1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    336 глас(а)
    28,2%
  2. На државните факултети

    857 глас(а)
    71,8%
  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    Имав многу лошо мислење за приватните факултети. Ама има и државни факултети кои се оденесуваат бетер од приватните такви се провинциските , дисперзираните факултети. Сепак има државни факултети каде буквално се изживуваат врз студентите. И често пати помислувам дека побрзо би платила 1000 евра семестар на приватен и да научам и да бидам раат, отколку да се убивам од учење и нервите за пола живот да си ги искинам. И мора да се унифицираат и програмите и критериумите за полагање на сите државни факултети.
     
    На kjukli и butterfly33 им се допаѓа ова.
  2. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Поголемо знаење секако се добива од државните факултети затоа што на приватните мислам дека донекаде е и џабе трошење пари но има и некој добри страни
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stiki18

    stiki18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    56
    Пред да појдам на факултет се мислев да аплицирам за стипендија за студирање на ФОН, International Balkan University,Мит, UTMS и многу други, и покрај тоа што добив стипендија на ИБУ, среќа ама голема среќа што не отидов на приватен. Во студентски се запознав со разни, разни луѓе и понекогаш ми е криво што ние на државниве толку многу се мачиме, и многу повеќе од нив, и имаме послаби оценки, ама сепак си велам оценките не се битни туку знаењето. Не - за приватните универзитети, затоа што добиваш диплома, добиваш големи оценки но не и знаење! Неможе некој да ми каже дека се слични приватните со државните, кога цела година бев сведок, додека јас учев до сабајле, цимерката правеше ливчиња за препишување, како демек професорите си седеле на фб, или си пиеле кафе и им дозволувале што сакат да прават.
     
  4. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Подобро е да си зборите од лични искуства за универзитетите него од кој шо кажал дека ќе прави не знам виткала ливчиња и 10ка да не добила??? мислам ај малограѓанштината исфрлете ја од вас млади луѓе сте,е сега ако тоа ви е утеха,се тешите дека не сте влегле тоа е веќе друга работа...
     
    На butterfly33, kjukli и Magdallena им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    15.043
    Пол:
    Женски
    Нека не се чувствуваат навредени тие од приватен факултет ама многу добро знаеме како поминуваат и со колку знаење.
    Јас имам другарка, татко и има фирма. Она учи приватен факултет зошто- цитирам "зошто да се мачам на државен кога тато ќе ме вработи и ќе ме научи како да работам".
    Девојката никогаш не била по учењето ама 10-ки има.
    За жал тоа што го учи е многу тешко и некој кој завршува на државен нема кренато глава од учење, а оваа ќе се фали како завршила со 10-ки и ќе работи и ја пука комплекс кога некој во очи и ја кажува вистината.
    А додуша не се вреднуваат нивните дипломи како тие од државен нормално ама ете кој има врски има се.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Magdallena

    Magdallena Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    A shto, ti sakash tatko i tebe da te vraboti, a kerka mu da ostane nevrabotena? Zarem ne mislish deka e krajno nelogichno da se frustrirash na takvi raboti? Pa i jas, i ti, i sekoj, koga bi imal sopstvena firma, ke si gleda prvenstveno sopstvenoto dete da go nauchi kolku sto moze podobro da rakovodi so firmata, kakvo i da e i kolku i da uchi i so kakvo obrazovanie i da e. Jas eve znam, vo komshiite, sin na opsht lekar - tatko mu i majka mu pravnichka vo osnoven sud, ushte vo osnovno beshe brkan od shkolo, i go prezapishuvaa od shkolo vo shkolo, potoa vo sredno ushte polosho, od shkolo vo shkolo, i na kraj vonredno zavrshi, fakultetsko obrazovanie ne zapisha. Bashka toa problemi so tepachki, alkohol i sl. Pa sea, e sopstvenik na restoran i apartmantski studia vo Hvar, Hrvatska, a ima samo 28 god, sekoj vtor vikend na fb mi izlagaat sliki od patuvanja niz Italija, Spanija, Francija, slikani kokteli i jadenja pokraj plaza itn itn... I sega sto vredi jas da se frustriram za toa sto znam deka on nema nikakva zasluga za toa? Jas se frustrirav na toa, i na mnogu slichni primeri, ama toa mene nishto ne mi pomaga, toa donekade e i normalno sekoj finansiski stabilen roditel da gleda na sto podobro da im ja obezbedi idninata na sopstvenite deca, toa mozebi predizvikuva silni frustracii kaj tebe, kaj mene, i kaj drugi, ama toa e realnost i taka e sekade, i kaj nas i vo stranstvo (od lichno iskustvo).

    A sto se odnesuva do privatnite fakulteti. Dodeka studirav, imav dve cimerki koi bea na novootvoreni privatni univerziteti, akademii sto ti znam. I jas isto gi osuduvav privatnite, poshto od prva raka gledav kako se odnesuvaat studentite od tie obrazovni ustanovi; na sekoja studentska zabava - prvi, na predavanja idea po 2 chasa vo denot najmnogu, sekoj den po kafina so kolegi. So kazneni sesii uopshte ne se zamaraa, se znaeshe mesec Maj tie zavrsheni so site akademski obvrski, i si idea na Work and travel USA, si zarabotuvaa + proshetaa niz istochnoto amerikansko krajbrezje prvo leto (NYC, Boston, Filadelfija itn), drugo leto Majami itn (sto jas ne veruvam da go doziveam toa).. dodeka jas po celi leta se zamarav so prepolaganja, i sama kirija plakav tie 2-3 meseci, i na kraj tie diplomiraa pobrzo od mene, podjoa vo EU zemji kaj semejni prijateli, rodnini, nostrificiraa diplomi tamu, i gradat kariera.

    Znachi, ako bea privatnite fakulteti gola voda, i bea samo peralni za pari, nema ni da bidat akreditirani od Ministerstvoto za obrazovanie. Studentite od tamu nema da imaa pravo da uchestvuvaat vo internacionalnii studentski programi kako W&T-USA, Erasmus razmeni, nemashe da mozat da nostrificiraat diplomi vo stranstvo, da rabotat po struka i da upishuvaat master studii na stranski fakulteti. Jas razbiram deka ne dozivuvaat ni priblizno torturi kako nie od drzavnite, ama toa e shto e, kolku pari tolku muzika.
     
    На butterfly33 и kjukli им се допаѓа ова.
  7. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Приватни vs. Државни факултети моето мислење откако сфатив дека дипломата нема никакво суштинско значење и е само еден вид виза за да бидете примени на работното место, а понатаму се зависи од вашиот памет, снаодливост, воља и способност за учење и напредување итн. е следново:
    - Ако сакате да се окозите и разбиете од учење, да учите до реченица, точка и запирка и да лечите комплекси на некој професор или асистент слободно отидете на државен факултет
    - Ако сакате исто така да учите, но во помал волумен и она што е суштината на предметот и да го положите испитот во нормални, почовечки услови отидете на приватен факултет

    Посакував овој памет и искуство да ги имав кога се запишував на факултет и тогаш без дилема ќе се запишев на...
    приватен факултет

    Surprise surprise можеби не го очекувавте овој одговор но тоа е! На државен факултет има да се расчеречите од учење теорија и формули како демек се ќе ви треба во животот, а нема врска, ни 1% од тоа нема да ви користи во животот, а камоли на работа. Нормално секое знаење е добредојдено ама факт е 90% од тоа што сте учеле во прва година факултет ќе го заборавите кога ќе бидете четврта година и пред дипломирање.

    Темата е преширока и зафаќа огромни размери, само кој да седне и секој детал да го изанализира... немам ни јас време ниту желба за тоа. :D

    Само ќе ви кажам... баталете тоа што ќе кажат комшиите и другите. Баталете ги тие излишни и глупи фрази од типот “види го овој/онаа се запиша на приватен факултет пошто нема капацитет за државен“ пошто само глуперда може да каже тоа.

    Да не се лажеме на факултет сите одиме заради таа диплома пошто тоа парче хартија ни дава надеж за подобра иднина и вработување. На вас е изборот дали ќе сакате полесен или пеколно тежок пат до таа диплома. Немојте да мислите дека ако имате дипома од државен сте повредни и попаметни од тие што имаат диплома на приватен и обратно. Не секој приватен факултет е добар, но тие реномираните да!

    Како созревате и годините минуваат ќе видите како некои работи одат во животот и ќе сфатите факултетот е само една супер напумпана работа. Знам дека за некој што имал одличен успех од прво до осмо одделение и од прва до четврта година средно е незамисливо да се запише на приватен факултет (што ќе речат другарите толку јак ученик а нема капацитет за државен факултет?), па затоа знам вие што се запишувате ќе изберете државен факултет (како што јас се сјебав токму од истата причина), но дозволете времето и годините да си го направат своето па ќе видите како ќе смените мислење. :D Кога ќе видите како и најголемите кецароши и дебили завршуваат на приватни факутлети, а вие уште мака мачите со трета година и преслушувате некои предмети од втора година на државен факултет ќе еруптирате во себе и ќе речете fu*k this shit! :) И ќе продолжите уште да се мачите и на крај ќе го завршите факултетот ама за многу брзо време животот ќе ве нокаутира кога ќе сфатите дека во оваа држава, па и во светот со самото тоа што имате диплома немате никаква гаранција дека ќе се вработите и дека топ плата ќе примате. И оп отидоа 4-5-6 години макотрпна работа и учење во вода.

    Капитализам е луѓе, ако ве бива ќе успеете, ако не ќе бидете фукара! :D Земете го тоа парче диплома проследено со учење на суштинските работи по секој предмет и изберете приватен факултет, нема потреба да се мачите, да губите нерви и да оставите неколку години по студентските служби на државните факултети!

    Ако некој мисли дека проповедам запишување на приватни факултети, епа нека ми извини мое мислење и став си е тоа и ништо друго!

    Да бидеме реални, ниту приватните ниту државните факултети ќе ви го дадат потребното знаење за работното место, тие се еден вид припрема за работното место каде што стартувате од 0. Ако ми е до знаење имам интернет, google и youtube, иронично ама баш таму ги научив работите кои денеска ги користам во мојата работа. Дипломата ми е чисто онака еден вид потврда, доказ дека имам факултет. Реално работодавецот уво не го боли на кој факултет имате дипломирано, битно му е да види дека имате диплома, дека сте стекнале работна навика и дека сте трчале додека сте биле на факултет и сте се помачиле малку за да успеете во животот. Исто така работодавецот уво не го боли дали сте се здрвиле од учење и дали се 10ки сте имале на факултет. Ако имате диплома и знаење вие сте добри за него!

    Многу би биле конфузни после ова мое излагање но многу и би ме разбрале. Кој факултет и да изберете, среќно! Животот ќе ви ја даде најдобрата лекција и така добро ќе ве исплеска што ќе сфатите умирање од учење не вреди. Освен самите себе, никој тоа нема да ви го цени во животот! Бидејќи додека вие умирате од учење да докажете некоја теорија или формула на некој си клапчо од државниот факултет, некој го протрчува приватниот факултет, доаѓа до диплома и после прави растур на работното место и лапа големи пари и ви се смее во фаца како уште не сте дипломирале. :D

    Нарцисоидно ќе кажам дека го напишав најреалниот пост на темата приватни vs државни факултети не само на овој форум, туку и воопшто на територијата на Македонија. :D

    Мислам дека можам уште многу да пишувам на оваа тема, но ајде напишав доволно, по потреба ќе се доискажам.

    P.S. Речиси да го заборавев најважното! Јас сум за тоа да се работи вредно и напорно во животот пошто само така се доаѓа до успех, значи се сметам себеси за hard worker и сакам hard work кога е работа во прашање, но околу факултетот еве ви го најдобриот совет што било кога во животот ќе го добиете... work intelligently!
     
    Последна измена: 9 август 2015
    На ivimis, Jenniffer, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.931
    Пол:
    Женски
    Нека напишат тие што студирале на приватен,јас студирав на државен,и знам како поминуваја моите познаници на приватен знам како поминвав јас,учењето и вложениот труд никогаш неможат НИ да се споредат...
     
    На srcence1607 и anni93 им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    15.043
    Пол:
    Женски
    Леле колку потресување за едно мислење кое ама воопшто не си го сфатила :lol:
    Поентата е дека некој дома учи со денови и ноќи за да постогне некој успех, а некој брои чавки 4 години и на крајот смета дека е над сите. Девојката е пример за тоа.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Magdallena

    Magdallena Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ne se potresov, vo nikoja smisla. Samo sakav da dadam objasnuvanje na toa ,,tatko i ima firma i ona tamu ke raboti''. Ne moze nekoj da ochekuva za dete na poimotni roditeli i finansiski postabilni da stava kechap i majonez vo lokalni sendvichari ili pak da ne raboti nishto, bez ogled na obrazovanie. Toa e fakt, i jas se nervirav na toa, ama taka e. Nekoi od nas se so pomali moznosti i treba sami da si gi najdeme, a nekoi pak so vekje obezbeden zivot od finansiski aspekt. Toa e taka.

    A vo vrska so privatnite i drzavnite koj kolku uchi, ne se poveke tie vreminja od pred 30-40 god, koga chovek ednash ke vleze na rabota, i potoa rabotel-nerabotel e manje vazno, bitno rabotnto mesto go ima za cel zivot. Osobeno nie vo Mk go znaeme toj sistem na funkcioniranje, i taka sme naucheni prvenstveno od nashite roditeli i bliskoto okruzuvanje. Togash so vishi ekonomski i pedagoshki shkoli od 2 god. se vrabotuvale kako nastavnici, smetkovoditeli, tehnichari vo drzavni institutcii, so dozivotno osigurano vrabotuvanje, kolku rabotele-nebitno. Sega se se privatizira, i kaj nas, a i vo EU zemjite odamna e taka, i rechisi i da nema nikakva shansa nekoj da dobie vrabotuvanje vrz osnov na toa sto nekoj 3-4-5 godini se izmachuval so uchenje, steknal diploma, i misli kao gotovo e. 5 godini se machev, sega ke uzivam so visoka plata. Sega e bitno cel zivot da se trudish, da se nadograduvash, da sozdavash. Se uchestvuva na seminari, se posetuvaat kursevi za nadograduvanje so motiv da pridonesh neshto za institucijata vo koja rabotish, a diplomata e nebitno dali e od drzavna ili privatna visokoobrazovna ustanova. Go nema poveke toj komfor koj nashite roditeli go ziveele pred 30 godini, sega se bara postojana aktivnost, motiviranost i zelba za nadograduvanja.
     
    На kjukli, LivingGlam, Bojana.20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Ajde malku da ja zivnam temava.
    Dali diplomite od privatnite univerziteti se priznaeni.Zboram za nadvor,ne tuka.
    Odnosno dali pri vrabotuvanje vo germanija italija itn diplomite se verodostojni ili samo tuka?
    Ja analiziral li nekoj ovaa tema?

    Me interesira konkretno za FBE fakultet za biznis ekonomija i za MIt univerzitet?
    Jasno mi e kako e so drzavnite i deka tamu moze da se sretnat mnogu prijateli,no kako e so privatnive?
    Odat li voopsto luge na ovie dva fakulteti i kolkava e nivnata brojka?Na slikive gledam lajkovi dobivaat od novi profili sto mi se kreirani 2015 godina.

    Ova go prasuvam vo ime na eden rodnina koj bas i ne mu se uci,pa gledame da go zapiseme nekade kade nema da ja zaglavai rabotata

    Uste nesto kade moze da se vidat koi i kade se ostanati slobodni mesta na univerzitetive da receme Na Kiril i Metodij?

    Znaci kolku se ostanati vo vtor i tret upisen rok?Ima li nekoj link
     
  12. Magdallena

    Magdallena Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Најмногу се зема во предвид стекнатото знаење кое што ќе може да го примени во работата. Е сеа, сите знаеме колку високообразовани млади, па и постари, има во Македонија и од државни и од приватни високообразовни иснтитуции кои се невработени. Сепак, знаењето е пресудно. Имам познаници кои работат во Германија и Шведска со нострифицирани дипломи од БАС академија, ФОН, Штулов и други, меѓутоа никоја диплома не дава гаранција за сигурно работно место, ниту во Македонија, ниту во странство. А конкретно, за наведениот ФБЕ факултет за бизнис економија, прв пат слушам. За МИТ универзитет знам дека е акредитиран од Министерството за образование и наука, имам и братучедка која таму студира, ама јас би ви предложила сепак да проверите дали имаат акредитација, а и ако твојот роднина не го интересира учење, мене ми е бесмислено да се трошат толкави износи на пари само за да се земе диплома, а и не може да се биде 100% сигурен дека ќе дипломира, има и од приватните факултети студенти што се откажуваат, сепак се вршат контроли од овластени органи и таму. Како и да е, вие си знаете. А пред упис секако да се информирате околу тоа дали високообразовната институција е акредитирана. Поздрав :)
     
  13. Ana Chio

    Ana Chio Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Јас бев на државен , арно ама таму некои искомплексирани решиле да се изживуваат со нас па зато јас парталите и во мојот град се запишав на блисок факултет , Скопје се запишав не заради тоа што немаше сличен или ист факс во мојот крај , демек ск ке ја признаваат повеке дипломата ама тие биле луди (иначе со лиден ученик ) На приватен сум плаќме не многу ама повеке малце од државен повеке ке ме фатеше за станови ова она така да поисплатливо ми е , и да немам баш дестеки не дека не учам немам пријатели мож
    еби затоа и не , не е лесно на приватен не дека е потешко од државен ама дека се поминува без учење не , има и на државен со пријатели со дестеки и на приватен исто така да :|
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    7.797
    Допаѓања:
    89.988
    Постов не го разбрав, 3 пати го прочитав. Немој есеи вака да пишуваш, може на приватен да те разберат, ама на државен не.
     
    На Emotional123, Priroden и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. Ana Chio

    Ana Chio Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Извини за правописните грешки од на мобилен бев ,малце ауто корект малце нешто се смешало . Ако ова ти беше цитирање полно со сарказам тогаш мислам дека немало потреба . На приватен е идентично како и на државен во поглед на есеите и само заради ова кога се префрлив на приватен ми беше криво , "Ние на државен , ние на државен "
    Дека опасни вие нема појаки .
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки

    Dobro,a za ova nekoj znael li kolku se ostanati vo vtor i tret upisen rok?Ima li nekoj link

    Dobro be devojki kade gledate za slobodni mesta.Jas na vremeto vlegov od prva,a i interetov ne bese tolku rasprostranet?:(
    Znaci kolku se ostanati vo vtor i tret upisen rok?Ima li nekoj link
    Mалку ми е безмислен одговоров.Си има факултети на кои им се признаени дипломите.Сепак тоа е еден вид доказ дека факултетот е легитимен.И незнам дали е вистина но хипотетички гледано вакви профили кои се зачленети пред 10 дена,ми делуваат како рекламатори на приватниве факултети.
     
  17. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Еве конкретно за ФБЕ, http://www.fbe.edu.mk/images/stories/Documents/Vesti/KonkursFBE1.pdf
    не пишува колку се примени/останати но има броеви па може да се јавите и да прашате

    02 2402 161;
    02 2402 160

    За Мит, http://www.mit.edu.mk/Websites/92/Documents/Konkurs_20152016.pdf

    076 319 319

     
  18. Magdallena

    Magdallena Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Јас немам намера, корист ниту некаква потреба да рекламирам било какви факултети. Ова е форум, јас од лично мои гледишта и искуства дискутирам кога имам повиште слободно време, за што се и наменети форумите. Башта тоа, јас и дипломирав на државен факултет, така да тоа дека рекламирам приватни факултети, па и на форум каде што секој пишуе што сака, делува тотално непрослмислено.

    А во врска со легитимноста на факултетите, нормално дека има студиски насоки кои во никој случај не можат во целост да се нострифицираат во странска земја пр. правни студии, без оглед дали се завшрени на државен или приватен факултет. Меѓутоа за тоа веќе треба да се информира самиот студент-кандидат лично во образовната институција каде што сака да се упиште, а и веќе ако некој е толку заинтересиран за градење кариера во странска земја, зашто не би упишал студии во земјата каде што сака да живее. Тоа да, има и македонски факултети државни и приватни, од каде што излегуваат квалитетно образовани студенти кои работат надвор од Македонија, но според мене, далеку подобро е за некој кој знае дека сака да работи и живее во ХХХ земја, студиите да ги заврши токму таму, освен знаењето кое ќе го стекне, ќе се прилагоди и на новата околина со свои врсници. А никогаш не е касно, еве и јас на 28 год, од септември сум бруцош на германски универзитет, зашто мислам дека студиската насока која ја завршив во Македонија ми е тотална утка и покрај огромниот вложен труд, напор и секако финансиски средства за нејзино финиширање. Поздрав :hai:
     
  19. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Oва за слободни места го барав за државните универзитети.За приватните знаеме дека има
     
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.340
    Пол:
    Женски
    Државни > Приватни
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.