Да точно повторно се враќаме на првото поставено прашање исто како што се повторува распишување огласи за вработување ако на студентов со државна диплома и добри теоретски познавања кога ќе се испраксира доволно не му понудат покачување и си заминува. Инаку кога упалува повеќе потреба од праксиран студент во однос на теоретски подобро обучен имаш многу ситуации се зависи од понуда и побарувачка од фирма со фирма. Сите фирми немаат иста визија, мисија и цел Ама ако станува збор за моја фирма јас лично сум за теорија а со тек на време би споделила пракса со нововработениот.
А ако на студентот со приватен факултет, кој ќе поднаучи малку теорија во текот на работењето не му понудат покачување ќе остане да работи таму? И да, ако не понудат покачување, на работник со знаење и доволно стаж, нормално дека треба да си замине или да се избори за покачување. Не знам зошто мислиш дека на државните поим немаме што е пракса. Како што кажав, дипломирав на државен, јас се трудев да идам и да имам квалитетна пракса и многу научив од праксата. Така што идејата дека на приватните има подобра пракса паѓа во вода.
Не се согласувам со делот кај што кажуваш за испраксиран студент во однос на тој што има повеќе знаење теорија од проста причина што кога ќе одиш на интервју за работа те прашуваат теорија од твојата струка. Бев на интервју во банка и имав интервју каде ме прашуваа теоретски прашања од мојата струка
Мое лично мислење исто како ти што си имаш свое. А за прашањето се си мислам дека ти е реторичко а ако не е ај да не би тенчеле во детали понатаму што би било кога би било. Јас убаво објаснив мене лично што ми е побитно кога би селектирала и регрутирала кадар во моја фирма. @Lady D ❤️ во ред е да не се согласуваш и јас не се согласувам кога примаат праксирани со теоретско (не)познавање ама мене и тебе може не не консултираат што да вработат на некој оглас во банка рецимо.
Познавам информатичар завршен на Штул ,моментално вработен во Volkswagen во Германија. Баш поради праксата. Така да,и приватните имаат свои предности. Гледам сега приватните нудат и дупли дипломи со странски факултети. Тоа е сепак предност. Инаку на државен имам завршено,но да ги имаше приватните и да нудеа пракси и соработки надвор ко денес ,би избрала приватен. Државен само за државна работа, конкуренцијата надвор е огромна ,така да им е сеедно каде некој ке завршил,пак на крај надвор ќе успеат само упорните и тие што знаат да ја работат струката што ја завршиле.
Ме изнасмеа. Гледаш, ја Штул завршив и дома придонесувам од 8мо, работам од 18, па кога ќе дојдеше вработување дека 11 години имав искуство (пред 4 години) тогаш цела фирма држев во раце и замисли со приватен, во приватна фирма јас одлучував која да ја вработат. И не одбрав по факс, замисли одбрав без искуство за да ја искалемам убаво по мое и девојчето ептен ми се погоди. Замисли имаше државен факс и воопшто искуство (економски) , се измачив малце додека влезе во шема што е нормално, ама топ ми се погоди . Не е мерило факсот. Или те бива или не те бива. Мојот газда беше без факс, неписмен делумно и богат ко Гејтс ( и елтен ептен снаодлив ). Така да не гледам поента на темава.
Многу генерализираш, титула секако ќе добиеш по дипломирање ама стекнатото теоретско (не)знаење си бара и пракса и да ти фаќа кликерчето така да не ќе да е основано твоево.
Во право е @Keanu_R.Wick. Прво, никој не може се да знае, Второ, праксата на државните зависи од студентот. Има примери кадешто на државните имаат многу солидна пракса. Така што сосема во право е тоа што го кажа дека ако сакате знаење на државен.
Супер што придонесуваш од 8мо, ама сигурно од 8мо не придонесуваш со факултетот. Знај дека и од приватен да земеше работник и него требаше да го обучиш, дека нормално е тој што е нововработен да не е во тек со работите на фирмата. И баш од економски има многу што научија од праксата. Секојаа чест за тебе, ти си исклучок, но сите знаеме како функционираат приватните и зошто се запишуваат на приватни. Пак ќе кажам, имам пријателка, беше заглавена на државен, се префрли на американ и дипломира пред сите. Прашањето е, толку многу почнала да учи кога се префрли на американ?
Убаво пишува горе дека од 8мо придонесувам, работам со стаж од 18 официјално... А дали некој завршил на економски, дали на Американ, дали Туризам или Јустинијан нема везе. 90% од успешните немаат факултет, имаат мозок. Така да, џабе е дискусијата. Јас познавам луѓе кои бубале ко луди со просек 10 на државен за да останат асистенти и сл по факс оти до таму знае и се детално ќе ти раскаже, знам со приватен факс што работат на високи позиции , ама најдобрите и најуспешни се мозокот, а тие со факс им прават пари. Па сеа види...
Сосема сте во право!!! Секој збор ви е апсолутна вистина! Не е за споредба државен и приватен вп никоја смисла! Државниот дава знаење ( со исклучоци и там на тешки врски за поединци) а приватните без навреда ама се продаваат дипломите во вистинска смисла на зборот! Лошо на државниот (говорам за Кирил и Методиј бидејќи таму студирав) е лошите услови (скршени клупи, седишта на амфитеатрите, хигиената исто прилично лоша) и катастрофалниот и непрофесионален однос на професорите према студенитете. Знаење нудат ете како, ако не научиш нема да положиш, тоа сигурно! П.С. сапун и тоалетна хартија не видов НИТУ ЕДНАШ ниту за време на дипломските ниту постдипломските ♀️
Нити една диплома не е мерило за правење пари. Комшијата ми е криминалец, со осмо е, газда на десет легални бизниси. Но, хирургот што го има оперирано неколку пати од прострелни рани не дипломирал на приватен. Адвокатите што ги има истотака не се од приватен. На страна овој пример, еве друго. Нити еден способен менаџер, лекар, правник, професор итн нема диплома од приватен универзитет. Кога ставаме на вага приватни и државни универзитети, треба да знаеме и тоа дека луѓе со мозок би избрале државен бидејќи сакаат повеќе знаење и знаат дека дипломата им тежи повеќе. Останатите одат на приватен како што кажав или за титула или за побрзо добивање на диплома покрај знаењето што го имаат. За успех потребно е знаење, за знаење потребно е учење, за учење потребна е волја, за волја е потребна интелигенција или, како што викаме, мозок.
И јас дипломирав на уким и се што кажа во врска со хигиена и физички услови за студирање е точно. Но знам дека мојата диплома вреди, пред се зашто јас се трудев колку што можам и сакав да научам што е можно повеќе.
И државен треба да се плати зависи кај си. Ја ко што знам коа братучед ми упишуваше медицина 1000е му бараа од година и се откажа оти пари немаше . Ова зборам пред 10 и више години. А криминалци ли вакви такви, дипломата може да си ја урамите дома каква и да е ако не е медицина или ИТ поврзана. Аааа инаку пола ОЈО доаѓа кај мене, дел се со приватен правен, дел со државен. Хау сед ве разочарав може, ама тоа е грубата вистина.
Секаде има некои незаконски работи. И плаќаат за положување или за упис. Но, тоа се исклучоци на државен, а на приватните плаќаш се регуларно и добиваш диплома. Која груба вистина? Грубата вистина е дека тие што нема да успеат да положат нешто да државен се запишуваат на приватен и тогаш изгледа се ептен мотивирани за учење и дури и дипломираат предвреме. Ова е грубата вистина. Имам неколку примери од студенти што студираат на приватен, а пред тоа учеле на државен, па така знам колку се учи на приватен.
Абе колку купија дипломи на државниве факултети дури и се бетер и од приватните. Но муабетот беше во однос на позитивни и негативни страни. А дека за државно да се вработиш и не е толку битно од кај имаш диплома, барем така беше до пред 3-4 год, сега нз.
Да, баш така, 1000 евра плаќаме на крај од секоја сесија за да не пуштат инаку ништо на медицински. Ве молам без дезинформации, учиме со саати на ден и јас и колегите, не положуваме со пари, а со толкава сума 5 години студирање во државна квота се. Ако знаете некој шо завршил медицина со пари и врски не треба да не ставате сите у ист кош пошо нема смисла. Исто е и за приватни и државни факсови. Ко шо знам стипендии делат и на приватните и таму завршуваат луѓе шо учат. Секаде има секакви. Иако на приватните мора да се со тебе пофини самите професори и целиот амбиент да е таков фин, се да е средено и чисто затоа што им плаќаш толкава сума и мора да привлечат студенти. Реално е така. Ние пошо 200/400 евра плаќаме на државата, студираме у такви услови, затоа шо на државата и е гајле дали имаме сапун, светло у вц или чист амфитеатар. Не се богатат од нас. На пример од Славјански коа у средно ни презентираа како е на нивен факс ни дадоа и тетратка и пенкалце. И самиот фин однос, па запишете се кај нас, па вака, онака... Значи и тоа како ги тинтраат студентите пошо од нивни пари живеат. На УКИМ не сум добила ни едно пенкало, не па нешо друго. Колку пари толку музика. Во поглед на книги и теорија и пракса нема да навлегувам затоа шо не студирам на приватен и не знам како е и шо е. Но, не сум слушнала некој да се откаже од приватен факс, а од државен и тоа како. Значи сигурно има некоја разлика, а најубава паралела ќе напраи тој шо бил и на државен и приватен и би кажал искрено што и како е. Можеби е до тоа дека немаме ни едно вц ко шо треба, хм...