Да ве прашам од триглав за колку време ви одговараат дали ќе дадат гаранција за породување? Пополнив формулар па ми рекоа на мејл дека ќе ми пратат гаранција, ама еве ги нема сеуште.
во мојата полиса од уника стои дека се покрива максимална премија од 1600евра, и дека може да се искористат за прегледи и породување. Е сега, дали тоа значи дека ако ми ги рефундираат прегледите остатотокот може да се искористи за да покрие дел од породувањето? Или морам да изберам дали прегледи или породување?
Не. Ако користиш за прегледи тогаш ќе ти бидат за прегледи. Јас го искористив за пораѓај. Од 36 недела вклучени прегледи и пораѓај во приватна болница Во мојот случај беше прегледите ми влегоа во стар договор и после со новиот ми дојдоа нови прегледи односно пораѓај.
Може да се користат средствата и за прегледи и за породување. Јас дел искористив за прегледи и пренатален тест, а останатото за дел од пораѓајот.