1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    941 глас(а)
    72,1%
  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Има секакви студенти и во државните, и во приватните универзитети. А секој учи за себе, па кој колку учи на државен, толку ќе учи и на приватен. Знаење исто ќе има. Оценките се само бројки.

    Е сега, тоа дека на приватните има повеќе можности, така е. Ама па затоа и си плаќаат студентите.

    Што не значи дека не државните нема опции, ама треба да се избориш за нив.

    Драмите околу кои е постручен, дали академиците од приватните или државните унита се толку стари и досадни, колку и непотребни. На интервјута се одсејуваат кандидати подоцна, а таму нема дипломата само значење, а вашето целокупно представување.
     
    На vaKsa, Lenalenala и Hija.de.la.luna им се допаѓа ова.
  2. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Realno, da ne se lazheme gi plakjate diplomite. Na drzhaven za da polozhish treba i toa kako da se potrudish, a na privaten i ne bash.
    Znam za slavjanski fakultet (studentka koja shto ne se pojavila na ispit ja ima na spisok na polozheni i toa so 10ka).
    Ete tolku e teshko na privaten.
    Luti se do utre, ich ne mi e gajle, ama gi kupuvate diplomite. Tie od drzhaven treba da se potrudat za da polozhat, i poslozhen materijal uchat i poobemen, a ne kako na privatnite so 30strani za ispit.
     
    На _iKarmen, astrophile, Dilajla123 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Не е исто.
    Конкретно за мојот факултет, кога разговарав со една, моментално 4та година на приватен, ме гледаше како да и зборувам за квантна физика кога ја прашав како поминала на еден од најбитните предмети, кој е клучен за нашата професија.
    Кога и објаснив за што се работи, испадна дека они тоа го учеле како дел од друг предмет, како една лекција.
    Невозможно е да биде она утре квалитетен кадар.
    Диплимската на пример, кај нас се спроведува и обработува цело истражување, додека она за 3 дена ја напишала.
    Неспоредливо е.
     
    На astrophile, cresa-jagoda, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  4. desperate15

    desperate15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Кој тоа те лажел така? Гарантирам дека не постои никаде такво нешто во сериозна институција.
    Не завршив на приватен, ама имам блиски што завршија.
    Едната е на висока позиција во Кариера.мк, друга предава во училиште основано од професорка која и предаваше, трета е асистент на Американ колеџ, нивни колешки предаваат во основни училишта. Јас им симнувам капа, говорат како мајчини јазици да им се. Ова се квалитетни кадри, никој не е будала да те вработи ако врска си немаш особено по приватните установи, за државно ги знаеме муабетите иако тука не е таков случај.
     
    На Lenalenala му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Примерот го знам и јас.
    Добро знам за што зборува членката. Никој не измислува ништо.
     
    На cresa-jagoda и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Mene nikoj ne me lazhel, ama tebe izgleda da.
    Opshto poznato e deka na privaten se kupuvaat diplomi.
    A sluchajot so slavjanski, ne go izmisliv jas.
    Druga rabota e sho nekade na intervjua voopshto ne prifakjaat studenti zavrsheni na privaten.
    Imam mnogu bliski lugje koi na drzhaven ne mozhea da polozhat nieden ispit, se zapishaa na privaten i diplomiraa pred site.
    Kako? Tolku se motiviraa za uchenje na privaten? Site se motiviraa tolku i site polozhija?
    Ili druga e pozadinata zad nivnite polozheni ispiti?
     
    На astrophile, cresa-jagoda, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. desperate15

    desperate15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Славјански и одредени други факултети не може да се споредат.
    Мене нема што да ме лажат, делата говорат повеќе од зборовите. Пишав погоре каде работат, неквалитетни кадри ако беа немаше да се искачат високо. И за нив рака во оган ќе ставам дека не ги купија дипломите и дека учеа.
    Нејсе, сите знаеме секакви примери.
    Мои соученици од средно кои едвај поминуваа со 2ка,3ка и беа проблематични сите завршија факултет, двајца на правен, друг на филозофски, како беа и примени воопшто не знам.
    Поздрав, убав празничен ден.
     
    На Lenalenala му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.426
    Допаѓања:
    165.313
    Пол:
    Женски
    Ако платиш добро на професор, и на државен те поминват без да се појавиш, не е научна фантастика. :D ;)

    Јас ко студирав, од 60 запишани, 15тина +/- завршивме. Од нив нешто помалку од 10 продолживме со терапевтски правец. Имав предмет шо од прв семестар секоја испитна сесија го полагав оти мој мозок како шо прв пат ќе сфати нешто, ми треба време да го репрограмирам за да го сфати наново. Дипломската ми беше истражување, со тестој сама шо ги барав и прилагодвав за групите. Менторот само ми најде групи со кои работев и то искрено беше од огромна помош зошто во тој период од мојот живот, сигурна сум дека сама немаше да можам да најдам толку луѓе.

    Јас сфаќам аверзија кон приватни. Ама генерално ако доплатиш екстра и на државен ќе доплатиш. Ама ваљда полесно луѓе се тераат да платат екстра ко веќе плаќат поголема сума од старт. Ама то шо опишвате е карактеристично само ако некој платил екстра. Не е во "основен" пакет. :rofl: Пошто за да положиш непојавен мора да доплатиш. А знам луѓе шо доплатиле и на приватен и на државен. Јбг.

    Моето искуство е добро. Сум имала материјали, сум имала и екстра материјали зошто ме интересирало. Ако нешто не сум сфаќала ( статистика беше еден од тие предмети), асистентот остана со мене две недели пред испит и работеше со мене како да прв пат се среќавам со бројки во животот. И научив. И за многу предмети ја имав та привилегија ко ќе се сопнев. Да побарам помош, и да ја добијам. Да побарам екстра материјали, и да добијам. Да ми договорат пракса да видам нешто кај шо имам потешкотии или едноставно да изразам желба дека нешто ме интересира и ако има можност да одам и да го видам. Се сеќавам дека ради здраствени проблеми пропуштив неколку тестови шо ми беа важни за досието шо го работев. Пред клиника бев седната на клупа со менторот и ми објаснуваше и ми се чини од сон да станам сега ги знам.

    Вработвања по струка не ми биле проблем мене, ни на тие неколку шо завршиле и решиле да работат по струка. Дури и "резервирана" сум за соработка со здружение за еден проект шо периодов сакат да го почнат.

    Сепак, колку и да сум задоволна од првата етапа на учење, сега учам терапевтски правец веќе две години. Учиме на принцип на групна терапија и искуствено. Нормално и то е приватно, нема државни институции за ова. И еве јас со приватен, колешката со државен и третата медицина + психијатрија, истото го учиме, слично се снаоѓаме и апсолутно трите можиме да потврдиме дека ова сега е неспоредливо вредно со било шо сме учеле претходно. :D На крај на ден, мојата љубов, пасија и идентификација си ги најдов тука.
     
    На CameliaMiller, Окситоцин ❤️ и Lenalenala им се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Гледате дека не иде со убедување за приватните, па ајде ќе збориме за правен и филозофски, дека се на исто ниво како приватен. Хе хе.
    Прво за одредени смерови на филозофски и правен не можеш ни да бидеш примен ако не си солиден.

    Нема шанси да положиш непојавен на државен.
    На Славјански и останатите "квалитетни", да.
     
    Последна измена од модератор: 7 јануари 2023
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.426
    Допаѓања:
    165.313
    Пол:
    Женски
    Ако велиш ти така - така е. :D Јас нема да те убедвам за то шо знам. Ама леб вадев од праење дипломски и слушање туѓи проблеми дур студирав. Така да, I've seen and heard shit. :D
     
    На Окситоцин ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lenalenala

    Lenalenala Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Не бе па и ти, они не стапнале на приватен, знаат како е и тука ќе кажуваат кој е поквалитетен и со поголемо знаење како да се професори. Не знаеме ние ништо.
     
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека си психолог, кој се доедуцира за психотерапија. Не знам дали си информирана, но законски не е можно да извршуваш психотерапија без завршена едукација.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lenalenala

    Lenalenala Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ако беше така немаше да се појавам на факултет и пак ќе добиев диплома. Кој ве лаже само или толку сте несигурни па сакате да си се натерате да верувате самите во тоа што си го зборувате?
     
    На Окситоцин ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Па, реално, да се појавувате ви е клучниот дел за положување :rofl:
     
    На cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Најреално!
    Доволно е да се појавиш, без разлика дека поим немаш за предметот кој го полагаш, на магичен начин ќе си положен.
     
    Последна измена од модератор: 7 јануари 2023
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    The bare minimum :rofl:
     
    На Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Lenalenala

    Lenalenala Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Не бе, нели на славјански не се појавувале? Ти знаеш многу подобро од сите студенти што биле на секој приватен.
     
    Последна измена од модератор: 7 јануари 2023
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Треба да се полага за лиценца.
    Услов е 1 година стажирање, а после и полагање.
    И секако, едукации од типот на Гешталт, бихејвиорална и сл. Тоа се доста долги едукации и треба доста посветување
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.426
    Допаѓања:
    165.313
    Пол:
    Женски
    :D

    Ај сега препрочитај се шо пишав. This is embarrassing.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lenalenala

    Lenalenala Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски

    Да, ја платив мојата диплома. Тоа сакаш да слушнеш? Со мака, труд, непроспиени ноќи, со губење нерви, анксиозност и се не какви проблеми, мене така ми ја дадоа дипломата.
    Искрена да бидам, не знам кој е славјански универзитет, еве прв пат слушам, баш денес дознав, ама тоа не беше моето искуство. Навистина се трудев, имав многу добра програма, солидни професори со огромно знаење и конкретно добри услови за студирање.
    Е сега, ако вие не верувате во тоа или не сте спремни малце критички да размислувате (тоа што вашите факултети не ве учат како да го правите) не е мој проблем.
    И на приватни и на државни има студенти што не знаат, не учат и не се квалификувани. Вистината е таа, па колку сакаш да се убедуваш самата во спротивното убедувај се, самата се лажеш.