Искрено, само ти даваш аргументи за темава и те почитувам за тоа. Другите само си ги кажуваат ограничените мислења. Само верувај, и лесни предмети не можат да положат, може не му требаат пари на факултетот, зашто е фундиран од Турција. Инаку да, бидејќи фрустрирачки е кога те ставаат со некој во ист кош, а не се информирани.
И јас зборувам од искуства, а и материјалот што го учат мои пријатели на државен на ист смер како мене е буквално смешен во споредба со тоа што го учам јас и во споредба со моите книги, конкретно за мојов смер книгите и материјалите за учење ми се каде каде подобри, но и потешки. Ама нели, не е секаде исто, сигурно има луѓе во други смерови на кои им е полесно на приватен, не го негирам јас тоа
Несомнено има одлични ученици/студенти како на државни така и на приватни факултети. Приватен има многу предности од повеќе страни, подобра хигиена, подобри инструменти што не се од време на екс Ју, почовечен однос од професори. Нешто што е многу реткост на државен факултет. Од друга страна, во Македонија приватните факултети се сфаќаат нешто каде што ќе платиш за оценка што не е во ред. Го има тоа и на државни, но многу е табу тоа (и треба да биде). Не го негирам фактот дека е можеби полабаво, но дефакто сигурно има некој лев професор. Нешто кое на државен е секој втор. Така да, генерализации не се потребни. Во светот, приватни се далеку поценети од државни. Но, не е нивото на образование исто како кај нас. Знам и доста што се буквално на флегми и се запишани на приватен, не се ни појавуваат на факс, а година поминуваат. Тоа на државен е незамисливо. Учете си за вас најважно, дали е на државен или приватен не е битно. На крај на денот тоа ќе сте вие во иднина и треба да се надоградувате колку можете повеќе.
Потполно си во право со ова. Целата поента ми беше да не се генерализира. Сега некој ако сака да си го гради егото со пишување на форум, тоа е друга работа.
Баш вие што учите треба да се нервирате дека на приватен сте и учите, а некој ваш колега се нема појавено на испит, а пред вас дипломата ја земал. Реалност е тоа, во околина многу такви имам, не се од ракав информации. Најмногу учат тие што добиле стипендија вистина, другите се плати си и земи си диплома. Имав една далечна роднина што на фон плати и зема диплома одма и уште се фалеше како без учење си земала диплома, будали некои биле на државен што години губеле и уште се влечкале место на приватен да си плателе и завршеле, му делеше совети на братучед ми шо имаше заглавено со испит на правен. Имало толку приватни правни факултети, одма можел да си заврши. Е од тоа си имаат приватните такво реноме. Тие не се срамат да се пофалат така дека земале диплома, зошто па другите да глумиме дека не знаеме како е на приватен ама секаде има и исклучоци, тоа не го оспорувам.
Тие што стварно заслужуваат стипендија не ја добиваат зошто и самиот конкурс е коруптиран. Еве сега пред некој месец отворив разултати од конкурсот да видам кои што добил значи толку неписмени луѓе не сум видела. Цели списоци со граматички грешки, некои ги пишале податоците на латиница, значи хаос беше. И знаев дека повеќето од нив со врски ги добиле тие стипендии, бар така чувствував.
Има и студенти што учат на приватен, но има и студенти што не учат на државен, поминуваат со врски. Тие што учат на приватен се генерално стипендисти, кои и да биле на државен ќе учеле. А врскаџииве се мамини и татини синови и ќерки. И едниве и другиве не се многу чести, па така кога се пишува мислење се зборува како е во поголем дел од случаи, а исклучоци секогаш постојат. Е сега зошто повеќето немаме убаво мислење за приватните, бидејќи примерите околу нас ни покажуваат дека полесно се поминува, завршуваат деца што воопшто не учеле, многу се поретки тие што учат. Конкретно само една другарка имам на приватен што учи, стипендист, а сите останати што ги знам сами плаќаат целосна сума и лесно поминуваат. Девојче што едвај добра поминуваше средно, сега има просек над 9, а е на приватен, не се разучила сега специјално. Другите не се ни појавуваат, ама битно положуваат и си тераат. Има и такви што сами кажуваат дека одговорите ги имаат на самиот тест од полагање, дали се со поголем фонт, полево, подесно малку, сами кажуваат како ги препознаваат. Самото тоа што повеќето кога ќе заглават на државен се префрлуваат на приватен, па таму веднаш се снаоѓаат и поминуваат и тоа што ретко дали има случај од приватен префрлување на државен зборува многу за приватните во однос на државнит. И за крај прекинете да споредувате број на страници на книги, ништо не значат, може да имаш книга од 700 страни, ама реални за учење 100, а можеш да имаш книга од 70 страни што толку ќе те измачи како да имаш 700.
Секогаш ќе има спротивставени мислења и од едната и од другата страна. На приватен не сум студирала, но на државен да, и тоа овој сега ми е втор. И на државен се плаќаат испити, нели, ај д не се правиме дека тоа не го знаеме, е сеа на приватен тадааамм со партиципацијата како делумно да си платил, да на приватен има многу влечат предмети и презапишуваат испити од некое си мое видување и искуство од школски другари, тоа се студенти кои во средно едвај поминувале година, е како да очекуваме дека тие ќе поминат од прва. Е сега можноста која ја нуди приватното образование, ако си квалитетен кадар, сигурно е поголема, односот професор студент е далеку почовечен и попристоен во споредба со државните факултети. Се се сведува на тоа дека се што учиме за нас учиме, нас ќе ни биде потребно тоа знаење, дипломата не работи, помага да се вработиш но ако не си способен тешко дек ти брка работа, дека тоа во дипломата ќе треба да го примениш на дело. Јас искрено размислувам да се префрлам на приватен, во ситуација сум да ова ми е втор факултет, работам и сум со семејни обврски, так што времето за книга ми е далеку ограничено, а стојам на ставот дека тоа што го учам го учам за мене, за јас да го применам тоа што го читам во книгата, дека со тоа учење на државен, на приватен ќе добијам повисока оцена а не прелазна на државен. Кога би требало да запишувам мое дете на факс би го пратила на државен.
Дечки, здраво... одамна ме нема на форумов. Дали некој/а од вас студира на МИТ и какво искуство има од таму? Лесно, тешко? Добри се, ич не ги бива? Конкретно ме занима Факултетот за психологија. Колку чини и колку години се студира? Едно девојче што завршило таму, ми рече три години било по 600 евра, ама сега изгледа е сменето во четири? Фала унапред!
Моја колешка заврши таму. Поточно од УКИМ се префрли таму. Не знам колку се плаќа, но квалитетот е ужасен. Лесно е, но неквалитетно. Она не е задоволна иако дипломираше во некое рекордно време. Она се каеше ппсле за промената, но веќе бидна работа, не можеше постојано да менува.
Имаше една статија за запишани и завршени, на МИТ е катастрофа. Додека на Славјански е многу подобро... па кога сум веќе таму, дали некој друг има искуство од другиов универзитет??
Дали мислите дека дипломата од државен вреди повеќе од онаа на приватен факултет и со неа е полесно да најдеш работа ?
Полесно...хм Зависи кој факултет. Со врски не ти е презначајно приватен или државен. Без врски, секако вредноста и квалитетот се поголеми на државен.
Јас сум на државен универзитет бидејќи немав свои пари за на приватен. Мојата фамилија можеше да си дозволи и да ме запишат, но и кај нив владеат тие предрасуди за приватните универзитети. Јас имам блиска другарка, запишана беше на потежок смер на Американ Колеџ. Даде многу пари, не успеа ништо да положи, едвај неколку испити. Потоа се префрли на ФОН. Требаше одамна да има дипломирано, но ете нема. Вели дека уште е трета година. За луѓе кои не учат тешко е секаде. Имаме во МК универзитети на кои навистина има случаеви што завршиле со пари. Но сметам дека и на државните универзитети го има истото бидејќи бев сведок на тоа. Не би да кажувам кои се луѓето, но од близу гледав како полагаа на државен и си ги имаат дипломите и оценките повисоки од оние кои навистина учеле. Според мене многу е подобро на приватен факултет, но не било кој. Кога те убедуваат да се запишеш се е идеално, но не е навистина така. Некои од предностите на ОДРЕДЕНИ (не сите) приватни факултети е тоа што имаат подобра програма, подобри книги, достапни професори, подобар третман на студентите и поквалитетно знаење. Од ова што го учам јас, и што гледам што учат на други смерови на државни универзитети искрено сум запрепастена. Се користат книги кои не се книги. Предаваат професори кои не се соодветни. Пример на мојот факултет предава професор од сосема друга струка и има предмет кој нема врска со смерот. Имав такви и во прва и во втора година. Се измислуваат тешко глупости и се трудат некако да ги поврзат со смерот само за да има професорите што да предаваат. Или пак на друг државен универзитет, нема да кажам кој смер и кој факултет, видов дека се користат книги кои се стари и кои не би требало да се користат. Има мноогу напредок во тоа поле, и книгите се заостанати, а веројатно и професорите не си го надградувале знаењето и се застанати во минатото. Такви случаеви има и на мојот факултет. Литературата е нула. Книга од 100-200 страни, препишување од други книги, неточни преводи и користени семинарски од студенти. А за тие книги на професорите им се плаќа како тоа да е некој научен труд или како да се бавеле со истражувачка работа. Немам ништо против државните факултети, ниту пк ги фаворизирам приватните поради нешто. Само сметам дека се потребни многу промени за сите да можат да добијат квалитетно образование. Јасно е дека сите се запишани за да положат испити и што побрзо да земат диплома во рака. Ете и јас сум една од тие. До сега се сум положила од прва, но не бидејќи сум некој генијалец, туку затоа што системот е катастрофа. Книгите се како за основно образование, сум имала и потешки предмети каде едвај сум добила 7-ца, но тоа не го сметам за многу валидно, бидејќи реално секој еден може да положи ако не станува збор за професор-бог. А тоа не е квалитетно образование. Не знам зошто толку има пишувано во темава дека на државен има знаење бидејќи е потешко, а на приватен нема знаење бидејќи се плаќало. Нема квалитетно образование бидејќи се потребни еден куп реформи. За мене не е квалитетно знаење на државен ако се мачат студентите да учат непотребни работи од стари книги, нема квалитетно образвание ако треба да се расправаат со умислени професори за една 6-ка со години и да тупат се едно исто бидејќи имам слушано дека многу студенти чекале да умре некој професор за да можат да дипломираат. За приватниве немам искуство сопствено, но сите сме сведоци дека има случаеви кога неписмени и полуписмени имаат дипломи. Тоа го руши угледот на секој универзитет, но бидејќи е многу почеста таа појава на приватните, јасно е зошто сето тоа се генерализира и се лепи етикета на секој приватен универзитет. Не ја сфаќам вредноста на дипломите од државните универзитети кога сите ако сте искрени ќе признаете дека ви се повраќа од материјалот и стилот на студиите. Учите од книга, ништо практично или ептен малку, притоа книгите се од минатиот век, начинот на настава е застарен и сметате дека треба да се модернизира, материјалот е кај мене смешно лесен и непотребен, а некаде колку и да е добар, професорот е умислен и немате ниту знаење ниту ви е јасно што учите па битно ви е само да положите.
Mala pomos, sestra mi zaglavi so 2 predmeta na drzaven fakultet sto nema sansi da gi polozi, se otkaza poradi tie dva predmeta. Sega me interesira kakva e procedurata od ukim ekonomski da se prefrli na nekoj privaten? Ima li nekoj sto e zapoznaen so ova i koj privaten bi go preporacale?
Прво треба да види на кој приватен ќе се запише и да се распраша колку и кои предмети ќе и ги признаат. Потоа да земе документи за испишување од економски уким, и со тие документи да иде на приватниот и од таму да земе документи за упис. Дали има рок за упис на тоj начин, не знам, нека праша на приватниот. Мислам исто така, дека се плаќа и на економски за испишувањe, ама не знам колку.
Имам пријатели кои заглавиа на државниве факултети па се префрлиа на фон. Е сега и таму положуваат со 6ки. Валјда ни на приватен не ставаат високи оцени ако не научиш асално. Само чудно ми е како со години се мачеа а потоа ист предмет, исти книги, од прва положија на фон
Хелоу луѓе. Сакам да слушнам т.е. пролитам мислење од вас за факс. Искрено се мислам македонски јазик и литература, екомоски или психологија. Ама не е тоа проб само. Ја би одела и на Државен и на приватен. Ама тука е и можноста д а одам на факс Словенија. Ама ако не одам Словенија тука студирам дефинитивно. Проблемот е дали државен или приватен. Ако државен кој од горенаведените е најдобар. Ако приватен кој (БАС, МСУ, ФОН...итн итн итн). Што и да е. Споделете информација
Тоа што највеќе ти лежи на душа. Јас сум за македонски јазик и литература, но ти си знаеш најдобро. Имаш можност за разни стипендии низ светот, не се ограничувај само на Словенија. Ако сакаш инфо, можам да ти испратам во лична порака неколку предлози.
Секој ќе ти одговори по сопствени гледишта. Најдобро како што ти пишаа погоре, она што те влече најмногу. Јас па би одбрала повеќе економија или психологија. Не би одела на приватен никогаш. А ско можеш во Словенија, таа опција ти е реално најдобра