Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    во приватните и јас сега ќе се запишувам и во средно приватно школо поточно International High School незнам дали имате чуено.
     
  2. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    мислам дека е исто а на приватен а на државен, пред тебе стои проф. и ти предава, твоја задача е да си седнеш на столчето и да си учиш, и на двата се плаќа диплома...
    само оние кои се на приватен треба да се срамат да ја земаат дипломата онака ај колку да се каже дека има некое школо, од дома му издвојуваат многу поголем буџет, а тие ко на прошетка.
     
  3. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    А ти си била на прошетка на приватен па да знаеш како е?
     
    На twilight123, Emi93 и wwwbella им се допаѓа ова.
  4. anniel

    anniel Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Mojot stav i odgovor na prasanjeto imaat za cel da potiknat druga diskusija vo odnos na kvalitetot na edukativniot sistem vo Makedonija.
    VO MAKEDONIJA NI DRZAVNITE NI PRIVATNITE FAKULTETI NE NUDAT KVALITETEN EDUKATIVEN SISTEM NI SOODVETEN KADAR NA PROFESORI !
    Sekoja cest i pocit za isklucocite, no na ova treba da se stavi kraj !
    Zosto e toa taka ?
    Kolku od vas ke se slozat deka im e smaceno od vecniot (ne)funckionalen birokratski sistem na drzavnite fakulteti ?
    Kolku od vas ke se slozat deka plakaat pregolema suma pari na privatnite fakulteti za diplomi koi ne im gi priznavaat posle ?
    Kolku od vas ke se slozat deka im e smaceno so vekovi da cekaat za eden potpis za da moze da polaagat ispit ?
    Kolku od vas ke se slozat deka na privatnite fakulteti pokraj toa sto plakate povisoka suma na pari za obrazovanie , gledate deka rejtingot na diplomata e pomnozen so nula ?
    Kolku od vas ke se slozat deka im e smacen nepristapniot odnos “student-profesor” na drzavnite fakulteti ?
    Kolku od vas ke se slozat deka im e smaceno da gledaat kako studentite na privatnite fakulteti maftaat so istata diploma vo raka sporedeno so trudot i makata na studentite od drzavniot fakultet ?
    I uste red drugi momenti kako na primer , ni e smaceo da citame zaostarena literature , srpsko-hrvatski ili cekame red za ocenka, dodeka profesorot pie kafe, ruca ili ima toooolku bitna rabota sto ne moze da te ispocituva kako akdemski graganin, ne go pocituva tvoeto vreme, za koe plakas , pa togash zasto ti nego da go pocituvas?
    Taka dragi moi,toneme vo dupka na edukativniot sistem vo Makedonija, dupka bez dno, temnina, se raspravame dali privatnite ili drzavnite se podobri, I pomegu dve “losa” da izbereme edno!
    Sekoja cest za profesorite koi vo prethodnata decenija se izdvojuvale kako intelektualci, megutoa denes vremeto ide napred ,a ne ide nazad.
    Toneme so “pomosta “ na astistentite, koi kutrite , isfrustrirani od makata za da dojdat do pozicijata sega lecat kompleksi na nas studentite za da go ispraznat gnevot dodeka nekoj toa niv im go pravel, I taka e toj krug , sindzir na ishrana. Drugite pak glumat super –kul asistenti, a se mapet kukli vo racete na profesorite, bezglasni noti, im ja vrsat cela rabota na porfesorite I pak nemaat nikakva uloga I bas im e gajle, plata na 1vi ima sekogash, sto ke ime da obrazuvaat grupa deca!




    Epa dodeka se mislis dal si vo gerijatrija ili univerzitet, I akademcite od MANU , nie gledame I slusame kako tie se raspravaat koja politicka boja se, a ti citas zaostareni knigi I nesredena istorija, ucis se drugo osven svoeto, najbitnoto, drag prijatele ama na zapad a bogami I istok , veke sledat nova moda!
    Sekoj e veke dobro obrazovan I intelektualno podgotven, akademski graganin koj prvo pred se ja poznava kvalitetno svojata istorija, so sredeni fakti, trga vo pohod po novi soznanija, vo site opstestveni I prirodno naucni oblasti , a ne samo ekonomisti I pravnici! Spremni se tie, da napravat kompletno istrazuvanje a ne da kupat seminarska ili da zemat predzvakana, na tacna servirana seminarska teza. A ako se prasuvate kako naednas imame nagol porast na doktoranti, se prasuvam koj restorant gi gledal masite kaj se jadelo I pielo na debelo za da dogovrime teza!
    Epa taka drugari, ke zakrzlavime umstveno I posle ke se cudime zasto nekoj si francuski avtor napisal deka nekoj si Konstantin Miladonv e “Bugarin”. Epa da I bugarin I grk I srbin ke bide, se moze da bide, zatoa sto nie dodeka ovde se raspravame so se gorenavedeno, nekoj navistina uci ili ako nisto drugo istrazuva. I raboti na slucajot identitet! A nie so nasiot dobro poznat stav” ke bide , ke bide – eeeee! Sto ne bilo” e da makedonce! Ke bide, site bitni tvorci dejci ke si gi procitiame kako tugi, a ne nasi, bidejki predolgo sme fokusirani na politikata a ne na razvoj na intelektot da znaeme kako akademski sposobni da se odbranime I da gi zastitime onie , koi blagodarenie nan iv , postoime kako idea za edna nacija!
    Ete taka,ke skratam so edna idea za hipoteza za istrazuvanje na vasata master teza! Dokazete zasto Konstantin Miladinov bil makedonec! I uste nesto , ne veruvajte im slepo na tie vasi profesori! Ako dokraj ne gi iscrpite so odgovori na vaseto prasanje “zasto” “zasto” zasto” – togash vie mozete da bidete podobar profesor od niv!
    Pozdrav !
     
    На ohi и Ashling им се допаѓа ова.
  5. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    60
    Јас сум за државните, дефинитивно. :!:
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Гласам за државните
     
  7. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Јас сум на државен факултет и гласам за нив,многу има за учење и многу е тешко.Знаењето неможе да се споредува што се добива на државен факултет.
    Мојата другарка е на приватен и самата таа вели дека е многу полесно.Во септември полагаше 8 предмети,значи по последна сесија и сите до едн ги положи.
    Вакво нешто на државен не е можно :D
     
  8. mesecinka91

    mesecinka91 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Од вистински и постоечки примери во моето опкружување можам да потврдам дека приватните факултети во нашата земја не вредат ништо... се отворија на времето за поквалитетни кадри а преминаа во принтање диплома собирање пари и места на кои завршуваат сите кои никогаш немало да завршат на државните.... за малку ќе ја направев и јас таа грешка ... едно големо ДА за државните факултети :clap:
     
  9. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас сум на државен факултет и цврсто стојам на ставот дека ниеден приватен факултет не може да си ја мери тежината на понуденото образование со кој било државен универзитет во земјава!
    На државните факултети треба да се отепаш од учење за да стекнеш знаење, ништо не ти е подарено туку-така. На приватните ќе си платиш, ќе си поминиш, simple as that.
    Не ги признавам приватните факултети. И таму можеби има студенти кои навистина учат, но, сепак, државен си е државен. Професорите знаат да бидат налудничави, ама барем се стекнува знаење што останува за цел живот.

    Јас учам на релативно нов државен универзитет, затоа повеќето го сметаат за приватен и често го добивам тоа прашање. Ми предаваат најквалитетните професори во земјава, бидејќи повеќето не се од Македонија. :)
    Јас сум задоволна од образованието кое го примам и не би го менувала мојот факултет за ниеден друг, а особено не за приватен.
     
  10. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    Секојдневно околу мене слушам поплаки од државните факултети како се е со врски како им бараат мито па ќе пукнеш од учење и пак нема да ја добиеш заслужената оценка едноставно денес државното ти е нишај врата земај плата тие многумина се изживуват со студентите па што се замислуваат бе алоо ги чекаат 1час за еден потпис да не му излади кафето. На приватните најпрво те почитуваат како човек а потоа и како студент. Кој сака да научи сегде ќе научи и на приватните се учи повеќе тоа што е важно за професијата која си ја избрал затоа и книгите се помали. Реалноста е тоа според мене.
     
    На Ana.N му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    на државен важи правилото : ко преживи причаче :D
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Кои приватни кои државни? Јас пола од државните веке не ги сметам за факултети.

    И кое квалитетно образование? Оние што цртаат скици на рака во 21 век? Па такви не би ги викнала мебел да ми прават па последно да е, ке викнам некој без факултет подобро ке го направи.

    Не правам вакви споредби, има на државниот смерови кај што не се појавуваат на факултет студентите. Види ги на градежен по цел ден се на факултет. И како сега и двата факултети, и родови студии и градежен, да ги ставам во истиот кош наречен "Државни факултети'' и да споредувам.
     
    На ohi и Unfaithful18 им се допаѓа ова.
  13. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ххехе можеби ќе испаднам смешна. ама што е разликата помеѓу приватна и државна квота (освен што се плаќа повеќе на приватена) ??? погоре на темава читав дека тие на приватена имале за полагање помалку испити???? јас планирам на фармација да одам....... хехех јас си мислев дека тие од државен и од приватен ќе држат настава во иста просторија??? дали е тоа вистина?????
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Државна и приватна квота не е исто со државен и приватен факултет.

    На државниот факултет имаш државна квота која плаќа помалку партиципација, но наставата е иста за сите.

    Зборот "приватни" во темава се однесува на приватните факултети како Европски, Фон, Штулов и останатите.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.836
    Пол:
    Женски
    Ништо не е разликата. Едните плаќаат 200 евра, другите 400.
    Нормално дека се во иста просторија.
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Разликата е во тоа што оние на државна примани имаат повеќе бодови, за разлика од другите.
     
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Вака сега, на приватен факултет има многу подобри услови отколку на државен, всушност те третираат како човек.
    Па, јас познавам луѓе на државен што 5 години ги влечат за еден испит оти професорот си наумил така. На што личи тоа?! И, ова не е само еден случај. :!:
    Тој што си учи и на приватен и на државен факултет ќе учи, а ако некој бара врски се фаќаат врските и на двата. :)
    На приватни факултети има многу подобри услови отколку на државни, нормално им плаќаш толку пари, мора и да има, нема да ти тече вода над главата, но ете според повеќето образованието стекнато на државен факулет е повредно. Можеби е, а можеби и не е, но знаете што?
    Веќе секаде се бара пракса, а приватните факултети без проблем овозможуваат повеќе практична настава. Не е толку важен обемот на материјалот, колку квалитетот.
    Не ги бранам приватните факултети бидејќи си земав стипендија на ФОН, тука ова е факт, дека на сите приватни факултети „полесно“ се поминува, отколку на државен.
    Од друга страна, ќе се запишам уште на еден државен факултет вонредно што значи дека сум и тука и таму.
    Мислам дека вие ако сакате да научите нешто повеќе секогаш можете и самите да го направите тоа, така да државен или приватен нема да ви менува многу во квалитетот на образованието (освен што да речеме на приватен се помали групите, а концентрацијата кај студентите поголема, професорите по достапни и по пријателски настроени..итн), но кога зборуваме за услови - оние на приватните факултети се далеку подобри. :)
     
    На ohi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Има разлика од факултет до факултет. Познавам мулиња, буквално мулиња со диплома од Фон што уште незнаат реченица да сврзат ниту правилно да се изразат. Имав колешка на факултет која на крај на прва година едвај положи еден испит, за да се префрли на Фон и сега е дипломирана...ај сеа разлика?
    Факултетот не треба да биде лесен, не треба да помине брзо и неосетливо, ама не треба ни некој таму да лечи комплекси на тебе. Дека излегуваат мулиња и од државен факултет, излегуваат, ама прво ќе се препотат добро, ќе лижат повеќе газови, ќе ги газат, па ќе имаат малце осет како ќе им биде и во реалниот свет кога ќе бараат работа.
    Жално е што сега, секој втор е студент па дипломите не вредат ништо во споредба со оние до пред мин. 5 години. Се спуштија границите како во универзитетското така и во средното и основното образование. Не им е лесно ни на работодавачите да изберат квалитетен кадар од толкав наплив на дипломирани кандидати, па ради тоа често се дешава и платите да се многу ниски, а квалитетните луѓе да ги одбиваат пошто знаат дека вредат повеќе
    Ма, наопачки се' :D
    јас да бирам пак, пак би се запишала на државен, незаборавно искуство е тоа, растење, созревање, измачување :D
     
    На Annath, Danilela и slavica999 им се допаѓа ова.
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам со ова. Ги третираа на приватен ко луѓе првите години сега уште полошо ги третираат од оние на државен. Имаат елекстронско пријавување на испити, кое исто како и кај некои државни факултети не функционира. Ако должиш и 10 денари на факултетот не можеш да пријавиш испити. Чекаат и таму студенти со денови за една глупава потврда. И што е полошо ем плаќаш ем се изживува со тебе.
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    денес едукативниот систем во државава не го бива ни на приватен ни на државен. ќе зборувам од искуство

    јас студирав на државен ( не во мк ) го завршив и потоа се запишав на приватен овде. разлика само во пари и тоа што бев вонредно на приватниот. книгите од кои што учиме се исти од државниот во ск.
    просек имам 7 ( а не 10 како што сите мислат дека студентите имаат ) и ме кутнаа неколку пати. значи кај и да си мораш да седниш да учиш. е сега можеби е полесно на приватниот одколку на нашиот државен незнам и неможам да споредам но мислам дека и државниот е денес преценет. сите станаа магистри и докоранти туку така а незнаат да користат кредитни картички или други основни работи. како што спомна некој денес да имаш диплома не е голема работа бидејќи скоро сите имаат. битно е колку ти фаќа кликерот и дали си спремен да работиш и дали сакаш да стекниш искуство што помлад. а оние од државниот толку ги напаѓаат приватните бидејќи се измачени души зарадни нечии ниски страсти и каприци, и наместо да се срамат од таквиот однос тие се гордеат дека образованието го завршиле на таков начин. и конечно јас кога вработувам ја гледам личноста, знаењето и желбата за работа.
     
    На nela.oh, Annath и slavica999 им се допаѓа ова.