Тој не е ни факултет според мене. Како знаеш дека Американ е прифатен? Знам дека ако се бара работник и аплицираат кандидат од државен и кандидат од приватен, секогаш предност има кандидатот од државниот. Приватни, плаќаш и си купуваш диплома. Просто и едноставно.
Провери на Linkedin има многу со Американ Колеџ вработени на добри позиции, со туризам ,фон и останатите не сретнав никаде...
Го намалија на 1350, сега се запишуваше другарка. Кај 4500 евра за година во Македонија, тој план им пропадна....
Јас не знам каде сред зима се запишувала другарка ти, ама и на страната стои истата цена а истата цена беше и за запишување во ак.год 2021/2022 .. И за чудо некое, да знаеш дека попрво фон ќе го наполнат албанци и турци отколку некој друг приватен универзитет. Дури и по 4500 за година
Трансфер од државен цената е 1350 евра, доколку те интересира јави се на факултетот има број и не шири дезинформации можеби некој сака да се запише па мисли дека е 4500, кога за сите е 1350 нова цена. Поздрав.
1350 било за трансфер оваа година, ама мислам дека никаде не пишува дали е само за следниот семестар пошо нели на средина на година се трансферираш..мораа да привлечат некако студенти од други универзитети .. . ама има толку многу дополнителни трошоци да без 2500 не си на година и со трансфер Јас им пишав, никаде ги нема да вратат.
Го знам конкурсот го гледав лани затоа таа цена ја знам и јас, на страната имаат пишано 1350 за трансфер.. Во секој случај и 1350 да е, без 2000 не си годишно. Јас бев таму стипендист пред 10год, ем маста им ја вадеа на стипендистите ем се изживуваа.. другите поминуваа како од шала, ама стипендистите бетер од државен
И да не е трансфер цената е 1350 евра, јас прашав за запишување од септември ми кажаа 1350 евра. Така да имате број може да се информирате . Секако се доплаќаат испити и излегува околу 2000 евра. На УТМС-туризам e 2500 евра 2 и 3та година без испити. Тој факултет е најнетранспарентен кога се запишуваш ти кажуваат една цена после ти викаат се доплаќаат и испити по енормно висока цена. УТМС и највеќе губат студенти. На Американ у тие 2000 евра се ти е вклучено и преку година немаш дополнителни трошоци, така да таа опција е најисплатлива за приватен факултет и најквалитетна. Секаде се имам јавено да прашам на сите факултети. Бизнис Академија Смилевски има промоција 650 евра за 1 година со се вклучено, 1950 ЕВРА ВКУПНО ЗА СИТЕ 3 ГОДИНИ таа опција е најефтина од сите ама факултетот не држи вода по квалитет. Во секој случај подобро 650 евра за БАС него 2500 за УТМС а квалитетот исти дури на БАС е и подобар за нијанса. Да не ги заборавиме униформите од 200 евра,испитите и останатите трошоци не знам на кој му с е исплати на УТМС да учи...
Моите информации се веродостојни и можете да ги потврдите со јавувањата на факултетите , ако ви треба дополнителна информација слободно контактирајте ме за било кој приватен факултет,бидејќи пред да се запишувам јас ги истражувам сите опции .
Девојче, на фон е 4500 е ГОДИНА. Значи за 4 години е 18000. За тие пари во странство на некој многу подобар факултет можам да се запишам. Не гледам логика да се даваат толку пари за факултет кој всушност и не е факултет.