Приватните се многу подобри од државните.Но се сложува дека на државен треба да сеотцепиш од учење.Ама за тој што учи не е важно дали е на државен или приватен
Морам да ти кажам дека многу ти е погрешно мислењето. Јас се запишав со целосна стипендија на ФОН Универзитетот и за да ја задржам требаше да имам 9,3 просек секоја година. Верувај се изнамачив за тој просек, по секој предмет покрај колоквиуми ни бараа и две презентации, семинарска работа и редовно присуство. За да го имам тој просек понекогаш и преполагав предмети. Од 50 запишани студенти во прва, последната година останавме 20, бидејќи нели како што викаш ни било многу лесно. За упис на секоја година ни бараа да имаме остварена пракса. Бидејќи бев на економскот факултет на ФОН, практичната настава ја извршив во сметководствено биро. И тие самите ми кажаа дека имам многу поголемо знаење за разлика од студентите од државниот факултет што биле на пракса претходната година. Но, на крај можам гордо да кажам дека дипломирав со 9,3 просек и со големо практично знаење, благодарение на истражувањата за презентации и семинарски, кои што беа на теми надвор од книгите. Она што го добив од овој факултет е практично знаење кое утре ќе го применам. Во меѓувреме моја другарка студираше на државниот економски факултет и полагаше предмети кои што врска немаат со економија, препишуваа и не беа фатени и за 4 години направи една презентација. Не викам дека нема некои што препишуваат, ама во мојата група тие што препишуваа беа избркани и си полагаа во наредна сесија. А, најчесто тоа се обидуваа да го прават студенти кои што сеедно им е кога и со колкава оцена ќе положат. И да не заборавам дека учевме по истите книги како и државниот, така што ДА ИМА РАЗЛИКА ние покрај полагањето од тие книги правевме презентации и семинарски. Затоа ве молам не правете негативни реклами пред добро да се распрашате за каков студент станува збор.
Јас се запишав на МСУ, Бт, па човеку, сите шо се на државен ми се напнаја со "тебе лесно ти е на приватен си", "немаш право да се жалиш на приватен си", "еј ко ојдовте ви даде златно пенкало на перниче батлеро? Ахахха", "бо имате ден слободен, се гледа дека на приватен си. "," брат неможиш ти да сфатиш, на проватен си. " <--- ќе ми пукнат м******* веќе од вакви секој ден. Од ден 1 ги зедов книгите по сите предмети и читам странична литература, е сега јас иди колоквиум ќе положам зошто знам ама овие од државен ќе ми речат дека не знам и си давам значење зошто сум била на приватен,а тие книгата само корицата ја имаат видено (пс ко ќе дојди колоквиумска ќе учат до сабајле, сега небитно). Често ми мрчлаеја како професороте биле никој и ништо собрани од кај годе, одам на болница си го гледам професоро Психијатрија. Доктор. Другата професорка предава Ск на државен, Св Николе и Бт на мсу. На изборен сме само две и неќеше да не остај држиме детаљни предавања, решаваме задачи. За секое предавање гратис си прајме презентации, останваме после предавања ако има потреба ама јбг ние ништоне учиме на приватен, така фрламе пари за ќеф Можеби на државен се добива повеќе знаење, не сум била да кажвам. Мене желба ми беше биологија или молекуларна био во ск ама немав услови. Ама душата не ми дава да го речам то зошто после јас пак ќе бидам осудувана зошто учам на приватен. Нагласувам - учам на приватен, не одам да играм кошарка на приватен. Постов малце нападен ми е, извинете, ама гореспоменатите фрази ги слушам 24/7 од различни луѓе и веќе ко ќе се отвори тема факултет ми се враќа нешто од расипанио мој желудник. Па и тие во право се, неможев сама да си поможам па еве учам како да поможам на некој др и тоа на приватен. (пс праксата ни е по цело работно време во институциите во кои одиме)
Поарно за тебе што не ти се остварила таа желба за ПМФ...Не ти било пишано живците да ти де танчат..си имала среќа
Јас завршив на УТМС. Прво што ми се допаѓа кај приватните универзитети е тоа што се чисти, средени, има поголема дисциплина од државните. Резултатите од колоквиумите ги имаш веднаш. Дур си дошол дома, резултатите ти се на интернет. Се е тоа добро, ама па ништо не се учи на приватните. Бар на повеќето. Јас дур учев, колоквиумите беа многу лесни. 10 прашања, секој од секого препишува. Даваш 2.000 евра и сигурно поминуваш. И ниедно прашање на колоквиумот да не знаеш, професорот ќе ти го пречкрта и ќе ти го заокружи точниот одговор. Од прва година што ми беа професорите, во втора веќе ги немаше. Беа избркани и отидени. На пракса од 200 студенти, само 2-ца ќе отидат. Повеќето што имаа пријатели во некоја фирма, ќе земеа документ и печат од фирмата и исто ко да биле на пракса, а тие цело лето на море си се сунчаат. Дипломата е признаена од Скопје до Дојран.
Искрено, да ми се пружи шанса да го остам овој факултет, и да одам да учам тоа што најмногу сакам - одма одам. Не велам дека не ме влечи психологија. Сум сакала малку повеќе психијатрија ама и психологија е задоволително, ама биологија ми е сон. Безразлика на тежината на материјалот, на самиот факултет - не ми пречи ако јас си ја исполнам желбата. Ете, за жал тој факултет ми остана само желба ама ете тоа е ...
Еднаш пишав на темава,сега ќе се надоврзам..Студирам Хемија на Пмф...Да би имало студии по Хемија на приватен (како што знам нема) со вакви прашања би се ваделе 10ки 1:Колку валентен е H 2:Напиши една киселина. 3:Колку елементи има периодниот систем Без навреди ,ама државен си е државен..Можеби има професори залутани во свемирот ама за квалитет нема простор за муабет.. PS;Прочитав некој мислења од типот кој нема пари ќе се мачи на државен..Имам пари и пак мојот избор беше државен факултет
Не е работата да биде полесно студирањето. Ете ќе отидеш на приватен, полесно ќе поминеш, ама кога ќе почнеш да работиш? Работата е баш да ти биде потешко, повеќе знаење и искуство да можеш да стекнеш, повеќе да се помачиш за на крај сето тоа да ти се исплати. Е сега секако зависи и од тоа каква работа ќе најдеш. Ако идам на приватен за да ми бид полесно - зошто воопшто би идела не знам.
Работата било да ти биде потешко? хахах Никој не ти гарантира дека тоа што е тешко со труд и пот добиено дека некогаш ќе се исплати. А ова на државните факултети е накратко ОПШТ ХАОС Можеш да се мачиш, мачиш и некој да си игра играчки буквално со тебе. Оти нели му се може. Воглавно на приватните ќе си платиш, со тебе ќе се однесуваат како со човек пред се, како со иден колега, праксата е далеку далеку подобра..и постои едно разбирање кон студентите што на државните го нема.
Јас како поединец секогаш го избирам потешкиот начин на работа, полесно сфаќам до каде можам да стигнам отколку на почеток да уживам, да мислам дека се е совршено, и после да се најдам пред нешто потешко и да се изгубам.
Bez razlika dali na privaten ili na drzaven fakultet ,studentot koj se interesira i se trudi ke postigne se.Ne sekogas izmacuvanjeto i losoto tretiranje moze da te usovrshi kako licnost ili da dovedi do napredok.A utre koga ke imas diploma, kade i da si zavrshil treba da si svesen deka ima predizvici na rabotnoto mesto.Ne znaci deka ako si zavrshil na drzaven fakultet znaes poveke i si podgotven podobro od nekoj sto ima zavrseno na privaten fakultet.
Професорот што ми предава на едно предавање вака рече: "На нашите деца ставаме 10, на роднини 9, на пријателите 8, на обичните 6-7. Но кога доаѓа времето отпосле - секогаш одам кај тие со 6 и 7". Имено, на УКИМ сум.
мене ме интересира едно исто така важно прашање кога е во прашање државен или приватен факултет а тоа е дали исто се вреднуваат едниот и другиот за вработување во државна институција? наводно во огласите за вработување во државните институции како услов стоело ;;факултет , само не ФОН или било кој друг приватен;;.Тогаш што ке прават оние со приватен факултет ако сакаат да се вработат во банка или на клиника и слично.Дали некој има слушнато нешто на оваа тема ?
Кој што сака нека каже ама државен факултет си е државен. Повеќе се цени дипломата од приватниве. Барем кога ке завршам знам имам некое знаење од таа област. На приватен секој може диплома да земе.
Мислам дека има разлика од приватен до приватен, а за државните факултети нема да коментирам (не знам како е) освен за правен и економски, кај што не може мене да ме убеди некој дека студентите знаат повеќе од оние што се на приватните. Сум соработувала со некои економисти што завршиле на приватен и разбираат многу повеќе од некои шалабајзери на државен што поминале со мито а месец дена се немаат појавено, заборавиле каде им се наоѓа факултетот. Моето искуство е такво.
Се согласувам со мислењето над мене, се појавија квази факултети со толку ниски критериуми каде што плаќаш како за државен, а завршуваш ако во најмала рака знаеш да читаш и пишуваш, некаде и тоа е многу. Се си е до универзитетот, не значи ако е државен обавезно ќе извади квалитетен кадар. Ни најмалку.
Целиот образовен систем ни се тркала по удолница, а уште се разглобуваат темите дали е подобро на приватен или државен Универзитет. Исто срање, различно пакување се и на крај пак доаѓаме до заклучокот дека не е до Универзитетот државен или приватен, туку зависи од оној што го загрева столчето. Дури и некои квазидржавни Универзитети не ги сметам достојни за да го носат името Универзитет, ама, за тоа друг пат.
Тoј штo сaкa дa нaучи, дa учи и дa се стекне сo квaлитетнo знaење ќе учи и нa привaтен и нa држaвен. Тoчнo е декa oд привaтен дo привaтен имa рaзликa. Пoзнaвaм луѓе кoи штo нa приемен нa држaвниoт фaкултет си влегoa преку врски, a нaјверoјaтнo тaкa и испитите ги пoминувaaт. Кo бoжем нa држaвен не се купувaaт диплoми или не се пoдмитувaaт? Смешни сте сo вaкви изјaви.