Јас до сега немам слушнато некој да се пожалил од приватен факултет. Ете, брат ми е на ФОН, и воопшто не се жали иако си има паднато на некои потешки испити, а знам и луѓе што паѓаат и по неколку пати на испити на приватни факултети. Ова во контекст на тоа дека приватен - ќе си платиш и се ти е положено. Нема врска. Нормално дека се работи за пари таму и кога веќе си се запишал ќе си плаќаш колку треба. Има секакви искуства и со приватни и со државни факултети, па не можам со сигурност да тврдам јас дека е вака или така кога не знам. Тука зборувам за туѓи искуства, не лично мои.
Honorthyself не мислев на полагањата туку на административните малтретирања. Живеам во студенстки дом, има еден куп студенти од ФОН, со денови го чекаат деканот пред врата за да им потпише обична потврда. Некои има од внатрешноста специјално доаѓаат во Скопје за некој документ и два три дена не можат да завршат работа. Да му дадам 4000 евра годишно па да го чекам пред врата со денови ко куче. Подобро тие пари ке ги искористам за бизнис, не ми треба да давам толку пари за факултет и пак да сум третиран на ниво на стока. Разликата е што на државен чекаш пред студенстки и тие ти се дерат, а овде чекаш пред вратата на деканот кој ти се смешка кога ке те види и ти вели ’’Дојди утре имам работа“. За учењето не коментирав. Велам на ФОН многу полесно се поминува отколу на Економски државниот, но ете да го споредеме ФОН со државниот во Гевгелија, таму децата учат многу помалку од овие на ФОН и пак положуваат.
и ова е точно немојте да мислите дека професорите им се клањаат на студентите. студентите бидејќи плаќаат мислат дека можат свашта да прават а со тоа ги иритираат професорите кои моќта е во нивни раца и на крај културно ќе те одјебат. точно е дека ако не ти се платени ратите немаш право на полагање што на некој начин сигурно и правилно е бидејќи ако не е така кој знае кога ќе се плати. од голема помош е електронското пријавување , за мене немаше нешто подобро од тоа. за потврда и слични чуда немам чекано, само за оцена и искрено не ми се чекаше и имам само 3 оцени во индекс во овие 3 години (кој знае дали ќе ме казнат за тоа). е сега јас имам убаво искуство со професорите бидејќи сум озбилна се однесувам со почит спрема нив и знаат дека сум вонредно бидејќи работам. со тоа било што да прашам сум добивала одговор по меил, информации каде да го најдам материјалот консултации и слично. но тоа не ги спречувало да ме кутнат нормално кога немав напишано доволно. еднаш се зачудив зошто ме кутнаа ама не отидов да прашам зошто, според мене професорот така сметал и тоа беше во ред си го преполагав испитот каде што пак ме викаа на дополнително и слично. затоа сметам дека не е се црно и бело немојте да се карате и да препукувате едни со други. запомнете дека се е до човекот и дека учите за себеси. завршувањето на факултетот е само првото скалило за качување нагоре по успехот, ќе видите уште колку многу работи се потребни за да бидете успешни луѓе и уште колку многу работи допрва треба да се научат...
Чудно, јас никогаш не сум слушнала вакви поплаки, но не мора да значи дека не е така. Инаку, во Гевгелија факултетот е смешка, нема кој не заврши тука, ама врти сучи исто е и со приватните, со ретки исклучоци. Како и да е, кој му се учи, ќе учи. Кој не му се учи колку и да е добар методот на пренесување на знаењето, ништо нема да научи.
Logichnooo da razmisluvame ..Zostoo ako na privatnite fakulteti ucite od isti kngi isti prof. togas zostoo plakjate povekje ? Zosto ednostavno ne odevte na drzaven i so isto znaenje , isti knigi , isti prof. da zavrevte fax? Nema logika...Toa e javna tajnaa deka na privatnite faklulteti diplomata se kupuva ...Megjutoa sekako deka ako e eden vid na obrazovna institucija mora taaka da fukncionira da ima padanje na ipsiti , da se uci nesto cisto da bide rabotata malku po interesnaa.. Taka da ...sekoja cest na onie so zavrsen privaten fakultet epten imaat na uceno i izmaceno da go zafrsat.
Јас студирам на ФОН од една логична причина-имам стипендија и не плаќам апсолутно ништо.Услов ми е да држам просек над 9.3 (што не е ни малку лесно). Твоето тврдење дека дипломата се купува апсолутно не ти е поткрепено. Имам многу колеги што испопаѓаа и не можат да фатат услов за наредна година. Не можете така да генерализирате. На сите факултети ги има оние што учат и оние што се снаоѓаат. А предрасудата за приватните факултети во смисла плаќаш-добиваш диплома апсолутно не ви држат вода! Позз...
јас еднаш се имам изјаснето на темава но морам да кажам и за паѓањето и буткањето ученици убаво е да си учиш на државен ама убаво е и да си учиш и на приватен се едно и едното и другото ти бара учење и тоа премногу вистина е дека на државно ги буткаат некои без разлика колку се труделе можеш на пример кај тој професор да имаш 8-ца или 9-ка а на крај да те бутне со 5-ка а кај приватните вистина е дека полесно се поминува но и таму бараат да се истакнеш и таму бараат многу учење иако плаќаш 400 евра но во суштина материјалот е ист освен ако професорот не си правел сам книга и да ја продава после повеќето зависи од професорот колку бара можеби најважна му е активноста некои студенти викаат дека на приватен е подобро но некои викаат дека на државни е подобро некои се снашле подобро на едниот отколку на другиот секој си има право на свое мислење Секој што се запишал на факултет со цел да добие некакви знаења, ќе го направи тоа без разлика каде студира,е сега ептен ако му се паднал некој расипан професор а оние што сакаат без учење да си поминат ќе си фатат врски или ќе ги плаќаат испитите без разлика дали било тоа на некој си приватен или на некој си државен само ќе се запишат и после мама и тато ќе си плаќаат но јас секогаш сум го сваќала приватниот факултет како дај 400 евра биди редовен на наставата и на крај ќе си добиеш диплома а па сеа не е ни фер еден професор маста да ти ја вади и на крај да те бутне
И државните и приватните факултети си имаат свои предности и недостатоци. Можеме до утре да дискутираме каде е подобро, но мислам дека најважно од се е тоа со какво знаење изглегуваме од факутетот и колку сме способни тоа да го примениме во понатамошното работење. И да, многу битна работа е тоа што ни таму ни таму не даваат памет.
незнам нешто многу за приватните но колку што знам за државните се плаќа 200 евра а за приватните 400 евра јас така знам
Си слушнала, ама не си дослушнала. На државните факултети во државна квота се плаќа 200е., а на приватна 400е. На приватните факултети испод 1000-2000 е. нема.
Какво мислење имате за овој факултет? - Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Гаврило Романович Державин” Свети Николе и Битола (Познат како рускиот факултет)
Драга мермаид90 .. немој да се залажуваш дека многу ке научиш ако само бубаш од книгите, факт е дека она што ке го научиш практично е тоа што ќе го знаеш после студиите, а да се соочиме со фактот дека на државен факултет тоа не постои, на некои факултети воопшто и нема пракса, а на други праксата се одвива на апарати од 1980 година, или уште полошо студентите практичната работа ја изврашуват варејки кафе секој ден.
Драги мои,секој факултет си има своја тежина,тој што сака да научи ќе научи,на крајот на краиштата никој неможе да ти го земе знаењето.Колку си квалитетен се гледа тек кога ќе почнеш да работиш.......А кога веќе сме тука каде се учи а каде не,јас едно ќе ви кажам: дојдете на природно-математички факултет во скопје за да видите што е учење...Поздрав секое добро
Ана,јас би те советувала да одбереш некој по добар факултет,каде што навистина можеш да научиш.Таму испитите се полагаат со семинарски трудови.И што кога ќе се вработиш?Да не затвараме очи пред вистината.Тие факултети мислам дека не се баш ценети.Ако сакаш да стекенш квалитетно образование оди на државен на пример,да не си ги даваш парите бадијала...Позз
Има разлика меѓу приватен и државен факултет. Најповеќе во односот на професотите кон студентите. На приватен се поблиски до студентите повеќе се дискутира и не се смета секогаш дека студентот е виновен за својот неуспех, додека на државните повеќе се оди шаблонски нема многу иновации професорите се апсолутно најсилни и секогаш се во право и не се трудат да се поправат во начинот на предавањето иако нема некој што може да ги разбере. На прифатен е пофлексибилно отколку на државен, но ако сакаш да научиш нешто од интерес и од задоволство тогаш на приватен повеќе можеш да научиш и на повеќе начини, додека на државните не е така.