Приватно здравствено и бременост/породување

Дискусија во 'Бременост' започната од LadyR, 27 јуни 2023.

  1. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Јас им кажувам отворено... Не ми е целта да користам само покривање на трошоци... Убаво и напишав не ми е целта да се породувам приватно или слично... Мене ми е да имам приватно здравствено Осигурување кое што нема да ми важи само тогаш во бременост туку и понатаму... Не знам зошто погрешно разбирате јас не сакам да искористам ништо сето ќе биди плаќано коректно 10години ако треба само целта ми е моментално да бидам и јас бебе ОК .. Јас Ако бев толку моќна финансиски ќе одев и контроли и се приватно ќе правев...
     
  2. pikachu2

    pikachu2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.152
    Пол:
    Женски
    Јас имам приватно преку Сава од работа и ми покрива само 80000 денари ама можам што сакам со тие:
    Пораѓај, прегледи и било кои пренатални во бременост.
    Кога ги прашав така ми пишаа на вибер барем, а ми кажаа и други дека ги покриле со истото осигурување.


     
    На Nuny и Autumn05 им се допаѓа ова.
  3. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Ама па тоа е поентата на приватно здравствено, да го искористиш за приватни анализи и прегледи зашто знаеме кај нас како е државното. Јас пример скоро осум години го имам приватното, буквално за ништо го немав искористено додека не забременив. А било уплаќано за мене редовно сите тие години. И еден куп такви случаи има. Така да во никој случај осигурителните компании не се во загуба, тој е принципот на работа :)
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Да точно ама не и да го склучиш кога веќе си трудна. Поефтино е да платиш 200-300 евра за осигурување наместо 2000 евра пораѓај. Иначе сите ќе идевме да си извадиме приватно осигурување и ќе плаќавме едвај 300 евра а осигурани цела година.
    Тоа е исто како на пример немаш патничко осигурување и си отишла на пат и ти текнува на сред пат да извадиш и ти се десила некоја незгода па да бараш оштета.
    Не иде едноставно колку и да се лутите.
     
    На Spidy, Nuny и Autumn05 им се допаѓа ова.
  5. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Па добро затоа е претпоставувам и поскапо и покомплицирано да склучиш кога си веќе бремена :) не се лутиме де, си дискутираме :D
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pikachu2

    pikachu2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.152
    Пол:
    Женски
    Кога бев трудна со првото моја другарка уплати трудна веќе осигурување но потпиша на 2-3-5 години така нешто како услов за да го земе.
    Не знам дали постои тоа како опција уште, но можеби игра улога и дали си вработен итн, дали имаш блокирани сметки - како би ти повлекле во спротивно?
    Не знам добро е да се распрашате, ама имаше опции во минатото и труден да уплатиш

     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е едноставно.... Единствено што ме иритира е што за тоа што во моментот ти е најбитно неможеш да го средиш... Јас не се лутам само не ми е сватливо како можи бременоста да не ја третираат како состојба со одреден ризик ме разбирате бидејќи не секоја бременост школска не секое останување бремена е лесно како плукни залепи... Реално е дека постојат луѓе што само го искористуваат за пораѓај.... Но има луѓе кои не сакаат на тој начин да искористат средствата... Бременоста исто така си носи одредени ризици како за мајката така и за бебето... И не е само 9месечен период туку каде е тука осигурувањето за бебето тоа бебе треба да се гледа има ситуации каде што треба приватно анализи познавајќи ја ситуацијата со реагенси и материјал во Државно.. Затоа и се вика Приватно Здравствено Осигурување ако беше само за бременост ке Приватно Здравствено за трудници.. Јас кога барам го барам Приватно Здравствено Осигурување значи не стриктно за бременоста меѓутоа поради тоа што бараат 5години историја од матичен гинеколог и Матичен општ мислам дека коректно да не се правам на будала да не кажам дека веќе сум бремена... И тука веднаш вртат муабет мене тоа ме нервира ти кажи ми колку е здравственото осигурување општо јас тоа ќе го плаќам а не само периодот на бременост ....
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @Nuny, ти можеш со било која компанија уште денес да склучиш договор за приватно здравствено осигурување. Точно, ќе имаш каренца 2 месеци но откако ќе поминат, ќе можеш слободно да го користиш за сите прегледи кои не се поврзани со породување или со следење на бременост.

    Не прави разлика дали си вработена, важно е да имаш пари за да ги платиш ратите. Кај повеќето осигурителни компании, единствен услов за склучување на ваков договор е да си пријавена во фонтот за здравство.

    Медицинската историја од матичен лекар и матичен гинеколог се бара за да се види дали можеби осигуреникот има претходна состојба која би била исклучена од покритие. Кажала- не кажала дека си бремена, секако кога ќе поднесеш барање за рефундација од медицинската документација ќе се види дека станува збор за бременост која од старт е исклучен ризик и ќе ти биде одбиено барањето.

    Те молам имај во предвид дека многу компании кои за своите вработени нудат приватно осигурување, нудат само покритие за породување, не и здравствена заштита на трудница (каде спаѓаат и преднаталните испитувања). Исто така, колку што сум јас запознаена, веќе ниедна осигуритена компанија во Македонија не нуди договор на физички лица каде има покритие бременост. Само договорите склучени со правни лица, односно кога фирма ги осигурува своите вработени, имаат покритие породување и здравствена заштита на трудница.

    Да сумирам- можеш без проблем да склучиш договор, но нема да ти покрива породување, ниту прегледи поврзани со бременост.
     
    На baguf4e, tambelina, Skyler81 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.645
    Допаѓања:
    21.294
    Пол:
    Женски
    Од која осигуригелна компанија сте задоволни? Порано имав во Халк, ама тој период не останав бремена и во меѓувреме укинаа ризик бременост и не ја продолжив полисата. Здравје понатака планирам нова бременост, иако сакам и за други услуги да го направам. Но ме интересира конкретно за ова зошто знам дека многу компании почнаа да го укинуваат овој ризик.
     
  10. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.211
    Допаѓања:
    3.054
    Пол:
    Женски
    Јас сум осигурана преку Уника и искрено сум презадоволна. Немав никаков проблем со нив за рефундација ниту пак за покривање на трошок. Прегледите (скрининзите поточно) ми се случуваа пред да се обнови договорот и ми ги покрија без проблем, потоа се обнови договорот а после неколку месеци се породив каде целосна сума ми беше покриена. Такада голема препорака за нив.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    1.522
    Пол:
    Женски
    jas sum zadovolna od unika mi gi refundiraa pregledite vo bremenost i isto porajgajot za dve nedeli refundacija
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.645
    Допаѓања:
    21.294
    Пол:
    Женски
    Колку месеци е каренцата за прегледи во бременост и пораѓај?
     
  13. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    1.522
    Пол:
    Женски
    9 meseci bese lani proveri sega javi im se
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.645
    Допаѓања:
    21.294
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
     
  15. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    1.341
    Пол:
    Женски
    Ту да знаев за Уника... Еден куп пари дадов, дупка во водата (facepalm)
     
  16. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    585
    Едно прашање ако од приватното осигурување ја искористам целата сума за пренатална за скрининг и после на пример го обновам договорот а уште сум трудна ми се обновува и целата сума така? Си стартувам со нова сума не потрошена од прегледите?
     
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @kelly.r ,

    Контактирај ја осигурителната компанија за конкретен одговор.

    Доколку покритието го врзуваат со настан, а не со полиса, можно е да не се обновува.
    Една бременост= едно покритие.
    Затоа, за најсигурно да знаеш на што си, прашај си директно во осигурителната компанија.
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zastitnicka

    Zastitnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Конкретно во Сава во самата полиса имаш реченица дека е склучена во согласност со посебните услови за породување, а во тие услови пишува дека го сметаат како штетен настан тоа значи фондот не се обновува туку ако си имал на првата полиса 120 000 денари од тој фонд се црпи до крај.

    Јас би сакала да знам ако има некој да сподели како е по другите осигурителни бидејќи ова што го направиле во Сава не е баш ок.
     
  19. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    Кај мене од Еуролинк полисата ни се обновуваше во април, јас до април си користев од буџетот од едната година за прегледи и анализи (пренаталниот не ми го рефундираа), па од април со обновувањето на полисата ми се обнови буџетот и си го покрив породувањето затоа што се породив во мај
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  20. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    4.369
    Пол:
    Женски
    Како испраќате за рефундација вие што сте на uniqa? Mail нешто?