Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ја вејке на приватен се знае те бива не те бива ке минеш...мене никој не може да ме убеди за ништо на свет дека на приватен учи...Абе сум видела луге книга не фатиле не знаат да ги прашашп како внатре изгледаат книги ке дипломирааат.....А и на државните не оти ги нема професори продадени души....али сепка не е како на приватните...
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Државните се каде каде попризнати тоа е факт, затоа што сите знаат дека на приватен не се учи! Ама па ако имаш врски и соприватен ќе те примат... Сепак вака регуларно, државните не за џабе се први на листа.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Јас сум за државни факултети. Во приватни се знае како е, не завршил само тој што не се запишал. 8) Вистина дека сега сите се признати и сакаат да се мерат до УКИМ на пример, но не е тоа тоа...Ама сега во мода стана да бидеш студент на ФОН, Европски...Имам чист пример со студенти што студираат на Тетовскиов или на Штул. Тоа нема врска со факултет, прават квизови, спремаат испити како за дете од 5то одделение. :?: Ама ќе завршат нели..Може на државен ќе се испотам да завршам,ама во нашава држава утре ќе се ценам повеќе од тој што завршил на приватен. Не е еден пример во весник во оглас кога некое претпријатие бара студент од државен, а не приватен факулет. А тоа дека ќе бидам сигурно вработена после завршување на приватен-ветер и магла. :!:
     
  4. Emi93

    Emi93 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    Јас би рекла приватен. Се извинувам ако се повторувам со некоја девојка, не успеав да ги дочитам сите мислења. Би рекла приватен заради следниве причини:

    1. Прво и најважно, заради односот на професорите кон студентите. Тие се скоро секогаш пријателски настроени, не се замислуваат дека се “богови“ како што прават повеќето професори на државните факултети. Тие се секогаш расположени да ти помогнат со консултации, имаат разбирање, човечки и фер однос.

    2. Кога станува збор за материјалот, не би се сложила со тоа дека на приватните не се добива никакво знаење. Книгите од кои се учи се исти, и за државен и за приватен. Материјалот е тој. Разликата е што на државните се учи се што треба и се што не треба. Што мислите, дека се што сте научиле на државен дека ќе има некаква корист кога ќе бидете вработени? Во заблуда сте ако мислите така. Мислам дека многу повеќе вреди практичната настава. И немојте да мислите дека не се паѓа на приватен. :)

    4. Кога веќе споменав практична настава, или пракса како и да е, тоа е уште една голема предност што на повеќето државни факултети сеуште ја нема. Барем во мојот факултет е воведена задолжителна практична работа. И, ако си доволно паметен/а да се покажеш во добро светло, голема е веројатноста дека ќе те задржат.

    5. Мислам дека се повеќе корумпирани професорите на државен, отколку на приватен. (не сме будали кај даваме толку пари годишно, да даваме и плус за оценка :D )

    6. Да, поскапо е, но барем немаме скриени трошоци како на државните. Уште пред да започнеш со студирањето, координаторите ти ги кажуваат сите трошоци (во случај да паднеш испит, библиотека и друго). Барем знаеш дека после нема да им текне за нешто друго да бараат пари. Е, сега, ако си финансиски способен да го платиш сето тоа, во ред. Ако не, поефтина варијанта во тој случај би бил државниот факултет. Исто така постојат и различни курсови по јазици, и ред други работи кои се вклучени во цената.

    7. Се работи во мали групи (од 20 до 30 студенти). Барем нема да се мачам да фатам место во преполн амфитеатар, и притоа да се напрегам да слушам што предава професорот.

    8. Прочитав дека некои го напоменаа и тоа дека многу полесно е да се најде работа со државен. Не би рекла така. Зошто? Затоа што полека работите се менуваат. Во поголемите и попросперитетни фирми почнаа повеќе да бараат студенти од приветен. Затоа што се работи со проекти, презентации и друг вид на активности кои на државните факултети не се овозможени. А од тука потекнува и поголемото искуство на студентите од приватен.

    Има и други причини, ама ме мрзи да мислам во моментов. :)
    Инаку студирам на Американ Колеџ, и сето ова го зборувам затоа што сум презадоволна од факултетот и можностите кои ги нуди.
    Леле каква промоција му направив на факултетот, треба да ми плаќаат за ова. :D :D
     
    На Tamiie718, anngelique и meandyou им се допаѓа ова.
  5. Emi93

    Emi93 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    А си била на приватен па да збориш? Зашто ги омаловажуваш приватните факултети, кога поим немаш како е? Ццц... :clap:
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Како прво сите имаме право на свое мислење овде.
    Како второ сум мој прв баратучек што живее кука до мене беше на приватен факултет не фати книга и сам си кажуваше а и домашните се залеа па дипломираше и сега е на висака позиција во општината.Абе ајде и го примаа само затоа што учеше на приватен факултет.И јас не ги омаловажувам приватните фаакултети.Само кажувам како е таму пошто знам.....
     
  7. Emi93

    Emi93 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    Абе тоа да, во право си за тоа дека иаме сите право на свое мислење. Ама тапа ми е пошо сите ги напаѓате проватните факултети, а со тоа на некој начин и студентите што студираат таму ги потценувате. :doh:
    Може на братучед ти не му се погодил факултетот, не знам... :worried:
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    А ти си била на државен, па да зборуваш?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emi93

    Emi93 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    16
    Не, не сум била, поентата ми беше дека немаме право да се напаѓаме. Нормално е дека секој ќе си го фали своето.
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Овде не е целта да ги фалиме и рекламираме факултетите или без разлика и другите работи ... :)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.947
    Допаѓања:
    81.257
    Пол:
    Женски
    Има некоја запишана на Архитектура и дизајн при UACS?
    Ми требаат некои информации, да ме контактира преку ЛП. :)
     
  12. LadyKx

    LadyKx Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Devojki dali znaete dali nekoj od privatnive fakulteti se priznava vo stranstvo?
     
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    6.487
    Пол:
    Женски
    -Разликата е во тоа што на приватен факултет ако си научиш, ќе си положиш а не како што има случаеви на државните факултети и да си научил професорот поради некои ( лични ) причини ќе те падне.
    -Исто така кога се закажани консултации на приватен факултет професорот мора да се појави на консултации а не да го чекаш 2-3 саати пред канцеларија.
    - На приватен факултет професорот не се однесува како бог и да не може со него да се направи муабет туку е секогаш тука да ти излезе во пресрет.
    - Поконкретно те насочуваат кон материјалот и не се учи се и сешто туку само тоа што стварно треба да се знае.

    Е затоа драги мои се плаќа 1000-2000 евра на приватен факултет, а не за да си ја купиш дипломата ! :) ;)
     
    На anuskaNESTLE, maryJ, Emi93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Да баш така, прво и основно е однесувањето на професорите према тебе. значи секој е сам свој газда, мислиш ко председател на државата да е, а само еден мочан професор е!
    На приватен ти го ценат знаењето, ако научиш, ке си ја добиеш заслужената оценка, тука на државен губиш воља и за учење и за се.. џабе ти е, оценката ти зависи од тоа на која нога е станат/станата професорот/ката
    И, тоа со чекањето, абе чекаш по 5 саата, за на крај уво да не го боли ти дали си од надвор длаи треба да патуваш или слично..
    Јас се заебав, само едно знам, кога ке имам дете никогаш нема да го носам на државен да си губи нерви и живци, крај краева, не дека факултетот е пресуден дали ти знаеш нешто или не или дали ке бидеш нешто или не..
    Какви живци изгубив од факултетот.. тоа не е можно
     
    На maryJ и Emi93 им се допаѓа ова.
  15. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    Neznam mene kako me informira kaza deka Kiril i Metodij strukite kako ekonomija,praven,medicina,i drugi ne se priznavat zosto vo stranstvo razlicno ucat,a ovie kako muzicko,likovno mislam deka se priznavat deka se strucni skoli kade e potreben talent i segde e univerzalna umetnosta.A isto taka poznavam edna zena koja zamina vo Avstralija imase medicinski fakultet i ne i go priznaa i pak morase ponovo da studira tamu.A ovie kako Fon,Evropski mislam isto taka ne se priznati.Mislam deka Amerikan Colege e priznat.Moze na internet da se informiras. ;)
     
    На LadyKx му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Има нешто кај нас што треба со тек на времето да добијат факултетите.
    Респект.
    Тоа е, сеуште потценувачки многу се гледа, ама и виновни се самите факултети, за да привлечат студенти често прават грешки. Се надевам дека ќе учат од грешките.
    Ама тоа е со се приватно кај нас, секогаш на се се гледа потценувачки. Приватизацијата ние многу лошо ја прифативме на почетокот. Така беше и со првите приватни болници, приватни банки, оператори, ма се, се отпочеток беше ууууууаааа :Down: државното е најдобро. Со тек на време се подразбира дека приватното е подобро од државното.
    Најдобрите факултети во светот се приватни како Харвард, Колумбиа, Принстон , Јејл ....
     
    На anuskaNESTLE, Oxymoron, maryJ и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Незнам дали е марфи или фактот што си на приватен, ама во набројувањето си ја испуштила точката под реден број 3. :rofl:

    Он: Во светот поценети се приватните факултети, што никако не е случај кај нас. Како прво во странство треба да се окозиш од учење за да уопште те разгледаат за прием, додека кај нас доволно е само да платиш и примен си. За стипендија да не правам муабет, било кој средношколец со 1 ден спремање за испитот може да добие стипендија за приватен факултет.
     
  18. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Со текот на времето сватив дека во нашата држава ретко каде се добива добро образование,дали било на државен дали на приватен...што мислите ако се набубаат лекциите и ако се положат тоа се луѓе со добро образование? не баш,повеќе од пола го забораваат тоа што го научиле.Порано било тешко да се заврши факултет,е тогаш било мачно,а во денешно време секој дудук завршува...нема ни пракса асална ни ништо...така да не се препукувајте за џабе кога и ваму и таму образованието е гола вода...се излегува од факултет не способен за работа,само преполнет со теорија...
     
    На hrcace, nela.oh и LadyKx им се допаѓа ова.
  19. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Многу погрешно си информирана, ФОН соработува со други странски универзитети така да ако не се признае оваа диплома-нивните партнери даваат друга од нивниот универзитет.
     
  20. elena55

    elena55 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0