википедија? ох леле мори мајко....не знам кој прост народ шири вакви глупави муабети! Јас лично сум запишана на применети странски јазици и пола од книгите ми се од Cambrige и Oxford, а за другите насоки не знам, а и не знам кој е тој професор што би дал 3 страни за учење и тоа од Википедија бе!
Не е Cambrige туку Cambridge. На странски јазици си и не смееш така да грешиш. Такви скрипти даваат тоа сигурно го знам зошто сум видела два примери тој не ви вика нормално, ова е од википедија ама истото што го има на википедија е и во учебниците видено е веќе и студентите знаат ама така им чини. Ама ајде да не спомнувам сега примери си ги знаете вие јас не велам дека на државен нема такви што не учат и поминуваат и не велам дека сите вие на приватен не сакате да учите ама програмата е послаба па сега тоа. А и не знам ти на кој си запишана затоа многу нема да ширам
Тоа е исто ко да споредуваш злато и бижутерија, имам доста пријатели кои завршија на приватниве, и не може бе, никој не може да ми каже каде се вложува повеќе труд и каде се стекнува повеќе знаење. Ваму се трудиш да си добиеш диплома, ваму ја купуваш, и немаш лутиш, не за џабе има по огласи по можност да не е од ФОН или Европски!
Па не сакам приватни, никој не ги поштува дипломите. И кога ќе треба да се вработам, може дипломата да ја закачам во веце како инспиративно дело. Не дека ги вреѓам оние на приватни факултети, не дека на државниве пукаме од знаење, ама неможе мојата десетка со нивната. Неможе некоја 3 година ме прашува што е морален хазард? Или знаеш, или не знаеш. Неможе ја да учам 200 страни за колоквиумска за предмет , а они 20.
Оф кога ќе почне некој да ме убедува дека на приватните било потешко или повеќе се учело од државните НЕ ме зезај! Да разјасниме никој не вика дека сте глупави вие што сте се запишале на приватен, далеку од тоа, ама да ме убедиш дека е потешко или повеќе се учи нема никогаш. Како прво таму се плаќа и сигурно нема да ве буткаат по 10 пати, како што прават кај нас без да им чуе. Океј, сум слушала и што паѓале на полагање ама еднаш, следниот пат положува без проблем. Имам другарка што е на приватен и од тоа што она ми го кажа.. Абе мислиш во основно.. Кај се видело да прашаш професор дали следниот испит ќе е полесен, јас да влезам да го прашам така на пример Драги Јанев ќе ми рече аха, за две години дојди полесен ќе е. Не, никој не ме убедува дека е потешко. Да, помалце сте во група, ние сме 300 души, океј ама јас колку што научив кај Таки Фити, а и сите мои колеги никој толку не научил економија, и тоа не дека јас сум препаметна, туку затоа што човекот е злато и предава ненормално добро и во амфитеатар со 300 души. А да и ова за препишувањето.. Да затоа што кај нас (на државен) е мноогу лесно, и се препишува до немај каде, казната е година ипол НИШТО да не полагаш. Да слушнам, вие колку не полагате ако ве фатат да препишувате? Плус, диплома од приватен и диплома од државен не се споредува, секаде предност имаат државните. Нека не се навреди никој, ама ова е моето мислење и не го менувам за ништо на светов.
Ме интересира дали на приватните факултети е потребна државна матура за запишување како што е на државните ?
Јас колку што имам слушнато од мои другари што лани се запишуваа на државни им рекле дека и да немаат положено државна еден предмет пример може да се запишат
^Ја ко што знам државната мораш да ја имаш, 2 екстерни. Мислам дека 2 интерни не е задолжително за приватен, ама не сум сигурна.
Од вакви размислувања за приватните факултети си мислев дека којзнае колку е лесно и немав намера да се запишам. Откако добив целосна стипендија на ФОН, најнормално си ја прифатив. Моите очекувања се судрија со реалноста која е многу поинаква од коментари кои доаѓаат од луѓе кои никогаш не учеле на приватен универзитет. Ни парите ги оставам, ниту имам корист да лажам ама образованието кое јас го добивам е доста квалитетно, а професорите се повеќе од квалификувани за тие позиции. Ние сме 10 во група и не може никој на светот да ме убеди дека на државен факултет каде што не можат да го слушнат професорот што зборува се стекнуваат со подобро образование отколку тука, каде наставата е интерактивна, постојано се работи со студентите, нема шанси да не следиш што се работи на час бидејќи си самиот на секој можен начин вклучен во предавањето. Додека мои познаници се жалат дека не можат да ги најдат професорите, ние можеме во секое време да комуницираме со нив, толку се ентузијастички настроени кон се, едноставно немам еден лош збор за ниту еден од нив. Друго, што слушнав за системот на државните факултети е дека полагаат на заокружување, професорите не ги прегледуваат тестовите, тоа оди електронски. Според мене тоа оценување е нереално, а тој начин на тестирање е погрешен. Не знам дали некој може да си купи диплома, но ако може да се купи на приватен, сигурно дека може и на државен - и тоа најмногу ме нервира, ќе бидеш некој ден ставен во ист кош со некои што името не знаат да си го напишат, ама овој проблем е многу подлабок и треба да се разгледа од друг аспект. Што е битно на денешно време каде си завршил? Ако сакаш и на месечината заврши, ако некој реши дека нема да најдеш работа - нема. Тоа е тоа. Во главни црти, немојте да ги оцрнувате приватните универзитети. Не знам како некој воопшто може да зборува нешто што самиот не го искусил. Само тие на државен учат, другите си свиркаат и така си завршуваат. Абе, ајде! Имам познаници кои се жалат од државните и преку глава им е, ама дури се шират невистини, ќе има и такви што ќе веруваат во истите. Кажувам бидејќи и јас самата верував, пред да се уверам во спротивното. Немам намера никој да убедувам, само си искажувам мислење.
истиот случај сум и јас! стипендист на Фон Универзитетот, да не се повторувам, го потврдувам мислењето искусено на моја кожа. после положени 35 испити за прв пат паднав на колоквиум на Фон мислејќи дека ќе поминам така лесно, меѓу другото морам да имам просек над 9 за да ја задржам стипендијата.. Секако морам да сум редовна, активна, да улествувам во сите проекти (кои ги има во сите предмети) плус да презентирам и солидно, многу солидно да ги полагам колоквиумите. Па кој сака нека вика, вака или така е.. може јас сум една од неколку такви кои сакаат да стекнат знаење поздрав
Со сигурност на државните факултети...другото се само парите.... да бираат на пример во банка меѓу еден од државен и еден од приватен факултет за вработување, дефинитивно би победил тој со државниот факултет
Дефинитивно многу поголем квалитет има на државните факултети.Не сакам никого да навредам,ама не може да се споредува знаењето на студент од државен кој за одреден испит полагал 300-400 стр. и студент од приватен кој истиот предмет го полагал на 50 стр.Секаде низ светот приватните факултети се синоним за квалитет и ретко кој има можност да студира таму( не само поради финансиски причини),а во нашава земја ситуацијата е обратна.Факт е дека и таму има деца кој што имаат желба за учење и амбиција да постигнат нешто повеќе во животот,но сепак државен факултет си е државен и е многу пореспектиран од било кој приватен факултет во државава.
Јас сум за државните факултети.Приватниве се за нигде,професор завршен во приватен факултет не може да му просперира на професор завршен во приватен факултет во ништо,ниту во знаење ниту во методика..Ете толку од мене
Секој има различна перцепција за тоа што и колку е тешко, тие што се на приватните можеби и тоа им е тешко. Јас завршив на државен и неможе никој да ме убеди дека на приватен било тешко, мислам да не се лажеме. Е сега да дипломите од приватните не ги важат секаде и не ги фермаат баш многу многу, ама реално гледано голем дел од тие што се запишани на приватен веќе имаат врски каде што ќе се вработат откако ќе дипломираат и не се замараат со тоа дека дипломата им е само едно обично парче хартија. Ама претпоставувам дека има и исклучоци, само што јас на такви немам наидено досега.
Гласам за приватните. Мое лично мислење. Јас сум на приватен факултет, каде што има многу квалитетна настава, па мислам дека тоа што таму го научив никогаш не би го научила во амфитеатар, каде има 300 студенти, професорот зборува колку само да помине предавањето и да си испие кафе. Во приватните се помали групи, каде на секој одделно им е посветено внимание. Интеракцијата професор-ученик е многу на повисоко ниво. Не одрекувам дека испитите на државен факултет се многу потешки и дека многу повеќе треба да го загрееш столчето за да положиш, но кога ги гледам сите тие учебници од државните факултети по 700 страни, каде има мал милион детали кои никогаш нема да ги примениш ни во животот, ни во работата, а сепак треба да ги учиш. Под ова да ги учиш, не мислев со бубица да го положиш испитот (што за жал на голем дел студенти им е единствен излез). Имам колеги кои од истите причини од државен се преместиле на приватен. Гледам повеќе иднина во приватните, бидејќи колку-толку, се трудат да ти помогнат да најдеш работа (барем на мојот факултет), те учат на сите работи што ти се потребни, па не те замараат со детали. Праксата е многу битна, во еден семестар на пракса одиме просечно во 10тина фирми и повеќе, па подоцна остануваме кај еден ментор и нареден семестар одиме само таму, во зависност од тоа кој модул ќе го избереме. Тоа го нема на државните, џабе сите пари фрлени по бубици (секоја чест на исклучоците) кога немаат ни една седмица поминато во работа. Знам дека ќе речете, ако имаш 2000 евра, давај, но барем сега има премногу поволности на факултетите со стипендии и триста други работи. Само мала информација - некои од професорите се доктори на науки, некои се од државни факултети, па ни ги кажуваат искуствата кои ги имале, па не сакаат истото да го применуваат кај нас, а некои се од приватни факултети. Многу дискутабилно е кога се работи за образованието, искуството и однесувањето на професорите во различни факултети. Сите факултети си имаат различни политики. Тоа е моето мислење. Не знам колку ќе се согласите.
потполно се согласувам... Додека јас глава тупев со илјадници-илјадници страни.... некој само со 50 страни поминуваше.... Разликата е огромна Сите кои не успеале на Државен се запишале на Приватен и завршиле т.е. се знае кој е помалку писмен оди на приватен..... секоја чест на исклучоците кои се ретки... ама нека ми простат оние кои се на приватниве ама све некако ко ќе ги видам тешки дебилитети се со полн џеб и празна глава(сепак има и исклучоци)
Јас завршив на ФОН,и кој што сака нека зборува ама тој што е од таму си знае како си поминал и дали со парите си ја купуваш 6та,како што се изнацитав тука мислења и мал тон на глупости за приватните универзитети. Признаени се дипломите колеги мои магистрираа на дел од европските ДРЖАВНИ универизтети,така да не се тешите се глупости,кој учи секаде ке учи,и за вработување нема врска од времето пропаганда што се ширеше као не ги вработувале од приватните....алоо свестете се и на крај краева ретко кај успеваш да се вработиш ако немаш врски или партиска книшка,а за приватен или државен универзитет мање више.