Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    јас би препорачала да си го згрејте столчето и за работа и за учење и да не гледате во туѓ двор туку гледајте си за себеси.

    она што фрустрира е дека оние што се завршени а немаат работа плукаат по приватните универзитети и како сите биле дебили или незнам што. и да е така што е битно, зар не знаеме и на државен колку дебили завршиле? треба луѓето да се натпреваруваат а не факултетите. и препорачувам малку да го отворите умот бидејќи работите не се како што беа ... и на државен не е толку сјајен, ќе го земам за пример правен колку илјадници правници има секоја година? како се полагаат испитите, со заокружување? како ќе биде тој правник способен утре на ораторски вештини ?

    јас покрај еден државен завршив и на фон и пред некој ден чекав една професорка и присуствував на предавање.и знаете на што личеше? како во средно, мала училница и професорката предава и е интерактивна со студентите на секои неколку минути им поставуваше прашања поврзани од тоа што учеле од претходно и ги тера да размислуваат и на нови теми. искрено ми се допадна.

    а од такви стереотипи дека на фон сите се дебили мене денес ми е срам да кажам дека сум завршила и таму макар што убаво се испотив и ме кутнаа неколку пати :D

    и уште едно прашање а кај тоа има испит од 50 страни? еве јас на правен имав по цела книга мин 300 страни 24 испити...

    како и да е се е до луѓето бидете самоуверени и спремни со знаење друго ништо не е битно...
     
    На SexiLy, Hipster, Responsible и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Имам едно битно прашање. Дали некој знае кои од приватните универзитети кај нас имаат меѓународно признати дипломи или нема ниеден таков??
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Дефинитивно државен факултет...овие приватниве факултети ти се исто као и приватниве болници,си плаќаш и си добиваш услуга :D
     
  4. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    A според тебе каде добиваш подобри услови во државна или во приватна болница?
     
    На RiRii, meandyou и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  5. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Штуловиот универзитет има меѓународна диплома
     
    На HplsRomantic и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку неинформирани луѓе постојат и да прасуваат дали на приватните им се признати меѓународно дипломите,тоа на времето беше пропаганда од државниот,како не биле признати,па вработување нема да најдат од приватните...приказни за мали деца...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Па фала богу дека во приватна.....изгледа дека не ме сфати што сакам да кажам,мислев на тоа дека приватно си е приватно дека ке си платиш и ке си ја имаш дипломата,а за на државните има да се ококозиш богами.
     
  8. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Штом не знам нешто не ми е срам да прашам информирана девојко... И ако не си знаела на некои универзитети не им се признати дипломите надвор од државава, или подобро речено не им се вреднувани. Ама претпоставувам го знаеше тоа веќе нели поради твојот широк спектар на информации ;)
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Да не се залажуваме сега, знаеме како стана образованието, ниту државниот универзитет не е како што бил пред 10-15 години. Кои се имаат завршено на државен не се ни дискутира. Очигледно ти си на државен универзитет и сеуште ги имаш тие стереотипи и предрасуди дека на приватните универзитети само се спие и ужива. Еве јас сум на приватен и еве те поканувам да дојдеш на барем едно предавање, на една презентаиција и на еден колоквиум па да видиш како е. Колку само да знаеш, најдобрите универзитети во светот се приватни(кембрич, хардвард, оксворд и др.)
     
  10. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба д аправиш разлика помеѓу приватен универзитет и приватен факултет или академија....гледам некако не ги согледуваш разликите..па ако нешто не ти е јасно слободно обрати ми се јас несебицно ги споделувам моите информации ;)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Jaс мислам дека само некој кој имал искуство и студирал и на државен и на приватен може да дискутира каде е подобро и каде е поквалитетна наставата. Од муабети и туѓи искуства не можеш да знаеш.

    Јас нема да ги напаѓам приватните затоа што и додипломските и постдипломските ги имам завршено на државни факултети и не знам. Не сум човек кој носи заклучоци на слепо и на чуено недочуено. И ќе им кажам нешто на тие кои ја напаѓаат наставата и знаењата кои се постигнуваат на државните факултети. Не знам, можеби сум налетала на две такви посебни катедри, но ми се погодија и на двете места професори кои и те како си ја знаеја работата, кои беа пребогати со знаења, кои беа вешти часот да ти го направат на толку високо ниво да заборавиш дека седиш во стара просторија без парно со по некое скршено столче. Сега од поглед на административни работи имав поплаки и на двата факултети, но најважното е знаењето и интелектуалното богатство со кое ќе си заминеш оттаму. A си заминав со многу од тоа.
     
  12. LogicalNonsense

    LogicalNonsense Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Јас кога требаше да се запишам на факултет реков државен и ништо друго не сакам да одам на приватните и да чувствувам како 5годишно дете во градинка. Е арно ама, тоа што јас сакав да го учам го немаше на државните факултети (барав нешто од областа на применета уметност). На ФОН имаше Факултет за дизајн и мултимедија и по долги размислувања се одлучив да одам таму на отсек моден дизајн ама со голема доза на скептичност. После првиот колоквиум можам да кажам дека мислењето за приватните универзитети ми се смени за 100%. Да се разбереме, зборам само за мојот факултет а не за останатите на ФОН. Предавањата секогаш по распоред и на време, и што е најбитно Професорот доаѓа а не некој незаинтересиран асистент. Добив големо практично знаење. Професорите се вистински професионалци во својата област. Јас сум во класата на Александар Ношпал и да ви кажам дека човекот дава премногу знаење. Не е точно дека таму се паѓа само по скали, има куткања и те како. Пак ќе речам не зборам за другите факултети зборам само за мојот. Сум поминувала по цели вечери без спиење за си ги завршам обврските.

    И да додадам, да не плукате само по приватните универзитети. Не е точно дека ја плаќаш дипломата. Плаќаш фер однос од страна на професорите и целиот персонал, штедиш километри во бркање на професорите по оцени, хигиена и слично. И на државните можете комотно да ставите 500 евра во индекс и да поминете. Битно е колку способни ќе испаднете од факултет и колку ќе бидете способни да се снајдете во вашата професија.
     
  13. Anuv4e-too

    Anuv4e-too Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Девојки, не знаев каде да прашам па решив тука! :P Дали знаете кој предава по екологија или биологија на ПМФ-природно математички факултет? :^) Многу ми треба фала од се срце :inlove:
    Ииии да не заборавам дали знае некој можеби кој ќе биди во комисијата за натпреварот во Народна техника која ќе се одржи во Пробиштип по екологија :D Помош, му треба на мојата ќеркичка :) Ве моламм!!! Поздрав
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја запишана на Американ Колеџ?
    Ми требаат некои информации, нека ми пише една ЛП. :)
     
  15. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Може некој да ми каже колку е приватна годишна партиципација на правен/економски/филолошки факултет (У. Кирил и Методиј) :!:
     
  16. NikiTheGamer

    NikiTheGamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Колку што знам со кофинансирање е 400 евра по семестар (освен ако не измениле нешто во меѓувреме)
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на приватен е многу потешко бидејки таму сепак плајќаш некоја сума повеќе отколку на државен а ретко кој би сакал така да му пропаднат парите па си учи... Инаку оваа ми е глупо воочување ама сепак е нешто. Инаку не сум искусна во тие работи сеуште. :P
     
  18. hiddengirl

    hiddengirl Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Дефинитивно државни факултети, приватните само ѓи сакаат твоите пари а не го добиваш знаењето како на државните.
     
  19. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Е, гледате, на приватните универзитети им се обрнува повеќе внимание на студентите. Ако не оди, професорот работи со два-три студента. И, бидејќи таму многу полагаат на академско пишување, дипломираните студенти обично знаат дека не се вели: ПОИМА НЕМА (нема поим, или, ако баш сакате народски - појма нема), нитипак (ниту пак), годинава (како прилог за време е или годинаава или оваа година). Потоа, ако цитирате дкеа е забрането за дипломирани на ФОН, цитатот треба на некој начин да се означи и не се почнува реченица во ваков случак со „Бидејќи“. Ете, гледате дека и на УКИМ има неписмен свет што ќе дипломира и, жали боже, ќе му конкурира на некој вистински интелектуалец, без разлика од кој универзитет доаѓа.
    П.С. Не дипломирав на ФОН, туку на УКИМ. Немав пари да платам ниту еден испит, а и да имав, немаше да платам. Не предавам на ФОН, ниту имам некого кој студира на ФОН, па да си ги бранам интересите ...
     
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Државна квота е 200 евра, а приватно е 400 евра.

    И јас повеќе ги ценам државните факултети. Мислам дека некој што си учи, и кому му е до учење нема да плеска толку пари на приватен. Има и исклучоци, секако, ама ретки се. Се знае кои одат таму. И на државни има подмитувања и секакви глупости, не па таму.