Сакам да се запишувам на факултет во Скопје, да биде државен , ученик сум со просек мн.добар. Па дали може некој нешто да ми преедложи некој факултет. Јас сакав на педагошки, ама ми викат дека сум немала просек. :/
Toj sto ne studiral na drzavnive fakulteti ne treba da ima pravo da pravi sporedbi. Ne e potrebno samo kniga da otvoris, treba da visis po hodnici i da cekas redici za konsultacii, da ides postojano na predavanja vezbi za da bides upaten, da se boris za sekoe poence samo za da zasluzis potpis itn. Profesorite i nivnata plata ne zavisat od tebe, pa taka nikoj ne se zamara dali si ti prisuten, dali si naucil/razbral, i dali i za naredniot semestar ke dades 100-200 evra ili ne. Ednostavno prepusten si sam na sebe i potrebno e da se boris. Na privatnive kako sto gledam ednas-dva pati da ne otides, odma zabelezuvaat, se konsltiraat so tebe, te tintraat itn bidejki tamu nivnata plata zavisi direktno od tebe. A toa koj saka ke si nauci mi e bezveze. Na privatniot 100% da znaes e ednakvo na 50% od drzavniot. Ne se sporedlivi ednostavno. @La.loca tehnickite, medicinski, farmacija se najperspektivni. Moj sovet da se zapises na toa sto ti lezi a ako studiras samo kolku "da si so diploma", t.e. kolku da se studira nesto - bilosto, podobro raboti i uci nekoj zanaet.
На државните ако не ништо друго, барем индиректно се стекнува борбеност, истрајност, упорност што мислам за денешниве работни места е важна карактеристика.
Каде на академија или на филозофски? И за двата мислам дека имаш солидни шанси да влезеш. Има категории во кои можеби спаѓаш пр.националност (за државна квота) а за приватна можеби и ќе влезеш. Не може никој да ти препорача каде да се запишеш, тоа треба твој избор да биде и да имаш љубов према тоа што го учиш.
Јас сум на Уким ама да би имала средства ВЕДНАШ би се префрлила во приватен и тоа во странство. Да не се лажеме во Македонија одличен универзитет НЕ постои.
Како мослиш одличен? Според квалитетот и квантитетот на знаење со кое се излегува од факултетитњ или условите?
И двете. Условите воопшто нема ни да ги коментирам само малку прогуглај за условите во другите европски универзитети. А за квалитетот на знаење, ќе излезеш со знаење ако самиот сакаш да учиш, но практична примена нула. Дефинициите утре никаде нема да ти завршат работа. А нашите фирми се толку затворени што и при едно обично истражување бегаат од тебе како од ѓавол.
Се согласувам но не потполно. Не знам на кој факултет си, но на мојов може да се научи. Па и практичната настава е подобрена за некој степен. А тоа за фирмите е друг проблем кој не е поврзан со квалитетот на факултетите. Знам какви се и факултетите во странство и немој да бидеш во голема заблуда дека е којзнае колку подобро.
Да за услови да, чинам секаде е подобро од тука, но мислев на знаењето. Не треба да се потценува УКИМ, особено не оние студенти кои завршуваат со сопствен труд и пот, само тие врски, книшки и слични работи доста го уништуваат.
Се согласувам, но тие се вистинска реткост. Како што сум видела врски и лесно земање на диплома во Уким на ниедно друго место не сум видела, ама тоа е. Пак ќе кажам, секој денес се запишува на факултет и секој завршува.
Se slagam deka prakticnata nastava e na mnogu ponisko nivo od onaa vo stranstvo. No od fakultet do fakultet ima golema razlika nezavisno sto i dvata se pod ukim. Odreden del od fakultetite navistina ne se za podcenuvanje. A diskusijata za drzavni ili privatni mislam deka se odnesuva vo ramkite na Mk, i tuka nema sporedba.
Добив стипендија на Балкански на факултетот англиски јазик и сега се двоумам да одам заради кредитите зашо нели на уким има повеќе и сакам да ве прашам дали кредитите се битен дел од наоѓањето работа?
3 годишни студии се 180 кредити, а 4 годишни се 240 кредити и исто е и на државен и на приватен факултет. Како може на Балкански да е различно, таму колку кредити има?
Тоа е точно дека на државниот повеќе се учи и верувам дека една од причините што е така е поради "малтретирањето" на професорите врз нас студентите. Ете можда има и позитива сето ова, како на пример учењево, но неможеш да претераш во сето тоа, навистина сеуште неможам да поверувам какви се професори постојат, со такво иживување, значи си учел цело време и на крај ти викаат "ајде мрш и ќе го искинат листот и ќе ти го фрлат право во лице" само заради тоа што некој пред тоа го изнервирал? Крајно безобразие. Ајде сега да не се жалам порано бетер било, ама сепак не е тоа што треба да биде, се што е претерано а кај некои тоа е крајно, не е воопшто добро.. Од друга страна кога ќе видат дека дипломата ти е од приватен факултет, одма си мислат дека ти е платена ама па отприлика и така е, никако не си..
Може да знам на кој факултет? Не, навистина имам многу вакви муабети слушнато и ме интересира каде толку се изживуваат зашто и јас и сите мои другарки сме на УКИМ, па сме немале вакво искуство. Се што сме заслужиле, сме добиле без никакви врски ниту понижувања, навредувања.
Кои среќлии ќе бевте Јас кого да не слушнам само се жалат, сакав да се запишам на Англиски, и се распрашав што како, случајно на час ми се најде професорката, таа имаше студирано на УКИМ за тоа, и ми раскажа неколку вакви случки. А и имаме професорка штотуку вработена одма после завршување Стоматолошки фак.во УКИМ, и таа ми кажуваше нешто вакво слично.
Јас сум на приватен факултет SEEU...и не се каам...повторно да би требало да се запишам по повторно би го избрала овој фалултет... Се е толку совршено... Наставата се одвива како во средно, основно... Секој час ни даваат домашни, имаме испрашувања(сепак сме мал број и има време за сите)...нема шанси да не научиш.. Професорите секогаш се на располагање и ни посветуваат внимание...а на крај си ја добиваш оценката што ја задлужуваш...и кај нас има студенти што се паднати .. Да се натпреварувам со студент од државен сигурна сум дека ако не поголем резултат сигурно ист ќе имаме..