Здраво, јас сум вонреден студент на економски факултет во Скопје, мажена со дете, и имам завршено веќе еден факултет, а поради работата ми треба диплома од економски факултет. Не сакам испитите со пари да ги плаќам, но се мислам да се префрлам, само неззз на кој од државните, дали во Прилеп или во Штип. Ве молам за совет и искуство, каде да се префрлам? Исто ме интересира и кој приватен факултет го препорачувате за студии од областа на економијата, кој притоа е признаен и надвор од МК. Фала однапред.
Препорака моја, Американ Колеџ. Јас студирам. Имаат добар кадар на професори кои ти посветуваат многу внимание. Во секое време можеш да ѓи добиеш и целта им е да положиш. Исто така се како другари. Си пиеш кафе со нив, си пушиш цигара. Е сега, имаш на македонски и англиски да студираш. Јас студирам англиски, малку е поскапо, но вреди. Дипломата ти е преведена и признаена надвор од МК.
Defitivno e na drzaven potesko ti ja vadat masta dodeka polozis dodekana privaten ucis ama ne so taa mera materijalot e mnogu povise od toj materijalot sto godavaatna privaten no fakultetsi efakultet privaten drzaven treba da se uci
Здраво Дали некој ќе може да ми каже кој е најдобар приватен факултет и кој смер би ми го препорачале? Фала ви
Општо познато е како функционираат приватните факултети. Таму материјата им е многу симплифицирана и скратена, за разлика од државните кадешто се учи доста опширно. Предметната програма е приказна сама за себе. Задолжителните предмети што ги имаат државните факултети таму им се изборни, некои предмети воопшто и ги немаат. И нормално е сфаќањето дека не се учи ништо на приватен факултет. Не сакам генерализации, има студенти и на приватните што учат, но мислењето на факултетот се формира според мнозинството на студенти што студираат и учат таму. Од овие причини сметам дека државните факултети се далеку поквалитетни од приватните.
Ниеден, ни од приватен ни од државен никој кој што завршил нема појма да работи. Не е важно што имам завршено , но нема поврзаност учењето на фах со работата според струката , наместо да се учи кога ќе завршиш да знаеш да работиш нешто они даваат глупи проектни и презентации да правиме и бубање лекции на памет! За мојот смер , точно е дека на државниот кога положуваше еден на приватниот имаше положено 15, ама тоа е колку ќе платиш толку и ќе добиеш, иако исто се фаќа, ниту од државен излегол некој што знае да работи ниту од приватен (ретки случаеви).
Тоа е проблемот со праксата, бидејќи нема добро организирана пракса. Но сметам дека пракса без теориско знаење е глупост. Мора да се знае теорија и да се примени во пракса. Тоа што го прават приватните факултети теоријата ја сведуваат на минимум, а потенцираат пракса, што сметам дека е сосем погрешно. И да не се лажеме, сите знаеме дека на приватните далеку полесно се положува, иако студентот нема ни основни познавања од предметот кој го полагал. Затоа сите што ќе заглават на државен идат на приватен. Исто така и сите кои аплицираат на приватен се примени за студирање, а на државен зависи од конкуренцијата. Многу пониски критериуми има на приватните факултети, скоро никакви критериуми за полагање. Доволно е студентот само да се појави во терминот за полагање и е положен. Дури вака функционираат приватните факултети напредок нема. Треба промени и во државните и но таму барем има некакви критериуми за полагање.
Дали некој знае кога почнуваат студиите на МИТ Универзитетот? Се запишав пред една недела и ми рекоа ќе ми стигне на email кога се почнува ама се уште нема ништо а утре сме понеделник веќе... и тоа 7 октомври
Здраво, дали некој има запишено мастер студии по административно право на Правен факултет - Јустинијан Први? Се мислам помеѓу ова и некој економски смер на Европски Универзитет. Додипломски имам Економски менаџмент. Споделете искуства и мислења. Благодараммм...
Здраво, според мене доколку сметаш дека сакаш да учиш тогаш државниот факултет ете како нуди поголемо знаење! Учип многу и без многу труд таму можеш само да се сликаш а оцена да добиеш никако (освен се разбира доколку немаш врски бидејќи и таму со врски си завршуваат студенти и си држат работни места) Според мене приватните се платиш и добиеш! Цврсто стојам зад тоа! Имам блиски и многу пати сум била сведок дека за жал така си функционираат... Е сега, морам да ти кажам дека од државниот ќе стекнеш знаење, но на правниот факултет Јустинијан Први ќе имаш работа со ископлексирани и исфрустрирани професори и асистенти до кои немаше можност да стигнеш до пред некоја година - 2014та(сега немаат студенти па сигурно се променија малку- односно сега глумат фини и достапни, барем така кажуваат студенти а уствари истите си се).Инаку беа во права смисла на зборот одвратни (со чест се разбира на ретки исклучоци кои сепак ги имаше ама во многу мал број). Инаку сум дипломирана и магистрирана на Јустинијан во рекорден рок. Ти посакувам среќа во изборот!