Да не се лажеме и препукуваме кои се подобри, дали државните или приватните. За тој што има врски и пари не е битно. Битно е дека тој кај сака и кога сака ќе заврши и ќе има работа, а јас ќе се утепам од учење на државен, море и на Св. државен ако сака, па пак не ќе можам да се вработам.
За ова нема муабет. Се знае дали дипломата од УКИМ или од било кој друг приватен факултет повеќе вреди. Не дека нема врски и на државните, но има и доста студенти кои со свој труд постигнале некаков успех. Приватниве и со најмало знаење секој може да помине. Е сега незнам колку човек треба да е глуп за врски да бара за на приватен
Битно е стденот со какви намери дошол на универзитетот,и како сака да излезе од таму, а за врски да поминеш треба и на приватен универзитет,и тоа не дека си глуп туку дека си мрзлив и не ти се учи,има разлики меѓу приватен и државен фала богу,но секогаш би одбрала приватен и сега да се запишувам.
Имам предходно пишувано на оваа тема ама еве пак за една најнова ситуација, така да се изразам. Да кажам на старт дека уште стојам на тој став дека на државните повеќе се учи и дека повеќе треба да се запотиш за да го завршиш. Точно е и дека лично сум видела огласи каде што стрикно пишува да биде со диплома на УКИМ, ее сега новиот дел од коментарот - се тоа важи додека во конкуренција се луѓе кои немаат врски! Кога врските настапуваат на сцена сите теории се побиваат и нема врска државен или приватен. Јас лично, познавам девојче кое беше запишано на Економски ама не и одеше баш најдобро и во втора се префрли на Европски. Само да потенцирам дека татко и е некој директор во некоја фирма - и етее си заврши без проблем, од прва за разлика од државниов кај што можда немаше да заврши и ете сега си работи веќе една година.
Мое мислење може не сум у право, али приватните дефинитивно, затоа што ти посветуваат повеќе внимание и да н се лажеме ако сакаш можеш многу да научиш, страшно добри ментори има, не дека на државниве не можеш, али си има причина зашто плаќаш повеќе на приватните, се плаќа знаењето... Пред се секаде можеш со пари во нашава држава и секаде можеш да учиш и научиш(ако сакаш)
јас сум на приватен и лично многу сум задоволна од истиот. Во приватните нема чекање на ред за студенски прашања, професорите имаат каде каде подобар пристап за разлика од државните, имаме тел. броеви од нив, им се јавуваме, им пишуваме и ние во група сме 10 студенти, и ако се потрудиш ќе научиш многу... инаку и кај нас има професори кои знаат да трмозат и тоа премногу, да те соборуваат за пари, да те тераат да одиш на семинари за да положиш по тој предмет, но тоа е што е, тоа е македонија, без разлика на кој факултет да си, ако имаш вујко владика се е полесно...
Дефинитивно нема споредба помеѓу Државен и Приватен факултет. Да не се лажеме дека се учи на приватните. Тие скрипти од 30 страни немаат споредба со книга од 300 страни на државен. Знам, ќе речите вие што сте на приватен дека акцент ставате само на најбитното. На мојот факултет се е битно, мора да ја научам таа книга, не се прашања со заокружување па да ги учам на памет, туку усно. Исто така на мојот факултет нема корумпирани професори, барем јас не сум разбрала да е некој таков. Стварно се бара знаење, а и професорите се стварно професионалци. Нема суштество на планетава кое може да ме убеде дека на Приватен факултет повеќе се учело.
Мислам дека имам еднаш напишано мислење на темава. Викате на приватен учеле по 50 страни а? Епа колку за споредба мене книгите во средно по Економија и Право ми беа по 250 страни и истите беа книги од факултет. Значи не беше ништо поделено, не беше ништо скратено, буквално истата книга од факултет ние ја учевме во средно, па сеа видете вие која е разликата. Ќе ми кажувате вие најбитното сте го учеле... абе ајде. И ако е само до достапноста на информациите и контактите со професорите, тогаш не гледам некоја разлика. И на нас (барем за мојот факултет и за мојата група можам да зборам) сите професори ни имаат дадено mail, неколку професори ни имаат дадено телефонски број и истите ни имаат дадено до знаење дека може во секое време да влеземе во нивната канцеларија за било што или да им се јавиме, нормално, во пристојно време. И која е разликата? Си се тешите само...
Секако дека повеќе учење има на државните факултети, ама големите книги, многуте материјали не е исто со поимот поквалитетно. Државните факултети инаат поголема традиција (освен УГД Гоце Делчев), многу генрации завршиле на тие факултети, ама сепак поквалитетно образование и најважно практика се добива на приватните универзитети. Тоа го докажува и процентот на вработени студенти кои дипломирале на приватни универзитети, и вработени кои дипломирале на државните факултети.
Ти ова сериозно мислиш дека повеќе вработени има со приватен? Да, ама во случаеви каде што тато има фирма па ај колку да завршам нешто и ќе работам таму, или имаат негде врски, или некој што веќе е вработен па му фали факултет и набрзинка завршува приватен. Е тогаш да, другово по регуларен пат ц... Државните се каде каде поценети
На државните факултети материјалот е поголем и со тоа бара повеќе учење и посвета,ама пак на приватните колкав и да е материјалот,полесно се поминува,и поради тоа не се ценети. Денес поимот факултет го сметаат како средно да минеш,пола и повеќе кои имаат услови одат на приватен,да си ја земат дипломата и си тераат.Да учиш високо образование,бара сериозно загревање на столчето,тупење на материјалот од 600 страни,бидејќи ако беше за скрипта од 40 страни,немаше да постои факултет,ќе си останевме сите средно.А стварно греота е да видиш некој да има диплома,а да нема минимално познавање од професијата што ја учел А,фирмите бараат студенти од УКИМ и сличните бидејќи знаат дека студентите имаат поголемо познавање на материјата и дека треба голем труд да стигнеш до една 6ка,да не зборуваме за повеќе. Колку и вишок пари да имам,па и стипендија,не би се запишала на приватен.С
Еее темава... Вака, знам дека многу после ова нема да се согласат со мене ама тоа е На приватен факутет (еве ФОН ќе го земам за пример) плаќаш 2000 евра година, паѓаш исто ко на државен, имаш материјал повеќе од државен, ама затоа на студентски никој не ти вика дојди за 5 дена сега ме мрзи да ти отворам досие или да ти помогнам што било, туку ти помагаат и се останато. Седиш на убави столчиња и имаш греење и ладење. И што според мене е многу битно професорите и асистентите ти се достапни 24/7 за се што не ти е јасно или за потписи, оценки и останато. Јас завршив 3 години на ФОН и сега сум на пост- дипломски на УТМС (на кој исто така ги има сите овие можности како на ФОН) плус тоа УТМС е призаен секаде во светот додека за сите останати мора да дополагаш. А тоа што некои фирми не прифаќаат од приватен на работа... Тие се расисти И на приватните и на државните факултети има такви кои плаќаат да поминат и има такви кои учат.
Потполно се согласувам со ова. Бев на приватен, сега сум на државен и можам одблиску да ја видам состојбата и на двата факултети. Испитите се исти по големина, значи паѓа во вода тврдењето дека на приватен биле скратени матријали бла бла. Со истото учење ги постигнувам истите резултати. Во глобала можам да кажам дека тука ми е полесно зошто предавањата не се задолжителни за разлика од приватниов и професорите се многу пофлексибилни во поглед на датумите за полагање. Не можам да негирам дека на приватен е многу полесно да добиеш 6. Тоа стои. Ама за висок просек сегде треба да се загрее столчето. Никој не ти става 9, 10 така лесно. Јас да сум работодавец подобро ќе вработам студент на приватен со јак просек него некој со 6ки од државен. Се знае дека повеќето 6ки се добиваат со снаоѓање, а не со учење без оглед на факултетот.
Quetsya според тебе велиш дека на ФОН имате повеќе материјал за учење за разлика од државен? Се зезаш? Сите знаеме дека ви ги даваат прашањата, дури и одговорите. Учите скратен материјал. Единствено сметам дека само стипендистите на ФОН учат повеќе само за да си ја задржат стипендијата. Повеќе од тие кои се студенти со целосни 2000 евра.
Ни даваат прашања и одговори? Seriously?! Јас не се сеќавам на такво нешто... Само знам дека еден испит полагав 8 пати ! Зошто неможев да ја научам книгата од збор до збор.
Незнам зошто се лутите кога некој ќе каже полесно е на приватен одколку на државен.. Стварно нема логика, тоа е општо познат факт и тоа е тоа. Исто како да речеме педагошки е полесен од електро и тие од педагошки да се налутат. Исто е.. Никој не ви вика дека сте глупави, ама полесно се завршува на приватен. Лично имам правено муабет со девојче од приватен факултет пред колоквиумска демек до кај си со учење.. и ми вика па еве учам прашањава.. Што да се каже? Инаку зошто некој би плаќал повеќе ако му е со иста тешкотија? За условите, можам со Економски државниот да споредувам затоа што таму студирам.. Ние плаќаме за секое ливче буквално, ( не е поскапо не ми е тоа муабетот ), ама услови искрено си имаме, и убави амфитеатри, со меки столчиња, со парно сега, достапноста на професорите.. може не се 27/7 на факултет ама секогаш кога ми требало некој сум го наоѓала и за консултации и за се. Плус и на маил можеш да им пишеш и на професорите и на асистентите. Пак ќе кажам, тоа си е вистината, нема зошто некој да се лути или да се осеќа навреден.
Јас не се лутам, туку сакам да кажам дека дискусијава е стара од како се отворија приватните и никој неможе да се реши што е полесно што потешко, кој си учи и си има просек ќе го вработат секаде, без разлика дали завршил на приватен или државен. Кој бил и на двата знае...
Јас се сеќавам на такво нешто. Не сум виновна што сами си кажувате. Дури ти си првата што ти е чудно за прашањата. Познавам многу кои се запишани на ФОН, блиски мои роднини и другарки. Гледам како спремаат колоквиум. Сами кажуваат како поминуваат. Не знам ти на што факултет си, ама за оние од правен, дипломатија, економски ти кажувам со сигурност. За информатичарите не правам муабет, нека одат слободно во ФИНКИ.