Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    ТАМУ нема потреба од подмитувања. ТАМУ школарината се плаќа. Никаде не се плаќа два-три пати иста работа. На УКИМ школарината се плаќа помалку, ама испитите се доплатуваат и се потсилуваат со силни телефони. Кој плаќа екстра - плаќа, кој не плаќа екстра - не плаќа. На приватните корупцијата не е потребна. Таму СЕ ПЛАЌА за студирање. Едно е вистина: обично студираат или оние кои имаат пари (а имаат тие доволно при да ги потплатат и на УКИМ, ама таму никој нема да им обрне доволно внимание, зашто има многу студенти), или оние кои освоиле стипендија. Ај објасни ми, те молам, зошто еден ист професор кој предава и на УКИМ и на приватен, на УКИМ е неподмитлив, карактерен и извонреден стручњак кај кого сака ЗНАЕЊЕЕЕЕ за да се положи, а истиот тој професор на приватен одеднаш станува подмитлив, непринципиелен и слаб стручњак, професор кој од ракав дели дипломи? Како настанува таа трансформација? И тоа секојдневно и наизменично: вака ваму, онака онаму.
     
  2. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Џабе препукувања и дебатирање...нели учиме факултет за да се запослиме, можеби некогаш се знаело државен е државен и тоа е тоа, но денеска нема врска кој факултет имаш завршено ако имаш врски, така да сеедно што ке завшиш. Знам икс личности со приватен кои работат по државни институции и икс кои се незаполсени со државна диплома (секако и обратно). Утре кога ке завршиме факултет и ке седнеме на работно место со некој колега од различен универзитет во ист кош ке сме, никој нема да ме глорифицира таму ако имам завршено државен факултет. Сума сумарум сеедно е каде ке студираме, кој е подобар кој полош универзитет.
     
    На Aryana и Aniston им се допаѓа ова.
  3. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Убаво размислување. Важно е кој колку знаење има. Токму така - ќе работите заедно и нема логика да се навредувате околу тоа кој каде дипломирал. На крајот, таму секако ќе се види кој што научил.
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    А бе сега како што дојде и на државните и на приватните има и деца што учат и знаат и деца што не знаат.
    Шо кога сум на државен, и кај мене имаше бубалици научи денес напамет заборави уште утре. Ама бар на државниот (за УКИМ мислам) имаат некои општи познавања, на приватниве ептен и шуто и рогато се изназапиша.

    Скоро правам муабет со другарка шо заврши на приватен и викам
    -Цуци немој да се лутиш ама ете јас да сум газда не би примил некој од приватен факултет на работа кај мене
    - Да се лутам?? Јас завршив на приватен, знам како иззавршвме повеке од пола, и јас да сум газда на фирма и јас од приватен нема да примам не ти .

    Јас завршив на државен и не се каам. ННикогаш не сум можела да ги сватам лугето кои немаат мн пари а инвестираат во школување на приватен факултет. Во најдобар случај студент од внатрешноста да дојде да студира во Скпје на приватен ке потроши 12 000 евра (ако седи у студенстки дом). Е па ако сакаш да си фаца, додај уште 3-4 000 и оди заврши факултет во Германија на пример.
     
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Со приватен имаш платена диплома сметана за хартија на последно место од списокот за вработување. Незнам зошто толку пари да се трошат на приватен кога никаде не би те вработиле со тоа. Повеќето на приватен се оние кои имаат пари да им го завршат факултетот. И потоа којзнае каде и како :lol: (освен нели ако имаш луѓе таму каде што ти треба). Јас се запишувам на државен со гордост, а за на приватен никогаш не сум ни размислила, а да бидам реална, имам пари и два приватни да завршам но што кога знам дека една диплома од државен е повредна од било колку на приватен.
     
  6. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Па, зошто тогаш другаркати воопшто конкурирала некаде, ако мисли дека е нестручна и дека и ги подариле оценките без знаење на приватен ? Или секогаш ние сме си ги заслужиле, а на другите им се подарени? Првиот дел ти е пологичен: има деца што учат и знаат и ваму и таму. Со тоа се согласувам.
     
  7. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Тажно, ама ако одиш надвор со дипломата на УКИМ, пак ќе дополагаш за да ти го признаат фкултетот. Ако имаш толку пари, оди на некој државен што се признава во светот. Не го потценувам јас. На УКИМ дипломирав. Затоа и знам дека од УКИМ не им ги признаваат дипломите без дополагање, а од Словенија, на пример, ги признаваат. Немој да се лутиш за потценувањето. Исто така како што ти ги потценуваш приватните универзитети, така и тие таму го потценуваат УКИМ. А да се обидеме да ги вреднуваме стручњаците според стручноста, знаењето и способностите, а не спрема тоа каде дипломирале?!
     
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Јас зборував за во Македонија а не за во странство како и дали се прифатени. Никој ништо не рече за во Словенија, Франција или незнам каде. Јас кажав тука како е,за таму не знам. А и не ме ни интересира, пошто планирам да си останувам тука.
    Исто така, знам дека државниот не е прифатен во други земји. Да отидеш во Америка со Електро, ќе бидеш чистач на тоалети (така е зборот). Тоа ми е повеќе од јасно. Но дали приватниот е прифатен во другите земји незнам баш. Тука не е прифатен како што е прифатен државниот а не па... Нема веза, немам информации за приватниот наш во други земји но не верувам дека е прифатен надвор од државава.
     
  9. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Е, сега, не знам колку може да се одржи некое ниво со дисперзираниве студии. И тоа е прашање за дискусија. Ако ти се допаѓа да студираш на државен, тогаш е нормално да студираш таму. Само, некој може мисли поинаку. Сака да студира во помали групи, професорот да се консултира и да ги усогласува интересите со групата кога им одговара да имаат консултации (особено кај менторскиот ситем и изборните предмети), кога презентации тн. И мене ми беше зборот дека треба да се гледаат способноста и знаењето, а тоа може да се види ако дипломираниот почне да работи. Ако нема работа, ниту оној што завршил на државен, ниту оној што завршил на приватен нема да добијат прилика да се покажат.
     
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Епа види, секако дека знаењето,праксата,предавањата не се исти,подобри се на приватен тоа сум свесна а и можеби имаат некое поголемо знаење или подобро сваќање на тоа што го учат. И на државен се учи тоа мислам сите го знаеме. Да беше приватниот прифатен подобро од државниот,сите ќе одевме на приватни. А дека се подобри приватните за студии и се'....се подобри. Но шо е џабе,џабе е. Џабе толку пари ќе даваш кога со приватен факултет си ставен на последно место од тие што ти се конкуренција со државен на листата за некоја работа. Дали се разбираме? :D
     
  11. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    И тоа варира од газда до газда, од фирма до фирма. Знам доста стипендисти на невладини кои студираат последипломски на програмите што ги нудат приватните. Не знам зошто не би вределе и не би се вреднувале студиите по моден дизајн на еден Ношпал (ФОН) или Никола Ефтимов (Евро-Балкан) ? Ако тие се некако вреднувани во некоја област, зошто нивната школа не би чинела? Јас веќе реков дека имам дипломирано на УКИМ и секако не ми е цел да си гообезвреднувам универзитетот, со тоа и дпломата, секако. Само се обидувам да размислувам на оваа тема без предрасуди . :)
     
  12. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Сега како што има факултет на секое ќоше, СИТЕ се на факултет запишани.. така да има единична поделба - богатите на приватен, сиромашните на државен. Поделба на стручно спремни дипломирани и дипломирани ради реда ке нема, жал ми е. Но, ке има поделба на - вработен со врски и мито, невработен со чесност. Така да, користете си ги безгрижните години на факултет каде и да сте, и гледете да закачете некоја врска за вработување..
     
  13. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Приватен. Затоа што нуди подобра програма, најчесто и пракса, а професорите (најчесто и повеќето, секогаш постојат исклучоци) имаат коректен однос кон студентите. Не го поддржувам мислењето: „На државен повеќе се учи.“ И што ако се учи повеќе? Не е поентата да се убиеш од учење, туку да НАУЧИШ. На државните факултети програмите се застарени и се учат многу непотребни работи, професорите се искомплексирани, а приватните не го тупат до толку, само треба да си го научиш тоа што стварно ке ти треба за понатаму. А тоа дека на приватен си ја купуваш дипломата, што да не е така и на државните? И таму има многу со врски што поминуваат. Не сакам да напаѓам никого, секако дека секој си знае што е најдобро за себе, ама според мене лично, мислењата дека приватните не ги бива, се многу застарени, а богами и многу од луѓето што ги искажуваат таквите мислења си лечат од комплекси дека таму идат богати (не се однесува на коментарот од горе на Анистон) или зашто нивните немале пари да им обезбедат нешто боље. А и знам многу луѓе со приватен што завршиле и што си нашле работа и што успеале многу повеќе отколку некои што завршиле на државен. Кој сака да си учи, ке си учи кај и да се запише. А во секој случај, денес не е битно кај си завршил или колку знаеш, туку колку јаки ти се врските, ако воопшто ги имаш.
     
    На vvendetta, philip и Lina24 им се допаѓа ова.
  14. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Не е така во никој случај. Да не се правиме луди, и сама викаш тоа основното што ни треба го учиме. Па тоа во суштина и не е знаење за некој со диплома. Ама такво е образованието денес, на жалост.
     
  15. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Колку пати имам слушнато муабети од студенти на државен за тоа како нивните книги биле 700 страни, а на приватен биле со 200 помалце.. Така што не би рекла дека само основното се учи. Ти можеш да си го учиш само основното и на државен, ама прашање е дали тоа ке му одговара на професорот ;) Која е поентата да учиш 700 страни, ако за твојата професија ти се потребни само пола од тоа? Ама да, за жал така е кај нас, се учи за да се положи, а не за да се научи нешто всушност. Секако дека секој ке си го брани своето, јас не викам дека државните не ги бива, ама има доста работи за кои приватните се во предност. Само штета што кај нас има сеуште застарени мислења, па младите идат по туѓ памет.
    А што се однесува до професорите, сите мислат дека е во ред да те тренира некој на издржливост, ама од сите приказни што јас ги имам слушнато.. Не би рекла дека се работи за тренирање издржливост, туку за многу некоректен однос од страна на професорите и асистентите.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^ Аман бе , јас завршив на државен , кој тренинзи , кој чуда , јас супер си поминав не сум наишла на некоректен однос , професор никогаш не сум чекала оти сум идела во приемно време не кога мене ќе ми текне .
    Сум си добивала оцени според заслуженото . И воопшто програмата не беше застарена , учевме по најнови книги на англиски , работевме групни проекти , вежби .. Со еден збор факултетот ми беше убаво искуство , е да сум чекала на студентски ама тоа е 2 пати годишно де :lol:
    Разликата беше само што требаше да седнам убаво и да си научам , а што ми е друго работа како студент ?
    И нема материјал кој не е потребен , не знам која ви е потребата се да ви биде скратено и изџвакано , академски граѓани се жалат имале многу странци за учење |( Па целта треба да ви биде да научите колку што може повеќе не само основното ...
    И дај престанете со тоа дека искомлексирани биле на државните оти немале пари , јас можев да се запишам каде сакам ,го одбрав УКИМ бидејки е факултет со традиција , не може да речете дека факултет што сега никнал е подобар од некој што постои со години без разлика дали е државен или приватен ..
    Крај краева знаеме колку дипломата не битна денес , зошто да инвестирате толку пари во нешто што нема да ви се исплтати во иднина ? Нели тоа е целта на една инвестиција ... Немојте со тоа програмата е подобра НЕ Е , сакате послесно да поминете . Тука не ги вбројувам оние кои се со стипендија
     
    На Deniel23, malecka91 и Daydream им се допаѓа ова.
  17. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Не е поентата полесно да поминеш, поентата е да го НАУЧИШ тоа што стварно ти треба за твојата професија, а не да учиш нешто повеќе од тоа, што и нема да ти треба, само затоа што така смета професорот или од не знам која причина. И не реков дека сите се искомплексирани, туку дека постојат и такви. А од каде знаете дека програмата е полесна? Никој не отворил книга за да провери, туку сите слушаат што кажал некој па ајде да, така е, на приватните е полесно. И да е полесно, тоа е така затоа што не го тупат со беспотребни работи. Ти ако сакаш да учиш, ке учиш кај и да се запишеш. И не знам од каде тоа дека приватните се лоша инвестиција, никогаш не сум сретнала таков пример, баш напротив, лично знам луѓе што имаат многу успеано благодарение на можностите што ги нуди факултетот. А ако гледаме на тоа дека на приватните сакаат “полесно да поминат“ (што секако постојат и такви, ама реално ги има и на државен, дипломата се купува секаде), тогаш слободно вие што сте од државните убијте се од учење, па кога вие и некој што завршил на приватен ке ја земате истата плата, слободно честитајте си за вашата издржливост и според мене, џабе поминат потежок пат. Пак ќе си кажам, не ми е поентата да ги напаѓам тие што се на државен и да им солам памет дека направиле лош избор или пак дека приватните се боље од државните, туку сакам да насочам на тие застарени муабети и стереотипи за приватните факултети. :)
    @mimiiiii целосно се сложувам со тебе дека на студентот му е работа да седне и да си учи, само сакам да кажам дека има и студенти што баш и нема да седнат да учат, па место да признаат дека не го направиле тоа, полесно е да си кажат дека негде е полесно, а дека они го избрале потешкиот пат, кога всушност самите тој пат го прават тежок. Учење повеќе никогаш не е на одмет, секогаш треба да се учи, а под „беспотребни работи“ подразбирам на пример, еве јас во средно решив да идам на пма, и зошто да учам филозофија кога мене тоа воопшто не ми е поврзано со професијата? Такви случаеви има и на факс, тоа ми е муабетот :)
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Колегата дал 8000 евра за партиципација ,што да му честитам :D Со 8000 евра бизнис можеш да почнеш :D
    Искрено јас не се убив од учење , учењето не ми е некоја тешка работа , за тоа сум запишала факултет Ништо не се очекуваше од мене туку да си ги положам испитите, се намачив малку оти сакав просек ама тоа беше за моја лична сатисфакција.
    Значи секој може да научи без разлика дали е на приватен или државен , зошто да фрла пари :?:

    А не можам да разберам студенти кои ги задолжуваат со кредити родителите да се запишат на приватен :fubar:
     
  19. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Мило ми е што факултетот ти било убаво искуство, еве јас на пример повеќето што ги знам, повеќе ми се имаат жалено за тоа колку им е тешко и дека немаат живот, отколку дека го сметаат факултетот за убаво искуство. :D
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Кога ќе завршите и ќе погледнете наназад на сите ќе ви биде убаво искуство ;)

    Камо животот да беше толку лесен и безгрижен и единствената обврска да ви биде да научите за испит , да однесете семинарка ,да одите на вежби и да си пиете кафе со колешки и колеги после предавања :D А и јави се на мама - прати пари :rofl:
     
    На Freya123 му/ѝ се допаѓа ова.