И јас имам слушнато дека нема разлика за мене важи она.. Иде плавуша кај гатачка да ја праша дали ке полижи испит. Гатачката и вели дека ако научи ќе положи. Плавушава(нека биде и црнка да нема лутиш) седнува да учи. Но , паѓа на испит и пцуе по гатачката зошто не и кажала од која книга треба да учи. Така и ова...можеби е полесно дека е се поорганизирано, но што книгите на фон се само со сликички??? Комшивката ми е асистент на фон, вика ако ти се даваат пари вишок иди на фон, али знај дека ке треба да се запнеш пошто не емала сума.
Хахаха Има завршено филолошки, нели ја имаше и на рекламата на ФОН? Знам кога бев средно и ни делеа флаери од ФОН и Каролина беше на сликата А разликата меѓу приватни и државни не да е голема, туку огромна е. За џабе не се кажало дека без мака нема наука. Не може ти да не се појавуваш на факс и пак да ги имаш сите положени предмети. Уствари баш тоа може на приватен. Ама затоа знаењето на студентите не може ни да се споредува. 10ките на приватен се еднакви на 6ките на државен. Една 6ка на државен вреди 100 пати повеќе од 10ка на приватен
Ne se pravi sporedba mnogu jasno na drzavniot fakultet istiot profesor dava 450 strani literatura za polaganje na privaten istiot profesor po istiot predmet im dava na 3 kolokviumi po 50 strani za ucenje .Pa kaj go ima toa.Kaj se videlo na privaten fakultet kadesto godina e 2500 evra da im se delat vauceri za kompjuteri od 150 evra!!!!!! ili stipendii da im se delat..Non sens
Значи јас сум една од стипендистите на ФОН оваа година, и сигурно дека ќе ја задржам стипендијата. Воопшто не ме интересира туѓото мислење за приватните факултети. А ова стереотипиве за приватниве во стилот: дај пари-еве диплома; се таму се богаташи што ти ја знам.. НЕМА ВРСКА ! Кога ќе подразмислиш на Полициската Академија имаат воопшто практичен дел?! На ФОН имаат посебни тренинзи, обуки, чуда а и предмет Спорт што не е само растегнување, трчање туку е нешто многу повеќе. Завршив во училиште каде што професорите беа на постдипломски студии на приватни факултети.. Тоа мислите дека е еден вид осакатување? Пффф неможам да ве разберам воопшто. Сваќам дека немаат сите финансии за приватни факултети.. ама барем ќутете бре луѓе. До кога со стереотипиве, ДО КОГА?!
Има разлика и тоа не е мала ,јас завршив на еден од приватните универзитети да не кажувам кој но важи за еден од приватните каде има построги критериуми каде сепак столчето треба да се загрее.Е сега напоредно мој близок пријател студираше исти смер исти професори но на државен .Сменет е нели системот заокружување чуда да не должам ама учеше и тоа УЧЕШЕ,додека јас ќе седнев ќе научев ќе прочитав но бев сигурна дека ќе пројдам кога веќе имам познавање на материјата додека тој немаше познавање стануваше стручњак ми се чини по тој предмет! Значи требаше темелно познавање на материјата кај него додека кај мене површна.Додека ФОН за мене нека ме поправи некој ако грешам не е факултет не не имам другарки братучетки што студираат таму и јокк нее децидно не,полагање на маса на семинари во фоаје во хотел,слушалки хандс фрее на сите страни па дајте имам две другарки и као сега правници се??/една дипломат??!! дипломатско и право движење по улици и семинари требаше да дипломираат Несакам да навредам некој но ете јас неможам да тврдам 100 посто нели не сум била дел од таа установа но ете има мал милион примери..
Различни луѓе - различни мислења ама како и да е .. секој со својата среќа. Некои воопшто немаат факултет, но среќата ги довела далеку
што сте се запнале толку за каролина за факултет,што е толку чудно,кога веќе и така со години е вработена,и потекнува од образована фамилија.не дека ми е некоја омилена пејачка,ама не знам зашто ја правите дека е глупава за факултет
Мое мислење е тоа дека доколку сака некој да учи кај и да е ќе научи. Да и јас знам дека на приватните не учат, меѓутоа има голема разлика на приватните факултети оние кои што се со степендии мислам дека учат повеќе од некои од на државните, а поголемиот број од студентите на тие факултети полагаат на екскурзии. Имам конкретен пример меѓутоа ова е во средно ама мислам дека е така и на приватните. Ви јахие кемал учениците се поделени во класови и тие што се во почетните класови се деца кои премногу учат а другите класови се онака колку да положат. Па така е и на универзитетите приватни (барем така мислам оти завршив на државен) тие што се со степендии мислам дека има многу подобри услови да научат од оние на државните. затоа што сите ние кои студиравме на државен знаеме како е нема доволно лаборатории никакви услови.
Нема врска стилот- дај пари-еве диплома! Ако незнаеш да се снајдеш во животот џабе ти е каде и да бидеш завршен! Снаодливоста пред СЕ е најважна, но и загревање на столчето! Факт е дека професорите на приватните факултети ти обрнуваат повеќе внимание и можат во секое време да ти помогнат и да те сослушат и практичниот дел е на НИВО,а на државен можат да те маткат наваму-натаму и не ги интересира од каде си и дали воопшто студираш во тој факултет. И јас сум стипендист на ФОН оваа година и се надевам ќе ја задржам стипендијата, што гледаме дека на секого му се пружи шанса да се стекне со знаење и да биде дел од приватен факултет.Што немора да значи дека само оние кои имаат кеш се на приватен! Секој си има свое мислење, реалноста е таа! Невработеност има кај голем број на дипломати без разлика дали завршиле на приватен или на државен, но ако чекат некој од дома да ги викне за работа- се излажале. Во еден пост прочитав за некое девојче - кое било неписмено во средно па се запишало на приватен факултет и утнала на интервјуто. Тука нели е голем пропуст кај оние професори кои ви предавале во средно? И за такви има лек!!!Од тука треба се гледа ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ- професорите од средно. Од тука се гради односот на ученикот, во средно се гради авторитетот на личноста. Така да треба да се запрашаме од каде произлегува главниот проблем, а не само да зборуваме напразно.
Јас порано ги осудував професорите и нивното однесување, незаинтересираноста и сл., ама откако видов низ што се не поминале на факултет, почнав да ги разбирам и сочувствувам со нив.
Другарка полагаше испит со неа, а јас ја чекав па после испитот од неколку студенти слушав како раскажуваа дека предала празен тест или празна прва страна од тест и кога после имаше резултати од испитот се сеќавам другарка ми ми се јави да ми каже дека била втора на список За жал ни тие 'нелегални' работи не помогнале па фино ем лепо си се испишала и после на приватен си заврши, како што викаат постарите со песна Јас завршив на државен и другарите кои студираа на приватен имаа време за се, а јас за време на испитна сесија немав време ни да спијам ни да јадам...ама не се жалам, било па поминало, мислев дека нервите ми се истанчени, ама сфатив дека е обратно, ептен ми ги зајакнале (Благодарност до проф.) Сум споредила материјал од ист предмет на државен и приватен факултет и имаше гоооолема разлика. На крај се се сведува на тоа дека не е важно кој каде завршил факултет, туку кој и колку силни врски има за вработување. Зошто колку што знам јас има доктори на науки што се без работа, ама како што напиша некоја од вас немаат вујко владика...
на приватни нема еден професор, буквално само еден во прва година,па да ви ја вади душата, па да враќа по 10000 пати семинарски, па од 150 души да поминат само 3... така да според мене е полесно во приватни...
Не ја читав цела тема, ама гледам дека многу се препукувате, па ај реков да си го кажам своето мислење, од моја гледна точка. Човек што сака да учи, и што се труди нешто да научи ќе успее на било кој факултет, без разлика дали е државен или приватен. Јас студирав на државен факултет, тогаш единствен во цела држава, сега ги има уште два-три. Не го фатив овој кредит-трансфер систем толку популарен сега, и не знам како се учи сега. Ама факт е дека никаде не можев да добијам подобро образование отколку на државниот факултет. Мојот факултет е тежок, има околу 50тина испити распределени во 6 години - да, јас кога студирав, беше 6 години, сега е 5. И не е медицина, на медицина имаат 45 испити, ние на стоматологија учевме се медицински предмети, плус нашите стручни стоматолошки предмети. И ќе кажам дека тоа беше претерано - значи не мораше до толку детално да ги учиме медицинските предмети кои нам како стоматолози нема ни да ни требаат, меѓутоа, нас никој не не прашуваше. И секогаш не потценуваа, верувајте. Требаше да се учи ако сакаш да научиш, ама требаше и да одиш на пракса, ако сакаш навистина да ги сфатиш и научиш работите како што треба. Имав среќа што успеав да бидам на факултетот пред целосно да се приватизира, и да имам пракса за која не можам да се пожалам - како студент, секојдневно работев со пациенти, и имам големо искуство од студентските денови со кое ретко кој што денес студира стоматологија може да се пофали. Имавме среќа и јас и моите колеги што ја имавме таа шанса да учиме како што треба и да научиме. Ама навистина требаше да запнеш. И повеќето професори беа навистина фер и коректни и знаеја да го ценат трудот што сме го вложиле. А имаше и такви кои буквално се прошетаа низ факултетот (можам да ги кажам тука со име и презиме,дури и познати фаци имаше, ама ај да не претерувам до толку), не се појавија барем еден ден на вежби, а дипломираа во јуни, со 7 испити од кои 6 имаа три дела (квалификационен тест, практичен и усен дел - сите се полагаат во различни денови), со просек 10,00. Јасно ми е мене зошто е така, и криво ми е што тие луѓе еден ден ќе бидат професори на тој факултет и ќе ги упропастат идните генерации. Такви луѓе има секаде, и на државни и на приватни факултети. А за приватните - таму полесно се поминува на испит, затоа што студентот си платил, без разлика дали учи или не учи, не смее да падне. Имам две другарки, работат на приватен факултет и тие ми го кажаа тоа. Има конкретен случај (вистина е) - професор во пензија од државен факултет (не знам по кој предмет) дошол да предава на приватен факултет - на првиот колоквиум бутнал голем број од студентите, зашто не знаеле. Го викнал газдата и му одржал лекција дека не смее да ги паѓа затоа што платиле за студирањето. И што ви кажува ова?
Сеуште не сум на факултет но мислам дека на државните е многу потешко.Мислам дека таму бараат да се знае се и не те пуштаат да пројдеш туку така