Не кажав дека се лесни - но не е во ред некој да заврши факултет без ниту едно отворено прашање, истражување и сл. За прашањата со заокружување знам дека се тешки - колегите се жалеа дека им биле давани опции со различни запирки, што значи дека морале се да учат исто како во книга.
Нема факултет кадешто полагаат без ниту едно отворено прашање. Инаку да, тие на заокружување се едни од најтешките прашања, бидејќи се двосмислени и исто така не секогаш е само еден точен одговор, туку може да се два три четири или пет или ниту едно, без притоа да биде наведено колку се точни одговори. Така што теоријата дека прашањата на заокружување се најлесни паѓа во вода, исто како и теоријата дека приватните факултети се подобри од државните.
Лол Во моеѕо излагање немаше ниту една од гореспоменатите теории - кажав дека не е како порано и дека е намален квалитетот.
Кажа дека не е во ред да се заврши факултет без ниту едно отворено прашање. И затоа беше и мојот коментар. Инаку темата е приватни vs државни, а не државни сега vs државни порано.
Се уште се држам до тој став - комплетно погрешно го сфати тоа што го напишав и додаде плус нешто што го немаше. Јас не дискутирав што е тешко или не, само дека не е ок да се заврши така факултет.
Извини на дирекноста ама толку неврзано збориш што ептен не би сакала да се впуштам во дискусии со тебе. Ете, само ќе ти кажам, кога реплицираш некому (за во иднина) убаво прочитај па потоа реплицирај, не збори рекла казала муабети, неврзани - ептен не ме интересираат..Ова во контест на моево напишано сето претходно каде никаде не споменувам “универзитети од целиот свет” Ете, по некоја случајност, фала му на Господ сум студирала на најдобриот универзитет во земјава и исто така на солиден универзитет во странство. Следствено на тоа, одговорив дека приватните (сум добила стипендија на приватен по положен приемен испит на истиот) и државниот немаат место за споредба во ниту еден сегмент па нормално и во “кадрите кои идат” од државен и приватен (со чест на многу ретки исклучоци). И да не заборавам последно од мене, барем мене никој не може да ми наметне мислење зошто ете имам секогаш свое! Па тебе ако сум ТИ наметнала си немала свое тогаш Mojoт став е изнесен тука, не ти дојдов дома да ти кажам што да правиш па да “тебе или некој му наметнувам мое мислење”. Се најдобро!
Беше кажано дека одговараат на прашања со заокружување во смисла на тоа дека се многу лесни. Кажав дек на ниеден факултет не се положува само со заокружување.
Конкретно ако зборуваш за економски на уким имаат и отворени прашања. Многу пријатели имам што студираат тука и тие кажуваат. И ако сметаш дека толку се лесни прашањата, иди полагај на такви прашања, и тогаш ќе увидиш дека не се баш толку лесни како што мислиш. Тие се најтешките прашања. И темата не е дали треба да се полага со прашања на заокружување, туку споредба на приватни со државни. Но поради недостатокот на аргументи, разбирам зашто го наведуваш овој со прашањата, бидејќи сметаш дека тоа во што веруваш е точно, и со тоа се обидуваш да им дадеш повеќе вредност на приватните што е сосема погрешно. Така што би требало да се вратиме на првичната тема. И онака се знае дека ако студираш на приватен не учиш, туку плаќаш и добиваш диплома.
Која е шансата, студент кој на државен факултет не може со 6ки да помине, да се префрли на приватен, и толку многу да се разучи и одеднаш оп, се 9ки,10ки?
Ова мислам дека го одговорив погоре и прецизирав прилично концизно дека се согласувам. И ова е кажано Никаде не кажав дека им давам поголема вредност на приватните поради прашањата со заокружување - тоа го наведов да доловам дека се става акцент на "бубање" или учење напамет без да се остави простор за развивање на интелектот со други активности. Не кажав дека не треба да има такво оценување туку дека не треба да е единствен начин. Доволен е аргументот што за жал се понеписмени кадри излегуваат од државните факултети, секоја чест на искучоците. И не наведов кои се подобри во постот, општо говорев за маните на двата.
Брзо променуваш мислење. Во првичниот твој пост беше кажано дека полагаат на државните на прашања со заокружување, во смисла дека тие прашања се многу полесни. Се понеписмени излегуваат од државните, но тие се далеку пописмени од тие што излегуваат од приватните, чест на исклучоци. Вистина дека квалитетот многу опаѓа, но темата е споредба меѓу државен и приватен, а на сите ни е јасно дека далеку е потешко на државен отколку на приватен. И никој не може да ме убеди во спротивното. Моја блиска личност заглави на државен, се префрли на приватен и поминува со 10ки, а и тој самиот вели дека не учи.
Не го променив мислењето - се полага со такви прашања и се завршува со такви прашања без ништо друго. Во превод да завршиш треба да "набубаш", а колку си сфатил е друго прашање. Колку си истражил и си станал експерт, сосема трето. Инаку да одговорам на прашањето - во државните повеќе се учи и е потешко, но тоа не значи дека секогаш излегуваат поквалитетни кадри од оние на приватните. Колку ќе учиш не е секогаш репер за тоа колку знаеш. А на државен има заглавени и поради професори кои бараат мито (барем според темата поврзана со поткуп на професори), на некои не им се допаѓаш и ред други работи. П.с Во суштина мислам дека прилично слично размислуваме, само што ти си го зеде здраво за готово тоа со прашањата со заокружување.
Штом мислиш дека прашањата на заокружување се да набубаш без да сфатиш, очигледно е дека немаш полагано на тој принцип. Тие прашања се далеку покомплицирани од бубање на материјалот напамет без да го сфатиш. За да ги одговориш точно таквите прашања треба и те како добро да го имаш сфатено материјалот, бидејќи толку комплицирани и двосмислени ги поставуваат и најважно, не ги поставуваат како од книгата што пишува, туку многу покомплицирано. За да ги одговориш точно мораш да го сфатиш добро материјалот и да го имаш научено со разбирање. Не е лесно да се одговори посебно кога не знаеш дали ниеден од понудените е точен, дали е еден, два, три, четири или пет се точни. Од државните излегуваат поквалитетни кадри. Зошто? Има неколку причини: 1. На државен материјата е премногу обемна, за разлика од приватен. Не е исто да учиш од книга од 500 стр и од книга од 50 стр. Нормално е дека од книга од 500 стр добиваш и повеќе знаење. 2. Критериумите за положување на државните се многу построги за разлика од приватните. Што значи тоа? Професорите бараат и најневажни детали на испит, што значи материјалот мора да се знае во целост и да биде сфатен, а на приватните може само да се прочита и студентот да положи без учење. 3. Повторно се однесува на професорите, дури професорот не види дека студентот има научено, нема да положи, а тоа не е случај со приватните факултети. На државен има заглавени поради професори, но голем е процентот каде се заглавени зашто не учат доволно, не се секогаш професорите виновни. Фактот дека заглавените студенти на државен идат и завршуваат на приватен е доволен и говори сам за себе. Не се потребни дополнителни објаснувања.
Искрено...за жалење сте сите што се препукувате тука Не знам кои генерации сте ама некои од мојата генерација завршија на државен без да се појават на час а ни на полагање.. Парите си го направија своето. Сега се во државна администрација на добри позиции.. тројца од генерација што си платија да завршат, сега менаџираат по 50+ вработени.. Со самото тоа што се препукувате тука која од вас е попаметна, си покажувате колку всушност сте.. Треба да искуси човек како е да си на приватен со стипендија и да мораш да бркаш просек 9.3, а притоа да те тераат да учествуваш во сите вонуниверзитетски активности, да ти бараат по 3 проектни не помали од 20 страни во семестар кои што мораш да ги презентираш пред колегите, па да те ебаваат и да не ти ги дадат сите поени од проектните.. и што е најстрашно професорите се тука за тебе ама не за да те потапшаат по рамо и да ти стават 10ка, туку да гледаат да направат што можат повеќе за да ја изгубиш стипендијата и притоа да не можеш ни да ги потплатиш Е тогаш да видите колку е полесно на државен..си знаеш и 6ка да е, толку си научил А тоа потценување па демек само УКИМ од државните вреди..абе патетики во боја Кој сака да учи, ќе учи и на државен и на приватен. Кој не сака да учи а сака да заврши, ќе заврши и на државен и на приватен. Помирете се со тоа Кој не сака да учи и на приватен ќе падне на колоквиум.. И уште нешто... има разлика меѓу научено за да положиш и научено затоа што сакаш да научиш за себеси и својата иднина.
И пак ќе кажам, има луѓе и ЛУЃЕ. Не влијае каков факс учиш , си завршил и сл. Тоа и денес посебно се докажа. Ако си бахат од внатре, имај 10 државни, бахат си.
Дали доколку родителот има потврда за бранител од војната во 2001 неговиот студент син/ќерка ќе му бидат намали трошоците за упис на факултет или за сместување во студентски дом? Ми кажаа дека на некои факултети/домови признаваат. Барам на интернет не можам да најдам кои се целосните услови за ова за нас кои имаме родител бранител. Може некој да ми каже или прати линк?