точно, мислат дека тоа што ги трауматизираат го прави државниот подобар факултет. Се извинувам што нас не третираат како луѓе
Поквалитетно е образованието на државен факултет. На приватен плаќаш и знаеш дека си ги положил сите испити. Причината зашто студентите се префрлуваат од државен на приватен е доказ дека на приватен е далеку полесно отколку на државен.
Девојче аман што ти е. Имам куп луѓе што ги познавам и брат ми е на приватен со ноќи учи и црта, ги буткаат исто така.Тоа што плаќаш приватно не значи дека диплома купуваш. Кој ќе ти даде диплома ако врска немаш? Ајде кажи ми? Имаат некои луѓе пари и можат да си го дозволат тоа. А тоа што мислите дека некој од приватен ќе ви го земе местото на вад од државен многу себично искрено.
Зборејќи за трауми, добредојде во вистинскиот свет. На жалост, сакала или не, секој доживува траума на поле кариера/образование порано или подоцна во животот. Можеби не е во ред, што ете на нашите државни факултети се случува неретко, професор да омаловажи ученик или нешто слично, не викам дека е во ред, но доколку се решиш да не подлегнеш и да не сфаќаш се лично, само си правиш челични нерви и си градиш појак карактер , што можеби и сега на студиите нема да ми биде од корист, но откако ќе искочам од комфорт зоната наречена факултет и те како ќе е корисно. Немам ништо против приватен факултет, но и на платите што ги зимаат професорите , фала богу дека нема да се дрзнат да повишат глас кон студент, не па повеќе.
Ги вртиш истите две реченици цело време, и извини ама не се некои аргументи хахаха. Жал ми е што на државен се изживуваат психички со студентите затоа што не се задоволни со условите и едноставно им се може. Ама луѓето што студираат на приватни факултети не ви се криви за тоа.
Хахахахахахаха девојко не читаш досега што пишувале го темата. Има наведено премногу факти и докази зашто е поквалитетно образованието на државен. Државен факултет има премногу теорија за учење и се додека не научиш, нема положување (има професори кои се изживуваат). Трауматизирањето е присутно, но никој не спомна дека тоа го прави факултетот поквалитетен.
Квалитетот на обрзование е ист , професорите и асистентите си го предаваат своето, твое е дали ќе учиш или не. За положување е многу полесно на приватен факултет отколку на државен.
Јас сум државен ми бараат и мене овде ама мене не ми е гајле за тие од приватен битно учат факултет не ви ја разбирам поентава што сте такви..
А ние што сме со стипендија на приватен и не плаќаме, а треба да одржуваме просек каде спаѓаме? Бидејќи таа стипендија не ми е извадена од џеб, ниту па оценките и дадените исипити
Да се надоврзам, зошто тогаш компании во РМ, коишто работат и го развиваат бизнисот, односно праат добри пари, како квалификација за вработување им е завршен факултет ( каде посекако доколку има кандидати од државен тие ќе ги примат односно државниот се смета како огромна предност) , а приватните ги рачунаат како некој да упишал брз курс по програмирање на пример?
Заради тоа што не се информирани како и многу луѓе на форумов и уште стои стигмата дека сите си проаѓаат лабаво на приватен. А и со брзи курсеви по програмирање се добива истото работно место како ФИНКИ да си завршил хахаха.
Или можеби бидејќи дале шанси доволно за да сфатат дека сепак не е тоа тоа? Успешен бизнис сепак не се гради од комфорт зона, туку напротив, од правење доволно грешки.
Зависно од работата обично бараат конкретни вештини и знаења, ама и да преферираат државен разбирам. Точно е дека има многу студенти кои со малку знаење завршиле приватни макар да има такви и од државен. Мене поентата ми е дека не се сите приватни факултети, смерови и студенти исти, не е во ред да се генерализира.
@t333 на кој приватен си? Или @sara1606 , и ти си на приватен? Пријателка на моите студира на приватен, оди на работа, чува деца, се шета и положува сѐ со 8, 9 На другарка ми дечко ѝ, исто за појавување на испит веќе е положен. Единствено американ може малку отскокнува. И на државните не е секаде исто, зависи со кој ќе споредувате, ама на 90% од државните има повисоки критериуми отколку на приватен.Како да ви кажам, факт е. И искрено немам ништо против луѓето кои се одлучиле за приватен и учат, имам против оние што буквално си ја купуваат дипломата. И од волку факултети што изникнаа, еве први дојдовме по квалитет на образование во светот.Се гледа квалитетот, мхм.
Секоја компанија си има свои барања без разлика, муабетот е дали си ти квалификуван или не. А секако и приватните компании се во соработка со приватни факултети, преку кои кога ќе диплоираш можеш да се вработиш без проблем. Во случај ако се секиравте дека ќе ви се земе работното место...
Може на твој смер не, но другарче што ќе завши сега многу се жали од дискриминацијата. На информатика е, вика дека колегите го третираат бетер од ѓубре, професорите му се овака добри, но има некои што им прават проблеми. И тие што биле со врски тешко им било да положат некои испити.
Не се секирам, таман работа, уште приватен факултет за струката што ја учам фали , и сме успеале како општество