Не се дезинформации, кажав дека е многу поодамна уписов и 100 посто приватна квота беше 1000 е. Јас на правен плаќав 800 е. Така да молим те немој да ме обвинуваш беспотребно кога не си во право.
Искрено, јас мислам дека за ова се виновни професорите што дозволуваат некој да гради таква слика, посебно за медицинскиот факултет. Ако јас пуштам да ми положи некој што не знае што е клетка (а ги има и јас знам неколку), тогаш јас си плукам по мојата професија и по факултетот. Порано не можеше секој ни во средно медицинско, не па на факултет да влезе. Можеби и тогаш имало деца на доктори и слично, но за разлика од денес е светлосни години. Јас сум да се вратат приемните посебно во средните училишта и факултетите после кои треба да се работи со луѓе.
Знам дека беа повисоки ратите. На секој факултет беа, не само на медицина. Па после ги намалија на 400/800 и сеа се 200/400, за тие услови се и доволни. Но, те сфатив од аспект дека плаќал пари за испити иначе не го пуштале. И јас сметам дека порано беа преголеми ратите за студирање. Ако си мислела за тоа, целосно се слагам со тебе. Пошо ете на приватен се плаќа толку, а барем има чисти услови за студирање. Колку нудат, толку треба и да се плаќа, така е. И со тебе се слагам, но не значи дека лош ученик во средно ако е некој, дека на факс нема да почне да учи. Јас на пример позитивно сум изненадена од 2 примери од средно, што на факултет почнаа навистина да учат и сериозно го сфатија. Треба секој да добие шанса и да проба да студира. Па, ако не му оди, нека се откаже. Ни високите поени од матура ништо не значат. Не значи дека студент со 99 поени од средно и матура ќе е со сите 10ки и на факс ќе знае се од а до ш. Можеби е подобро приемен, но и таму би имало малверзации и пак ќе страдаат деца шо немаат човек да им среди... Но, јас искрено си кажувам како е на државниот факултет и таму каде што студирам јас. Да, врски има и секаде ќе ги има. Но, далеку од тоа дека сите така завршуваме. Тоа се мал број на студенти, не треба поради нив сите ние да имаме таква слика дека е така. И на приватен и на државен секаде ги има, цела држава ни е таква корумпирана. Условите во поглед на чистота се исто така лоши. Правиме ние како студенти се за да им текне да се освестат, ете и во факултетското студентско собрание цело време за тоа се борат, да се подигне хигиената на факултетите. Но, знаење добиваме. Имаме книги огромни, на испит бараат се да знаеш, на лепе очи нема да пројдеш. И пракса имаме. А, освен тоа има и на интернет многу корисни податоци, додатни книги, кој колку сака може да се едуцира од видеа, стручна литература и слично. Јас никогаш не се оставам само така со учење од книга, секогаш се трудам и визуелно да си го пренесам знаењето со видеа и слики и нешто плус од секој предмет да доучам. А и многу колеги со кои сум зборела исто, многу е полесно визуелно да запамтиш работи отколку само теорија да се чита. Е сега, на некој со сила знаење да му ставиш не можеш. Кој колку сака и се труди толку и ќе научи. Ако на некого му е само за диплома е друго. Ако некој сака да има знаење, мора да се вложи максимално. @Keanu_R.Wick имаше погоре убаво напишано, да не го повторувам истото.
@Dream-Girl да. На партиципацијата мислев, не на испити. А за мито, правен и економски се први. За таму знам, бев дел од Кирил и Методиј. А за другото веќе се изјаснив.
Погрешно сме се разбрале извини. Добро е што сега барем сите имаме можност да студираме, навистина е олеснително што ни се помали ратите.
Да, нема проблем уживкај Инаку ми е криво за братучед ми во тоа време ( мислам 2008 се упишувавме) што немаше услови да го упише... Работи сега со средно во Алкалоид, добро е платен, ама некако мислам дека тоа дупка му остана...
Мали сме, тоа е проблемот, а квантитетот е пред квалитетот сега. Кога малку студенти ќе се запишаат на конкретен факултет и дадена специалност ќе има 15 студенти на генерација, работите стануваат комплицирани поради финансиски фактор и се друго станува споредно. Парите го движат светот. А третина персонал по факултетите, се само тоа- персонал во факултет. Не работат ништо дополнително настрана, па нема од каде да им доаѓа и поголем прилив на пари. Решението е да се измачуваат студентите тогаш, ако пред тоа не лечат некои комплекси врз нив исто. Нема конкуренција, ретко кој ќе те подржи ако се побуниш, и ако сакаш шанса плус, ти ја бараш под дрво и под камен за да дојдеш до неа. Приватните се само поорганизирани, и за се' што добиваш си плаќаш. Во поголеми држави, со поголема конкуренција, каде секој стабилен си брка свои работи е малку поразлично колку да се одлепи од земја нивото генерално. Тогаш пак варира во кој универзитет ќе се запишеш, што факултет ќе одбереш, каква е самата катедра, репутацијата која ја носи институцијата итн. Но, да се тврди дека некој е поголем специјалист во својата област само поради тоа што студирал на државен и приватен- апсурд. Секој учи колку сака да научи, и напредува доколку сака и се труди да напредува.
Да бидеме реални,не е возможно да ги земеш сите испити од 2 години во 3 месеци, и сите да ги положиш. Случај од правен факултет во Србија, кој беше тужен од државниот,поради тоа што го напишав.
Луѓето често се запишуваат на приватен факултет за да се пофалат индиректно со тоа дека имаат пари без проблем да фрлат 200-300 евра повеќе од тебе. Тие шо ги знам јас лично, не се многу паметни, немаат знаење и дипломата си ја купуваат со пари. Може има исклучоци, шо ете не се такви, си учат и чесно си ги добиваат заслужените оценки, но сепак тој е стереотипот за приватниот факултет шо се докажало во многу ситуации дека е вистина. На државен факултет, помалку пари се плаќа ама маста има да ти ја извадат додека стигнеш до диплома!
Кога разговарам со било кој кој вработувал во скоро време, сите велат дека нема веќе толку разлика во знаењето - зборувам за кадри од економски, правен и сл. Порано, работодавачите елиминираа по основ на факултет - сега веќе не е така. Сега и од државно завршуваат со тест прашања ( на заокружување) без ниту еден испит на кој треба да одговорат на прашања, а за проекти не сакам ни да спомнам. Од друга страна има приватни каде завршуваат само колку да имаат диплома - со 3 пати појавување. За жал образованието ни е на раб на бездна и никој не се обидува да спречи нешто. Се додека квотите се превисоки и не се договараат со приватен сектор за тоа што им треба па така да креираат и квоти и соодветно да паузираат програми ( па нема да е секој 3 со Економски и Правен кога нема работа за сите), ќе си остане вака. Дипломата веќе не значи ништо. И што е пострашно, повеќето од младите што завршуваат сметаат дека образувањето завршува тука - тие се експерти за тоа - не сфаќаат дека неформалното образование и постојаното надоградување со курсеви и книги мора да продолжи. Не е веќе како порано: "Имам диплома, ќе си чекам по струка", и имаме дечки што завршиле пред 10 год машински, чекаат по струка и кажуваат како младите ги примале нив не - а веќе ништо не му останало во сеќавање од тоа што го учел а камоли да научи нешто плус.
Мхм! Сигурно е дека нема разлика од државниот (зборам за Кирил и Методиј кај што се образував јас) и приватните! Можете само да се тешите дека се полага на заокружување со однапред дадени прашања. Јас лично ќе ви кажам дека сум полагала и на раскажување (писмено) и усно исто така па и на заокружување НО на материјал од 600 страни (колоквиум) со датуми, со конвенции и сл а не е тоа на прашања 30 однапред дадени... Затоа, не говорете за државниот кога не сте студирале таму.Кога ќе положите еден испит на Кирил и Методиј со сопствен труд тогаш ќе бидете компетентни да зборувате. Веќе кога сме кај компетентноста да направи дистинкција помеѓу државен и приватен си давам за право зашто за разлика од вас тука што си зборите од рекла казала кој што ви кажал јас сум полагала и на приватен и помеѓу едното и другото разлика не може да се прави! Тврдам! За разлика од таквите како вас што си зборите од тоа кој што ви кажал! Спремете еден испит на државниот, не мора повеќе, положете го истиот па тогаш зборете дека нема разлика а до тогаш тешете се колку сакате дека исти кадри “произведува” приватниот со државниот. А во однос на вработувањата да, делумно сте во право дека ете немаат веќе секаде предност од државниот од една и единствена проста причина што врските кај нас се пресудни!! Заради истата причина на врски и протекции си ги загубивме квалитетни луѓе па и државата си ја загубивме со таквите вработувања и тоа целосно баш ради тоа што ИМА разлика огромна од државниот и приватните (со чест, се разбира на сосема ретките исклучоци од приватните и врскаџиите од државниот - кои ете не негирам постојат и таму).
Сум полагала на државен со луѓе кои имале 10 просек од конкретно економски - шокирани беа што ќе сме имале отворени прашања. Никаде не спомнав дека прашањата се давани претходно. За мастер зборувам иначе. Не реков дека не остана квалитет - али неспоредливо е со времето кога нашите родители учеле. Плус и на приватните има студенти со стипендии што се одлични.
Кај нас полагаме буквално секако (на државен сум).. а и зошто мислите ако прашањата се на заокружување се лесни? Може многу двосмислени да бидат.
Ви кажав и претходно, не би сакала да се повторувам.. Реков има исклучоци секаде и ќе ги има точно и само заради врските и на факултетите и при вработувањата.. Сепак, спремете еден испит со сопствен труд, положете го па зборувајте дали е исто државен/приватен.. И да на огромна жал, во оваа државичка не се зема предвид а ете како би требало да се зема во предвид образованието (ранг на универзитетот од кој доаѓа кандидатот за вработување и сл) меѓутоа тогаш би биле вистинска држава..
Врз база на ова мислење, и другите кои си ги пишала тука и на другите го оваа категорија општо, ако не се сите тука, можам да кажам дека пишува личност со доста ограничени мислења, или за таква се претставува позади екран. Од каде да почнам, ако некој не завршил на државен а не е Кирил и Методиј, исто како да не завршил ништо. Си била на други универзитети, и државни и приватни ако сфатив добро спрема мислењата али мање битно, па можеш да кажеш за сите други како е, бидејќи твоите искутва не покриваат само едно, твоето бај д уеј, искуство со нив, туку на сите други приватни и државни универзитети, сите катедри и факултети низ целиот свет. Њус флеш, не е така. И во ред, твоето мислење е твое и е супер додека не почнеш со убедувања дека ти добро знаеш каде е секаде, и дека твоето образовање е над образовањето на другите. Тоа е така за тебе, ама бидејќи не си објеткивна, не е така за другите. Секој со своите убедувања, додека не проба да му ги наметне на некој друг. Тогаш има проблем.
Не можеш да споредуваш државен и приватен. На приватните ништо не се учи. Ова го кажувам од пријатели кои заглавиле на државен, се префрлиле на приватен и дипломирале пред сите. Сигурно на приватен многу ги мотивираат за учење.
Да, за жал сум во право.. Зборувам од огромно искуство кое го стекнав токму од таквите компетенти луѓе од кои п Ох душо златна колку си ти искомлексирана доколку не си слободно претстави се од кој Универзитет доаѓаш .. Само едно ќе ти кажам бидејќи не паѓам на ниво на таквите како тебе. Моето споделено мислење не го наметнувам никому немам ни за што тоа да го правам. Моето мислење за оваа тема се темели на факти! Гледам дека си целосно изгубена и не ти е познато па да ти кажам постои ранг листа на универзитетите па отвори слободно види ја - дали некогаш друг универзитет гп завзел првото место (таа ранг листа не ја правев јас лично, туку сигурно некој друг ограничен како мене хаха) Во однос на тоа не се за споредба универзитетите сепак ви било тоа симпатично или не, секој избира според своите квалитети и способности! П.С. освен на Кирил и Методиј сум студирала и во странство.
(Доколку) НЕ сум, душо златна, не сакам да споделам инфо што сум и каде сум, форумов е анонимен, а јас паднав на твое ниво очигледно, досадно ми е денес, решив да исправам криви дрини и веќе се каам како го поминувам времето. Ти гледаш дека јас сум целосно изгубена и не ми е познато ништо, па сакаш да ми кажеш за ТВОИТЕ факти, за да не сум толку изгубена и незапознаена. Тоа не е наметнување на мислење и убадување, никако. Јас пишав дека веќе прочитав некаде дека си студирала и надвор од државава, што пак не дава кредибилитет да кажуваш како е на секој универзитет низ целиот свет. Целиот свет, потенцирам уште еднаш, иако веќе пишав во претходоно мислење, ама ти го стави тоа во П.С. содржина, бидејќи е многу важно, па и јас да ја отценам таа важност. П.П.С. Јас студирам во странство. Сега како ќе измериме дали моето е образование е понеквалитетно од твоето на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј? Како ќе пробаш да ги омаловажиш моите квалитети и способности над твоите? И се трудам да објаснам кој и зошто цитирам, ако излегува дека не се изјаснувам доволно јасно.