Епа си плаќаат за да си поминат , очигледно е . Тие што појма немаат , што до средно одвај поминувале , се запишуваат да приватен колку да кажат дека се запишале и после тие ќе завршат е како ? Си платиле нормално
Може не се разбравме, на приватен студирам. Завршив во Орце одлична, нема некое правило. Уште еднаш ќе кажам, премногу генерализирате.
Те молам не генерализирај, такви луѓе има и на државен... Јас сум на приватен и во мојот смер има премногу луѓе што ги имаат паднато повеќе од пола предмети и не можат никако да ги положат.. Еве втора година сум а имам луѓе кај мене што се 4та и уште влечкаат некои предмети безразлика на фактот дека ја плаќаат цела сума за семестар (што е околу 500 до 1000 евра, не сум сигурна зашто со стипендија сум јас)
Сте запнале за парите како слеп за стап, кога буквално помалку плаќаме отколку на државен што се плаќа. Јас плаќам 500€ што е 100€ повеќе од тие на државна квота, меѓутоа нас не нé тераат да купуваме оригинални учебници на професорот секоја година. Ги имаме во пдф па ако сакаме си ги принтаме во либро. Тоа се илјадници денари заштеда. Да не почнувам што ниеден професор не ни бара мито за да положиме затоа што се платени и не се искомплексирани како колегите на државен. Повторно ќе кажам не генерализирајте, многу ограничено размислување е тоа. Не знаеш каков успех сме имале во средно, ниту за причината зошто сме се запишале на приватен ниту за нашата финансиска ситуација.
Добро а зошто тогаш толку луѓе се префрлаат на приватен за побрзо да си завршат? Или голем број се запишуваат само колку да имаат нешто? Знам, има разлика од приватен до приватен, ве има вас што учите, сѐ разбирам, ама некои работи не може да се негираат.
Да, се согласувам, не негирам. И јас ги презирам таквите луѓе. Затоа и не сакам да сум ставена во ист кош.
Не негираме дека има такви луѓе, не знам колку пати пишав дека зборам од лично искуство. Само се трудам да ја разбијам генерализацијата, ништо повеќе.
Сите овде од државен напишаа само мислења базирани на стереотипи... сооооооу не знам чии мислења се смешни, затоа што луѓево од приватен споделија нивно лично искуство ама вие сте се фатиле за едно нешто и истите три реченици ги вртите цело време
Ние? Каде тоа сум јас во "ние-вие"? Енд аген, испуштате поента. Али ако, ваше си е тоа. Ду кантинју, покажете што знаете...
Не конкретно. Убаво си е пишано. Се повторувате со истите реченици и мислења базирани на стереотипи. Не можеш да кажеш нешто дека не е така ако не си го искусил, во овој случај не знаете лично како е во приватен па затоа ви кажуваме. А вие ги негирате работите што ги кажуваме бидејќи не се совпаѓаат со вашето "знаење" на тоа како функционираат приватните факултети. И вие испуштате поента.
Не мислев за луѓето, туку конкретно за тоа дека критериум за положување нема шанси да е многу висок на приватните.И од тоа потекнува запишувањето за да се заврши побрзо.Не знам која година си и колку имаш поминато до сега, еве може ти ќе ја поминеш цела книга и ќе положиш, но за некој што не учи поголеми се шансите дека побрзо ќе добие 6ка на приватен отколку државен.Од таму се и фрустрациите на студентите на државен, зашто на некој начин се споредуваат со тие што го учат истото на приватен и им е криво.Мене лично, не ме интересира, како и да е за тоа што го студирам единствена опција е државен, ама ги разбирам другите.На крај, те разбирам и тебе, ама се знае дека ако си во таква средина и за тебе од страна на другите - можеби неправедно - однапред ќе се донесе заклучок. Иначе другарки сте што сите сте се зачлениле или сте се активирале само за во темава да пишете ?
Знаеш ти каде студирам? Знаеш какво е моето искуство? Што велам ЈАС? Од кое ВИЕ мислите дека сум? Пишав дека толку пристрасни мислења нема на ниту една друга тема. Вие се пронајдовте и почнавте со реплики. Па, каде сум завршила јас, и тоа да не го знам? Просветлтете ме, штом знаете толку.
Девојко, не зборувам измислени работи. Зборувам за искуства на мои пријатели, кои самите велат дека немаат толку за учење како на државен.