http://www.fakulteti.mk/news/12-02-16/m ... etite.aspx Ова е најточната ранг листа на факултети. ФОН е 11 на листата, односно на 5то место според приватните факултети.
Секако дека на приватните се дава знаење, на секој факултет се дава знаење, само на приватните не треба да учиш за да поминеш, попуштаат и те како. Има разлика од 2000 евра и 200 евра партиципација. Со 200 евра ке те тромози професор и ако нема потреба за тоа, душата ке ти ја вади додека не си ја заслужиш 6-та. А со 2000 евра ако не те помине од 2 пат може со ТАТЕ да си има работа. Едит- мојот универзитет на 3 место, заслужено е, за многу кратко време многу напредна и министерот си призна. Е сеа може дисперзираните студии не се нај нај ама ке се среди.
Нормално е државниот универзитет Кирил и Методиј да е на првото место, гради традиција над 60 години и има најмногу факултети, неможе пред него да се универзитети кои одвај 5 години постојат. За другите на листата ич не ми е гајле и не коментирам. Мене други две работи ми се чудни. 1. Зошто објавуваат дека има листа и се чека за истата 2-3 недели за официјално објавување, а од првичната листа новава официјална се разликуваа и тоа многу, некои факултети се многу подоле, некои многу погоре. 2. А второ и многу побитно зошто нема нигде официјално за ова рангирање? http://www.shanghairanking.com Македонија не постои како опција на земји во кои Шангај врши рејтинг. А странава си е прилично добра и редовно се вршат сите промени. Резултативе само ги објави само нашето министерство и тоа неколку недели откако кажа дека се готови. Сеедно и да е точна и да не е точна табелава мене не ми е јасно зошто не нема во државите каде Шангајскиот универзитет вршел рангирање. Инаку знаете како се вршеле рангирањата? Врз основа на неколку документи кои биле побарани од сите универзитети да се пратат од министерството наше. Ако се врши ранг според мене треба да дојде и да се посети универзитетот од страна на испитувачите и документите треба директно кај нив да се пратат. Некој универзитет може е подобро рангиран а има предавални во трособен стан, за разлика од друг кој има цел кампус. Резултати има на невидено, по ливче хартија само. Не дека убавината на објектите е најзначајна, ама збориме за услови за студирање. Сеедно како и да е на едно македонче оваа табела му даде можност за нови карања.
http://www.webometrics.info/rank_by_cou ... country=mk http://www.4icu.org/mk/ Eво уште рангирањa извршени во Јануари 2012 И секако ОФИЦИЈАЛНОТО рангирање од МОН: http://www.mon.gov.mk/images/documents/Rang_lista.pdf Спојлер п.с. Цел ден ФОН се жали со рангирањава. Ево и за тоа прочитајте. http://www.fakulteti.mk/news/12-02-16/r ... etite.aspx
Реагираат ради овој документ кој го добиле во јануари од Јао Тонг универзитетот Јас би сакала да видам на официјалната страна на универзитетот Шангај да го видам рангирањето. Тоа ми е најверодостојно. Зошто 20 дена министерството чека за да даде официјални резултати? Има некој информација зошто одма не објави?
Прочитав погоре дека рангирањето се вршело само со поднесени документи! А да дојдат на лице место да видат како се полага, како се учи, кои услови ги има и сл. Јас сум запрепастена затоа што паралелно студирам на два различни универзитети и врска нема ова рангирање!
Бидејќи како и секогаш нашите прават што сакат. Сигурно нема ФОН да го стават горе, ВМРО е на власт...така да нормално. Не може, смешно е некој универзитети што прв пат слушате за нив и вие и јас да се пред Фон. Мизерии од држава сме.
ауу хахах и демек МОН точно кажале, а зошто не го објават ова ? Или повеќе за верување им е на МОН отколку на некој странци што направиле...ова е од Јао Тонг универзитетот.
Кое е поважно? Државата која објавила резултати или некоја листа која можда и дома некој ја изработил? Иначе оваа листа само ФОН ја објави на нивната страна, а ја нема на никоја друга страна.
На МОН има ставено нова табела т.е линк од официјалната страна на Шангајскиот универзитет. Добро е, ова е веќе нешто, не е она табелче вчера од почетен ексел. http://www.shanghairanking.com/Macedoni ... index.html
Кој е тој морон кој дома ќе си прави листа, дај молим те и самата си свесна дека не е можно некој универзитет за кој прв пат слушаш да е пред другите познати приватни универзитети. Епа да живеевме во Америка и да беше објавено тоа од државата немаше да се сомневам а штом е објавено од МАКЕДОНИЈА, знаеме дека партиите ја играат целата улога така да НЕ Е ТОЧНО.
Де бре жено, олади се испотепа со сите, за се живо и диво. Океј е, студирај на приватен, студирај на државен, каде сакаш, твое мислење, не мора сите да не убедуваш како е, зошто е. Знаеш, убаво е да си кажеш аргументи, ама секојдневно да убедуваш некого каде е правилното знаење, не можеш. Чилаакс. Кои партии, која власт, листава од Шангај стасува. Туку да, Грујо/Бранко е крив. Срам да им е, и во Шангај почнаа да бистрат политики.
Епа зошто Американ Колеџ не се пожалија или побунија и да постирет вакви листи на своите ФБ страници или да даваат изјави против други факултети(кој што прочита меѓу редови во изјавата на ФОН)? И верувај ме, има морони
Не може Фон да биде пред Американ дај не бидете смешни.. И фала богу дека Американ нема да објавува такви глупости на нивните страни кога имаат други работи попаметни, е не ке се занимаваат со објавување на листи и глупости.. Нив им се запишуваат студенти без разлика дали ке им дадат стипендии или не, и тоа е најбитно
ПРИВАТЕН ФАКУЛТЕТ и нема дилема, во мојот случај немам финансиски средства за да си го дозволам ама на сите што можат да си го дозволат тој благодет, топло им препорачувам да не се мислат и да си се запишаат на приватен. Јас трпам секакви неправди и поигрувања од страна на професорите и самиот факултет како и неговата администрација. 1. платив 900 ден. за токен - никогаш не го добив 2. два пати плакам за електронска картичка по 900 ден. никогаш не ја добив 3. во три години правилата ги менуваат за секој семестар - и доколку трпиш некоја повреда поради тие промени нив воопшто не им е гајле 4. бев да заверам семестар - референтот на студентски прашања и покрај огромната гужва 3 дена ме враќаше по нешто ново да донесам( излегов од пари за таксиња и чекав со саати да дојдам на ред) 5. За да стигнам на предавање автобусчето мора да го фатам 2 саати порано и таму да чекам 2 саати да почнам со предавање( затоа што кампусот е надвор од градот, а такси кошта 80 ден. во 1 правец) 6. цените во факултетското бифе се поскапи од секаде во градот, па добро бе каде се видело смоки стоби флипс да се продаваат 15 денари(малите) Многу сум разочарана, да се молам да не ми излезе некој проблем со системот или со документи затоа што ќе треба да чекам цела деценија да ми го средат, како на една моја другарка која што поради нивна грешка изгуби цела сесија и сега мора да плака казна
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemI ... 0865F6FB3A http://www.mkd.mk/15017/makedonija/shan ... eng-otkri/