и најодговорниот факултет.
    А испитите нема врска државен vs приватен, тоа е само нова скратена програма, која ја воведуваат и го олеснуваат дипломирањето. Затоа се накотија дипломци, кои молат за работа.
    За многу факултети реално студиите немаат значење, се е бубање кое се заборава а потоа праксата го покажува квалитетот.
    Не го ни возвишувајте државното студирање, многу е различно од порано, многу ама многу е паднат рејтингот, дури некои смерови се на премногу ниско ниво.
    Инаку квалитетот секогаш испливува на површина, но секој со своја среќа, а реално и не секој ја има. Ќе сретнуваме многу неправди во животот.
    Џабе бистриме политика приватен ил државен, кога она што е побитно, а тоа е вработувањето и работењето понатаму во животот многу малку зависи од таа диплома во нашата држава. Многумина ни ќе ја погледнат ни ќе ти ја побараат. Други работи се битни врски, книшки...
    Знаењето од факултетите, таа теорија се повеќе и повеќе губи од значење. Се препишува, се купува диплома, семинарски бла бла и оп диплома во рака, речиси слично и на државен и на приватен, никој не гарантира квалитет.
     
    На Oxymoron, The-Queen, Lina24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Јас сум на Фон, во прва имав 12, во втора 12, во трета 12 и четврта ни е 13 испити =49 , зборувам за филолошки.

    http://fon.edu.mk/files/programi/ff-1.pdf ова е програмата.
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Зависи, јас на филолошки државен имам 62 испита за 4 години. ;)
     
  16. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    ВаООООООО :rofl: :rofl: :rofl: ајде некој друг бујрум може ќе се јави со 80. Па да му ставиме назив доктор-магистер.

    PLEASE PLACE BID :rofl:
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    Реков не пишувам повеќе ама бев испровоцирана :wasntme: имам 50 испити :!: плус за секој што имам усно, тоа му доаѓа дупло :geek: одговарам писмено и усно , не ми кажувај ти мене на медицински , ти учиш медицина 6 години а јас 4 така да не е исто :fubar:
    И ајде веќе не не залажувајте вие државниците знам како е на државен 200 души во амфитеатар препишување на големо , гледам што прави другарка ми на филозофски ливчиња си прави баш во таа фотокопирницата на бит пазар на самата автобуска им ги смалуваат таму :lol: на истиот факултет се запиша и колешка на мајка ми , жена од 40 години ги положила сите испити од овој семестар , абе ајде како така на стари години, па нормално ливчиња. А додека ние полагаме едвај 10 души и баш можеш да препишеш |( :rock:
    Ќе морам да те поправам дека во четврта се 14 испита според новата програма :geek: :rofl: Ова е стара програма многу од предметите ги нема веќе, воведени се нови |(
     
  18. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Божееееееееееее... :fubar: :fubar: :fubar: :x :x :x
     
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Што е meandyou многу се а? :rofl: Ете во четврта исто имаме :D
    Инаку, нема зошто да лажам толку се! Некој потежок, некој полесен ама 62 се точно! :) Добро не се чудам некој никогаш не видел толку испити, а може па и некој со повеќе да се најде, мене не ми е чудно ништо. Ај сега добра ноќ, па се надевам во некоја друга тема поубаво да си се дружиме, сепак ЈАС не ги бирам луѓето по тоа кој каде студира. :!:
    http://www.facebook.com/group.php?gid=297365560277
     
  20. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Многу е општа темава и моето мислење е дека зависи од факултет до факултет. Според мене, постојат приватни факултети кои ни на малото прсте не можат да им се фатат на државните (пример Стоматологија на државен ни под разно не може да биде исто со оној на Европски што го имаат). И да, постојат многу приказни и примери за разлики помеѓу државен и приватен. Јас ја имам таа среќа (или несреќа) да студирам и на приватен(редовно, поради тоа што земам стипендија и морам да ја оправдам со тоа што професорите маста ни ја вадат) и на државен (вонредно, но колку што сум во тек, професорите доаѓаат кога сакаат).Најголемата глупост што ја слушнав на државниов е дека англиски се полага со essay exam, кој по мејл и се праќа на лекторката за да го оцени.
    Така што, верувам дека секое искуство и мислење е лично и препорачувам секој да си искористи предностите на факултетот на кој студира. Недостатоци има секаде, ништо не е совршено.