Да но реков на истиот професор пристапот му е мн поразличен на приватен. Секогаш е бил достапен за студентот , не си играл карти на компјутер додека студентот чека надвор за еден потпис и на крај да му каже дојди друг ден. Инфо за полагање ми е од другарките кои студираа на правен на државен. Според мене правник треба да знае да биде добар оратор, а не да биде сконцентриран на памет да научи кај има запирка а кај точка. Материјалот за учење не е некоја мерка дека знаеш повеќе, може 1000 страници да бидат напишани со непотребни информации додека во 500 да ги содржи сите битни работи. Се изјаснив зошто јас завршив на приватен, а тоа е поради условите и третманот кон студентите каде што секаде треба да го има. Едноставно почит и однос професор студент, на крајот од денот професорот добива плата од студентот и треба да го цени тоа. За мито да не зборам На крајот од денот е тоа што секој има право на избор, на кој каде му одговара таму нека студира. А знаењето не може да се мери кој каде завршил. Пак ќе кажам секој со своите амбиции
Дали година од 1350 вклучува буквално се,или има и дрги скриени трошоци?Што ги пишуваат со мали букви ама треба да се платат?
На приватен факултет само им даваат да заокружуваат одговори и да поминат испит а на државно мало сутра, јас не завршив факултет не гледам дека нешто има од тоа, се вработив државно со врски и зимам 1.000 денари помалце од тие што учеле факултет со години.
Искрено сметам дека тие што зборуваат против приватните факултети немаат ни влезено во нив а камо ли да поминат барем семестар и да знаат како стојат работите. Јас сум на приватен и просек над 9, меѓутоа се случувало кај професори кај кои другите предмети сум ги поминувала со 10 да ме бутнат од причина што сметаа дека не ми е добро совладан материјалот. Имаме предмети кај што полагаме и писмено и усно и треба убаво да се испотиш за да поминеш а да не зборувам за 10ка. Во време на пандемија кога повеќето од државните немаа предавања и полагаа на телефон кај професорите ние полагавме со присуство и дури и летото одевме на пракса, така што не би правела повеќе споредби. Секој може да зборува од свое искуство меѓутоа крајно безобразно е да се зборува против нешто без да ја знаеш целата позадина..
Како знаеш каква е ситуацијата ако не си учел/а факултет, ниту државен, ниту приватен? Не мора да се има факултет за да се има критичко мислење и свест дека некој сака да учи со 'години' баш за да не се вработува со врски и да си работи со ќеиф нешто што го сака, да биде корисен за семејството, општеството, светот, за да не мора да си ја мери 'дужината' со една иљадарка плус минус.
Дали приватниот факултет Мит е затворен на плоштад и дали смеровите се префлени на другиот факс до американ колеџ???
Во Македонија државните се подобри но во многу земји е спротивна ситуацијата. Приватните се поквалитетни.
Јас секогаш мислев дека на приватните факултети се поминува полесно, се додека моја другарка не се запиша на приватен и ми го докажа спротивното. Едвај поминува по некој предмети, а учи доста. Исто така, јас како студент по психологија на државен факултет се покајав што се запишав на државен затоа што гледам дека студентите од приватните факултети имаат и пракса.
Праксата е задолжителна и за државните факултети. А за приватен, нема веќе што да се каже. Се знае дека ништо не се учи таму.
Дали сте слушнале за купување диплома на државни факултети? На приватните тоа е како добар ден,но што е со државните? Некој инфо?
хаха ме изнасмеа. Инфо за тоа што прашав,ти да не прочита некаде” од кај да купам диплома”?? Работам во очна ординација,па повели.
Ја давам можноста и услугата на луѓето што имаат потреба како што имаш ти. И плус препорака доколку од прва не можеш да го разбереш прашањето можеш уште еднаш да прочиташ и уште еднаш..итн. па ако разбереш дури тогаш да дадеш одговор(што не беше случај сега) еве да ти разјаснам на брзински банален начин дека прашањето ми беше ДАЛИ СЕ КУПУВААТ ДИПЛОМИ НА ДРЖАВНИ ФАКУЛТЕТИ.инфо? Погоди сега од прва какво инфо барам
Мислење за Славјански Универзитет? Поконкретно за факултетот по информатика? Какви разлики има со ФИНКИ, каде има подобри услови, каде е потешко/полесно, каде се добива подобро знаење? Ви Благодарам