Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Имам другарка која заврши на Европски и кога ја прашував како на факулетет одговорот и беше „ Паа исто е како во средно само не мора секој ден да стануваш за школо“ шетајки се низ Скопје си го завши факултетот без малку вложен труд. И сосема е точно дека се важни врските при вработувањето, а не заењето, со врски се вработи во банка, а многу од државни универзитети со поголеми просеци си седат дома затоа што нема кој да ги подбутне.
     
  2. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35

    Ма немој.Од кај си толку сигурна шо збораш во име на сите?Ти можи не препишваш на привате,ама душо предвреми ти се платени испитите.И не ми објаснувај глупости да ми споредуваш дека филолошки на ФОН е многу тежок,ма дај молимте тројца од мојот клас шо кепнаа по три пати веќе дипломираа со 9 .Е како е можно ако не препишувале или не си го платиле самиот испит.Пошто од тиквар шо до 4 не знаел како се вика да денес ми тврдите дека баш тие се генијалци и првенци на генерацијата дај не се лажи сама.Ќе те видам кај ќе се вработиш.gOOd LucK.А да и вие шо сте на приватен,нема шо да барате од државата.Пошто велите дека не чини за ништо.А не да аплицирате по студентски домови,студентски стипендии ид.КОога веќе сте сособни да плаќате по 4000 евра на годишно ниво то ти е еднакво за 4 год комотно еден стан.И ќе речите дека дипломата ич не е купена.АБЕ АЈДЕ/.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    И да на медицина како 80 испити имаш плус 80 усни и практичи испити на лешеви.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Грл1234 ок свативме, учиш на тежок факултет.
    Па сама си ја прифатила таа одговорност.
    И сега што сакаш? Да ти аплаудираме?
    Или да отидеме до Косово и да купиме и ние диплома од медицински?
    Или да ги спомнам националностите кои лани правеа бунт за упис во средно медицинско каде ги примија сите до еден, да доктори ќе бидат они на мама и на тато а со кецови и двојки завршиле основно.
    Каква корумпираност постои на тие толку одговорни факултети медицински, да страв да му е на човек да го здоболи прст а не па повеќе. Секој сеа почна да станува доктор и медицинска сестра.

    Ама еве јас сум на правен факултет на еден од нашиве приватни, ако некој не ме сака мене за адвокат не мора. Ќе си одбере друг. Иако ако се има квалитет никад нема да праша кај сум завршила.
    Или преведувач или го бива или не го бива, не го дискриминирам факултетот, напротив, но не зависи тука животот, како и од многу други смерови на факултети да не набројувам.
    Ама ако се разболиш не го одбираш докторот, тој може и да има купено диплома и да ги има завршено одвај испитите со плаќање и може со живот да се плати неговата неодговорност и неговата незаинтересираност.
    Така да мене за докториве ич не ми е гајле кај завршиле, знам само дека постои таква непрофесионалност да на сите страв ни е да влеземе во болница, а за таа страв почетоците се гледаат од средното, од факултетот па се до лошиот избор и врскаџиски избор на вработените.
    Ни медицината не е тоа што беше, срање е!
     
    На Bescheiden, Shy.Girl.18 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Листата со факултетиве излезе ли?
    Мислам на таа шајганската (каква и да беше) за тоа кој е најдобар, најлош итн..
     
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Гледам за Медицински се отворила расправа, па да не цитирам 200 мислења ќе дадам мое генерално мислење.
    Грл1234 гледам се тепаш тука исправаш криви Дрини, ќе ти кажам само почекај стигни до диплома па потоа ќе правиме муабет. Што е тежок факултетот да, тоа е факт и никој не го оспорува тоа. Вкупно имаме 65 предмети и 5 изборни предмети, значи вкупно 70. Ајде во просек ќе ставиме дека од секој предмет имаш по 3 колоквиуми кои ти се тотално губење на време бидејќи на крај одговараш практично и усно на цел материјал. А кога имаш материјал од над 2000 страни од кои ќе те праша 4 прашања, а и ќе те лупни на пациент што едвај зборува македонски и те како ќе ти обелат 3-4 влакна од самата помисла. Ама па доктор сакаш да бидеш, тоа е процедурата. Не можеш медицина на цепкање на полагаш, мора цел предмет на крај, се е поврзано. Тоа се излишни муабети, убаво ти кажа Росонерка, си сакала на медицина си се запишала. Од друга страна гледано, секој факултет си има своја тежина. Искрено јас да се запишев на нешто од типот на правен, економски, филолошки поголема мака ќе видев. Не ме влечи тоа, не можам да го учам и тоа е. Јас на тие од економски му се чудев на тоа што го учат, викав никогаш јас ова нема да го научам, а тие истото го викаа за моето.

    Росонерка тие што купуваат дипломи на медицински од Косово и што плаќаат испити нема никогаш да те лечат. Квалитетно му е наредена работата и имаат доволно финансии за утре, задутре да си отворат приватни клиники. Тие нема еден пациент во животот да прегледаат, а ќе бидат декларирани како многу успешни "доктори". Е сега останува и третата група на студенти дечиња, внучиња на професорите. И во таа група има огромна поделба. Има такви што не се појавиле на факултет, а индекс полн 9ки, 10ки, а богами и има такви што тате - професорот душа му вади со муабетот " јас сум професор ти треба се да знаеш, нема мене да ме резилиш пред колегите". Значи јас тврдам дека има деца на професори кои навистина се имаат убиено од учење и навистина имаат знаење. А за тие првите што не се појавиле на факултет не знам навистина, се надевам дека барем на специјализација ќе фатат книга, ќе поднаучат барем нешто, оти тешко народот со нив. Сепак мислам дека на сите факултети е скоро истата ситуација.

    Е сега, во врска со приватните факултети, ако имаше приватен Медицина абе со трчање ќе се запишев и ич око немаше да ми трепни дали некој од страна ќе дробел дека јас сум на приватен или државен. Ќе си платев фино лепо МИР И СПОКОЈ. На кој му се учи, кој сака да постигни нешто во животот учи и на приватен факултет. Дури и повеќе време има за да се посвети на својата цел одколку на државен. Наместо во сесија да трчам по потписи и да дремам пред врати по 2-3 сати кај исфрустрирани професори, ќе седев ќе си учев раает. И ќе знаев дека ако треба да полагам пример на 17 јуни ќе полагам на 17ти, не во средина на јули, а во меѓувреме душтата да ми ја вади "дојди задутре, ааа јас не можам денес, ај сега дојди по 3 дена" итн дур не му се погоди денот кога ќе може да те испитува. А таму постои барем некаков си ред и хиреархија, па можеш и како човек да се пожалиш, а не како по државните факултети што од службеници на студентски прашања, па се до декан се држат еден со друг и нормално никогаш тие не грешат и се во право за се.

    Приватен или државен, секој факултет си е своја приказна. Не е репер усното или бројот на испити за тежината на факултетот. Тие од градежен и електро не можат усно задачи да полагаат, ама затоа писмено полагаат по 4-5 саати еден испит. Има испит од 100 страни и испит 3000 страни, и едниот и другиот исто се бројат.
     
    На Divinebutterfly, Shy.Girl.18, anastasija85 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива и здрава Златушко, многу убаво го опиша односот на професорите према студентите на медицински факултет. Е, спрема нас, студентите на стоматологија, беа полоши, со чесни исклучоци. Мене ми е криво што сите што се запишале на медицинските факултети ќе завршат - без разлика колку се способни. Освен тоа, криво ми е и што изумре праксата која што ја имавме - а не верувам дека на приватните медицински и стоматолошки факултети има доволно пракса за да може еден студент да сфати која одговорност ја носи неговата идна професија. Сепак, се знае кои се терциерни здравствени установи и која е нивната улога, но за жал, тоа повеќе го нема. Само специјализацијата е шанса некој да научи нешто, и тоа само ако има добра основа, инаку црно му се пишува на здравството во Македонија - ќе треба да увезуваме медицински лица.

    А ако се фалиме според бројот на испити, јас веќе не знам колку сум положила - сите од медицински факултет (без два-три) плус стоматолошки стручни испити (околу 15тина на број). Ама искрено кажано - бројот на испитите не е репер колку е тежок некој факултет. Јас повеќе би рекла секој факултет си има своја тежина според одговорноста што ја носи професијата за која се оспособуваат студентите ;)
     
    На anastasija85, MandyLane и Zlatusko им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    1234girl А од кај знаеш ти јас колку плаќам? Прво 4000 евра никој ама баш никој не плаќа! Второ може сум полу стипендист па плаќам минимална сума ;) И трето не се секирај ти за мене кај ќе се вработам јас, ќе се вработам тоа сигурно како што многу со завршени јазици се вработија, пријателка моја со 3 години на Штулов па сега предава Англиски во едно основно :) И онака од ќеиф да ти кажам дека пола група зема стипендии од државата :wasntme: :rock: Затоа што ако беше малце поинформирана ќе знаеше дека таа сума што ја плаќаме како партиципација, дел од неа оди и за државата :!: И според тоа имаме исто право да земаме стипендии :D И ај да не кажувам веќе примери од мои соученици тиквари како што ти милуваш да викаш одредени луѓе, кои се запишани на државен. Уким толку ги намали критериумите за упис тоа чудо, ако порано на Филолошки се примаа едвај 80 души на катедрата за Англиски јазик, последниве две години се примија сите кои аплицираа :| Ајт сега одам да учам пошто имам испити и тоа од лани , знаеш не и платив доволно на професорката па еве не сака да ме пушти ;( (смајлиштосекрсти)
     
    На Shy.Girl.18, karmenka, meandyou и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Колку си само во право за Филолошки. Околу 300 души мислам дека примаат секоја година. Јас ми се чини се отепав од пресметување поени дрн дрн глупости од матурата само за да бидам сигурна дека ќе ме примат во државна квота, а кога видов со колку тоа поени се запишувале коса ми се крена! Имаше такви кои имаа можеби половина од моите поени. Можда не чини да зборувам, ама имаше колеги кои ЕДВАЈ македонски зборуваа, а за англиски воопшто и да не правиме муабет. Страшна бројка е тоа. Добро е што голем број се чистат од година во година. Се сеќавам минатата година таблото од нашата катедра беше можда и помало од стоматолозите.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Во однос на приватните vs. државните факултети би ви кажала дека цел свет учи на приватни факултети и иставаат добри кадри. Јас дипломирав на ФОН пред 4 години и би ви кажала дека не е ништо лесно. Плаќав 2000е школарина годишно плус уште 1000е други трошоци а учев ко луда. Да видите како се учи кога знаеш дека ако не го положиш испитот до септември ќе платиш казна во износ од 10% од школарината т.е. 200е, и тоа по предмет. Со парите што ги плаќав не ја купив дипломата туку добриот однос со професорите со што се овозможува полесно учење. На ФОН немаше професор да ти ја затвори вратата пред нос туку ги имавме сите броеви од професорите да им се јавиме во било кое време ако нешто не ни е јасно. Имаше пријателски односи професор - студент. Првата година и во септември паднав на два испита со што платив 400е казна, па да видите како одев после на испити потполно спремна и ваѓав десетки. А некаде погоре прочитав дека имало огласи за вработување каде се наведувало дека не се за дипломци од ФОН, па мислам дека тоа се чисти глупости кои се производ на политички игри. Уште во Македонија го имаме оној заостанат менталитет каде приватните факултети не се признаени. Дипломирав, најдов работа и планирам да запишам постдипломски исто на ФОН и моето дете би го запишала на истиот факултет без грам размислување бидејќи само така можеме да ги осетиме доблестите на западната култура како е да пиеш кафе со професорот па после да влезиш на предавање и на надобриот можен начин да ти го пренесе знаењето.
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Па фала богу дека се утепа Фон давајки стипендии.. од толку што не знаат како да привлечат студенти
    Кога можеа на МИС КРЕМА да ти дадат стипендија :rofl: (патетики живи) :^) да не идеме подалеку?!
    Абе кој сака што сака нека каже, тоа дека кој сака да си учи ке учи дали на приватен или на државен, точно е! и дека кога ке се вработуваш дека ке те прашуваат што знаеш а не кај си завршил?! исто точно
    ама НИКОЈ не може да ми го смени мислењето за тој факултет.. кој што сака нека каже..
     
  12. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    |( Кога не даваа: Па овој Цановски ваков онаков, скржави, само пари земаат, не даваат стипендии...

    Сега кога даваат по 800 стипендии годишно

    И не, не треба да даваат, неблагодарни слепци...слеп очи да не отвори. |( |( |(
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Абе најнормално секој си го брани факултетот каде што завршил али за приватните едно ќе кажам имав школски од средно кој буквално ама буквално незнаеше да чита, а уште помалку да се изразува и да состави реченица. Е сега си велите претерувам е не баш незнаеше да чита кога по македонски јазик ќе имавме на час на пример да прочитаме песна и да анализираме тој однапред ќе изброеше која песна му се паѓа на него и едно 100 пати ќе ја прочиташе во себе додека да дојде на ред зад да успее горе долу точно да ја прочита ај да не забегувам со темата и баш тој за среќа си имаше пари и си се запиша на ФОН и знаете што? Дипломира во рекордно време и тоа пред многу мои школски кои во средно беа многу, многу појаки ученици од него и сега вие видете си каде е полесно!
     
  14. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    На државен нема такви што не знаат да читат ? или таму само се запишуват деца со надпросечна интелигенција?
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Не бе срцка секако дека и на државен има такви што незнаат да читаат, а се запишуваат, но на државен никогаш не завршуваат :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197

    :D :D :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :D :D :rofl:


    не не' насмевај те молам...кај мене во класот сите неписмени се запишаа на државен ама сите до еден ниту еден не остана дома, и сите се веќе трета година како мене.
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Штом си толку сигурна во ‘‘квалитетот‘‘ на твојот факултет што се толку возбудуваш? Студирај си уживај :D или пак недај Боже се препозна во онаа група на студенти па за тоа од далеку се браниш :D :D
    Инаку еднаш напишав и сега ќе повторам не дека и на приватните нема деца кои се амбициозни и учат, кој и си учи дали е на приватен или на државен пак ќе си учи и ќе си се стекне со потребното образование.
    Чао, пријатно :emo:
     
  18. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Јас сум на државен, малце ќе загрееш столче ама затоа дипломата ти важи секаде
     
  19. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На anastasijaki и carazoreli им се допаѓа ова.
  20. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    http://www.mkd.mk/14051/udarna-vest/kak ... verziteti/

    За сите што ги критикувате приватните универзитети, се надевам дека после ова барем малку реално ќе согледате како стојат работите.
    Само пример, ФОН е пред универзитетот Св. Климент Охридски, така да нема врска приватен-државен.

    Не дека некој универзитет омаловажувам, само сакам да кажам дека за приватните универзитети владее погрешно мислење и квалитетот на образованието не е на толку ниско ниво.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.