Во последно време и државните факултети станаа како приватните, квалитетот на образованието е доста на ниско ниво.
bidejki ke im begaat po privatnive poveketo ako epten im se otpisat i nema da zemaat po 200 ili 400 evra od osoba
По 300 евра бараат во Европски Универзитет за да ти ги вратат оригиналните документи, ако сакаш да се отпишеш, и ако сакаш да се запишеш на друг факултет, претходно во просториите на службен весник ги пријавуваш како изгубени или невалидни само со лична карта чекаш неколку дена до недела и од средно повторно ги подигнуваш истите оригиналните се разбира. Сите средни школи ги чуваат свидителствата во архива.
dobro jas ne zboram za evropski, zadovolna sum od faksot ne bi se ni otpishuvala i jas dr pishav so nema veze so ova ali ok
Епа на ФОН додека учат буквално 50 прашања за колоквиум, на Јустинијан полагаме испити од по 4 книги и така, јасна ви е разликата...
После завршувањето на факсот се исто дали на приватен или државен,за работа треба врски и партиски книшки,и што ако учите повеќе на државните ,мислите тоа нешто голем плус ке ви биде после студии??,ништо не знаеш без пракса која ќе ја стекнеш на работното место по завршувањето....бидете сигурни
Па таа пракса е условена од знаењето, поголемото знаење е секогаш плус, без разлика дали имаш или немаш врски за работа. Без никакви врски меѓу тој со државен и тој со приватен факултет предност ќе има тој со државниот. Истово мислење го имам за дисперзираните, поготово Штипски и тоа што има медицински науки на тие факултети.
И јас предност им давам на државните. Кога сте две најдобри другарки една на приватен, друга на државен на исти смер, јасно може да се види разлика и да се направи споредба.
Според тебе, дисперзирани се сите факултети што не се во Скопје, очигледно не ја знаеш разликата. Под дисперзирани факутети се подразбираат сите оние кои не се наоѓаат во градот каде што е седиштето на Универзитетот. Значи, на УКИМ дисперзирани се сите оние што не се наоѓаат во Скопје, а на УГД дисперзирани се сите оние што не се наоѓаат во Штип. Медицинскиот на УГД не е дисперзиран бидејќи го има само во Штип. Во однос на знаењето нема да коментирам, не значи дека дисперзираните не следат никаква настава, студирањето е исто како и на оние што не се дисперзирни.
Ете малку утнав термини, моја грешка. Мислев на Штипскиот универзитет како целина, не може да се споредува со УКИМ, па ни со УКЛО посебно медицинскиот, дефинитивно најтежок факултет е тој во државава, а и треба да биде. Не е исто правник и економист да направат грешка и доктор да направи грешка.
Според тебе на медицинскиот во Штип нема квалитетна настава. Учеме од иста литература како и на УКИМ, и ни предаваат професори кои се признаени стручњаци во својата област.За да се помине мора да се научи. Тој што сака да научи ќе научи и на УГД.Тие што го потценуваат Штипскиот може слободно да дојдат да видат како се полага испит на Општа, па потоа да коментираат.
Општа се океј според мене, ама оние тригодишни...е тука веќе немам коментар. Исто и за ФПТН...срамота!
Имам познаничка што има студирано и на УКИМ и на УГД и е 100 пати позадоволна од УГД, особено од односот кон професорите.
Темава е за приватни и државни, но не можам да не искоментирам за изјавите дека исто се учи на УКИМ и УГД... Мислам океј е да се браните и правдате ама имаме познаници ние што студираат таму, не зборуваме од памет, а вие слободно тешете си се. Посебно нагласувам за медицински, фармацевтски и стоматолошки,оние во Штип и оние во Скопје немаат допирна точка во тежина. Јас и другарки сме во Скопје и имаме соученици кои се во Штип па сега за време на сесија јас не спијам воопшто за 9ки и 10ки а тие се журкаат на студентски и имаат 10ки. Патем не станува збор за солидни студенти туку за такви кои едвај минаа средно. За другите факултети не сум компетентна да зборувам, но за ова тврдам и никој не може да ме разубеди. Секаде има такви што учат и не учат, ама кај нас тие што не учат не поминуваат дури не научат а на УГД е често тоа.
Moe mislenje e deka UKIM e ubedlivo najtezok za studiranje, bitolskiot i stipskiot ne se losi, no treba uste mnogu da se raboti na kvalitet. Albanskiot vo Tetovo e katastrofa, a privatnite uste pogolemi katastrofi. Generalno obrazovanieto ni e tapa. Jas pomladite deca povekje bi gi sovetuval da izucat nekoj zanaet otkolku da trosat vreme na nekoi neproduktivni fakulteti, a toa se 70% takvi.
Јас започнав есента да студирам на приватен факултет, односно во SEEU и засега сум многу задоволна Професорите се однесуваат многу професионално и секогаш се тука да ти помогнат со било што. И бидејќи најчесто се вели дека на приватен факултет се ,,купува,, дипломата и дека всушност е многу лесно да ги поминуваш предметите, јас не можам да го кажам истото, барем не за мене. Имено, јас лично многу се потрудив во првиот семестар да поминам со сите десетки. Трудот кој сум го вложила за мојот успех никој не може да ми го оспори, особено не со претпоставката дека студирам на приватен факултет. Сметам дека не сум кадарна да зборувам за програмите на останатите приватни и државни факултети и однесувањата на професорите бидејќи не сум запознаена со тоа, меѓутоа верувам дека постојат добри студенти кои максимално се трудат и на приватен и на државен факултет. Факт е дека добар и вреден студент кој има амбиции ќе заврши одлична и на приватен и на државен факултет. Им посакувам многу среќа и успех на сите кои студираат, без разлика на кој факултет се !