Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    367 глас(а)
    28,0%
  2. На државните факултети

    944 глас(а)
    72,0%
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Freya123 можеби на државните не цветаат ружи ама па и приватните не се така совршени како што ти ги опишуваш. Па подобро ќе немам живот 4 години (што нема ама баш никаква врска), а после ќе бидам личност, отколку да дремам во бифето на FON и да се чекирам на секои пет минути само за да видат сите дека таму студирам, а после да неможам работа да најдам. Ама нели битно на FON имам завршено. Те молам не ми кажувај за приватните, имам другарки и на приватни и на државните факултети сите многу добро знаеме како е на приватните. Како може да речеш дека на приватниве се учи најпотребното кога мене книгите по Економија и Основи на правото во средно ми беа поголеми од една ваша на факултет. И уште нешто, јас лично во весник имам видено најмалку 5 огласи каде се бара соодветен кадар за некаде ама да не е со диплома од приватен факултет. И сакаш да ми кажеш дека е подобро да си на приватен?

    Не велам дека и на државните е идеално, нормално дека секаде си има по нешто што не е како што треба ама па дека приватниве се совршени тоа малце потешко. А и убаво пишала mimiiiii ако си одиш по правилата и ако си бидеш точен секаде нема да имаш никаков проблем на државните. :)
     
    На Elena69221, mimiiiii и obey им се допаѓа ова.
  2. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Не се учи само пола од тоа, туку се учи многу помалку од таа половина. И јас не си го бранам своето, да сме на јасно.
     
  3. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    236
    Ако учиш мислам дека на приватен поголемо знаење можеш да добиеш... Но тоа што после може да ти ја оспоруваат дипломата е друг проблем :|

    Како и да е, без врски ни диплома од Оксфорд не те спасуе... :?:
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.840
    Допаѓања:
    38.970
    Пол:
    Женски
    Токму така. Ако немаш врски, џабе ти е и приватен факултет.
     
  5. mona-bombona

    mona-bombona Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Државен и ништо друго во Македонија !!!!
     
  6. Macy12

    Macy12 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Според мене државен.Таму нема трте-мрте,а во приватните и потешко се вработуваш.Таму некои си ги купуваат дипломте што не се заслужени.Подобар ти е државниот и побрзо ќе најдеш работа.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.840
    Допаѓања:
    38.970
    Пол:
    Женски
    Така е. Читам постови во кои што пишува дека на приватните факултети се добива поквалитетно знаење. Е па, не е така. Знаењето добиено на приватните факултети никогаш нема да биде поквалитетно од знаењето добиено на државните факултети. На државните факултети треба да се испотиш за 6-ка. А на приватните факултети се знае како се одбива 6-ка. Познавам личности кои што завршија на приватен факултет. Истите тие во средно едвај поминуваа година, а на приватен имаат 8-ки, 9-ки и 10-ки. Како го добиле тие оценки? Сигурно не со многу учење. А тоа дека со приватен факултет побрзо се наоѓа работа, не е точно. Познавам личности кои што завршија на приватен, па уште седат дома без работа.
     
  8. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    236
    Ако треба после со дипломата да бараш работа кај некој друг - дефинитивно државен, со приватен не те ни погленуваат.

    А ако веке имаш работа (фамилијарен бизнис и слично) дефинитивно приватен. Повеке предаваат, дефинитивно, обракаат повеке внимание, само не барат многу за оцена, но ти ако си учиш не е битна оцената.. Плус што на приватен е полесно од таа страна што, нема одлагање испити, нема одлагање предавања, а на државен те третираат буквално ко куче..
     
  9. sweety-te

    sweety-te Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира вашето мислење за Државниот универзитет во Тетово, дали има некој што студира или студирал таму и како оди со предавањата? Поздрав
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    ^ Единствена информација што ја имам е дека предавањата биле на албански јазик.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.312
    Допаѓања:
    81.891
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја која е запишана на Американ Колеџ, да ми пише една ЛП ?
    Ме интересира една информација, конкретно за Арх. и дизајн. :)
     
  12. philip

    philip Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    46
    Нема врска дека државните се подобри од приватните. Ја сум на државен, и ќе кажам дека на постипломски дефинитивно ќе идам на приватен, или пак некаде надвор од земјава. Иначе, процентот на вработени на тие што завршиле на приватен факултет е далеку поголем од тие што биле на државен. Барем така е кај тие што ги познавам. А на приватните факултети дефинитивно професорите посветуваат многу повеќе внимание за да ги научат студентите, него на државен факултет.
    Јас сум втора година на правни студии на Јустинијан Први, и ќе си признаам дека на предавања идев само првите 2 недели на почетокот на прва година. Дури и самите професори и асистенти ни велат ако не ни се седи на час, да не идеме, дека ќе се видиме на колоквиуми и испити. Затоа од група со 100 деца, на предавања идат само десетина.. А точно е дека учебниците се сите + 500-600 страни, ама кој учи од учебници? :D Зошто постои Либро? До сега јас, и повеќето колеги сме учеле само од тие прашањата од Мавровка, па иаме положено скоро се. Така да, не е битно да си само и само на државен, па за да се надеваш на работа во иднина. Зошто многу побитно е знаењето што можеш да го стекнеш на приватен факултет и професорите кои се трудат околу тоа, него диплома стекната на државен.
     
    На Lina24 и vvendetta им се допаѓа ова.
  13. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    27
    Сакам да ве прашам дали на факултет сте имале математика дали ви било тешко и дали има сличности со математиката во средно ???
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.312
    Допаѓања:
    81.891
    Пол:
    Женски
    ^ Па сигурно на факултет нема да измислат нова математика. :D Речиси истото се, само нели надополнето и проширено. :)
    Зависи на кој факултет си, но материјалот е во глобала ист на скоро секој факултет - Математика 1 е истото она кое се учело во средно, од најобичните изрази до изводи (заклучно со нив).
    А Математика 2 е она напредното ниво, интеграли и таквимити работи.
     
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Јас на економски имав само во прв семестар, тоа е тоа неможе да се измисли топла вода ( т.е Драге може само |( ), единствено таа стопанската прв пат ја гледав ама не е нешто што не се сфаќа.. Сепак зависи на кој факултет си ама во суштина тоа е тоа...

    пс: мислам дека има посебна тема за математика, да не бидеме офф тука.
     
  16. feel

    feel Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ме интересира вашето мислење за МИТ универзитетот во Скопје...
     
  17. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Дали на државните факултети постои можност за плаќање на семестарот на рати и кој вид на студенти имаат право на тоа?
     
  18. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    :?: Има прв братучед на ПМФ што e aсистент и тој до неговото искуство кажува дека математиката/физиката што се учи таму е многу поразлична од тоа што се учи на ПМФ. Нормално, факултетот е институција која треба да те надградува
     
  19. waterlilies

    waterlilies Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Државни секако.
     
  20. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Приватен. Барем во секое време доаѓаш до информации