Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Има огромна разлика помеѓу приватните и државните факултети..јас не сум ни од кај едните ни од кај другите искрено најпримарно ми изгледа да студирам во странство.На приватните факултети плаќаш но не за да ја поминеш годината туку за да добиеш квалитетно знаење те.сите знаеме дека голем број од најдобрите професори доаѓаат да предаваат на приватните од проста причина пари..но и тоа е добро барем приватните имаат квалитетни професори.Не е целта професорот да ги турка своите студенти на испити колоквиуми итн и тоа не е негов успех.Професорот е задолжен на еден прифатлв начин да им го пренеси своето знаење на студентите и тие тоа да го сватат на час.Привилегија е кога професорот ти предава,а не асистентот како што е на државните.
     
    На LivingGlam, Woman.4.love, Pavlin4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505

    Потполно се согласувам :clap: :clap: :clap:
     
  3. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    6 години студирав на ПМФ за да станам дипломиран биолог...Нервите ги искинав таму, немате поим колку ми беше мачно студирањето, колку неправди имаше, колку се изживуваа професори и асистенти врз нас, страв ни сееја итн... :( Ама, некои само, чест на исклучоците :!: Сега има и државни факултети што се полесни и порелаксирано се студира таму..И немојте да се лутите, ама не може ни да спореди дипломиран фармацевт, дипломиран доктор по општа медицина или електротехнички инженер, со висок просек, со некој што завршил приватен факултет :!: Сите знаеме таму како се поминуваат студиските години :!: , не за џабе се плаќа толку..Еееее, да ми беше овој памет на 19 години, другачије ќе постапев, ама тоа е :worried: Само единствено што ми се допаѓа на приватните факултети е што не ги малтретираат студентите без причина и не се изживуваат врз нив...Имаат добар професионален однос со студентите..Не знам дали има на некој од приватниве факултети, каде што се студираат биолошки науки..Па, комотно ќе кажам , ако некој завршил таму, слободно нека дојде со мене да си ги измериме знаењата...Ќе го потонам во земја, со знаење се разбира :) Јас не сум некој експерт сега и сезнајко, ама имам квалитетно знаење... :!:
     
  4. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Мислам дека нема споредба. Квалитетот на образованието е и тоа како подобар на државен факултет. За знаење сигурно дека на државен, по толку малтретирање мора повеќе да се научи.
    Е сега што е полесно и поорганизирано на приватен е. Дај ги парите, уживај и ете ти диплома. (чест на исклучоци, сигурно дека и таму има дечки што стварно учат но мислам дека е мал процент).
    Јас лично сигурно не би плаќала повеќе пари само за да поминам полесно. Не би давала пари ни за испит, ни за на приватен факутлет-Зошто да плаќам за нешто што може да се научи?
    Се надевам дека повеќе ќе се цени државниот универзитет и знаењето добиено таму (и тоа со какви маки).
     
  5. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    барем на приватните нема корупција како што е на државните ;)
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Па затоа што однапред си платиш 2-3000 евра.
     
  7. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    ќе си платиш 2000 евра и барем со тебе добро ќе се однесуваат..за разлика на некои државни каде професорот буквално се изживува со своите студенти..Сепак како и да е јас би се одлучила да студирам на државен :lol:
     
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Значи 2 саата ги читав овие мислењата на сите тука од проста причина што ме интересираше што кој мисли и како .... матурантка бев и еве дојде време уште неколку дена и јас ќе се запишувам на факултет. Ќе се запишам на државен, економски и тоа е тоа.
    Е сега мое мислење за темава - Никој не им е љубоморен на овие што одат на приватен, тоа не се вика љубомора тоа се вика фрустрација од страна на овие што одат на државен. Зошто??? Па затоа што овие од државен учат како што треба и пак паѓаат, а на приватен ништо не учат и си поминуваат без мака. Па и јас сум исфрустрирана кога знам дека живците ќе си ги искубам и ќе знам 100 пати поарно од некои мамини мази и татини синчиња, а пак они со врски ќе ми ја земат работата, така? Сега зборувам за мнозинството ...... И во државен има мамини и татини деца што плаќаат за оцена, ама се помалку ...... за разлика од приватен каде што се едно 70 % секако, што немаат блага појма од животот и они учеле ...... абе идете во вардар право под мостот таму :D И зашто има ФОН и другите приватни потпишано со фирми одма после тоа да им се вработат студентите? Па и они се свесни оти никаде на друго место нема да им се вработат ако тие не им најдат работа бре, тоа е мн јасно ..... :fubar:
    И на темава видов пишувале од ФОН и од други приватни само тие што учат и што имале стипендија. Последниве години примаат и одлични ученици, со стипендии нормално. Е на тие свака им част навистина иако се помалку на приватен, ама учат децата тоа никој не може да им го оспори..... Дури да си ја задржат стипендијата учат и повеќе од на државен и со самото тоа надокнадуваат и за другиве неписмени на приватниве :D . Значи тоа погоре што напишав важи само за тие што си се ладат на приватен и се пуштени од дома да завршат нешто било како, а за овие што учат свака им част :clap: веќе реков тоа не важи за нив .....
    Ама не видов мислење од некој или некоја што си се ладат на приватен да ни кажат како они си го поминуваат денот, а такви има ехееее со црпка да ги фаќаш .....
    Се на се, кој сака да учи ќе научи, како што има деца иако се мал број што учат на приватен, така има и деца што на државен си го поминуваат така.......Ама ќе треба уште многу стипендисти да примат овие приватните па да ни се смени мислењето за ваквите факултети.
    Не сакам никој да се навреди од моето мислење зашто тоа е вистинската слика и живата реалност, за жал во нашава Македонија ...... Глупаци што едвај читале преку врски ќе завршат побрзо од мене, што имав се 5 до 4та. Ама така е образованието ни е хаос невиден во државава. Примаат секакви само затоа што детето имало пари да си плати или бил нечиј син или ќерка .....Абе не се сите за на факултет бре, не се сите паметни ...... мора и чистачи да постојат. Ама за жал баш тие со врски успеваат нормално и таквите ќе ни ја водат државата ...... па затоа сме и толку добри во образованиево. На пример, во средно деца што имаа цела година математика 1 и 2 излегоа со 4, а јас имам 5 ...... а они грејните не знаат една двојна дропка да решат :fubar: Абе ќе ги оставам на полагање ако не знаат и крај, не ми е јасно оти им попуштаат и ги наградуваат. За што? За кој нивен вложен труд? Што правеа они по цела ноќ јас кога вежбав? Си играа нинтендо и сега они 4 ....... Тоа е тоа секаде попуштаат, а со тоа само им отежнуваат на децата, ги издигнуваат и децата не се свесни колку вредат.
    Се расприкажав ептен на темава дури и забегав малку ама морав да си го кажам ова. Не е фер цел живот да учиш, а некој така да добива .......
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    може не е фер ама во нашата држава ништо не е фер , затоа барем нема да се мачам да учам и да се замарам на државен кога за истите пари ваму ќе уживам само со тоа што на приватен барем легално ќе ги дадам и никој нема да ме е*е во здрав мозок како што прават на државните само за да земат мито....а плус за работа кога ќе дојде време воопшто нема ни да те погледнат доколку немаш врски па не државен него и пет државни да си завршил...така да кај нас во нашава држава не се исплати маката на државните факултети бидејќи недобиваш ништо ,за жал... 8)
     
  10. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Го растурија Високото образование во државава! :(
    Му е*аа мајката!Мислам и порано тоа не беше којзнае што, арно ама сега е еднакво на нула! Што е бе ова 96% матуранти стануваат студенти!? Каде го има тоа? Па сега уште и тие постари од 45 години ќе ги запишувале на факултет! Оф мори мајко, тие кога требало да учат не учеле, сега ќе се запишуваат!
    Пред да анализирам ќе ви кажам една анегдота:
    Стојам во една филијала на една банка и заправив муабет со благајничката, баш нешто на оваа тема. Таа ми вели:
    „Пред некој ден беше професорка од Филилошки - Англиски јазик тука. Жената беше бесна! Им ја зголемиле квотата (без да ги прашаат) за 6 пати! Им се испозапишало и куцо и сакато! Ми се жалеше дека кога ги гледале документите имало и ученик кој во дипломата за завршено средно образование немал ниедна оценка поголема од 2 (со зборови: двојка)!“
    Мајко моја, си мислам, па во мое време групата за англиски беше за 40 души редовни студенти, + 5-6 вонредни. Само скрос одлични влегуваа. На тестирањата ги правеа масакр! Сега ги ставаат сите во исти кош...нема елита и останато...само медиокритети.
    Совет - запиши се на државен, еве зошто. Пред некое време на работа ни беа дојдени студенти - практиканти. Бевме презадоволни од УКИМ студентиве - дисциплинирани (доаѓаа и си одеа на време), работливи, послушни и заинтересирани за работата....Од другиве (да не ги именувам кои факултети) поголеми закерала не сум видел. Мамини мази. Ниту нешто знае, ниту нешто ги интересираше. Се однесуваа ко да треба да сме им благодарни што станале од кревет...
     
  11. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Не ни мора да има, дали некогаш си слушнала некој на приватен факултет да падне година?...сега сваќаш зашто нема корупција?
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Се повеќе ми личи дека приватните факултети ги отворија за децата на богаташите не останат без диплома :( Жално е но така е. Да не бидам погрешно сфатена, не велам дека сите студенти на приватните факултети не учат, има секако и такви кои си учат и кои сакаат да учат и секоја чест за тие, но повеќето знаеме какви се. Јас имам повеќе другарки кои заглавија на државен зашто стварно не учеа, нивните ги притискаа да студираат, еве сега се префрлија на приватен и полагаат испити со јаки оцени :^) .
     
  13. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Во развиените земји е обратно од кај нас-приватните факултети таму се престижни и навистина одат само богаташи, но ако не ги исполнуваат критериумите за успех нема да влезат. А не како тука, ПЛАТИ СИ И УЖИВАЈ СИ. Некои што воопшто не учеле, што им било гајле какви оцени добиваат, се запишуваат колку само да се рече дека имаат факултет и да не ги прават прости-ќе си платат и ќе си земат диплома. Ах, што ни прави таа пара. Некој на државен ќе се отепа од учење за една шестка, а по завршувањето на факултетот ќе се убие од чекање за да се вработи. Цела младост ќе му оди во учење..А некој од на приватните што абер си нема од животот побргу ќе се вработи од тој што со мака и труд ги заработувал оцените.

    *Секоја чест за тие што ем си се капацитети и имаат желба да учат и ем ги чешаат парите во џебот, па сакаат да си поминат полесно.

    И се согласувам со Зоки-Поки. И да, НЕ Е ФЕР.!!
     
  14. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Кога бев матурантка за запишување на факултет имаше две опции: ЕУРМ или Јустинијан Први. Го одбрав вториот, се запишав на државен. Има мито, има корупција, има изживување, има врски, кабли, се и сешто... НО, квалитетот на образованието е дааалеку подобар! Пред неколку месеци учествувавме на трибина на која имаше студенти и од МИТ, и од ФОН и од ЕУРМ и од сите тие приватни универзитети. Нема споредба значи, секогаш ние се издвојуваме. Учествувавме и на дебати, на натпревари во ораторство и секогаш сме земале први места, дури и им се смеевме на другите студенти кога излегуваа со листови на бина небаре се спикери. Нашите професори се далеку построги и за една 6тка треба цел учебник да го знаеш. А да не зборам за тоа колку голем материјал за учење имаме ние, а колку нашите колеги од приватните.
    Не се покајав што се запишав на државен затоа што сум многу поспремна и многу поголемо знаење имам од она кое ќе го стекнев на приватен. Не еднаш имам прочитано оглас во весник: Се бара дипломиран економист, со завршен државен факултет.На приватен секој може да заврши, само да има пари.
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Не може ни одблиску да се споредува квалитетот меѓу државен и приватен. Кој што сака нека каже, ама се знае дека на државен мора убаво да си научиш за да положиш. На државен се учи од книги од 500-600 страни, а не од скрипти од 50 страни како што е на приватните.
    Од постот на Зоки за практикантите студенти, може да се види какво огромно знаење имаат студентите на државен.
     
    На skygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Точно.И на државен само ти кажува пр. од 100 до 300 страна,а на приватен ти дава 50 прашања(одговорени) и од нив 20 ќе ти се паднат.Па треба некој да е малоумен да не положи...не е за џабе кажано плати па клати.. |(
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ги расипаа и државните факултети. Не е така строго како што беше некогаш. И шуто и сакато се на факултет се запишало. Ја гледам сегашнава генерација на сестра ми, со завршен испит се запишаа во Штип, на оптика, за сестри, за забен техничар, па и со големи претензии на машински, електро и информатика... затоа што знаат дека лесно ќе поминат. А повеќето се што прочитале во животот е жолт печат. Било некогаш 500 страни за испит, сега и на државниве им даваат по 50-60 страни. Имав цимер на земјоделски, 30 прашања им дадоа да научат и тоа не можеше, па на крај му однесе вреќа пипер на професорот за да го пушти :@ . И како да е за 5-6 години сите завршуваат.
    Е за приватните, стварно помалу учат, ама затоа пак имаат добра пракса. И кога гледам напред, мислам дека приватните факултети ќе даваат поквалитетен кадар од државниве.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Да можеби е така но на дисперзираните студии што ги отворија речиси во секој град( Штип, Кочани, Велес). Неможе некој да ме убеди дека можеш да поминеш без учење на било кој факултет од Универзитетот Кирил и Методиј. Јас имам дипломиорано на правен, сестра ми сега е на правен исто и со сигурност тврдам дека учење има многу повеќе од било кој приватен факултет во државата. а за малтретирање по ходници и чекање со саати и денови да не зборувам.
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Да си читаш и да си се чудиш е работава. :tmi:

    Како и да е... во право си дека на приватните факултети праксата е на врвно ниво, на теоријата и испишаните книги помалку се обрнува внимание - глуп пример: ако студираш стоматологија, каков стоматолог ќе бидеш во иднина ако на теоретските испити си имал 10ки, а на практиката едвај 6ка? Не бива така, некои струки си бараат многу практика.
    Друг реален пример... баш сега една соученичка до средно ми кажа дека се запишала ФОН - Англиски јазик и бизнис (некој нов смер со кој јас лично сметам дека ќе просперира девојката). Прво си помислив - како е можно таква девојка со огромен капацитет и посебна надареност за комуникација (плус што си е ексцентрик на посебен начин) се осудила да се запише на ФОН?! НО! Ми се чини дека таа побрзо ќе се вработи од мене. Зошто? Гарантирам дека ќе земе некоја стипендија и ќе замине надвор од државава, ќе оди Америка/Англија и ќе го вежба англискиот со вистински говорители на тој јазик. Тие им нудат се‘! Само треба да се избориш. На истиот факултет (анг. јаз - наставна) се запиша и друга соученичка. Таа општо знаеме дека не учи! Ја мрзи да учи! И вака така и таа ќе го заврши тој факултет. Само прашање дали и таму ќе умее да се истакне... и придобие нешто.
    Сакам да кажам не може да се стави остра граница за тоа дека приватните факултети се тотално промашување.
    Ама кај нас се уште стои она дека „Државен си е државен!“. Јас се уште, пак, не ги имам почувствувано оние студентски тешки и мрачни денови и потресни часови пред испит за да кажувам... ајде за некој месец можеби ќе го променам и ова мислење, ама засега вака ми стојат работите.
    Ете така.
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Јас мислам дека ќе ја увидам на некој начин разликата помеѓу приватните и државните универзитети и тогаш ќе можам да го дадам своето најискрено размислување во врска за темава.
    Значи брат ми студира на ФОН,јас сигурно дека ќе се запишам на државен..мене не ми дозволуваат да одам на приватен,а не ни сакам.Но сепак стојам на своето дека на приватните нема корупција и има дупло подобри услови за разлика од државните,но и се многу поскапи.