Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    И сега прочитав за дај пари повели диплома не е баш така да беше така до сега како што си ги давав парите ќе си поминував без да паднам ни еднаш и пак да си плаќам за да полагам на казнена,така да не е дај пари еве ти диплома така да беше сите ќе имавме дипломи до сега,бар на Штул е така многу е зајакнат од порано и се учи ама баш по истите книги од државен,не е прашање и заокружување одговор,туку со пишување есеи и одговарање прашања ете така,па не гледам разлика за луѓе што учат од исти книги само што се на различен факс ако знаш супер ќе поминеш и ваму и таму,а ако не нигде нема да поминеш
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Аман бре луѓе ај престанете очи да мачкате. Ко да не сме виделе кај и колку се учи. Џабе значи не знам што да кажете, скоро сите другари,другарки ми се по приватниве. Па уште не знаат да читаат и пред мене ке дипломираат. Живи глупости.
     
  3. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Е добро значи секогаш вакви спуштања на муабети,па не значи дека ако твоите другари и другарки не учат дека сите не учат и не знаат да читаат,јас сум била цел живот одлична со сите петки и можев да се запишам и на државен али тука имам повеќе опции,и плус многу од државните доаѓаат баш во штул да магистрираат и.т.н конкретно за Штул зборам и сега ај да ја заклучиме работава пошто гледам расправии почнале,вие што сте од државен сте многу паметни ама баш се знаете и вие сте правите луѓе кога ќе дојде време за работа , а тие што се од приватните се глупи и не виделе што е учење и тешкотија на факултет,само мама и тато им платиле и си поминуваат,задоволни?
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Да, ептен сме задоволни. Фала ти на понизниот одговор.
     
  5. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    102
    Поимот приватно образование во Македонија со приватно образование во странство е сосема различно сфатено.Сум имал среќа да учам у странство и таму на приватни факултети е привилегија да учиш.Таму се запишпуваат добри ученици,богати деца,школите се строги.Нјадоброто образование на Запад го добиваш на приватни факлултети.Во Македонија треба да помине време додека се средат приватните факлултети.И тоа е точно дека ако сакаш да научиш на приватен можеш да си научиш само што многу ретко учат таму но има и што си учат.Познавам девојка што учи на приватен учи секојдневно по 5-6 часа али тие се реткост но тоа незначи да ги омаловажуваме или навредуваме.Секој со свој среќа и поздрав.
     
  6. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Лолита еден совет ако сакаш вака да послушаш...не вреди да се пишува на темава, што и да пишеш го земаат како повод за препукавање и почнуваат кавги и навреди.....затоа батали нека си живее кој како знае и нека си се снаоѓа во животот со своите способности.
    Веќе се изгуби смислата на темава, овде бевме да кажеме свое мислење, а не да го осудуваме туѓото или да се обидуваме да докажеме дека сме ние во право и да го наметнуваме нашето мислење како 100% вистина...

    уште еднаш ќе повторам жал ми е што читам вакви постови од академски граѓани...но тоа е тоа :roll:
    поздрав :)
     
  7. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    :clap: Go-Girl Се согласувам со тебе во целост
     
  8. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    и мене ми е стварно жал,и јас се согласувам со тебе :D па за тоа го напишав и тој одговор на крај затоа што тоа сакаат да го слушнат ваљда со тоа им се полни душата дека они се над сите зато што се запишале на државен и најобразовани се,и не мислам да се расправам и стварно може не треба на секоја тема да се даде свое мислење,затоа што одма почнува некоја кавга безвезе :) поздрав
     
  9. bibs

    bibs Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Јас сум на државен факултет и можам да кажам дека факултетот не е тоа што очекував да биде. Со малку вложен труд добивам деветки и десетки. Имам пријателки на приватни факултети кои се убиваат од учење. :P Не е важно кој каде е туку кој како ке се снајде . Зборот ми беше дека ако еден ден земам диплома ке знам дека не вреди толку колку што моментално се форсира. Квалитетно образование кај нас ке има за 100 години ако ја преживееме 2012 :P поздрав и не е препирајте за глупости ке си довршиме ние што сме си почнале да учиме па еден ден здравје барем 1% ке си работат тоа што им е струката а другите ке си се жалиме тука ;)
     
  10. bibs

    bibs Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    ама си ги пофали пријателите секоја чест хахха
     
  11. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    35
    Ја поддржувам RainBow за напишаното. Објективно гледано се знае дека на приватните факултети се учи помалку. Секој чест на исклучоците, но за жал тие се многу мал број.

    Проблемот за дискусијата доаѓа од образованието во Македонија како цело. Не може да има држава во која секој ќе има диплома за завршен факултет, а секој втор ќе биде магистер. Отворањето на факултети во секој град и борбата за привлекување на поголем број на студенти придонесе денес оценките да се добиваат како на мајтап и писмените и неписмените да завршат со еднаков статус. Каде е работничката класа? Дури и оној кој не може една реченица да склопи се фали со дипломата и горделиво не прифаќа да работи за мала плата, а гледа да го најде најкраткиот пат до некоја канцелариска работа каде ќе го носат на грб некои други.

    Не треба да постои расправија кои факултети се подобри - дали приватните или државните. Горе-долу дојдоја во иста ситуација. Приватните попуштаа колку што треба и не треба, па сега државните за да не ги изгубат студентите тргнаа по тој пат.

    Жалосно за образованието и жалосно за оние кои навистина се трудат да станат некој и нешто по најтешкиот можен пат - ферски и поштено.
     
  12. mina18513

    mina18513 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    E pa vaka sega,za onie koi sto uslovno receno se buntuvaat koi univerzitet e podobar da vi iznesam edno licno iskustvo.Jas diplomirav na drzaven na PiT ppred 3 godini,megutoa se vrabotiv kako natavnik i trebase da dopolagam nekoi ispiti.Bidejki kaj nas ne mozese da se dopolagaat ispitite po brza postapka,so dopolaganje na onie sto mi ostanaa,itn.itnn otidov na Fon.Tamu mi kazaa plati si 4000 E i diplomata ja imas u raka,znaci bez da vidat kolku,so i kakvi ispiti imam polozeno mi dadoa da dopolagam uste 5 ispiti koi bea ziv cirkus 9po 50 str.Materijal i btw gi poloziv so 10.Taka da Ve molam onie od Privaten da ne se praat nz sto,bidejki mnogu dobro znaeme zosto i kako se dobiva 10 ili se diplomira u najkratok mozen rok.
     
  13. moncence

    moncence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Jas licno nemam nisto protiv privatnite fakulteti,imam dve drugarki ,ednata zavrsi na ekonomski fakultet na drzavniot univerzitet ,drugata ne znaese da cita do cetvrta godina sredno se zapisa na evropski fakultet , bideki ne mozese da se zapise na drzaven ,zavrsi i sega ne moze da vraboti,bideki koga ke otide na intervju si se srami od samata sebe,gleda kolku vredi i kolku znaenje ima ,za razlika od tie sto zavrsile na drzaven fakultet. Fakt e deka ne treba i ne moze ,site da bidat fakultetski obrazovani.Posle problemot e "JAS IMAM FAKULTET, A NEMA RABOTA" .
     
  14. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    21
    Нема везе дали си на приватен факултет или на државен.Битното е да се снајдеш и во двата случаи,џабе ти е да се убиваш од учење секој ден по 5 саати ако не си снаодлив и паметен.Светот и животот е суров баш и затоа успешни се само оние снаодливите и оние што знаат што сакаат и како да го добијат тоа без разлика дали биле мамини и татини ќерки или немале скршен денар во џеб,битното е дека имале во глава.
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Ne moze nikoj da me ubedi deka na privaten bilo tesko, zatoa so tamu kolokvium polagaat na 50 str. a nie na drzavnite na 150 str. Druga rabota, pred kolokvium im dadat primer 30 prasanja i im kazat od tie 10 ke vi se padnat, epa koj ne moze da go nauci toa? Imav skolski sto vo 4ta sredno edvaj citase, znaci bukvalno citase kako 3to- oddelenec, pravese greski na sekoj 2 zbor, a sega vo indexot na Fon pomala ocena od 8 nema. I sea ke vi kazam bas konkreten primer za toa kolku e polesno na privatnite. Vo 1va god na fax mi predavase eden profesor koj isto taka predavase i na fon. Znaci knigata od koja ucevme ni bese od nego, isti materijal imavme za kolokvium, se bese isto. Kaj nas na drzaven za da polozis trebase da imas 12 poeni od mozni 20. A imav prijatelka ona na Fon i istiot predmet go imase i ona. Kaj niv na Fon se polozuvase so 6 poeni od mozni 20 :!: Znaci tie na Fon so 12 poeni moze i 10ka ke imaat, a tie na drzaven po istiot predmet od istito profesor so 12 poeni edvaj 6ka ke dobijat. I zatoa ne moze nekoj da mi kaze deka znaenjeto bilo isto na drzaven i privaten. Toj so znae deka ke zaglavi na drzaven, za da si pomine lesno se zapisuva na privaten. E sega tocno e deka na sekoj od nas ke mu bide poubavo da studira na privaten, zatoa so ke ima vreme i za ucenje i za setanje, i profesorite ke se odnesuvaat ubavo so tebe, i nema site nervi da si gi izgubis ucejki po cela vecer. Eden moj skolski od sredno ima drugar koj sega e treta god na Evropski i samiot si kazuva deka do sega za tie tri god samo 2 pati se pojavil na fakultet, a site ispiti mu se polozeni. Epa na drzaven go nema toa. Ne ti zvonat asistentite za da te molat da dojdes na ispit, ili oni da ti go resat testot kako so e na privatnite. Mene polani cimerkata mi bese na Fon i nekogas po cela nedela ke zaboravese da otide na fax, a na drzaven mora da imas prisutnost za da dobies potpis na kraj na semestar.
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Toa i jas go imam slusnato deka na Stul treba ucenje. Od privatnite fakulteti samo Stul moze da go izdvojam kako kvaliteten, drugoto se e gola voda.
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Разликата е голема..Ееее нека одат сите на државните каде професорите се сметаат за семоќни и за било што да му текне да те враќа или паѓа на испит..Да се мачиш да те малтертираат да лечат фрустрации на тебе да се снаоѓаш сам за материјали да чекаш пред кабинети итн итн..Еее тоа е тежината..нервози..проблеми се ќе ти се собере, ама упорност,трпение и издржливост треба да имаш и така фактички самиот ќе се изградиш во силна личност..А на приватните кога се ти е скоро горе доле сервирано на тацна па не мора и да се мачиш или нервираш нешто многу..Значи со лесно и не знам каков човек може да излезе од таму..Значи тежината на факултетите државен вс приватен е многу поголема кај државните.
     
  18. zumbul

    zumbul Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    4
    karolina goceva se ostavi na filoloski i posle na privaten mislma deka bese fon odma op zavrsi !!!! KAKO ????
    dade pariiii
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Јас па мислев таа воопшто нема факултет завршено.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Хахахахахха леле се изнасмеав на ова :D