Мислам дека не треба да се генерализираат работите дека државните или приватните факултети се лоши. Тоа варира од катедра до катедра, без разлика дали е приватен или државен.
Во врска со темава незнам дали го знаете вицов: Разговараат двајца колеги на државен факултет. Колега уште колку испити имате до крај? Разговараат двајца колеги на приватен факултет Колега уште колку рати за исплаќање имате до крај? Мое лично мислење е дека државните факултети денес се за нијанса подобри од приватните,од аспект на стекнување на образование и квалитети но,морам да напоменам дека воведувањето на новиот кредит трансфер систем го уништи нашето образование.Факултетите ја немаат повеќе истата тежина.нема критериуми, единствен критериум е колку ти е длабок џебот,.Секој втор се запишува на факултет и завршува. И едните и другите со пари ,разликата е во тоа што само едните повеќе другите помалку плаќаат.Се е за пари !Буквално имаме штанцање на дипломи,имаме продукција на квантитет но ,не и на квалитет! А добри и лоши професори има како на приватните така и на државните факултети,нема потреба од генерализации.Јас студирав на државен и супер си поминував со професорите никој од нив не се однесувал надмено и арогантно со мене,секогаш биле тука да ми помогнат,да ми објаснат,да ми одложат испит за некој ден,секогаш имале разбирање.Се зависи од личноста на самиот професор и неговиот пристап кон студентите.
бев и на државен а сега сум на приватен според мене приватниот е каде каде подобар сега до душа се изделкаа и државните како што слушам ама тогаш јас кога бев беше катастрофа за една оцена два месеци требаше да го бркаш професорот да ти даде оцена додека на приватните не е така имш број од професорот му се јавуваш и ке ти каже кога е на факултет за да дојдеш да си земеш оцена друго на државните ни се има случено и по цел ден да чекаш за да полагаш и дури попладне ке ти кажат дека испитот е одложен за друг ден затоа што професорот неможел да дојде а пак за потпис да не праиме муабет заради овие некои работи мислам дека приватните се подобри од државните
Здраво девојки, можеби прашањево не е за овде, меѓутоа сакав само да се информирам. Дали новинарските студии на Кирил и Методиј се признати во странство?
Мене ме интересира што мислите за МИТ Универзитетот, за факултетот за информациски технологии? Има ли некој било какво искуство од овој универзитет?
Знам еден и по цело време кажува како ќе оди на приватен, тој неписмен е, ни понашање ни ништо нема ама да не мислите нема да го заврши со парите од татко му
Значи, според мене е залудно тоа негативно мислење за приватните факултети, затоа што и на државните има врски. Плус, не се сите богаташи ако одат на приватни, затоа што се делат стипендии за деца шо стварно сакаат да учат. Јас сум на Висока школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје...навистина таа институција е малце позната, ама и професијата за жал не е баш ценета од младите. Она што сакав да го кажам конкретно за овој факултет е дека нуди многу поголемо знаење од државните без разлика дали е на КИМ или на УГД. Не дека јас студирам овде, но гледам реално како е. Како прво има многу практични предмети коишто на државните факултети ги нема, на секој распуст се оди на пракса и автоматски добивате искуство и препорака за работа, правите радиски, телевизиски прилози и онлајн аналитички статии па всушност додека да најдете работа ќе оформите и ваше досие, со ваши лични авторски новинарски трудови. Нема врска обемот на материјалот за учење затоа што теоријата и да е бескрајна, ништо не ви вреди ако немате грам пракса. Овде материјалот за учење не е толку голем како на Кирил и Методи ама е многу напорно и стварно треба да се трудите за да успеете. и навистина е глупо шо се напаѓаат приватните факултети, кој сака таму ќе си оди, ако може ќе си аплицира за стипендија и ќе си ја добие. И друго: без разлика каде и да сте завршиле, оценките се само на хартија, работодавците ќе сакаат да видат дела а не десетки или деветки за да пресудат дали сте компетентни за нивните работни места или не!
Па ко да има некои богаташи во државава, само некои што си замислуваат дека се, инаку сите исти се, вади ги парите и купи си диплома. Имам во фамилија што студираат на приватен и знам како е, таму и да сакаш да учиш програмата е за никаде. И на државен бараат врски, ама таму барем кој сака да учи квалитетно може.
Мислам дека нема потреба да хејташ, кој каде што си сака и каде што си има можност нека си оди. Зборувам за hrcace. И не можиш да кажиш дека се неписмени тие што се на приватен, можам многу добро да ти образложам и да ти дадам пример дека воопшто не е така, не велам дека НЕМА такви, но има и навистина добри, па дури и подобри од тие на државен, што мислиш тие на државен сакаат да си ја тупат главата од учење? Не па тие се тие, што едвај чекаат да им завршат маките.... И пак ке речам, не хејтај, ако те нервира неговото мислење дека ке оди на приватен факултет тогаш едноставно направи се дека не слушаш
Знам дека се неписмени повеќето таму и знам дека не учат од големи книги како на државен туку од мали текстови на линкови преку интернет од страни што сите можеме да ги најдеме Знам и дека некои професори им даваат од википедија да учат џабе се правдате. Не дека на државен сите се писмени ама поквалитетно образование добива тој што сака да учи.
^hrcace познавам многу паметни дечки што се на приватен и ако ги споредиме предавањата, вашите предавања се една голема нула. Ај те молам увери не како може да е подобро предавањето со 200 студенти во просторија со предавањето со 5-10 студенти?! Не е малку апсурдно? И плус кај вас се препишува нема до каде, во ова никој не може да ме разубеди. Со по 300 студенти во просторија, леле мори мајко! Кај нас со 5-10 студенти кога ке ти застане над глава дојди па препиши ако можеш! Друго кај вас се поминува со пари. Тоа е јасно како бел ден. Кај нас со пари во индекс нема шанси да поминеш, бидејќи како прво никој професор не се ни осмелува да земе и како второ ако земе ќе го избркаат од работа.
Најквалитетно образование (нели збориме за квалитет на образование) во Македонија се добива на државен, единствено на оние катедри со 10-15 (или помалку) студенти. Насоките со по 100-200 примени студенти се жива катастрофа, а дека програмата на приватен е мноогу слаба е жива вистина. Сега.. друго да кажеме ќе се лажеме.
Приватно си е приватно. Ќе добиеш и поквалитетна настава и повеќе внимание и се друго што фали на државниот. Да не се залажуваме самите Исто како и со приватните болници. Апсурдно е да се прави споредба, едноставно треба да се прифати фактот.
ТРЕТМАН да , лежерност и комфор исто.. Oбразование и настава поквалитетни - лажги со опашки. Споредбата со приватните болници вришти. И на државен состојбата е далеку од поволна, со исклучок на неколку катедри, веќе спомнав погоре. И треба секој малку објективен да биде. Не е работата само 'јас каде што одам, таму најубаво е'.. Толку не ги согледувате недостатоците на нештата што ве опкружуваат?
Чекај јас уште не знам кај ќе се запишам. и не одрекуваш дека од википедија ви даваат да учите. епа јас во такви факултети што им даваат од википедија да учат немам верба. Мајка ми ми спомна нешто за приватен ама јас не сакам. ако можам да влезам на државен, таму ќе одам барем нема да ме зборуваат како сум неписмена и немојте да ми се нафрлате јас само си напишав мое мислење и тоа што сум видела од роднини што учат на приватен и на државен.
КОЈ УЧИ, ЌЕ УЧИ И НА ДРЖАВЕН И НА ПРИВАТЕН - КОЈ НЕ УЧИ, ЌЕ ТУРКА И НА ДВАТА. Ако учите на државен, супер за вас - ако учите на приватен, исто супер за вас. Секој има најубаво мислење за својот факултет колку и да придонесуваш "докази". Никој не треба да суди, освен ако ги искусил двете страни.