Девојче на ФОН е 1350 ЕВРА година и за новите студенти и за тие трансфер што се. Те молам ако си до толку убедена пиши им меил и јавно сподели го , значи јас се јавив лично кај студентски прашања и ми објаснуваа и прашав за било кој смер која цена е ми кажаа 1350 евра е за година + испити. Нит сум глупа нит проста и не ширам дезинформации. 02 2445-524 повели бројче и сама јави се.
Батали ти што пишува таму реалноста е друга. На меил не враќаат јас 1 недела чекав одговор и се јавив .
Јао брате колку си самоуверена.Искочи пола инфо неточни ти се @Just.do.it на ФОН 4000 евра година? Ја мислев НОВА е најскапа институција у Скопјево.. ау јеботе.Па за 4000 евра со инка у мозок да не ќе ми стаат? баш викендов бев со еден шо има завршено на ФОН.Ми викаше ,,абе ја у Скопје идев да бркам девојчиња и да се журкам, на факс идев кога ми беше досадно.Имаше два предмети шо морав да ги поднаучам досадни беа тие професори"...дури два предмети морал да научи.Жал ми падна за него се намачил.А информатика има завршено..
Информациите ми се точни, Фон е 1350 евра. НЕ Е 4000 ЕВРА. Имате броеви па ако ве интересира до толку прашајте ќе видите.
Каде и да студираш ако сакаш да учиш - ќе учиш. Работата е што ако не сакаш, на фон ќе поминеш полесно со плаќање на школарина.. Ама од моја генерација пола од тие на УКИМ што се запишаа, дипломираа со потплатување. Така да, ако не сакаш да учиш секаде со парички ќе поминеш.. Затоа па ако сакаш да учиш, на фон, уацс, штул имаш поголеми шанси да научиш и нешто плус бидејќи можеш во секое време да им пишеш мејл и да ти одговорат, да им ѕвониш на тел, да им одиш во канцеларија..итн.. Плус што имаат добри програми за размена со партнер универзитетите ..
Не се лажете. Умре тоа време кога државното беше поквалитетно. Дипломираш економски, а Ексел знаеш само да отвориш на компјутер. Немаат предмет, немаат ништо а видете ги огласите за секоја позиција бараат ексел. Па ајде отпосле по курсеви уште толку пари. Учат по стари учебници каде веќе работите не важат, не постојат. Излегува кадар што знае да ти каже дефиниција, а врска нема како да сработи. Затоа што факултетот не те учи real life. Туку само Шуклев и Фити да си ги продаваат книгите со години од 500стр и пред испит бубај на памет. Недај боже нешто нејасно да ти е моеш да сањаш да најдеш професор да ти објасни. Мејл комуникација е поим. Останаа во 1983та. Да не зборам статистика дека наместо да се користат соодветни програми, да се учат студентите во ексел да сработуваат се рачуна на дигитрон. И сметководство не е далеку. Распад систем. Така да, да, ако имате пари за приватен јас не би се мислела. Ако учите ма американ не ви бега стипендија за мастер моја генерација со 9 просек отидоа која во англија која во германија...
Дефинитивно се согласувам со делот за државните факултети и дека истите се во постојан надолен тренд, со катастрофално лоши и застарени програми и многу паднат квалитет. Но да бидеме до крај искрени, квалитетот на приватните е дури полош - да не се лажеме таму основни работи од областа не се учат (има студенти што незнаат да кажат кој предмети ги слушале). А тоа дека ако сакаш можеш стварно да научиш на приватен - за 2.500 евра ако стварно сакаш да учиш сега барем имаш многу опции - во Словенија , па и Германија и Австија студирањето и за студенти од МК е бесплатно , па ако учиш со парите што ќе ги потрошиш овде ќе завршиш на многу подобар универзитет каде одма заслужено ќе ти понудат две-три опции за работа (а за искуството таму да не правиме муабет). Така да мотивот за приватен факултет најчесто е што таму за 4 години сигурно ќе добиеш диплома, без разлика дали ќе заслужиш или не, а кај државниот не е баш така се едноставно.
Тоа си во право да. Во глава си правев споредба со американ каде ми учеле блиски и имаат добри предмети и програми за стипендии. За голем дел приватни е само диплома да купиш
Во право си, година е 1350 евра. Јас таму студирам и за сигурност ти потврдувам. *ова нема врска со тебе Ијана веќе, ама да продолжам на темава* Не би дискутирала за осудувањата и мислењата во врска со приватни факултети бидејќи секој има право на лично мислење. Ниту сум од богато семејство нити некоја размазена. За жал моите поради тоа што од лично искуство знаат колку е за никаде на државните особено на правен, одлучија без оглед на се да студирам во пријатни услови. Да додадам и дека смерот во кој целев да се запишам не постоеше на ниту еден државен факултет бидејќи се во секој поглед заостанати, туку само на два приватни. Јас сум студент со 10.00 просек и не поминувам на испити ниту со мито ниту со попуштање, туку затоа што сум редовна, учам редовно и посветувам време на факултетот, а не сум таму колку да се рече дека сум завршила нешто. Не оспорувам дека можеби нема некои што поминуваат супер со неучење, но до сега не сум се сретнала со такво нешто. При разговор со пријатели што учат на државни факултети сме дошле до заеднички заклучок дека барем на приватните е поорганизирано, со повеќе почит и повеќе ти се посветуваат. За паѓање и слично, дури е и построго на мојот смер бидејќи сите професори многу сериозно и професионално го разбираат сето ова. Би било убаво да престане да се гледа со предрасуди и осудување кон приватните факултети и нивните студенти, од 40 луѓе што сме редовни кај мене, ниту еден не е размазен, дигнат или лигав, а секако има побогати.
Не би се согласила, јас имам роднина што студира на фон, прелабаво е, си стои тоа дека има луѓе што учат и луѓе што не учат ич само што тие што не учат ич на приватен поминуваат, со 6ка со 6ка. И постои тенка граница меѓу тоа фини се професорите, достапни и лабави ниво другарка да ти се, да ти одложуваат кога сакаш да ти даваат милион шанси и да мора сите да ги положат. Зошто ако ги буткаат студентите ќе ги избркаат од работа и тоа е приватен факс. Не му одговара на факсот. Ајде до негде може е застарен систем, програми би се согласила ама на приватните постојан и измислени смерови за кои нема потреба тука во Македонија и нема што да се работи. При факултет државен од 400евра годишно, зошто би давала 1000евра плус? Само тоа што плаќаш толкава сума е еден вид мито да ве пуштаат. И не знам еве братучетката е на мастер нит оди на предавања, нит се вклучува онлајн само оди на полагања. Не бараат редовност.
Бидејќи ФОН е универзитет, сакав да кажам дека на мојот факултет во однос на другите што се под ФОН е малку построго, а не во споредба со државните... Имаме поени за редовност, и секако ако на нејзе не и е проблем да ги изгуби тоа е во ред. А и одење на предавања е нејзина одлука. Јас кажувам свое искуство.
Зарем ФОН се уште за ВИСОКО образовна институција се смета? Ендемски вид е на ФОН некој да не положи испит.
Имам завршено поодамна на приватен факултет. Кога некој сака да учи ќе учи тоа е факт. Сега не знам како е, во тоа време имаше доста добри професори кои верувајте немаше шанси да ви даде да положите тек така. Мојата одлука за приватен беше од причини иживување на повеќето искомплексирани професори на државен кои треба да ги чекаш и молиш за еден потпис, недостапноста и односот спрема студентите. А во исто време дел од нив предаваа на приватните факултети и односот со студентите им е далеку поразличен. Не е полесно на приватен туку имаш мн подостапни професори информации и се што ти треба. На приваните зборам за претходно имаш пракса задолжителна. Државните факултети не се тоа што беа. Еден општ пример како може правник да полага само писмено со закружување и надополнување пред компјутер? Без разлика на се образовниот систем ни е катастрофа. Дали приватен дали државен факултет си завршил воопшто не е битно, битно е колку знаење ти си вложил во самиот себе . Дипломата не ми играла никаков фактор при вработување туку секогаш гледале снаодливост, искуство, знаење....
Самата велиш дека некои од проф биле и на државен исти. Тогаш која е логиката да студира некој на приватен и да плаќа многу поскапо? Одговорот е дека имате многу помалку материјал за учење и многу полесно се полага. И на државните имаш задолжителна пракса. Од каде инфо дека правник полагал со заокружување и надополнување пред компјутер? И да, доколку немаш полагано со прашања на заокружување, јасно ми е зошто мислиш дека се многу лесни.